Јас ќе си земам дозвола и тебе мила да ти пишам Штом вреска, плаче и не сака, остави дете, џабе е. Со сила нема ништо да постигнеш туку уште повеќе ќе се врзи за пелените. Колку годинки е? Не форсирај, контра ќе и направиш. Кај мојата таа контра фаза траеше една цела година. И сите викаа голема е сега, 3 и пол години ама ете дете брзо прифати. Значи без да и вршиш притисок, остави ја некое време да не слуша да и зборите за гаќички и мочкање.
Знам апсолутно си во право. 2г и 9м. Се исфрла доста од топлото и сакав летово да ја одвикнам ама тешко.
Не ја форсирај, само ќе и дојде. Одмори ја малку, па пак пробај. Ако не сака не ја терај. И кај мене не сака пак еве, на нокшир само облечена седнува пола секунда и толку. А кога ќе се измочка во гаќи плаче.
И ние лани бевме таа возраст и прекинав да ја терам со сила. Оваа година и зборевме со татко и, без форсирање, па дете прифати без проблем. Според мене, кога самото ќе разбере како треба и зошто (кога е поголемко) без трауми ќе си ги тргнете пелените. Среќно!
Леле и ние сме напред назад со мочкање без пелени. Пробав и стикери и играчки да добива и пак не. Разбира се што се случува ама едноставно не сака во нокшир. Ми пукна пред неколку дена го вратив на пелени ми вика ми се мочка дур ја соблеков пелена се измочка и ми вика готово. од тогаш никако не сака да моча на нокшир. Моча во гаќи или кажува ми се моча па не моча во нокшир туку си трпи сур не му ставам пелена за спиење. Да го седнеш на нокшир ако не му се моча шанси нема. Значи кога станува од спиење или пред легнување никако не поминува. Се распаметив и не знам веќе што да правам. Дали да продолжам или да прекинам со ова мачење. Од друга страна се разбира се збори и ми е страв дека ако сега прекинеме кога ќе пробам повторно ќе имаме пак мака зашто си е малку по негово да си истера човекот. Има скоро две и пол години.
Да се пофалам, веќе 2 дена е без пелени преку ден, и ставам само за спиење. Морам да признаам жената што ја чува успеа првиот ден да го истера цел, со мито и корупција чоколадно јајце, сладолед... проба да се бунтува другиот ден ама бев упорна и беше успешно. Се измочка неколку пати во гаќи ама нормално е тоа во оваа фаза. Малку е досадно што на 5м вика ми се мочка а не ноча. И треба време да се навикне знам, само трпение. За мене и ива е голем успех Сабајле прво будење рече *мамо ми се мочка*
Напредок е секој чекор плус. Но, биди спремна дека и ќе заборава да каже, ќе држи, ќе треба да потсетуваш... Долг е периодот на велосно откачување. Мојата веќе не носи пелени од април, но навечер не може да се сети, ја бидев па после не заспиваше, некогаш држи па дури не ја прашам не кажува дека и се мочка и така... Само трпението помага. А мора да го имаш. Со лесно.
Вчера којзнае како ме гледаа луѓено на плажа, на секои 10м ја носев позади едно дрво демек да мочка. Далеку ни беше тоалетот нонстоп да трчам до таму. А од тие 10 пати што ја однесов дали еднаш се измочка
Браво за девојката. Ах тие киндер јајца, со табли имам купено Јас од старт и ноке тргнав пелена. Морав, зошто муабетот беше веке не се продаваат пелени. Ставив мушама на креветот. На почетокот знаеше во спиење да се измоча. Сега скоро никогаш, се буди ако му се моча. Треба да е многу многу уморен, па да погреши.
Сакам и јас да пробам, ама поим немам како. Дали да ги тргнам веднаш дење, да ја оставам гола надоле во двор и да видам како ќе реагира? Или во гаќички да се измочка па да види какво е чувството, да знае дека не е во ред? Или подобро да види дека доле не се мочка? Вака на пример два дена само дома да бидеме, два-три дена, колку ќе треба. И да ги тргнам и веќе да не ставам воопшто? Некој совет добредојден е.
Пробај со гакички да видиш како ќе реагира. Ако не се буни супер, ќе се измочка сигурно повеќе пати ништо страшно. Битно е да ти прифати без бунење, така е полесно. @irena.1 знам дека е попаметно одма и ноќе да се тргнат ама многу мочка навечер а некако не знам колку ќе успевам да ја будам во сред ноч, тешка е на будење. Важно мрднавме од мртва точка, денес не ни побара ништо да и се купи дека била умна
Јас пробав точно на роденденот кога направи 2 години да видам како ќе реагира. Тоа беше пред некој ден. Го оставив така гол да се шетка низ соба и го седнував на нокшир, но првиот ден незнаеше што да прави. Па зедов го ставив мечето да мочка и турив малку вода во нокширот и реков се помочка ајде сега и ти. Си седеше така и не се помочка. Следниот ден ајде исто и ајде реков со мама во купатило мама ќе мочка па и ти. И за чудо се измочка. И така цел ден го прашував еднаш само згреши. За спиење му ставив памперс, но беше сув. За какање исто одиме да кака само му е чудно како да се плаши вика леле мики напрај кака и бега од кога ќе се искака. Еве веќе два дена нема згрешено и кога станува од спиење сув памперсот и одма одиме да мочка. Само ми е страв да ме се стега да не се плаши дека многу некако брзо ми се чини се навикна. А и 2 год направи пред некој ден си викам да не се стега навечер. Тоа ми е мисла сега. Вика не треба памперс мики ноци гаќи како мама
Оставај ја по гаќички. Само така ќе се научи. Кога веќе нема да може да трпи да седи со мокри гаќички, ќе почне да кажува. Или сама ќе го зема нокширот. Јас уште од прв ден кога го тргнав памперсот, веќе не им ставив. Дури и ноќе беа без памперс.
Нас ни требаше три недели мачење гол и со гаќички додека сфати. Едноставно не прифаќаше. П а почнавме демек со купување нешто и тоа имаше контра ефект. Сакаше само награди да добива па прекинавме и со тоа. Му дадов цела кеса играчки за неколку дена и му реков толку беше сега на тебе оставам. И сам некако реши преку ден да кажува. Сега дење моча директно во шоља станат како тато исто. За спиење уште му ставам печена бидејќи додека сме тука немам шанса многу да перам ниту пак сакам да оставам мочани креветче позади себе. До сега само еднаш пелената беше мочана ама ставам ради реда. Кај нас мислам и дека дел од проблемот беше што не кажуваше за мочање додека јас не сум дома, значи со бабите додека го чуваа а јас бев на работа немаше никаков успех. Тука сме сега јас и тој по цел ден па е полесно. Се надевам кога ќе се вратиме ќе биде веќе навикнат и нема да му биде проблем да моча со други луѓе. Какакњето сеуште ни е проблем. Не сака никако да кака во шоља ама се надевам дека еден ден ќе му светне исто како за мочањето. Џабе се нервирав дека нешто не е во ред со мене и мојот пристап или со детето читајќи туѓи искуства на лесно одвикнување. Едноставно му треба време. Ќе сфати кога ќе сфати и толку.
Ајде јас да се пофалам на темава пак. Малата веќе недела дена како е без пелена преку ден. Си кажува за мочкање и какање и ретко да не може да додржи. Проблемот кај неа беше што никакоа не можеше да се опушти да се измочка во нокшир или шолја. И беше чудно и уште повеќе се стегаше ако ја седнев. Откако виде дека не е страшно, направивме огромен чекор.
Мојот не сака да седне на нокшир или шоља. Обидот е еднакво со сцена од филм со колење. Пред една недела му го отворија курето целосно и од тогаш кажува кога ќе се измоча. А и е доста инаетлив па не можам да ризикувам да ја моча гарнитурата и креветите. Совет?
Почекај малку па пробај пак да не му биде голем стрес. Или пробај да мочка во пластично канче , не се смејте ама мене така ми го научија син ми на почеток и мн лесно прифати, после постепено се научи на шоља, нокшир никогаш не прифати.
Тргнавме и ние пелена. 3г и 2м не фатија, ама бидна. 2-3 недели мочаше насекаде...искрено не ја молев на секои 15 мин да седнува....само кога ќе се измочкаше и зборував. Откако еднаш се измочка во нокшир, после беше лесно...веднаш прифати и за какање дури. и преку ден спие без пелена и се нема згрешено, а гледам и сабаље е сува. Време е и вечерна да тргнам, само да заштитам кревет прво. Уште за излегување не знам како ќе биде. Треба и тоа без пелена да почнам да ја изнесувам. Искуства со излегувањево, колку им се зрешило на вашиве, па се измочкале? А и теписи ќе одат на перење .