Ние сме 2 год и време ни е да почнеме да се одвикнуваме па треба да тргнам во потрага по нокширче. Какви се сега најактуелни ако има некоја време да ми даде слика какво користите вие. Дали директно со оние за на шоља или да почнеме со некое помало и каде може да се купи?
Ова го имаме. Се достава еден дел плус скалички и се прилепува до вц шоља па сам да може да се качи и се расклопува и само горниот дел се става над вц школката. Поклон ни е уште бебе кога беше и знам од Џамбо е купено. Јас сум презадоволна ептен му се погоди.
Малава моја од 9 месеци ја ставам да мочка и кака на нокширче, сега е 14+ месеци, и пошто не работам дома сум 24/7 со неа, времето и го посветувам максимум, и полека полека пелените ги намаливме на 2-3 дневно... сега почна да разбира и сама вика мама чшшш и е време за нокширче....
Како да се одвикнеме од пелени, давајте совет, за месец дена ќе полни 3, абер нема. Не му смета мочкан кога е, не му смета какан кога е, седи на нокшир по пол саат и ништо, ќе стане и тогаш ќе се измоча. Без памет сум веќе, не знам што да правам. Совет!
Немам искуство, но од искуствата на другаркиве претежно крај пролет/лето кога е потопло им било полесно со одвикнувањето од пелени. Не форсирај може не е спремно. Има дечиња и после 3г што почнуваат да соработуваат и се одвикнуваат од пелени. Еве го мојов е неполни 2г па како помал сам идеше тегнеше нокшир за какање па и викаше кака кака. Сега нејќе да чуе за нокшир вришти мислиш го колат. Некој статистики искочија дека до 3г не е убаво да се одвикнуваат од пелени поради недоразвиен мочен меур. Дека со самото трпење и не мочкање кога сакаат доаѓа до проблем во иднина. Подлежност на уринарни инфекции и проблеми со бешика. Еве ти линк: https://www.bebe-nestle.mk/preranoto-odviknuvaњe-od-peleni-e-shtetno/v/1510
И мојот ќе прави 3 во мај, абер нема. Кога треба да му сменам пелена е борба, бега , не ме остава да го избришм. Му зборувам нон стоп, имаме и нокшир и адаптер, за жива глава не сака да седне. Пробал некој од овие гаќиве?
Здраво мамички. Мојот уште месец ке прави 3 , не форсирам ништо едноставно гледам дека не му е време. Но го ставам на нокширче наутро вообичаено и навечер пред да легни , колку да знае дека има и друга опција. Зборував,молев , лажев но некако не му се сакаше и од тогаш без форсирање пополека , чекам сам да пројави желба и да знае дека не му требаат веќе пелени (во смисла да свати дека е голем )
Ќе го имате цело лето пред вас за одвикнување...кога вадиш пелени, вади наеднаш преку цел ден и цело време зборување за мочкање,какање каде треба..дека бебињата само носат пелени, дека е голем и дека треба во нокшир да мочка/кака. Еднаш да се измочка во нокшир и полесно ќе биде...ако го сетиш веднаш седни го...и кога ќе успее во нокшир ракоплескај Бравооо! Нема потреба по пола саат да седи како казнето детето(затоа може и не сака). Кај мене овој метод беше многу успешен...не ја оставав да седи со саати на нокшир, мочаше едно време насекаде (околу месец дена)..чистев. Еднаш ја сетив дека и се мочка и ја седнав, сакаше да стани и ја скарав...мочкај тука!.. и се измочка и после пофалби, аплаузи и кажување дека така треба секогаш да мочка и кака во нокшир. И толку беше...после некогаш и се згрешаваше, ама многу ретко. По недела откако се научи и навечер тргнав пелена успешно...дури навечер никогаш не згрешаваше, преку ден повеќе и се случуваше да згреши. По некое време, ако и се примочкаше во спиење ќе ме разбуди, ќе ми кажи...дури неверојатно ми беше колку осет има за навечер....навечер никогаш не сум ја будела јас за да мочка и уште се чудам што ни еднаш не и се случи да згреши (мислев тешко ќе биде). После имавме проблем само мене ми кажуваше на другите не ко ќе и се мочка и тоа полека се среди, па кога тргна во градинка таму не им кажуваше и тоа го средивме (демек интимна работа...не сака било кој да ја носи на мочкање )..па и реков на воспитувачката неколку дена да ја седни да мочка да се навикни на неа да не се срами и стега...па по некое време ме обавести дека почнала да кажува. Инаку ние се одвикнаме на 3г и 2-3 мес. Ајде со лесно и кај вас.
Дали сте пробале на ден/два да не ставате воопшто памперс и да ги потсетувате на секој пола час за мочкање? Ниедно дете нема од старт да почне да кажува само. На претходната страна е нашата приказна, ептен успешно ги фрливме пелените, иако и тој не сакаше да седне ниту на нокшир, ниту на адаптер. Првите 2 дена не кажа ниту еднаш, се измоча 5-6 пати во гаќи и не му сметаше, си седеше мокар. Зборот ми е, изгледаше дека нема да соработува, дури 3тиот ден имаше мал напредок. За какање го издржувавме, а моча стоејќи (кај машки барем тоа е полесно, не мора да седи за да моча). Дури после месец дена прифати да седнува на нокшир и сега кога кака седи по 2 саати, не можеме да го скорниме. Сега после 2 месеца пак се случува 1 неделно да се измочка, кога ќе се заигра или во спиење, ама нормално е, мали се ептен и за нив тоа е голем чекор.
Пред една недела 2 дена ја оставив без памперс Со молење и потсетување мочкаше нај изменично во нокшир и адаптер ама за какање не сакаше никако Дури чудно ми беше,таа се кака 1-3 пати во денот а тие два дена ни еднаш Третиот ден и го ставив памперсот и по 10 мин се искака Сакам да научиме да кажува ама ова со некакањето ме плаши
Малку е една недела..мојава цел месец се живо измоча. Сакав да кажам на некои деца појќе време му треба. @Mari* колку години направивте вие? Нема кај да оди мора да искака...ќе видиш, ако и се повторува повеќе пати со долго време не какање одложи малку, а за тоа време зборувај и. Кога ќе свати што и како...нема да се стега. Дури да свати ќе пробуваш. Инаку јас мислев дека со какањето полесно ќе биде, ама обратно испадна. За какање повеќе згрешаваше.
Август пробував и јас, безуспешно. Го оставив некое време воопшто не му спомнував. Во декември пак пробавме и почна да соработува. Мислам кај нас многу и наградите му влијаеа, тие 2 недели не знам колку бонбони изеде, цело време го мотивиравме и наградувавме за што многу беше среќен. Едно време дури и кога не му се мочаше лажеше само за да добие награда.
И моето синче 3 и пол год сеуште мака мачиме со какањето. Значи нема шанси да се искака на нокшир или на шолја. Цело време зборуваме ама џабе е резултат =0. Му го ставам нокширот пред тв да го гледа омилениот цртан ќе го изгледа и ништо вика не му идело, а пред тоа бара пелена да се искака. Можи и да стои повеќе од два дена ако не му ставам пелена и на крајот мора пак. Незнам веќе како да постапам. Се и сешто имаме пробано од тоа дека нема повеќе пелени, деќа ке му купиме тоа што го посакал дури и со плашење со вештерки и волци (што знам дека не е правилно) но нема успех. За мочкање веднаш ги откажавме за една недела без да згреши и навечер еве скоро една година, ама со какањево проблем. Наскоро треба да се роди и бебето и се плашам дека уште полошо ќе биди.
@alana 3 години во Мај прави За разбирање ме разбира кога и велам декатреба вшоља/нокшир ама не сака...
Да не ве цитирам една по една ќе ви раскажам како ние се откачивме. Почнавме во лето пред 2 ри роденден преку ден беше без памперс ама само за викенд .Ама за денско спиење и ставав.Па имаше распуст од градинка и му реков на мм кога ќе одеш мк да ја натераш свеќи да ја научи оти мислев дека дете за две недели ќе научиАма не се учи толку брзу не мојата. Ама во мк беше се научила до дека не доби тт од ммр и така на мм му било полесно да и стави оелени наместо да трча и толку.Продолживме за викенд да и вадеме се до септември кога во градинка ја оставаа без памперс.Ми ја враќаа без памперс и со извалани алишта.Постепено со зборење научи дека треба да мочка во нокшир и да каже.Ама за какање нее.Си какаше во гаќите за среќа. За среќа велам оти не се стегаше па друг проблем да си направи . Продолживме без пелена преку ден и ја тргнале воспитачките при денско спиење .Така накај декември приметив дека навечер не мочка во памперсот и го тргнав.Ама со какањето не и не уште ист проблем.Ја поткупивав со карамели прво за мочкањето па после не и давав и и велев ако какаш во нокширот ќе добиеш карамели 2.Пак не успеваше.Еден ден ја видов како прави фаци дека ќе кака и ја ставив на нокширот и толку се радувме и пеевмеАма од тогаш си продолжи да кажува и без грешки.После пола година употно откажување Сфатив тогаш била спремна и затоа успеал процесот на одвикнување.
Цел месец траеше кај нас навикнување на мочање надвор од пелени. На крај почна да моча диреткно во шоља како што прави татко му. На нокшир не сакаше да седне за жива глава. Се додека форсирав седнување на нокшир имавме отпор. Купивме два различни адаптери и три нокшири додека траеше мисијата нокшир. Адаптерите сеуште стојат неискористени, а нокширите си најдоа место (еден дома и по еден кај бабите). Лето беше и го оставав и гол значи скроз без гаќи и имаше периоди кога трпеше додека не му ставам пелена. Еден ден после две-три недлеи му кликна како да моча сам во шоља. Па имаше период кога мочаше по цело купатило само не во шоља (ќе се качи на скаличките зад а моча на шоља и намерно ќе моча надвор) и така натаму. Откако почна да моча така сфатив дека и не моча многу често. И ден денес моча околу 4 пати дневно и толку. За навечер му ставав пелени уште месец и нешто зашто не бев баш дома тој период па од страв да не помоча нешто туѓо ставав пелени и ги вадев суви. Потоа прекинав и со тоа. За какање се одвикна покасно, дури во Декември му кликна какањето. Значи си носеше гаќи и кажуваше ми се кака, стававме пелена па се криеше и кажуваше дека е готов. Се бришевме и пак си продолжуваше со гаќи. Во Декември беше дома болен и му кликна да кака на нокшир. Сега не му е проблем да моча ни во нокшир (така кај баба му прави зашто нема скалички). Научи да моча на 2 и пол години, а да кака на скоро 3. @Kom.pot ние имавме такви гаќи (од друг производител) и малку помагаат ако се искака во нив, подобро заджуваат какашки. За мочање само ако малку пушти задржуваат а нормално мочање не.
Имаш време летово не се секирај...и мојата мајско дете е.... таман јуни, јули, август и септември се идеални за одвикнување. Joy Joy како што напомена дека 4 пати дневно мочка.......... барем 3-4 ч треба да издржуваат да не мочкаат, па да почнеш со одвикнување....читав по статии некаде тој период...тоа ми останало во сеќавање, ако му послужи на некој како информација.
Сестра ми зема за близначињата, три години и се и не можеа да ги одвикнат од памперс, сами си зимаа пелена им ја носеа и им викаа памперс? Хахах смешки беа.Јас ги видов гаќичкиве им ги предложив и земаа по два пара. За неколку дена се научија дека нема веќе памперс има гаќички. И вака супер се и за навечер не им пропуштиле. Плус сега уште ги користат како гаќички посебно за навечер, знаат некогаш да се измочкаат