@Среќичка проблем настанува ако се форсира одвикнување и се создаде отпор кај детето. @AngelOfArh нека пукне лето и ќе го оставиш да седи по гаќи по дома или гол евентуално. вака кога му враќаш пелена нормално дека ќе сака да си моча во пелена. На тоа е навикнат тоа му е удобно. Плус денешнице пелени се сркоз суви не му е нему непријатно ич. Ќе оставиш да се измоча во гаќи да види што значи мочање, да го осети процесот. Ќе му треба време да му кликне.
@AngelOfArh а во градинка го ставаат ли на нокшир?А носи ли пелени? Фрли пелени.Ако мочка веќе во нокшир ќе научи и да кака . Какањето е малку покомплицирано и нашето траеше 6 месеци .Кажи нема пелени.Јас на мојата не и ставав пелени.Таа си какаше во гаќите.Зимо беше јас си перев. Од градинката мене ме форсираа.Таму многу тренираше.Еден ден ми викат ипсилон спиеше без пелена.А денски беше без пелена.Јас се исплашив леле како што.На крајот престанав да и ставам.Ми враќаа извалани алишта еден период и на крај успеавме. Нема карање.Ќе го оставиш некое време искакан.Ќе се научи не се нервирај за џабе ,баш кога не се надевеш ќе успее.Не е веќе ладно пушти го без пелена.
И да му тргнам пелена ќе се измоча во гаки. Вчера го оставив скоро цел час на нокшир, се измочка и ајде награди, аплаузи, идам да измијам нокшир и иде измочан. Не ми е јасно како?! Седеше пола саат мочан, намерно одма не го преслеков, абер си немаше.
Знам дека не треба да седи долго, јасно ми е, ама не мочка, ми беше само да направи било што во него да го наградам да го мотивирам. Мислев ќе постигнам на тој начин желба, да види како тоа изгледа. Не знам како да објаснам.
Да те разбирам.Пробај со кукла некоја сто му е омилена.Стави ја на нокширот и бека седи кога нема да види стави вода.И после кажи виде колку паметна кукла браво па радувај се за куклата гушкај ја и бација.А после измени го гласот и кажи и(икс) може како мене.Сакаш да видиме мамо?Ти ќе кажеш да ајде (икс како се вика детето) Ние така почнавме со кукла Ова како идеа.
Незнам дали е за тука прашањево, но од прилика на колку саати мочкаат деца од година и пол, две? Не кажува за мочање сеуште, околу 10:30 запамтив дека мочкаше во нокшир, кај 13h сакав да му сменам пелена и не беше воопшто мочкан, има место за паника? Го седнав да нокшир и се измочка (поголема количина) ама ова е ново за мене до сега секогаш и во пелена бил барем малку мочкан.
Нема место за паника и нема зашто да има. Сепак не секое дете е исто. Некој какаат неколку пати на ден, а некој на 2дена па и повеќе. Исто и со мочкањето. Како и ние возрасните, некој е тешка мочла ( еве како мене ), некој спротивно од тоа. Зависи колку течност внесува дете. Кога е топло дете повеќе се поти, а на тој начин исфрла течности и по дефолт пелена неможе да е толку полна ( да мочка ) како пример зимно време. Има денови кога пелена му е преполна за кратко време доколку пиел многу вода, а некогаш може да тера и по 5-6ч со пелена ( нормално не му оставам толку долго пелена на него па макар и да е полу празна ). Но, кога е надвор подолго време пелена му е полу празна зашто е препотен ( ова зборам сега од кога затопли ).
За мочкање не си во право, возрасен човек со испиени 2л вода на ден треба да празни бешика 6 пати во просек. Не мокрење значи дехидрација, нормално во други ситуации, мислам дека мајкава нема таква ситуација. Мислам дека ти е време да исфрлиш памперс ако е така. Седнувај го почесто, на 2ч на нокшир и ќе видиш ќе си го фати редот. Можеби сконтал дека му е поубаво кога мочка во нокширче и нејќе во памперс. Медицински проблем немаш, чим сепак се измочкал на крај. Баш си Среќичка мајка
@AngelOfArh кој тоа ти кажал дека после 2л вода во просек баш треба 6 пати да мокри во едно деноноќие? Од каде тој подадок? Си чула дека дека бешиката не кај секој возрасен човек е иста големина? Немојте со вакви податоци кој не се засновани со медицина да пишувате. Јас мокрам ( не сум броела ) може и над 10 пати зависно од течности испиени. И? Не сум медицински феномен нит имам проблем здраствен. На Нефролок идам често поради синко, така да барем за ова знам. Во муабетот со мајката не правевме муабет за не мокрење во текот на денот. Се разбира дека не е во ред ни возрасен да не мокри цел ден, а не па дете. Но, во денови т.е летно време кога телото преку потта ги исфрла течностите многу нормално е да се намали мокрењето ( не зборам за не мокрење цел ден ).
Од нефролог и уролог, јас имам проблем со бубрезите и одам да не претерам ама 3 пати месечно сигурно зошто ми ги следат редовно да не направиме застој повторно. Јас мокрам многу малку, односно држам и стискам зошто сум гадлива и не одам секаде во вц, а не пиев и вода па сега како попче си пијам по 4л вода, и со мене одам секаде со Глос антибактериски да пребришам и да може да чучнам за у вц. Не пишувам од рекла казала муабет туку од сопствено искуство.
Те разбирам во целост. Се надевам набрзо ќе се реши твојот проблем и све ќе биде во ред. Отидовме ептен оф топик се извинувам на админите. Ангел, сосема за друго беше погоре муабетот. Не стануваше збор за не мокрење. Муабето беше дека не секој мокри исто на одреден временски интервал и одредена количина. Све зависи од внесот на течности и доколку бебе/дете се поти. Не стануваше збор за не мокрење од повеќе саати. За 2ипол саати има деца што ќе преполнат пелена, некој полу празна ќе им е, а на некој празна. Сепак стануваше збор за 3-4ч. Ако тоа дете се препотило за тие 3-4ч многу е нормално пелена да не е полна како вообичаено. Лично за себе ќе кажам дека после една испиена чаша вода/сок јас сум на 10-15мин во вц. Може не голема количина мокрам, но мала бешика толку издржува. Еве го синко вчера бевме излезени околу 4-5ч па дома пелена му сменив полу празна. Но, 4 точно пати мајчка му мењав беше жива вода. Кога не се поти ( есен/зима ) пелена ќе му пукнеше за толку саати. Имај убав викенд отидов да наранам дете и да шетнеме
Да, во врска со потењето си во право, вчера пред да излеземе малку беше измочан и не ми беше страшно за мењање пелена, го оставив, надвор 3 пати му мењав маица и дома пак полупразна пелената. Додуша прв пат вака ми се препотува, не се поти моето многу, ама има поврзаност дефинтивно.
Јас сто пати од сег апишав дека едно две три недели мојот не мочаше во нокшир. Шеташе дома гол или по гаќи и мочаше кај ќе му текне или чекаше пелена за да се измоча. Му кликна кога го виде татако му дека моча во шоља. Купивме скаличка и така моча. Се немаше измочано во нокшир се додека не почна да кака во нокшир. Ако не си спремна да чистиш по него и очекуваш за два-три пати седење на нокшир да сфати тогаш не го одвикнувај се додека ти психички не се подготвиш за процесот. Ах да ние и го поткупувавме за мочање во нокшир (сите супер хеори што ги сакаше ги доби).
Се сум правела од тоа што пишуваш, лани бевме 3 недели со џогерот и 4 кеси Глос антибактериски потрошивме ради тие мочки бришење и 2 топа кујнски бришач од огромните тие за по ресторани што се купуваат. Во 3 недели ниеднаш не сфати за што е нокширот. Годинава ќе имам 2 недели максимум да работам јас на тоа, после баба му. И поткупувано и наградувано и фалено и поттикнувано и џабе. Досега сите со кои сум зборела исто ми имаат кажано, вакво нешто не сум сретнала, едноставно не му смета нит да е мочан нит да е какан нит да е мокар по гаки нит ништо....
Време е веќе и ние да ставиме крај на пелените. Топло е сега. Туку се двоумам, обични гаќи, овие како пелени што се или да си купам, најдов едни за одвикнување, водоотпорни биле ,еко,се переле...Има некој искуство? Ако му се суши исто како пелената како ќе се навикне
Ние прелесно поминавме. Прво у градинка почнале на шоља, имаат нели малечки. За дома и купив мал бел капак нели за нејзина големина, и не го сакаше, и купив шарен од Веро Џамбо, и одма се измоча. У нокшир ни еднаш се нема измочано. Со месеци сме без пелени, ноќе сама станува и вика ми се моча (што е чудо за мене, мене ме будеше мајка ми до 7 год да станам, сама не станував), откако ги извадивме веќе не вративме пелени никако. У градинка им кажав, за спиење они ставале на некои деца, реков ниакко, нека се помоча. Оставив алишта плус. И се случува уште да се заигра и да заборави да каже ама тоа еднаш у 2 недели. Муабетот ми е, може не сака нокшир ко мојава. Мојава на почеток за да кака сакаше да ја гушкам. Почнавме со гушкање да не паднела у шољата. Сите се различни. Без пелени е раат 3000 денари месечно ќар
И ние деновиве почнавме. Малку е тешко, ама се учи полека. Директно на шоља и тоа. Некогаш кажува, почесто греши ама сфаќа. Навечер му ставам уште, за неколку дена и тоа ќе тргнам
Ама не мора нокшир да нудиш. Нуди шоља. Односно не ти туку тато. Тато е добар пример за машко дете. Нека оди со тато во тоалет кога тато оди на моча. За да види што се случува. Може да види дека е поудобно или повеќе му одговара да моча стоечки. Голем е веќе почнува идентификација со машки пол, затоа машко е подобар модел од женско. Гледајте клипчиња на нет што прават машки деца кога мочкаат. Не есамо да сфати дека е воден туку да ја види алтернативата на мочање во пелени. Плус од толку стави вади пелени детето си се навикнало дека ако нешто не оди се враќаат пелените кај и да е. Зошто би бил мотивиран да се труди да совлада нешто ново што не му е баш интересно кога има милион други поинтересни активности што може да ги прави наместо да седи на нокшир со саати. Прво неколку дена/недела дена зборувајте за мочање/какање во нокшир/шоља, нека го гледа тато како моча, гелдајте клипчиња и слично. Направете договор што ќе биде награда ако/кога ќе се измоча во нокшир/шоља па дури потоа тргајте пелени. И потоа е се само игра на нерви и бришење по дома.
Мајки ве молам за совет Сакам да го одвикнам малиот 3г е значи за какање си кажува одамна ама не дава да му тргнам пелена си кака во неа Значи ми кажува мамо јас ке какам оди некаде се крие и со кака доага и вели готов сум и легнува Сум пробала секако не дава и не дава Е сега три дена го оставам по гакички во двор никако не мочка детево а пие течности многу кога легнува сега да спие му ставам пелена и мочка станува вадам пелена и пак цел ден не мочка дутжри навечер околу 21ч кога му ставам и за неполн час пелената му пропушта Му зборувам по цел ден значи ги сонува гаќите и клекнува ама не мочка Дали има некој страв незнам, и дадата клекнува и му вели васко еве вака и мочка ама неможе дете да се опушти и неможе Со неа немав никаков проблем два дена се помочкуваше и се научи кај него проблемот е што се стиска страв му е Некој нека сподели искуство како да му помогнам