1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Порано, како што кажа @Annath многу порано се одвикнувале зошто самото перење на тие пелени, па вриење па пеглање и.т.н премногу ги исцрпувало жените и токму поради тоа порано ги седнувале на нокшир. Јас и сестра ми пред годинка сме одвикнати, наши братичеди и братучетки исто така годинка/година ипол максимум.Мајките дали да идат на работа во смени, дали домашни обврски, болни стари, дали на нива да одат, дали со пелени да се расправаат.
    Се сложувам за сувоста на пелените дека го усложнува тој процес.
    Се сложувам дека за помало дете треба повеќе труд и повеќе време, но тој труд ми се исплатеше зошто заборавив како изгледаат пелени да ви кажам право, башка детето суво, чисто и да не му мислам дали му протекол памперсот или не, сепак со памперси е полесно . Го полни памперсот , пресоблекуваш, фрлаш и готово. А вака да го однесеш во тоалет, да соблечеш, па да чекаш да изврши нужда, да избришеш и облечеш, по еден саат мамоооооо пак ми се мочка и пак јово на ново. Еее заради ова некои мајки и татковци го успоруваат тој процес, демек детето не е спремно, ма дај дете од 4 години не било спремно.
    Не зборам генерално, некои родители премногу се трудат, ама дечињата поспоро се навикнуваат, меѓутоа толкав труд да даде негативен исход нема шанси.
    Така едни пријатели ги мрзеше да го одвикнуваат , немале време, демек не било спремно детето,само ќе изразело желба да кака во шоља кога ќе било спремно. Детето скоро 4 години ни да каже ни да покаже интерес, па со триста маки се одвикна и тоа во градинка.
    Не велам дека треба да се гњави и тортурира детето, ама има начин, на секое дете може да му се најде "цаката". Ако во градинка може да одвикнат 20 деца наеднаш , тогаш ние да не можеме едно или две?
    Само со убаво, со трпение, со игра се ќе биде.
    Исто така ненамерно се наметнува како мајката треба да го одвикне детето, а татковците за украс да не се? Сите заедно треба да се трудат околу децата.
     
    На SoNi55 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.638
    Пол:
    Женски
    Градинката не мешај ја тука. Таму функционира принципот, „како едно, така сите“.

    А за дома, не судам кој како сака нека прави, ама не би да тврдам дека од мрзливост родителите ги оставаат децата со пелени до 4 години. Затоа што знам низ што поминавме. Иако моето не носеше пелени до 4 години, туку многу порано ги исфрливме од употреба.

    И не верувам во тоа дека дете се одвикнало од пелена пред да наполни една година. Остајте што зборат нашиве. Сигурна сум дека имале проблеми, ако не переле пелени, сигурно переле гаќи. Едноставно, нема шанси физиолошки да го постигне тоа, т.е на таа возраст свесно да ги контролира мускулите сфинктери кои ја задржуваат урината/столицата да не излезе надвор од организмот. Затоа што не се доволно развиени за цврсто да затвораат под влијание на волјата. За бебе да го прави тоа пред 18 месеци, треба да е некое ептен, ептен напредно во физички развој.
     
    На joy1, Kaetana, makedonkamak и 9 други им се допаѓа ова.
  3. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека лажам?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.638
    Пол:
    Женски
    Некој преувеличува, не реков дека лажеш, ти си кажуваш што ти кажала мајка ти. Ама многу е лесно да се преувеличи бидејќи одамна било. Не ми е верно дека дете пред година се одвикнало од пелени и кажува дека мочка и кака, кога физиолошки тоа не е возможно. Медицината тврди така.
     
    На Kaetana, zuto, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    27.178
    Пол:
    Женски
    Ти пиашв јас претходно. Не памтат баш најдобро кога сме се одвикнале.
    Еве јас ти кажувам дека мене ме одвикнале првото лето после година дена значи на 18/19 месеци. Брат ми памтат дека имаше накај 20 кога почнаа со одвикнување.
    И не е само дека ги мрзело да перат. Ти кажав со мокри пелени побрзо се согледува врската.
    Има и во научни книги, сум учела за тоа.
     
    На Kaetana, alana и ilyan им се допаѓа ова.
  6. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Секое дете е различно и различно реагира...некое без проблем ќе си седи на нокширче, некое не можеш да го натераш да седне.....во градинка се гледаат и копираат едно од друго и затоа полесно се одвикнуваат од пелени. А не знам па и на секои 15 мин. да го тормозиш ајде на нокшиче, а на возраст е кога сака да си игра и плачи,пишти оти го прекинуваш и така не ја бива. Нема цака тука или е спремно или не е.

    Околу ова дека не памтат постариве вистина е така....тетка моја ми кажува, братучеда ти на 4м. онде стоеше на прозорецот и брм по колите викаше (на 4м ако стоела на 6 трчала :rofl:), а на 9м. праела муабети од типот добра сум, ти како си?(facepalm)
     
  7. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Значи повозрасниве сите не мафтаат :rofl:.
    Не знам зошто одвикнувањето пред три годишна возраст сте го сфатиле како тормозење и терор врз децата. Еве јас на пример не бев досадна на секои 15 мин да ја тормозам или напнувам, доколку би ја малтретирала , евидентно е дека би и створила одбивност кон нокшир или шоља.
    Се согласувам дека секое дете е различно, не реков дека секое мора да се oдвикне првата година, реков дека три ипол годишно дете е повеќе од спремно.
    Сега ќе прави три години и сама оди во тоалет. На шоља не може да седнува сама, ама и го имам оставрно нокширчето, се мочка сама, се брише сама и се облекува, додека за голема нужда вика по мене да ја избришам. Јас пак ја пребришувам, не оставам така, сепак дете е,но и дозволувам со цел да створи навика за понатака да биде самостална.
    За облекување ја научиле во градинка.
     
    Последна измена: 30 јануари 2018
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Работава испадна сит на гладен не верува.
    Ај да ви го раскажам вчерашниот ден. Не го пуштив во градинка зошто црвено му беше газето. Дома го оставив цел ден без пелена за да му дише кожичето. Па често го потсекав за мочкање и го ставав на нокширче. За срека не правеше проблем. Седеше по повеке од два саати на едно седнување, денот на нокшир му помина,се изнагледа цртани. Неколку пати успеа, неколку пати утоп пижамите. И денес го земам од градинка, одиме дома, го виде нокширот и вика НОКШИР НЕ. И крај, еве уште се убедуваме, го клоца. И сега ајде совет дајте. Да продолжам со убедување или да го оставам некој ден. Ама вчера успеа неколку пати па ако прекинам ке заборави пак.
    Инаку не знаете како им е на родителите чии деца на 4 год носат пелени и не е фер да се коментира за туги деца.
     
    На mariz, Kaetana, artemidis и 8 други им се допаѓа ова.
  9. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Ирена баш тебе сакав да се спомнам како пример за упорност и трпеливост верувај дека ќе вроди позитивен исход.
    Не го држи толку време на нокшир. Штом има створно аверзија кон нокширче, пробај на шоља со адаптер, однеси го во продавница и купи му адаптер со некој омилен лик. Речи му : Ајде заедно да мочкате со тој и тој лик. Еее "спајдермен" се измочка,ајде пушти вода, па ти мочкај и пак ќе пуштиш вода и.т.н така преку игра пробај. Инаку колку пати ќе се измочка ехее додека се научи, само не го карај и немој да бидеш нервозна, биди најсмирена што можеш, оти колку си понервозна ти, толку и тој и уште бетер ќе негодува.

    Едит: Ова не го зборувам со цел да навредам некој родител или дека се мешам во туѓи деца, јас само кажав како се поставив во однос на ова прашање и кажав мое лично мислење, а воедно нашето искуство сакав да го пренесам на друг,може ќе биде од корист.
    Јас гледам за моето дете, а други родители ако сакаат и осмолетка нека ги праќаат со пелени, не е мој проблем, кој како мисли нека праи.
     
    Последна измена: 30 јануари 2018
    На LadyC, galapce и irena.1 им се допаѓа ова.
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    @irena.1 , остави го некој ден. Мене вака исто ми правеше малиот :| И јас цврсто стоев на ставот, штом се почнало со одвикнување нема враќање на пелени, ама со малиот мој не функционираше воопшто така во пракса. Есапот на пазар ич не ми излезе :D
    На многу етапи се одвикнувавме. Имаше периоди кога бевме и многу блиску до одвикнување, без проблем си одеше го земаше нокширот и ќе завршеше брзо работа, и сѐ беше супер одредено време. Ама наеднаш нешто ќе му текнеше па следниот ден не сакаше со очи да го види нокширот, вриштеше урлаше ако пробав да го седнам. Ваквите периоди на протест му траеја по месец до месец и пол. Напред-назад одеше работата нон стоп, мислев никогаш нема да научи.
    На крај сам реши дека не сака веќе во пелени да мочка, мислам дека се имаше засрамено од помалите дечиња во градинка што седат сите на нокшир :D За некој месец после усовршувањето на нокширот почна сам да бара на шоља да седи, па купивме адаптер и сега скроз сам оди, го зема адаптерот и го мести, си зема скалички за да се поткачи (ем шољата е бајаги висока, ем он е многу ситен за негова возраст), само го бришам јас. Не смеам ни да му помогнам да се намести :) Од кога почна да користи адаптер ниту еднаш не се помочкал, дури ни ноќе.
    Јас лично би го оставила некој ден, сепак ти одлучи што е најдобро за него :)
     
    На Kaetana, Annath, irena.1 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Не не, не сум го искарала. Имаме и адаптер, еден период седнуваше на него, сега не. Зборам, и цртани пуштаме со мечето на нокшир, и слики со деца и со братучетка му на нокшир и ветувам нешто што сака, абе хаос.
    Сега дајте совет, дали да направам пауза, да не има контраефект.
    Инаку и во градинка ги ставаат, ама само тие што сакаат, он не сака.
    Уште ова заборавив. Брат му е помал и мислам и тоа влијае. Опуштен е, ептен му се нормални пелените.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да не го прекинуваш, ама поретко да го седнуваш и да не го занимаваш со цртани или или било што додека е на нокшир. Пробај со друг адаптер по негова желба.
     
  13. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Мислам дека само му се смачило од вчерашниот ден...многу долго седел. Лажи го со другарчињата од градинка, зборувај му дека и тој така треба и дека сите деца на нокширче мочкаат...кога тогаш ќе прифатат.

    На мојава веќе и се непријатни мочаните пелени и кажува да и сменам (лани не и пречеше мочана и без пелена да си шета)...ја гледам дека е спремна веќе,ама никако не сака на нокшир .
    Ја убедив да седне на нокшир и по една минута стана и толку ми вика. На пролет ќе почнам поупорно,па ќе видиме....до наесен мора да биде.
     
    На SoNi55, irena.1 и green.eyes им се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Ирена и моето не сакапе нокширче.
    Директ на шоља пробај,без адаптер.
    Баш како возрасните.:)
    Сам крева капак,сам спушта и за награда секогаш го качувам врз капакот тој да пушти вода. На почетокот дури му беше интересно и по малки мочкаше за да пупти вода .
    Јас не би го држела толку време на нокшир.
     
    На cruella de Vil, Kaetana, irena.1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.551
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    видов една финта на интернет, на адаптер за шоља седнато дете обратно и си црта на капакот од шољата :rofl: секако со фломастери кои се бришат... пробај така :D
     
    На Mari*, Kaetana, irena.1 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    @irena.1 како напредуваме?
     
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Кути, не прашувај. Ови денови па никако. Ова веке неколку пати ми се повторува. Неколку дена ке соработува дали на нокшир или шоља не е важно. И одеднаш ко да му здосадува или го нервира моето секојдневно зборење и соработка нула, ама нула. Баш овие денови е дома. Станува сабајле и му викам ајде на нокширче и он вика не сакам и крај. Се пикнал под маса, му викам ај седни на нокширче какај. Тој ми вика, не под маса какам. И завршува работа, проага покрај мене и ме игнорира и вика по татко му, тато да ме миеш, зошто, па какан сум.(facepalm)
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.638
    Пол:
    Женски

    Леле тоа какање под маса... со големиот имавме такви епизоди. Почна да се крие уште пред да почнам со одвикнување од пелени и тоа ми беше знак дека треба да почнеме да го навикнуваме на шолја, оти сакаше приватност.
    Ама мене ми беше голем проблем кога имаше запек, со гаќи се криеше под маса и какаше. Лом се правеше, па додека да го земам од под маса да го мијам, и јас (или мм) лом целите. За среќа кратко траеше.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.109
    Пол:
    Женски
    Ние веќе 5-ти ден сме без памперс преку ден. Му ставам само навечер, ама насабајле пелената му е сува. Од денес и навечер ќе биде без памперс. Го седнувам на нокшир. А некогаш и самиот бара да седи. Само со какањето има проблем. Кака во гаќи. Со големиот немав таков проблем. Си завршуваше работа во нокшир.
     
  20. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Точно е.
    Да се надоврзам и јас, во тоа наше време пред 30 години и не било тако лесно и едноставно и брзо. Брат ми се одвикнал од пелени околу 2 години може и плус , значи зборувал се , но ете не соработувал до таа возраст. За мочање кажувал, за какање не , најчесто се криел. Додека мајка ми не била дома тој се искакал скришно и баба ми зела прачка( стапче) фино го наплескала по гол газ. Траума добил дополнитено и после тоа од страв когаќе ја видел баба ми во близина сам ги соблекувал тренерките од страв.
    Зборот ми е дека и тогаш не било лесно, децата се деца и тогаш и сега и не било веднаш после годинката.
    @irena.1
    Не попуштај, штом сте почнале продолжи, ако се повлечеш ти тогаш ќе му дадеш дознаење дека не си сериозна за таа работа и ќе си продолжи по негово. Упорно зборувај му за што служи нокширот и како сите мочаат во него. Ако ја врти главата као не слуша ти повторно упорно и до убав збор. Нокширот сред дневна стави го за да го гледа и потсетувај го за што служи.
    Ајде со лесно...
     
    На Kaetana, Annath и irena.1 им се допаѓа ова.