1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    бидејќи учам психологија во поглавјето за деца е проучувано дека најдобра возраст за одвикнувањето од пелените и учење на детето на нокшир е периотод од 2,5 до 3 години после тоа детето со малку повеќе напор и тешкотии кје може да се навикне на оваа навика.сепак тоа зависи од карактерот на родителот и посветеноста на своето дете :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    точно дека зависи од родителот и од детето ама јас мислам дека кога веќе детето почнува да збора треба да пробаш да го научиш да ти кажува за мочкање/какање. дете од 3 год знај се да ти кажи, имам две комшивчиња на таа воздраст, и греота е да го чуваш со пелена кога знај многу работи.такво ми е мислењето а искуството незнам какво ќе ми биди зато сакам да го научам да седи за кога ќе почнам да го одвикнувам да го имаме тој перод поминато, а не тогаш да бега и да плачи од абето...
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски

    јас мислам кога ке почне да зборува веке е касно да го седнуваш..еве на пример керка ми се уште не зборува како што треба , за какање и мочање не кажува со зборови туку со напињање и ако чекав да ми каже...многу проблеми ке си имав :) вака ја ставив на 17 месеца сите ми викаа рано е што ја мачиш ама сепак добро направив , добро е што другиве не ги послушав :) а да зависи и од детето но се си е навика нели кога веке разбира потешко е да се научи. Ова е мое мислење мои совети бидејки јас го поминав веке ова :)
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  4. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Кога вадите пелени најбитно е да не ги враќате назад. :D Озбилно, ќе видите детето дали е спремно за тој чекор (2-3 дена тест период) и ако е спремно вадете пелнени и преку ден само гаќички. Никако пола ден пелена, пола гаќи, па за искачање пак пелена. Спремете се на чистење, нормално е да се искака или измочка првата недела во гаќи, ама на самото дете ќе му стане непријатно, па следниот пат ќе си покаже само што сака да направи.
    Ние извадивме пелени на неполни 2 години, во сред зима, првата недела мочкаше во гаќи, веќе следната недела трчаше сама кон вц и викаше : моча, моча! исто и во градинка. прва беше во групата без пелени, па кога и се мочкало викала на глас: моча моча и трчала кон нокширче. Некако многу брзо се откачивме и од пелени ноќе, некако и стана рутина пред спиење обавезно да мочка, и кога ќе ја осетев дека мрда повеќе во сон ја ставав на нокшир (она си спиеше и немаше појма што се случува :D ) и многу многу ретко се дешаваше да утне и да мочка во кревет.

    Со среќа мамички!
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ќерка ми ги исфрли пелените за буквално 3 дена, ама со повеќе од месец подготовки.
    Нашите подготовки не беа со гаќи, туку во пелени - ја учевме дека кога ќе и` се кака (со тоа прво почнавме) треба да ни каже за да ја однесеме на шоља (никогаш не седна на нокшир). Еднаш кажуваше, 2 пати не, па пак кажуваше, и така 1 недела. После тоа почна цело време да кажува за какање, и поминаа добри 3-4 недели кога ниту еднаш не беше какана во пелена, а тек тук (ретко) почна и за мочкање да кажува.
    Е тогаш ја фати „НЕ“ фазата, и престана со се` (ова се случи на 22 месеци). Почна да се крие за да се кака, влегуваше во плакари, позади тросед, под маса, се` што направивме до тогаш падна во вода! Ова траеше околу 10на дена, 2 недели максимум....после тоа почна да кажува пак, се` повеќе и повеќе, почна да кажува и за мочкање, и така,на сред јануари решив дека е време да ја ставиме во гаќи :)
    Вкупно дали 3 пати згреши (се измочка во гаќи) и толку и` требаше за да ја сфати разликата. Ноќната со мака и` ја ставав, ич не ја сакаше, ама ај чекав да помине подолг период кога ќе станува со сува пелена насабајле, па по околу 2-3 недели и таа и` ја извадив.

    Мене зимата ми дојде ко кец на десетка, зошто дома топло е нели (за кога ќе се измочкаше), а нема шетање надвор многу за да ја мислам, зошто на почетокот едно 2 недели сигурно на секои 2 саати ја носевме на шоља, за сваки случај :D Како и да е, набљудувајте го детето....ако не е спремно во моментот - не правете ништо, не мора да се брза, има време за се`, оставете ги тетките нека си зборат :)

    Со среќа и со трпение :handshake:
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    еве денес си беше во ред, не седеше многу време ама не плачеше и си се исмочка :lol: :lol:
    јас мислам дека не грешам и дека кога ќе му ги вадам пелените нема многу мака да имам.
    вчера кога и да го видеше абето му кажував за што е и ќе продолжам со истото ;)
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Јас искрено не го правев тоа ниту еднаш, па знаеше што се прави на шоља. Попаметни се од што мислиме :)
    Ако сметате дека така ќе го „истренирате“ - слободно ставајте го, само имам личен пример до мене кој ми потврди дека за џабе мајката ги мачеше децата од 6 месеци на нокшир, на 26 месеци се` уште немаат абер за кажување, ниту сакаат да седнат на нокширот.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    сите сме различни, ама мислам дека се за, па и за ова поарно е порано да се научи, отколку покасно. и син ми можи касно ќе закажва ама па ќе знам дека сум пробала :?: :?:
     
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.365
    Пол:
    Женски
    Стефи моево и твоево дете врсничиња се мислам , еве моево секоја вечер пред бањање ја ставам на нокширче и се смее и станува од него го става на глава ]:) се смее
    Инаку ја ставам и на шољата директно си има дел посебен за да си седне и и зборам што како да прави ама до сега ништо не бидна
    не брзам сега за сега , уште е мала барем на 16 месеци да почнам
     
  10. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    да бе и јас не му ги вадам сега пелените уште 2 месеци и ќе почнам да му клавам гаќи денски. постепено се учи, прво вака да седи да за знај да не бега, па кога ќе му ги извадам пелените ќе го клавам почесто. ете сега за какање го сетив и се искака во абето ама не изреагира никако не се зачуди.
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.365
    Пол:
    Женски
    Еве денеска за прв пат иако не ни оЧекував да бидне нешто , ја седнав на нокшир и се искака :)
    првиот пат закаснив веке си завршила работа во пелена , ама вториот пат ја прашал дали и се ... и реЧе Ја :D :D додуша за се одговара со Ја
    ама сепак
    Си бидна работата
    И срекна си бев , од утре истото кога ке видам дека се крие во некое коше и си кути одма ја ставам на нокшир ]:)
     
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    синко мој уште нема почнато по ќошиња да се крие.
    и ние еве денес после толку време ставање си свршивме работа.
    ние не седиме по многу време по 2-3 мин. несака станва ама денес успешно....
     
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    Моево не сака воопшто да седне на нокширот :)
    Свесна е за што се користи и ја гледам дека кога врши голема нужда дури и му вика на нокширот да бега да не случајно ја седнам. Гледам јас ќе одиме директ на wc шоља. Пошто со мене иде нели нормално во wc таму радо би седнала пошто големито одат таму. Моево дете се убедува за нештата само ако некој од повозрасните тоа истото го јаде или прави. Ако треба само она тоа ни иде тешко.
     
  14. Buterflygirll

    Buterflygirll Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Брат ми до 2 години носеше пелени едвај се одвикна :^) :^)
     
  15. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Еден совет до сите мамички кој се на оваа напорна работа.Бидејки бара доста трпение и посветеност на мајката и е многу исцрпувачка барем за мене беше таква,ама фала богу успеав некако пред да наполни 2 годинки да ја научам.Летно време сега овај период е најдобар,кога сте спрмни пелената да ја извадите и не ја ставајте повеќе,по можност и на вечер.Не очекувајте првите два дена чудо само на пола сат седнувајте го детенцето на нокширче,ако се фати на среќа добро некој пар гаќички помалце за перење.И баш кога ќе ви дојде преку глава и од перење и од рибање не се откажувајте ке видите секој ден ке се изненадувате од детето,а за навечер откога му ја извадив пелената не се помоча никогаш повеке.Па мамички срекно и трпеливо.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.365
    Пол:
    Женски
    Па ако ако треба седнувај ја и на wc шоља има таков дел што се става за малите да си седат ,
    моеви исто доага со мене стално во wc , и стално ја прашувам дали и се .ака или моЧка
    Ама знам кога и е време и ја носам и ја седнувам на нокшир
    Денес исто од сабајле успешно :D :D после руЧек пак ја носам ...
     
    На marchi-cool, Bozica1980 и koritsaki им се допаѓа ова.
  17. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Moјава има 2ипол години и еве сега се одвикна,за какање секогаш кажува само за мочкање може ако се заигра да не каже.
    Лани цело лето пробувавме да се одвикнеме ама без успех,никако не сакаше да каже знаеше дека треба да каже ама ете инат, не сакаше...викаше ја не кажувам :)

    Затоа не се секирајте, кога детето ке биде спремно психички само ке си се одвикне. :hai:
     
  18. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Незнам кога е вистинско време,јас пред некој ден шетајќи видов едно столче нокширче,ми беше слатко и го купив.Дојдов дома и го седнав малиот кој за еден месец ке прави една година ,и му викам мамичка сега ке какаш и му викам ке напнеш :lol: и го гледам ме имитира,мислев се зафркава со мене ,кога гледам се покака :lol: :lol: :lol: .Имавме после тоа уште два успешни обиди,и сега кога ќе седне одма дава напон леле страв ме фати од што се напиња само еднаш му реков ,ама здрво за готово го свати .
    Е сега он незнае да каже ,јас гледам да го седнувам почесто ама неможе цело време гол да биде , а и неможам да темпирам кога му се кака.
    Што правите вие кога ги ставате децата што не кажуваат сеуште,како да го натерам да почне да ми кажува или претерувам ,уште е рано да не форсирам.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Не бе, рано па ти, утре запиши го на јазици :D Се шалам.
    Секако дека е рано да почне да кажува, а ако сакаш можеш да го седнуваш одвреме навреме или ако знаеш кога се спрема за какање па директно на шолја.
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски


    Види рано ти е да го ставаш уште од 11 месеци во нокшир но и немој да чекаш кога ке наполни 2 год или понатаму бидејки касно ке е веќе, јас би те советила да почнеш 17-18 месец, ставај го тогаш на секои 2 часа, па да видиш како ќе биде ;)