Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Од кога почна самостојно да седи почнав да го седнувам за какање на нокшир ( 6+ ). Тоа ми беше совет од другарки кој веќе имаат големи деца и искрено не се покаав. Кога ќе го осетев дека ќе кака го седнував. Со тек на време му стана интересно и еве сега е скоро 17+ и иде сам накај вц кај нокширот. Но, да не претеруваме тоа не е секогаш сепак е мал. Некогаш ќе го осетам дека ќе почне и одма соблакам и на нокшир. Некогаш и не сум го видела завршил работа. Но, никогаш ако веќе почнал не го ставам на нокшир за да не го пресечам, зашто 2-3 пати така згрешив. Нормално незнае да каже кога му се кака, но ете некад сам иде накај нокшир. За мочкање апсурд е дека би седнувал зашто поима нема здравје за некоја година.
    Морав вака со нокшир заради привентива да не седи ни 5мин со каки на себе поради проширените бубрежни каналчиња ( привентива да не дојде до некоја иринарна инфекција ).
     
    На NarCis@ и karibian им се допаѓа ова.
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.065
    Допаѓања:
    40.416
    Пол:
    Женски
    Мајка ми му купи нокшир и го става. Ако има трпени и реков нека прави што сака иако сум скептик дека во брзо време ќе научи да кажува.
    За чудо некое она го фаќа скоро на секое какање а и за мочање понекогаш.
    Ако си решена, пробај прво кога се буди да ја ставиш одма на нокшир и кога ќе ја осртиш дека ќе кака, ако дава мекој виднив сигнал.
     
    На karibian и emkaemka им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тука некаде ни се децата. Мојава кога беше 9/10 месеци и купивме нокширче како столче што е. Седеше си на него се додека не почнав да ја соблекувам и учам да кака/мочка во него .Еднаш какаше во него, ја приметив дека се напиња и веднаш ја ставив и оттогаш не сака да седи. Јас би да почекам уште некој месец и после ќе ја учам.
     
    На karibian му/ѝ се допаѓа ова.
  4. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Фала ви на советите. Ќе почнеме па ќе видиме како ќе ни оди. Сепак треба голено трпение за тоа. Ја осеќам кога кака па тогаш ќе ја ставам. Кога моча не можам да приметам.
     
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Слими пробај да му намалиш течности. Нема потреба од течности преку ноќ. Се додека ти пие навечер ќе имаш мака.
     
    На slimy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Знам дека од течностите сум пробал многу пати и знам дека тоа му е само од навика, ама никако не можам не успевам зашто станува преко ноќ бара и плаче, и станува хистеричен ако не му давам да пие.
    Затоа гледам дека памперс 6 му е веќе многу малу не знам кои се поголеми да не попуштат.
     
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Во тој случај ќе го будиш за во вц ако самиот не се буди. Сѐ е навика, мора да го потсетуваш. Стави нокшир до креветот да ви биде полесно.
     
    На slimy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Моето ги откажа памперсите на 2 и пол години. Од јануари до мај ја оставав преку ден гола ама не сакаше да седи на нокшир,па се откажав. Во тој период и навечер се случуваше да направи беља. После на почеток на јуни и купив адаптер за на шолја и веднаш го прифати. Првите 2 ноќи и ставав памперс за секој случај,третата вечер и го тргнав. Се случуваше да направи беља ама ретко. Сега веќе 2 и пол месеци е без памерси. Битно за многу краток период ги откажа памперсите.
     
    На zuto и karibian им се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    И мојот пие многу вода ноке. Околу 300 мл. Не му бранам. Не ми е појмливи да ми бара вода,да му речам не може. Многу е топло и јас ноке станувам жедна и ај некој да ми рече не можа.
    Кога тргнавме пелени со триста маки , одма и ноке тргнавме. На почеток знаеше да згреши. Сега веке не. Секогаш кога ке се разбуди за вода го нудам за мочкање. Значи не го будам специјално за мочање, туку ако се разбуди. Скоро секогаш прифака, но ако рече не, не го носам.
     
    На sofi2107, alana и slimy им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.589
    Пол:
    Женски
    Кој апсурд е бре жени воопшто да помислите на 6 плус да го ставате на нокшир?
    Извинете ама бебето на 6 плус само што почнува да седи не седи нити самостојно плус ниту е препорачливо да се остава да седи долго време, што тоа бебе од 6 плус разбира за нокшир?
    Бебе што разбира само од плачење и гукање?
    Ај еве јас љубоморам нели ама не можам да најдам логика бебе од 6 плус и нокшир никако за вас не знам
    Па и 9 плус?
    Како е можно на бебе од 10 месеци што не разбира ништо да разбере дека треба да моча и кака у нокшир?
    Пак ќе кажам еве јас љубоморам или не сум доволно упорна за да го терам на работи што не се сватливи и се апсурдни за возраста.
    Дали мајките во денешницава се борат со самото бебе по цел ден да го научат на нешто што за возраста е несфатливо и не се учи за да се покажат чие бебе порано пораснало и било попаметно еве не знам
    Ама до сега немам слушнато бебе на 6 плус да се става превентивно на нокшир или 9 плус може до мене е не знам се извинувам ако е така, може па и јас сум глупа и неедуцирана доволно за како е правилно или не.
     
    На Ava.84, Kaetana, zuto и 5 други им се допаѓа ова.
  11. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Ни јас не разбирам зошто брзање на 9-10 месеци да се става детето на нокшир.Дефинитвно јас сум била немајка што дури сега на 2 и пол години детето го одвикнав од пелени носење.Некој нема ни трет оброк воведено тогаш,некои пак брзаат да не им носат бебињата памперси.Бебиња да,оти до година е бебе.Некако многу насила ги тераме децава сега,како некој натпревар да има кое дете попрво ќе направи нешто па да се чукаме во гради дека ете моето е нај нај.
    Аман мајки,олабавете ги малку децата,ќе им створите одбивност за некои работи ако ги форсирате.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.589
    Пол:
    Женски
    Не ми е сфатливо ниту логички нити морално да треба бебе од 7 или 10 месеци да го терам да седи на нокшир и да му објаснувам што се физиолошки потреби кога тоа бебенце едвај изговара 2 букви или ниту една.
    Ич не ми е логично
    Сите некако брзаат да им прерано пораснат децата од секој аспект ај тоа го знаеме ама ова од 6 плус ми е некако улава работа.
    Јес да разбирам дека пелените се скапи и се тоа ама човече божји 6 месеци ејјј и ова не го бев чула.

    Натрпревари колку сакаш па и за вакви работи од овој тип што не можеш нити да го смислиш да го направиш а не па да го реализираш.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    @m.i.g @vitamina
    Пошто гледам за мене дека пишувате ќе ви одговорам.
    Малата само седеше на столчето (ги знаете нокширите како столчиња што се, што се трга оној дел за мочкање). Еден ден ја видов дека ќе кака па ја ставив чисто да видам како ќе се однесува. И беше чудно, не сакаше и не инсистирав повеќе. Еве сега делот за мочкање е тргнат и таа не сака да седи .Го врте столчето, си игра со него ама не седи. Не ја ни терам да седи. Не знам зошто одма пишувате дека се натпреваруваме и дека сме поголеми мајки (ич не го сакам изразов) од вас што на 2 и кусур сте ги одвикнале децата од пелени .
     
  14. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Те разбирам што сакаш да кажиш. Не беше за тебе муабетот,туку општо. Јас тргнувам од мене лично,јас му реков на мм да и купи обично нокширче за да ја одвикнувам. Тоа беше за 1 роденден. Го седнав детето 2-3 пати и таа не ни можеше да го замисли. Во јануари и купив друг нокшир,бидејќи бевме во друга држава со цел да ја одвикнам на веќе полни 2 години. Таму истата приказна,можеше да седи цел ден на нокшир и ако случајно се помочкаше,почнуваше да плачи оти мислеше дека го помочала нокширот по грешка :rofl: го исплачи тој нокшир за навек(facepalm) е сега овде со адаптерот веднаш прифати,можеби дека шарен со играчки нацртани на него. За точно 2 дена и 2 ноќи ги откажа скроз. Муабетот ми беше да не ги седнувате толку малецки на нокшири оти можи да им се створи одбивност како на моево. Најдобро намерен совет беше. Се надевам дека се ќе биди во ред :)
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.589
    Пол:
    Женски
    Не не не пишував за тебе туку пишував не знам кој пишал погоре ти или друга членка дека и кажувале некои мајки да почнат од 6 плус со припреми за нокшир.
    За тоа зборувам дека ми е неразбирливо.
    Муабетот беше дека најдобро е да се почне на 6 плус со учење ставење и запознавање на нокшир.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Очигледно беше за мене наменета твојата дискусија па еве ќе ти одговорам ама културно иако не заслужуваш!
    Моето дете од неполни 6мес веќе седеше. На 6+ седеше самостојно и не го брзав туку сам си седеше и сакаше да седи, незнам што е тука непоимливо. Исто како што има деца проодуваат на 10+ и деца кој на 18+ проодуваат!
    Е сега околу седнувањето на нокшир!
    Дали ти воопшто си свесна што значи Бубрежен рефлукс?
    Дали ти воопшто си свесна што може една уринарна инфекција ( која 99% се добива од самиот измет на децата ) да му направи на тоа бебе/дете со Бубрежен рефлукс аааа????
    Ќе му ги оштети бубрезите!!!!
    Дали си свесна дека може тоа дете да заврши на операциона сала и без бубрег????
    И со кое право ти коментираш и се осудуваш да кажеш дали некоја мајка се натпреварува па нема шо да праи па ај го опнува на нокшир да ќења зашо и е забавно!
    Да, го седнував на нокшир и пак да имам дете со Бубрежен рефлукс ќе го седнувам и од 5+ да кака ако седи самостојно!
    Да, пре ми е да не фати уринарна инфекција или бактерија отколку на тебе да ти се разјасни зашто некој мајќи така постапиле!
    И не не сум само јас туку уште неколку мајки чии бебиња се со бубрежен рефлукс на форумов! И секоја од нив убаво знаеме зашто децата сме ги ставале да какаат на нокшир и со која цел!
    Дали си чула за др.Дафина и др.Тасиќ ? Ете Нефролози се па прашај ги нивви може ќе ти се разјасни дали од фетиш стававме деца од кога почнале да седат самостојно или зашто сме морале поради здравје за дете!
    Затоа друг пат пред да се праите паметни и негативни малку размислете па и прашајте зашто некоја мајка вака или онака праи за било што!
    Толку од мене и завршив со дискусија.
    Сеа дочитав убаво!
    Ела дојди па да видиш дали ми се скапи пелените и во какви услови ми живее детето :D кога сакаш еве јас од дома ќе те земам на поседок кај мене.
    И највеќе патат децата кој живеат со завидливи и злобни родители запамтете!
     
    Последна измена од модератор: 23 август 2018
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.589
    Пол:
    Женски
    Ти се извинувам.
    Целта на муабетот ми беше друга овој муабет е веќе друг односно за мајките што ги ставаат на 6 месеци за да се заучуваат а при тоа на 6 месечно бебе тешко е нзс да му дајдеш у тек на денот а не па да седат на нокшир тоа ми беше поентата.
    За пелени спомнав генерално а не под смисла дека ти немаш.
    Не мора да се навредуваме и контра навредувамени најмалку докажуваме која има/нема и дали бебе седело и на колку седело, одело итн.
    Во ред е.
    Секој си знае за себе.
    Јас од 6 месеци бебе очекувам само да гукне да се насмее и да пие млеко цица.
    За вашиот случај ми е жал и се извинувам многу не ни можам да коментирам ни сум коментирала за таков случај и нема ни да коментирам оти не сум компетентна.
     
    Последна измена од модератор: 23 август 2018
    На LiliBoz и sofi2107 им се допаѓа ова.
  18. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Го прифаќам извинувањето.
    Но, навистина беше многу ружно да се прочитаат одредени зборови па и реченицата дека зашто немаат пари за пелени па ај затоа за на нокшир.
    Реално таа возраст мочкаат нон стоп, поготово оние кој се на слободно доење. Неверувам да постои мајка поради свој каприц да става од 6+ или 9+ бебе на нокшир. Значи има некоја причина поради која го става. И не го става за мочкање зашто реално апсурдно е да погодиш кога ќе мочка. А, за какање е сосема друго. Сепак има гестикулации кој бебе ги прави непосредно пред какање. И во првиот пост убаво пишав ... не секогаш можеш да го уловиш моментот кога ќе кака. Но, во нашиов случај макар и 80% до сега да сме го доловувале за мене е супер. Не дека он еве и на скоро 17+ знае да каже кога му се кака. Да не се лажеме до пред 3г ретко дете да кажува. Но, еве фала богу дали поради тоа ставање на нокшир или ете среќа има па до сега немал никаков проблем уринарен ( да не го подречам ) и сум пресреќна и пак да се врати времето пак би го ставала на нокшир откако ќе седел самостојно.
    Нокширот му е како столче со скаличка и ептен интересен нокшир 3 во 1 . Него му е забавно да седи, па му правам муабет, па демек напон даваме да кака, па некоја играчка, па ка ќе седнам на вц шоља и од до мене на нокшир итн сепак дел од игра ама и битно завршува работа.
    Сепак не е убаво одма да се коментира негативно и да се осудува без да се знае која е причината мајка некоја за одредена ствар зашто вака или така прави. Прво прашајте па настапете со негативни и лоши зборови.
    Нема натпревари и незнам зашто би имало. Секое дете ќе прооди, прозбори, пројаде, ќе почне да џвака, заби ќе му излезат па и ќе се одвикне од пелени. Кое порано кое подоцна битно све ќе биде. Натпревар е кога ќе го изнесеш на прав пат и за 30-40г ќе ти кажат : браво каква личност си пораснала и си воспитала, колку успеало детето/човекот и колку те сака и поштува.
    Нема натпревар, а и помеѓу кој би имало. Секое дете е за својата мајка посебно па макар и до 4г да не збори, ама ќе има друга доблест која ќе ја нема она дете кое веќе збори. Нее ништо повеќе ни помалце она дете кое проодело или прозборело или па чита и пишува многу порано од она другото. Резултатите на секое дете ќе ги видиме кога ќе бидат веќе возрасни луѓе. Тогаш можеме да кажеме која мајка постигнала нешто или непостигнала нешто во однос на своето дете.
    Битно да ни се живи и здрави, а останатото си доаѓа само по себе.
    Имај убава ноќ и не се лутам искрено, само ми беше неубаво што изнапрочитав осуди без да се знаат фактите кој се и затоа и реплицирав.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.589
    Пол:
    Женски
    Не е осуда туку искреност од моја страна логички како би можело едно бебе со тоа да се справи.
    Тоа е тоа што сакав да го кажам за темава и стојам зад тоа дека е невосможно тоа ми е поентата на муабетот.
     
    На zuto и LiliBoz им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    СофИ мојов на 6 месеци немаше шанси да седне и да седи така да ја сфаќам реакцијата на витаминка. .. ние што не знаеме како изглеа тоа баеги ни е чудно :D
     
    На sofi2107 и vitamina им се допаѓа ова.