И ние почнавме да се одвикнуваме од пелени...Тешко е,на мм му велам дека оваа фаза ми е најтешката после грчевите. Мојов не кажува кога му се мочка,го прашувам вели не мочка,а ако го седнувам на нокширче ќе се измоча.Па аплаузи го зема нокширче го тура во шоља и пушта сам вода. Е вчера бевме излезени чаршија,во парк и на секој пола сат го прашував и секогаш одговорот е не.Седнавме да пијаме кафе мм го гледа вика овој е подмочан,го однесов се измоча.Потоа во парк го прашувам вели не.Го соблеков се измочка. Еве два-три дена како пелените се суви и ноќе и дење кога спие.Незнам што да мислам а никогаш не кажува дека му се мочка ако не го седнам на нокширче ќе си се измочка во гаќи.И тогаш вели мама мокан и го седнувам да се допомоча
После се што поминав со син ми мој став е ако тргаш пелена тргаш и крај. Со тоа не ставам, па ставам прво се буни детето, второ знае дека ке се стави пелена и си чека.
Жени совети ! Почнавме да се откажуваме. Арно ама првите два - три дена се супер. Ниту еднаш не направи беља, сама си кажува, супер. Кога наредниот ден цел ден во себе. Дури и голема нужда. Нејќе на адаптер, ниту на нокшир. Вришти, се тегне, плаче. Инаку и пред два месеци така, цел месец си кажуваше и потоа прекина. Ја ставив пак пелена вчера, можеби згрешив. Кажувајте чаре, како да правам?
Дој само да се гушнеме да се утешиме. Не знам како ќе се одвикнеме, немам надеж. Денес и негователката ми рече дека нема абер. Имам совети од типот исплескај го по газот, попари му го со врела вода газот, пикни го под грч ладна вода... Ништо не планирам да применам од тоа, оти е лудо, ама сакам да кажам е до толку луѓето веќе почнуваат да мрчат, а јас немам идеи како полесно да му помогнам да се одвикнеме. Ми се плаче.
Се плаши од нешто? Мојот се плаши од бубачки. Можда месец дена пред да му ги тргнам пелените му зборував дека бубачката ќе дојде и ќе му ги земе пелените. И така прифати. Директно на шоља, седнат мочка. Сега имаме мака со какањето, се плаши да се искака во шоља, кажува се, ама не сака да седне на шоља. Совет некој?
Криј му ги од видик, да не знае кај седат... Кај мојов зборувањето многу влијаеше, идеше по мене во вц и му кажував види мама мочка, и ти вака треба. Ама сите деца си се своја приказна, тоа што пали кај едно не влијае кај друго
Ми падна во очи делот со “ мудрувањата “ на околина па да прашам. Зар навистина има некој кој газето им го попарува со врела вода? Или под грч ладна вода ? Искрено прв пат ги слушам овие брутални медоти! Страшно и искрено жално! Компарација ќе направам со доењето иако нема допирна точка, но ете како процес на одвикнување. Зар требаше јазикот со врела вода да му го попарам за да не сака да цица? Анѓела остај дете може баш периодов не му е време. Ете не се осеќа спремно. Батали муабети и мудрувања од страна. Не секое дете е исто. Ќе му дојде денот ете може септември/октомври. Не дека до 6г ќе е во пелена. Не форсирај зашто искрено иако немам сеуште искуство ( кај и да е ќе ми дојде и на мене овој процес ) , но вака читајки те искрено само си ствараш нервоза, фрустрација и дете ќе почне да се плаши и да е нервозно. Од искуство на блиски ќе ти кажам да не форсираш зашто полошо ќе биде. Синко нивни еве го 6г ќе е и верувај кака само во пелена. Да, во пелена. Све пробаа и џабе. И на психолог го носат и им беше кажано дека е страв и револт поради начинот на кој се одвивал процесот одвикнување. Дете буквално по 10ден се плашеше и не какаше ако не му ставеа пелена. На цела мака проблеми со стомак и со дебело црево направија. А, читајки искуства по гугле жени се жалат и на проблем со мокрењето дека буквално ако нема пелена не им мократ дечиња се стискаат. Бетер. Проблем со бешика и во иднина. Остај го најдругарски ти кажувам.
Тоа да видиш, ми вика Мочко еден ќе моча во пелена, кога сум го грабнала под чешма, ќе мочаш во пелена или ќе мочаш во нокшир, пуштив врела вода го попари и од тогаш само во нокшир! Пробај да видиш! Не планирам ни не ни помислив. Другата па кажува дека детето било 3г и мочало во гаки, тргнала пелени ама нејќело да моча во нокшир и само во гаки, го грабнав вика и на чешмата во дворот, одма почна да кажува. Ми е брутално и нереално. Мајка ми па ми даде совет да го наплескам по газот, по гол газ, крв да капне (тоа им е израз за вжарено газе), и реков се повеќе се убедувам себеси дека никогаш нема да ти го оставам детето да го чуваш, не сум го оставила никогаш досега додуша и нема да го оставам. Иначе така е, во право си, ама стварно е голем веќе, не е 2г па ај уште една фора ќе му дадам, 3 и 2м, многу е. И во градинка морам до септември, сигурно нема во прва мала да им мењаат пелени. Јас пропуштив еден период кога мочкаше контролирано, наеднаш ќе измокри. Тогаш требаше, сега како новороденче е, мочка како ќе му дојде.
Ангела сосема те разбирам и верувам дека ти е напнато ем од страна коментарите, а и ем од самата помисла тргнување во градинка. Ама сепак ете од страна гледано е по реална сликата која сакав да ти ја доловам најдругарски. Ете замисли ја ситуацијава на мене ете да ми се дешава и верувам исто ќе ме посоветуваше. Не, не е баш голем голем 3г и 2м, а не е ни мал. Но, нема правило дека баш сега мора сакале нејќеле да се одвикне. Само си правиш тензии и верувам целава ситуација ти ствара и те прави нервозна и избувлива во даден момент. Верувам зашто и ја може така би била. И само ќе си оравиш стресови и нервози и ќе те осеќа дете и од страв уште толку ќе се повлекува и ќе дојде до страв. Остај го деновиве нека легне цела тензија. Нека помине бар ете уште еден месец само во зборување и покажување ( дали на јутуб, дали вие кога идете во вц небитно ) и без вадење пелена значи само цел месец зборување. Идете до Џамбо купи му она што сака и кажи му дека е умен и ако порасне во голем батко кој не носи пелени дека уште повеќе ќе му купиш тоа што сака и ќе биде веќе голем и со тато ќе возат колата ќе идат по женски ти си знаеш како и на кој начин разговарате и што би упалило. Ама во меѓу време нит му вади пелена да го седнуваш на нокшир или шоља, само разговарајте си. Па после постепено пробај почни со ставање на нокшир или шоља. Некој советуваат машките со татковците да го учат тој процес. Знам дека е лесно вака од страна да се мудрува, но од страна е пореална сликата да се увиди што и како е. Се надевам ќе го прифатиш мојов совет и ќе го пробаш. Ова ти кажувам од искуства што ги слушав и гледав од деца на другарки. Сега се сите средношколци скоро, а некој основци. Од 2002г па до 2005г сите изродија деца од друштво наше само моево е најмало Бакни го синко и ајде пакуј дете и идете шеткајте деновиве и полнете батерии и ти и он
@AngelOfArh i na site majki na koi i ni trebaat soveti i pomos okolu pelenite, eve Edna srpska grpa koja e dosta aktivna i so mnogu iskustva, voglavno e se toa pa toa, no ete Moze da najdete nekoj korisen sovet
Многу голема грешка што враќаш пелени. Така само го збунуваш детето. Според мене истото е и повеќе од спремно, зашто штом има денови кога се е супер, сама си кажува и не греши значи разбира како треба и не треба да ја враќаш назад. Тоа што одеднаш почнува да протестира го гледам како некој знак на револт, нешто не и е угодено од ваша страна па ви враќа на тој начин. Приметила дека кога ќе изврши нужда во гаќи вие се нервирате и се лутите, па затоа кога вие ќе ја изнервирате неа таа го прави тоа. Затоа е потребно да не покажува родителот никаква нервоза додека трае процесот на одвикнување. Треба многу да се внимава на вербалната, но исто така и на фацијалната експресија, да не види детето никаков знак на лутина и нервоза на вашето лице. Знам дека некогаш ви иде од кожа да си излезите, ама мора да научите да се контролирате. Друго: кај деца кај кои сте приметиле страв да седнат на нокшир или шолја, не ги форсирајте да го прават истото. За нив тој страв е многу поголем од што ви се чини, имаат чувство дека секој момент ќе пропаднат и не можат да се опуштат да ја извршат нуждата. За почеток издржувајте ги, како што нас на времето не издржувале. Мора да ја остетат сигурноста, дека вие сте тука и дека нема ништо страшно да им се случи. Потоа со тек на време ќе го спуштате на нокширот и ќе седите до него, за на крај кога ќе увиди дека не е ништо страшно да почне и сам да си седнува. Син ми после месец дена седна на нокшир, а на шолја уште не сака, а веќе 7 месеци како успешно ги тргнавме пелените. Ве читам исто и не сфаќам зошто ги терате машките да мочаат седејќи, кога машко треба од старт да се научи стоејќи да моча. Многу е полесно, а и многу им е поинтересно така, предизвикувајте го да направи што поголем дострел, ќе се мотивира повеќе. Син ми најчесто моча во када, таму си изрази желба од старт, поинтересно му беше, ем помалку бербат така прави. Сега летово и надвор во двор му е интересно, да ги навади цвеќињата, да ја помоча мравката и сл... деца се и мора со игра да се залажуваат. И не дозволувајте на никој од страна да им се потсмева што уште се во памперс. Многу луѓе си земаат за дозвола да коментираат од страна, што за дете од 2 ипол-3 години кое веќе разбира се знае да биде стресно. И не споредувајте ги со други деца, пример, овој е умен, моча во нокшир, овој е голем, ти си уште бебе и сл. верувајте не им е мотивација, наместо тоа кажете општо, бебињата мочаат во памперс, ти си веќе голем/а, многу си умен/на и сл.
@Lolipop23 , фала за совет.Знам дека е грешка што враќам памперс. Ама ете се деси. Вчера пак беше цел ден со гакички и се беше супер. Но вечер пак ќе мора да вратам памперс, патуваме долг пат. Мора. Околу тоа дали се нервирам.... Да јас се нервирам, но не сум дозволила да осети. Никако. Бидејќи знам дека ствара контра ефект. Она кога се измочка во гаќи многу се исплаши. Од тоа и се створи контра ефектот. Веројатно и дојде многу чуден осет, па се исплаши во моментот. Инаку да се надоврзам на муабетот погоре..... Да има мајки што ги полеваат со грч ладна вода, јатрвата моја е една од нив. Ми вика, јас кога сум го полила со тоа цревото, не му текна уште еднаш да се измоча во себе.
Ама зошто мора? Нема да и е ништо ако се измочка во гаќи, лето е, нема да измрзне. Плус додека спијат повеќе се контролираат и ако се спремни за преку ден најчесто веднаш се спремни и преку ноќ. Постели нешто водоотпорно за да не го намокри седиштето, или евентуално да и го ставиш памперсот откако ќе заспие. А за бруталните мерки немам зборови, со животно не треба така, а не со сопствено дете.
Ако веќе си ја научила не ставај ништо, а ако е навечер ептен стави и откако ќе заспие. Јас го чувам сега дома по гаки, и надвор, ако моча нека моча, носам по 3 комплет резервни алишта, само не му давам да седи ако одиме некаде на крвет, на земја си седам и јас со него. Ваљда ќе му штракне во мозочето, што знам.
Е баш ние сме такви не сака да моча од стоење страм му било.Вчера два и пол сати надвор бевме и не се измочка,го нудев три пати.И дете од комшиите е 7 год мочаше ајде заедно да мочкаа но страм му било.Ајде настрана се тргнавме да не го гледа и не сакаше ги крева гаќите и понтоломчината нагоре. А со се имам пробано дрвце да вадиме,трева да вадиме....не сака ниту во купатило на плочки,во када па ич таму било за капење не за мочкање. Имаме и проблем што не кажува кога му се мочка,а за се знае ќе те купи, ќе не продај Читам и овде и други мајки ме советуваа да тргам пелена додека спие.Во една недела два пати има згрешено додека спие и тоа некни вечер дали дека поладно времето незнам.Треба да излезам и да набавам од она чаршавчено водоотпорно,но незнам дали има и кај да барам нема сретнато досега.
Арно знае дете, во када не е за мочање, за бањање е. Шала на страна моето стоечки не сака, седечки може и ќе успее.
Ќе биде мајка,стари како рекле ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ . Во неделата одевме кај мајка ми на ручек низ парк,низ чаршија на секое прашување одговорот му беше не и кога појдовме се помочка во нокшир.Исто два часа трпеше. На мм му велам да го носиме и нокшир со нас кога сме излезени ми вели ќе те направат шлакната тие што ќе те видат.
За внучка го носеа секаде нокшрот. На кумата малото мочкаше во пелена отворена и на неа мочкаше одма се упиваше. Ако сте со кола во кола остави еден нокшир да седи цело време. Проблем е што нејќе стоечки, иначе секаде ќе мочка. И моето нејќе стоечки.
Мислам дека нема дете кое не моча во када На мојов му е најинтересно кога е во када и ќе застане и си го фаќа пипе и мочка и се смее најслатко Нормален процес да мочкаат во када дур се бањаат па и ако така им е полесно. И не дека на 5-6-7 итн годинки баш у када ќе мочаат. Смак антибактериско средство после мочкање у када и чао пријатно