1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. vesna212

    vesna212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    49
    јас незнам како ќе се се одвикнеме, ќе ја прашам да не какаш таа почнува да плаче и вика не мамо не а таа всушност си се искакала како да се лути кога ја прашувам а за седење во нокшир чувај боже никако
     
  2. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Прерано форсирање не бива, може само проблеми да направи дополнително. Снаа ми девојчето ( иста возраст со ќерка ми) почна буквално со терор на детеро само што наполни две години. Велам терор затоа што детето на секои 5 мин го прашуваше дали му се моча и нон - стоп имало потреба или не го седнуваше на нокшир. Јас се нервирав дури го гледав сето тоа. Мене ми беше мачно, а не пак за дете. Таман заиграло нешто , ајде мочај и крај... Не бива, не оди тоа така. Го одела во маркет без пелена , седнато во количка се искакало се лом направило. Кажува среќна оти е одвикната успешно малата, аха да, сигурно. Благодрение на тие нејзини постапки и ден денес и става ноќе пелена.
    Плус и некоја плеска по газ ако случајнп се измоча во гаќи, ноу, ноу.
    Некаде прочитав дека детето е спремно за само да кажува кога ќе може и само по скали да се качува. Колку е точно не знам.
    Еден совет, кога вадите пелени- вадите. Не ги враќајте никако. Ги збунувате така.
    Без форсирање и само со
    разговор.
    Ќерка ми и пред спиење млеко пие и до сега ниту еднш не згрешила. Пред тоа додека носеше пелени , сабајлето кога и ја вадев буквално беше полна и се мислев како ќе поминуваме ноќе. Мислев дека ќе се моча како и обично. Неколку дена само ставав ноќе и ја извадив пробно. Само и објаснив пред да заспие дека нема пелени ноќе и толку беше. Стануваше некој период за мочкање преку ноќ и тоа го надмина брзо.
     
    На galapce, Kaetana, tincemajmunce и 2 други им се допаѓа ова.
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Мојата не се лути, ама толку брзо кака што јас немам време да симнам пелена таа веќе завршила работа
     
    На vesna212 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Од тоа форсирање за одвикнување од пелени само белји се прават. Од лично искуство ви кажувам. Многу зависи и од детето.
    Потребно е да можат свесно да ги контролираат мускулите затворачи на цревниот/уринарниот систем, а физиолошки тоа започнува некаде после 18 месеци. Значи самиот организам така се развива, а се што претходно се прави, е само некој обид да се воспостави контрола, ама ако физички е недоволно развиено, џабе е се'.

    И секако дека многу зависи од детето. Нема врска тоа што знае да игра на таблет и телефон со знаењето да кажува за какање и мочкање. Тоа може да знае да кажува, ама не може да додржи, оти како што кажав претходно, не им се доволно развиени мускулите затворачи.

    Со големиот син поради тоа присилно одвикнување од пелени и ден денес има проблеми со одење по голема нужда. Далеку од тоа како што беше порано, ама пак не е како што би сакала. Во тој период кога го одвикнував од пелени почна во градинка и детето имаше голем стрес кој му се рефлектираше на столицата. Имаше запек кој траеше доволно долго за детето да добие уплав од какање, и да ја задржува столицата. Навистина имавме големи проблеми, немаше кај не отидовме за да го решиме тоа. Некаде пред петтиот роденден малку се стабилизираше, детето веќе нема страв, ама не оди редовно по голема нужда. Оди еднаш на три-четири дена, што воопшто не е во ред. Ама ете, не можам со сила да го натерам да оди во тоалет кога не му доаѓаат нагони.

    Велат, наводно поинтелигентните деца и оние кои рано прозборуваат имаат проблеми со одвикнувањето од пелени. Колку држи вода не знам, ми нема логика мене, ама со големиот се покажа дека е така.
    Малово кажува за какање, има 16 месеци. Прилично е соработливо, за било што, за разлика од големиов.
    Сепак, од еден пример не можам да генерализирам, за моите си кажувам. Назад ми е зимата со малово.
    Но морам да кажам, сметам дека е до детето. Ако е соработливо, нема да имате проблеми ни со одвикнувањето. Ако не е, ќе оди малку потешко.
     
    На green.eyes, M&M, Kaetana и 10 други им се допаѓа ова.
  5. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Мојата прозборе многу рано, на годинка скоро се зборуваше и затоа можеби ми беше полесно за одвикнување, бидејќи соработуваше со мене.
    Тоа со таблетите не го кажав во буквална смисла.
    Раното одвикнување, во нашиот случај не беше нити терор , нити форсираење, не значи дека само со форсирање и тероризирање на детето може да се одвикне во првата годинка. Кај нас , тој процес беше сведен на игра, договарање, пофалби, ракоплескање, ниеден повишен тон за направена грешка, наштотив охрабрување и упорносст, трпение, многу трпение.
    Стојам на тоа дека чекање на дете од три години е премногу, на секое дете може да се фати цаката , а не го понудиле неколку пати,не сакало и готово дигаат раце, не било спремно....
    Порано, во наше време кое дете од три ипол години седело со пелени и мелни на таа возраст? Многу ретко, а сега секое второ е со памперс. Ако можело тогаш, може и сега, башка на овие деца мозоците им се двеста на саат , изгледа до нас родителите ќе да еод родителите , робови сме на помодарството.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Глас не повишив ни еднаш, се полека, со зборување, со кажување и објаснување.
    И тоа е форсирање ако детето не соработува, не знам зошто мислите дека форсирање е само со карање, уцени и закани. Ако детето не соработува на убав начин, со карање и викање уште помалку.
    Големиов на година и пол песни кажуваше прилично јасно и чисто зборуваше и на англиски и на македонски. Така што, и да знае да зборува, не е правило дека лесно ќе соработува.
    Еве малово не зборува уште, а кажува за какање. Така што ќе речам пак, до детето е, и колку е соработливо. Големиов и на скоро седум години е тежок за соработка. Не го карам, не терам со сила ништо, само објаснувам, бидејќи е доволно голем да разбере, ама некогаш е џабе.

    Нас брзо не' одвикнувале од пелени оти не им се перело толку многу, па брзале да си ја симнат таа обврска од грб. Башка не се трпеле мокри и покакани пелени долго време, дека тогаш повеќето користеле тетра и осмици, со мушама одозгора. Не велам дека денес нема родители што си тераат до три години со пелени оти така им е полесно, ама не верувам дека на повеќето им е сеедно и полесно децата да им бидат со пелени.
    Така што јас не би генерализирала оти не сум во ничија кожа, а сама знам низ што се' поминавме со големиот.
     
    На green.eyes, makedonkamak, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  7. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Значи сепак можело да се одвикне? Штом нас не одвикнувале оти не им се перело пелени и успевале во тоа, значи можеме и ние. До навршување на втората година е во ред, понатака е премногу.
    Него тешко е да го седнуваат насвако на шоља, да го канат, па чекај го, облечи соблечи нон стоп, вака бапни памперсот и завршена работа и не било спремно.....
    Секоја чест на исклучоци, има навистина потешки деца, поспоро стекнуват осет, но поголемиот дел од децата што ги знам лично не кажуваат заради одовлекување на родителите. Се некои нови термини чекање да биде спремно до прво одделение, тантруми, хиперактивност...... Во наше време имаше други термини за овие, ама ќе отидам ептен офф и ќе бидам лошо сфатена. Воопшто не се согласувам со ерава на помодарствово. Мое мислење,не значи дека треба да се согласувате со мене. Поздрав.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    @ilyan секако дека можело. Ама се сомневам дека сите лесно како по книга се откажале.
     
    На M&M, Kaetana и ilyan им се допаѓа ова.
  9. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    Моето е 17 месеци. Ја ставам на нокшир кога ќе сетам дека кака, но облечена. За да се навикни дека треба тука да кака.
    Еднаш пробав ја соблеков,но не сака така да седи.

    Искрено не ми е јасно како да почнам да ја одвикнувам, совет?
    Или се уште ни е рано.
     
  10. Kolekcionerka

    Kolekcionerka Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет прочитав горендолу нешто но керками е 2 ипол години претходното лето пробавме да се одучиме од пелените но не успеавме и заради тоа што не зборува само мама тато и толку. Докторката кажа дека е само мрзелива но сега почна да кажува кака дека има кака во памперсот е сега јас не знам како да постапам нека продолжи само да кажува дека е веке покакана и со текот на времето ке почне да кажува и пред да се кака или да и го дадам нокширчето да си седи во него одвреме навреме ореку денот.?
    А за мочанје уште не кажува ништо. Ја нудев јас нејекше е и не знаеше да каже па преку зимата ја оставив со памперс пошто и ладно е да не ми настане без памперс нагла промена не е баш добра.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Јас моево почнав да го одвикнувам директно на шолја, со адаптер. Нокшир не сакаше. Така и малово планирам.
    Иначе, му облеков гаќички, и на секој пола час или час го седнував на шолја, му пуштав чешма да тече. Најчесто успеваше да се измочка. За два дена сфати што треба и почна да кажува. Е какањето ни беше проблем, па не би да разглобувам. Во секој случај брзо ги фрливме пелените.
     
    На Kaetana, Lorins и irena.1 им се допаѓа ова.
  12. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски

    На која возраст тоа?
    Иако знам дека е индивидуално.

    Најдобро е изгледа да почекам додека да затопли, па да пробам така.

    И уште нешто.
    Додека трае процесот на одвикнување, кога ќе излезиме надвор да шетаме, како е добро да се постапи. Со памперс да шета или без...?
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Околу две и пол години, може и нешто порано. Се поклопи со тргнувањето во градинка, дури ни за спиење не правеше грешки преку ден, само ноќе носеше уште две недели, па ја тргнавме и ноќната. Ама со какањето имавме проблем, не кажуваше кога му се кака, стискаше и по неколку дена не можеше да се искака. Стравот му се јави од запекот што го имаше од млеко, и тоа од градинка, пошто дома не пиеше. Од болката се плашеше многу, тешко го надминавме тоа. Ама за среќа помина. Се надевам со малово нема да биде така.
     
    На makedonkamak и Lorins им се допаѓа ова.
  14. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    33.237
    Пол:
    Женски
    Мајки ние сме мали ама пред два дена го зедов нокширот и го оставив в соба.Го седнав на нокшир и му кажувам на синко зошто служи нокширот и дека на секое какање мама ќе му даде чоколатце.
    Се покака,а овие два дена нема резлутат.

    Дали правилно постапувам,дали да продолжам да му зборѕвам или да го оставам на некое време стари сме скоро 17 месеци?
     
  15. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.905
    Допаѓања:
    135.261
    Пол:
    Женски
    Од кога се мислам темава да ја отворам :).
    Големиот се одвикна некаде на 2.5г додта лесно, тешко беше да го убедам еднаш да проба да се искака во нокшир после веќе си бараше на шоља, мочкањето веќе беше горе доле средено. Ноќе му ставав уште 1м пелена ама се будеше сув и му ја тргбав. Дал 2,3 пати му се случило да се заборави.
    Со малово пробувам ама слабо оди. Последниве неколку месеци има малку проблем со страв од какање па поради тоа срга не ни пробувам чекам да и помине ова да не и дојде некако и ова стресно. Има седнато 2, 3 пати на шоља баш кога имала мака ама воопшто не сака, многу се буни. Нека дојде пролет да помине и периодов со какањево па морам малку поушорно ама пак да не биде нормално со сила. А збори многу се кажува ама мислам дека тоа нема баш многу врска.
    Инаку има 2г и 5м
     
    На Ava.84 и zuto им се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Моето е 2,9 месеци.
    За мочкање брзо тргнавме пелено. За голема нужда бара да му ставам за да какаме.
    Не прифака адаптер ни нокширче.
    Мочка стоејки во шоља :D
    Ваљда сите така ама мене од што ми е многу сладок и смешен како се наместува се смеам.
    Како да го отфрлиме преку нок кога често се дешава и да пропушти и пелената.
    Нема шанси да заспие без да пие па макар и вода.
    Млеко не пиеме одамна.
     
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.741
    Пол:
    Женски
    Братучед ми сега има 40 години. Едвај го одвикнале од пелени и тогаш. Едноставно не кажувал. Не се сите помодари.
    Инаку порано полесно се одвикнувале зашто децата полесно ја сфаќале врската помеѓу мочање и мокра пелена. Денешните пелени не им ја дозволуваат таа врска.
    Инаку физиолошката врска се создава некаде околу 18 месец (нервите тогаш созреваат) и мускулите се доразвиваат. Се пред тоа е тренинг на мајката а не на детето. Мајката ќе научи да гледа фаци па ќе го става детето на нокшир и ќе го пази. Самите деца пред тоа не се баш свесни. Секогаш има исклучоци и ако си во среќните твоето дете да било такво радувај се, ама не генерализирај. Имав таква пријателка што првото успеа со принципот „трениран мајмун“ да ја одвикне од пелени. Држеше предавња на сите како тоа така може. Второто дете на 4 години уште спие со пелена зашто со тој метод разви одбојност кон одвикнување. Секое дете е приказна за себе.
     
    На Kaetana, zuto, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Имало исклучоци и тогаш и сега,во мое време , во прво пдделение имаше дете што кака во гаќи , но тоа беше ретко, многу ретко....
    Не генералирам дека секое дете мора да се одвикне на 13 м како моето.
    Ама да оставиш дете до три ипол /четири години со пелена е ту мач, да генерализирам, не е добро толкаво дете да нема развиено осет за по нужда..... Секое второ дете е со пелена на таа возраст, според тебе не ли е премногу? Не ли треба да се биде поупорен и потрпелив? За други не тврдам, ама за мајки и деца што лично ги знам и што се со пелена, тврдам дека до тој степен се доведени заради недоволна работа и мрза на мајките и татковците.
     
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.741
    Пол:
    Женски
    Сегашните пелени остануваат суви. Ако ги гледаш такви се и рекламите. Кај децата едноставно потешко се создава врската помеѓу мочање и влага и ладно после мочкање. За жал „модерните“ пелени ги успоруваат сфаќањето што значи да си помочан. Децата имаат чувсто на сувост. Сум го видела со свои очи. Девојче не пријатели носеше долго време пелена за спиење. Преспа еднаш кај моите и станува и вика види сува сум (пелената тежеше можеби едно две кила од што беше полна). Ама за да почне да мисли дека е сува и да биде горда на тоа и требаше 4 години (две години да биде без денска пелена, когнитивно да созрее а да поврзе). Тогаш мораше да се чека да дојде лето за да ја остават да спие без пелена и по неколку утоп ноќи сфати што се случува.
    Таква е сега ситуација.
    Инаку и порано не се одвикнувале деца толку рано (т.е на година дена). Обично и тогаш се одвикнувале околу 18 месеци или две години. На пример родени во зима како јас ги одвикнувале на 18/19 месеци, родени во лето на 2 години. Само што мајките забораваат што и кога точно се случувало па сега испаѓа ние сме биле ептен напредни а сегашниве деца и мајки се ужас жив. На пример, свекрва ми тврди дека маж ми проодел и прозборел на 9 месеци (памти дека било есен кога проодел). Е сега есенска гардероба може да се носи околу 3 месеци па дали точно на 9 ги направил двете работи е малку сомнително. Веројатно било 10/11 месеци проодувањето, за зброувањето не знам.

    Мојата лична приказна со мојот син е дека лани пробав на 18 месеци да го одвикнам од пелени ама не сакаше. Купивме специјални гаќи за одвикнување што сам ги одбра. Знаеше да зборува ама едноставно рече не сакам нокшир, не сакам шоља, ќе какам во пелена. Го соблекувавме и чувавме по гаќи недела дена без успех. Мочаше и ич не му беше гајле. Скроз утоп бегаше по дома да ме го пресоблекуваме. Кога се искака два три пати во гаќи се преплаши. Толку вриштење од негова страна јас во живот немам чуено. Потоа наредниот ден не сакаше ич да кака. Есента мајка ми пак проба ден/два и истото се случи. Решив дека нема да го малтретирам и одложив одвикнување до следно лето. Нема потреба да трауматизирам дете за нешто кое што ќе го научи кога ќе биде подготвен. Сега деновиве сам почнува интензивно да зборува за мочање/какање во шоља и кој каде кака. Ќе видиме кога ќе покаже желба и тој да биде без пелена. За се е таков мора прво сам са си се убеди себе си па потоа нешто да направи. Претпазлив е и не се залетува за ништо до сега.
     
    На Kaetana, zuto, 24.07 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    А и во пракса побрзо оди одвикнување на малку поголемо дете, отколку од дете на годинка или 18 месеци. Оти поголемото побрзо сфаќа и поврзува, и обично за кратко време ги оставаат пелените, што не е случај со помали деца каде што процесот многу подолго трае поради неможноста да се контролираат физички.
     
    На Kaetana, makedonkamak, galapce и 2 други им се допаѓа ова.