И ние исто доцна фрливме пелени. Надвор одиме без пелена, и кога кажува дека и се мочка го ,,фаќаме,, првиот ќош
Ја држиш ти или знае клекната да мочка? Не знам дали ќе сака да ја држам, малку е специфична ...да не испадне нокшир секаде да влечкам.
Првите неколку пати јас ја држев, сега сама клекнува и ја придржувам зашто ги жири ноџињата за да не се се удавела во вирчето
Ние се одвикнавме многу брзо и лесно. Прво со мечето на нокшир да види дека и тоа мочка, ама тој несакаше. И со мене на шоља прифати. Му беше чудно два пати згреши и му реков сега смрди немој повеќе така и само кажуваше сам не тука мрди капилото мочам и одеше. И мене ми беше страв за излегување ама ќе го прашуваш почесто кога сте излезени и нема да згреши. Јас и на свадба го носев цел ден без памперс и не згреши. Сега веќе еден месец скоро е без памперс. 2г и нецел месец е. Го виде брачед му на нокшир пред една недела, па сега и тој почна таму да мочка. Станува ретко навечер вика моча и после продолжува да спие. Лесно да поминете сите како нас.
Синко е 2г и 3недели, сакам да го тргнам памперсот, веќе подолго време го носам во вц по нас па му зборувам како треба тука да мочка, кака, да пушта вода, да скине тоалетна ама за жива глава не сака да се слече и голо да седне шоља. Иста приказна и со нокшир тој служи за се освен да седне на него или да се измочка во него. Цело време зборувам откако ќе се искака доаѓа и вика кака ауу, откако ке измочка вика аууу и плаче да го соблечам, приметувам не се трпи ни какан ни мочкан, а и војна е да му облечам нов памперс. Како да постапам? Постепено или да тргам памперс и толку? Како постапувате мајки, сакав летово да ги тргнеме, а време се помалку.
@Vennera.aa cisto da te prasham dali sam si go birashe nokshirot. Kaj nas toa beshe radost otidovme kupivme i odvaj cekashe da sedne.
Мој совет е да не форсирате, туку само да пробувате. Самото дете ќе си даде знак кога е спремно. Со првото повеќе се потресував, а многу покасно ги откачивме пелените, на три и пол години. Со помалово не се замарав многу. Одвреме-навреме ја оставав гола по дома и пробував да ја ставам на нокшир или шолја и цело време прашував и зборував. Цело време беше безуспешно. Пред недела дена почна да дава знаци дека има надеж за напредок. Почна многу да се стега и да ѕенѕа од што и се мочка. Тогаш одма ја ставав на нокшир и немаше каде, мораше да се измочка. Кога го поминавме тој, за неа најчудниот дел, се навикна одма. Има 2 години и 3 месеци. По мое, чекајте да ви покажат барем со нешто дека се спремни пред да запнете. Штом гледате дека не сфаќа, дека не може уште да ги поврзе работите не бидете многу упорни. Само пробувајте повремено. @alana јас со женскава сега првпат собирам искуство. Обично кај ќе начекам згодна прилика јас и викам да мочка, а ако нејзе и се примочка одма се тргам настрана и ја издржувам. Досега само еднаш ми побарала да мочка надвор и ни успеа со издржување. Ако одиме некаде каде што можам и нокшир да носам, тогаш го земам само малиот дел од нокширчето (како столче е нокширот) и обавезно пелени со мене за во случај да нема кај да го мијам. Обично на плажа вака правам: ставам пелена внатре, си вршат работа и фрлам пелената.
@wannaBeMomma и мојот не сакаше да седне ни на шоља ни на нокшир. Се гледаше дека му смета пелената ама додека сам не реши нешто не ни прави. Му ги тргнав пелените и седеше или гол или по гаќи дома. Мочаше исклучиво на паркет што можеби ми беше олеснување. едно време почна да држи за мочање прилично долго и да чека да моча во пелена. Му вратив пелени плачеше кога мочаше. ПОсле скоро месец дена менување адаптери и нокшири (колекција направивме) му текна сам да се качи на скалички те за на шоља и да моча во шоља. Сега моча во шоља иако последниве денови нешто зеза или му е интересно па кога ќе почне да моча намерно прска секаде. Исто така почна пред спиење да чека пелена за да моча иако остануваше сув и за денски и за ноќно спиење. Нареден чекор ми е да се вратиме дома па да му тргнам пелени скроз за да нема на што да се потпре како резервна варијанта кога ќе го фати инат. Како и да е зборот ми беше дека само треба време.
@karak да сам го одбра и ни служи за ставање топчиња, коцки, сложувалки, седнува само облечен гол никако, му го имав сокриено некое време па кога го извадив пак почнав да му зборувам дека тука треба да кака и мочка, дека ке одиме во вц ке истуриме во шоља, ке пуштиме вода. Цела церемонија ја правиме на ''суво'' Се мислам да пробам да земам адаптер за на шоља и тоа да го пробаме.
Јас тргнав памперс и често го прашував дали му се мочка. И појдовме вториот ден во комшиите на кафе без памперс и се заборави се помочка. Па кога се виде воден се чудеше и му кажав да ми кажува дека така воден ќе биде и ќе смрди. И пролживме така. Згреши уште еднаш и толку беше. Виде дека така не е убаво и почна да кажува. Но на почеток мораш често да го потсеќаш оти ќе заборави. Три дена и ноќе му ставав памперс но беше сув па и тој веднаш го тргнавме. Јас го носев со мене на шоља мочкаше ама се стегаше. Носи го во купатило гол да моча на плочки. Мојот така се научи во туш кабината па со тушот миевме после. Прво му беше чудно како мочка па правеше помочкај малку па застани хаха смешки беше. Сега мочка и на шоља и на нокшир без проблем. Со лесно.
Сите грмушки у маало ги измоча . Ако кажува не и ставај надвор, јас уште за во кола и ставам за подолго возење. И за спиење, уште со преполна пелена се буди
@zuto добри советиве со пеленава да не се валка нокшир. Мислам со издржување нема да сака..таква е малку накриво да ја фатам и паничи сета, али ќе пробаме,па ќе видиме....ако не клекната, со придржување. Надвор мислам дека ќе се заборави со играњето. Кажува, некогаш нокшир зема, некогаш ја гледам се стега,па јас ја прашувам. Да пробаме,па ќе споделиме искуство како сме поминале. Инаку околу зборувањево јас цело време и зборував дека во нокшир треба да моча,оти сите деца таму мочаат...само бебињата во пелени мочаат и со цуцла пијат. Ако и се мочка да ми каже...мамо ми се мочка или ако и се мочка да го земе нокширот и да дојде кај мене. Лани не ја форсирав оти касно прозборе, кажуваше дека кака ко ќе ја начекам..што правиш? кака...., ама неќеше никако на нокшир и не ја форсирав. Ова лето лесно ми се виде. Не му се секирајте многу, ако не е на 2г на 3г ќе биде...и дека не и вршев притисок ,многу полесно ми се виде...ни уцени, ни поткупувања, ништо.
@alana денеска имав искуство со малата баш како за тебе. Бевме излезени и среќа што го земав нокширчето со мене. Првиот пат не ми кажа дека и се мочка и се помоча во гаќи. Носев два пара облека резерва за секој случај и ја пресоблеков. Пробав да ја издржам следниот пат и не сакаше. Следеше покажување на нокширот. Кога го виде се израдува и одма побара да мочка. Ставив еден памперс внатре и богами го наполни. Ептен и олесна оти изгледа не се домочкала првиот пат. Значи отсега нокширот секаде со нас Инаку нашиот нокшир изгледа вака отприлика и јас го носам само внатрешниот дел без капак, оти секако ни е скршен. Го ставам во ќесе прво и носам со мене поголема торба или ранец. Пелената внатре ја подвиткувам убаво за да не излегува од страните, да не ја сеќаваат на газето. Вака терам од лани со син ми и да ти кажам најефикасен начин ми се погоди. Сега си го практикувам веќе со двајцата.
Moeto e 3.5 godini I ne saka da sedne na noksirce ode vo gradinka ama I tamu mi kazuvaat deka ne saka da se mocka I samo vo pelena saka kazete nekoj sovet koga me mu spomnam da se izmocka place se plase
Ние имавме патешествие при одвикнувањето, имам пишувано поназад. Малку пред третата година во градинка почнаа да ги учат и тука постигнавне некаков успех. Продолживме дома на шоља. Изговорот беше не се продаваат веке пелени, па автомацки тргнавме скроз, морав така. За надвор му носев и уште носам по неколку пара преслеки. Мојов е исто специфичен, ништо ново или промена не прифака, му треба многу време. Со многу грешки, поткупувања, убедувања, успеавме. И сега знае да се заигра и да згреши. Надвор моча со стоење. И најголем успех е што по триста обиди успеа да се искака надвор. Го држам јас, сам не може сеуште. Зошто ние шетаме по повеке саати, далеку од дома па не е изводливо вракање дома.
Знам дека се мачеше малку со малиот. И ние шетаме по многу саати...кога излеземе не можам да ја приберам дур не се стемни. Ја изнесувам сега така...и нокширот засега со нас е. Не сака да мочка надвор, се стега...кога ја прашувам ти се мочка вели не...пред некој ден ја седнав дур бевме излезени, се измочка и олесна. За навечер досега не и се згрешило во спиење, за преку ден дур е будна може да згреши.
здраво мајки, Син ми кога имаше 3 и пол години го тргнавме памперсот преку ден, ама кога спие пак мочка и му ставам памперс.Пије многу течности пије и 300мл чајче преку ноќ и треба да станам два три пати да го молам да мчка понекогаш успевам ама почесто не.Сега има 4 години и 25 кг и памперс бр 6 веќе му е многу мал не знам ни какви други да земам што се поголеми и добри барем да не треба да станувам секој ноќ да сменам два пати, ако некој има вакво искуство нека сподели. Поздрав,
Maјки совет!!! Ми кажаа дека децата ги ставале во нокшир уште од 9 месеци за да почнат да се учат. Денес купивме нокширче па совет како да постапам во почетокот. Уште малку прави година а не збори па ми е чудно како да ја учам.
Познат муабет арно порано не кажале , ја уште коа почна да седе добив "совет ! * децата после 16м отприлика стануваат по малку свесни за физиолошките потреби , порано поеќе им е интересно , да чучнуваат па да шуштат како дете од 9/10м ќе каже дека му се мочка ,кака мојава 15+ е па поима нема за какање а сеќавам и а носам ама не е тоа тоа