1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Во Скопје незнам, види низ продавниците за детски работи ќе најдеш некаде. Јас од Штип земав од Андреј компани, на чиполино бебешки работи кај што има.
    Или ако не најдеш големи, стави две-три помали :) :D
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    10.085
    Јас на неполни 3 ја одвикнав за две недели, пред тоа околку година пробав со нокшир, немаше ефект не разбираше. Околу 2 години купивме адаптер и на шолја си седеше ама уште немаше осет за да каже кога и се оди. Ја одвикнав една недела додека бевме дома зашто пиеше антибиотик, втората недела носеше пелени за спиење и за надвор. Откако ја одвикнав не направила грешка освен 1-2 навечер, па намалив со течности пред спиење. Лесно поминавме и убаво прифати се, најважно е детето да е спремно во спротивно ќе биде џабе нервози. Кога наполни 2 години само ми се чудеа луѓе како уште била со пелени, а јас не се замарав знаев дека не и е време зашто пробував. Единствено е препорачливо да е лето зашто првите денови кога ќе се учите по сто пати на ден има соблечи, облечи, па уште ако се измоча може да и достуди. А во лето си седеше по гаќички маичка и не беше воопшто комплицирано соблекувањето
     
    На vitamina, Vennera.aa и M&M им се допаѓа ова.
  3. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Денес недела дена како преку ден му го тргнав памперсот, ставам само за преспивање и преку вечер, за излегување ставам гаќи за одвикнување измеѓу материјалот има мушама. За мочање кажува скоро секогаш, некогаш почнува во гаќи се сепнува и вика моч, дома секогаш го стигнувам на време. Кога сме излезени ќе каже ама додека најдам место додека го соблечам знае да потпушти. Околу какањето еден ден цел какаше во гаќи, па два дена не искака, па два дена рече моч а уствари какаше така станат на паркет. Денес не искака, цело време зборам да научи да прави разлика кога му се мочка, кога му се кака и да кажува различно. Се надевам дека за брзо ќе се научи, за преку ноќ сега засега не помислувам да тргам памперс, сабајле е утоп 2 кила тежи.
    @wannaBeMomma јас по цела гарнитура под покривачите ставив на бекутан тие што се подметачи за преслекување, така не ги гледа за да ги трга, а го штитат мебелот.
     
    На 24.07 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.646
    Пол:
    Женски
    Ние исто тренираме.Кога ќе си дојдеме од градинка и работа го тргам памперсот .Кажува кака и трчкаме на шолјата.Последниве денови не е згрешила кажува за мочкање.За какње вчера кажала на татко и.Па се мислам да не и ставам веќе памперс преку ден.Ноќе исто .Кога ќе ја разбудам сабајле одиме одма да мочка сув и е памперсот.Треба да прашам во градинка како е?Некогаш седи и по памперс ама кога и се мочка вика како и трчаме до вецето.
    По мебелот ништо немам ставено одма го чистам сосредство за тепих.Урината е стерилна па не се плашам од бактерии.
     
    На 24.07 и Vennera.aa им се допаѓа ова.
  5. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Ќе може да ми кажеш со кое точно средство чистиш?
     
  6. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Мој совет е да не форсирате, секое дете ќе си каже кога е спремно (мајката е таа што ќе знае кога е времето судејќи по однесувањето на детенцето). Тоа од 9 месеци, од 16, 18 е релативно и пак зависи од дете до дете, без форсирање бидејќи може контра ефект да се створи со лошо ако го учите. Големото дете кај мене на 2,5 год го тргна памперсот, помалото ми е 16 месеци, го седнувам на нокшир но сеуште е мало и како играчка го гледа, не форсирам само ставам на нокшир да се учи полека :)
     
    На gjoker4e, 24.07, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.646
    Пол:
    Женски
    product_standard_teppiche_de_1612.jpg
    @wannaBeMomma не знам дали го има во мк.Да провериш во дм или слично на ова.Добро е убаво мириса и флеќи чисти супер.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Денес после недела и три дена, цел ден без грешка си кажува за мочкање, а за прв пат кажа и за какање и искака во нокшир, а го имав облечено во памперс и му имав ставено пижами побара да го слечам за кака. Полека се опуштам преку ден да се научи сега па за преку вечер кога сам ќе покаже.. Многу сум среќна, морав да го пофалам:inlove:
     
    На Elenpelen, gjoker4e, JoyJoy и 7 други им се допаѓа ова.
  9. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Мајки керка ми е 3г и 6м
    Сама побара да не и ставам памперс преку вечер но многу често се помочува до кога вака?
    Ја прашувам по 100пати преку вечер дали и се мочка вели не и продолжува да спие
    Има вечери кога нема да мочка ниту еднаш или ке стане 1-2пати да мочка но многу ретко се тие вечери
    Еве веке две недели поминаа обавезно еднаш ке се помоча и еднаш може да мочка
    Дали пак да и ставам памперс или ке се навикне
    Секој совет ми е добредојден
     
  10. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Немам искуство сега со вечерното одвикнување ама денски ги тргнавме сосема памперсите и сега за ноќното ме советуваат да станувам дете на одреден период да седнувам на нокшир додека самиот стане свесен, синко е 2г и 2 месеци и мислам да почекам уште некој месец. Според мене веќе е голема за да ја враќаш на памперс стисни заби ставај најлонска заштита на душекот и продолжи само наместо да ја прашуваш седнувај ја на нокшир, може несвесно ти одговара во сон дека не и се мочка.
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    И моиве кога ги прашувам ноќе, секогаш ми викаат дека не им се мочка, ама јас обавезно го будам син ми еднаш ноќе, мочка, и си продолжува со спиење. Ако не го кренам сама, многу веројатно дека ќе се помочка. Малата нема шанси да ја натерам да мочка ако не осети потреба. А и ретко прави утка ноќе таа. Син ми поцрврсто спие и мора вака.
     
    На M&M, 24.07, Vennera.aa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Носи ја почесто на мочање навечер. Кога го одвикнував син ми го носев на 2 саати, па после на 3 и се така додека не приметив дека сам може да се контролира. Некогаш дури и заспиен го носев и го седнував на адаптер. Малку е напорно на почетокот, ама така лесно се одвикна. Инаку му го тргнав памперсот наеднаш и за преку ден и за навечер.
     
    На M&M, Vennera.aa и blessed.an им се допаѓа ова.
  13. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите
    Керка ми година ипол не носи преку ден памперс а ноќе и ставав но како што реков самата побара да не и ставам повеке
    Еве вечерва не се помоча се разбуди ја прашав ти се мочка ли рече да стана се измочка и пак си легна
    Се надевам почести ке се ваквите вечери
     
    На M&M, TutiFuti и Vennera.aa им се допаѓа ова.
  14. cacikr

    cacikr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    243
    Мамички ми треба совет. Син ми скоро наполни 3 год уште пролетта ги одвикнавме пелените за мочкање и тоа многу брзо и за на вечер. Но со какањето имаме проблем, ако не му ставам пелена нема шанси да се искака ни со лажење ни со подмитување со ништо. И кога ги потрошивме не му купував му реков дека не ни даваат ама немаше ефект. Кака сам затворен вспална и никој не сака во близина освен понекогаш мене ме вика. И да не заборавам да кажам дека кака испраен, А за мочкање сам си оди си седнува на адаптер и сам се облекува, ама со какањево никако да се одвикниме. Еднаш се искакал на адаптер ама уште не докакан станал и му паднало на плочки и сега нејќи никако. Цело време му зборувам ама некој ефект. Ми треба некој совет како да се одвикнеме.
     
  15. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Трпеливо само и со убаво разговарање...може се срами и не сака критикување. Зборувај само дека како што мочка седнат, така треба и да кака...еднаш кога ќе успее после ќе види дека не е ништо страшно. Убедувај го да пробате на адаптер и дека до него ќе бидеш, па ако не сака т.е ако го фати криза дека ќе го симнеш. Битно е да се пробува...не нападно, еднаш во денот да проба да се искака на адаптер.
     
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    @cacikr и јас имам ист проблем. Мојот е малку помал нема три години, ама летово тргнавме пелени. Ако нема пелена не кака и му се прави запек. Мојот па не ни моча седејќи. Моча станат и не знам ни како да го натерам да седне. Имам и нокшири и адаптери и се и пак џабе. Единствено што успеав да го натерам барем во тоалет да кака. И на тоа застанавме.
     
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Да го пишам и јас нашето искуство со одвикнување од памперс еве веќе 3та недела по ред.
    Точно 2 години е синко, нокшир купивме уште од летото, ама не сака да седи на него за жива глава, пробав и со адаптер на шолја и така не сака, се плаши. Пробував и тогаш стоејќи да го издржувам, имаше периоди кога соработуваше, а имаше и периоди кога плачеше кога ќе го помолев да мочка. Заклучив дека е рано и оставив 4-5 месеци не му спомнував ништо.
    Сега веќе разбира и зборува се па заклучив дека е време да се обидам посериозно (напролет ќе дојде и другото бебе на свет, па тогаш ќе немаше шанси, а за до летото мислам дека ќе беше многу да чекам).

    Ги сокрив пелените и му кажав дека нема повеќе пелени, нема од кај да се купи, се потрошиле. Му облеков гаќички и му објаснив дека треба да кажува кога ќе му се моча и кака. За какање веднаш почна да кажува и нормално тука нашето “глувче’’ го наградуваше, му оставаше по нешто после секое какање. Ептен беше мотивиран поради тоа. За мочање првите 2 дена го молев на секој пола саат, но пак успеа да се измоча едно 5-6 пати во гаќи. Не го карав, само убаво му објаснував дека не е убаво така и дека треба да кажува. Си реков ако и 3тиот ден нема напредок ќе одложам за понатаму.

    3тиот и 4тиот ден не кажуваше, ама со честото молење успеа само по 1 на ден да се измоча во гаќи. Изрази желба да моча во када, интересно му беше и го издржувавме таму.

    Од 5тиот ден навака почна веќе сам да си кажува, или ќе го приметам се фаќа за курето, ама ако е заигран не сака да каже дека му се моча и се стиска. Битно не се помоча веќе ниту еднаш.
    После неделата му го тргнав и памперсот за денско заспивање бидејќи се будеше со сув памперс, а после 2 недели т.е. еве веќе 3 дена како му го тргнав и ноќниот.
    Засега е супер и сметам дека ептен лесно поминавме. Иако велат дека зимскиот период не е поволен за одвикнување, сепак јас заклучив дека сега е најдобро време и не погрешив. Така да ако процените дека му е време, не гледајте кој период од годината е, водете се по самото дете и нема да погрешите.
     
    На victoria, TutiFuti, tincemajmunce и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Snowflake13

    Snowflake13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво! Бидејќи сум нова ма форумов однапред сакам да се извинам ако веќе имало дискусија на оваа тема. Се работи за син ми кој има две ипол години и не знам како да го одвикнам од памперс. Пробував се и сешто и не сака ни да помисли да седне на нокширче а камоло на вц шоља. :| ќе ве замолам за некој совет.
     
  19. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Здраво, можеби би можела да пробаш со детска даска за седење дирекно на шоља, кај нас тоа беше успешно му беше интересно и без проблем прифати од прв пат, на истата возраст беше и моето кога го одвикнував.
     
  20. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Можеш да пробаш со гаќички за одвикнување.Сестра ми така и двете дечиња ги одвикна многу лесно.Плус има сега и кај нас се продаваат со бамбус природни и синчето на сестра ми ги носеше долго време навечер посебно спас и беа.