Фала за советот ,јас и така дур сум дома ке пробувам по еднаш два пати на ден ако се угоде арно ,еве и денеска имавме повторно еден успешен обид ,ама гледам дека е рано нема да форсирам.
На нас не ни оди. Ма не се замара. Ќе го убедам со убаво со зборење да си седне на нокширчето, че се седне, ќе седи 5 минути , ќе капне 2 капки, ќе стане.ќе се растрча гол и ќе се измоча насекаде....и тоа во неколку наврати. Понегогаш и успева во нокширчето да остави солиднаа количина течност, ама тоа не етоа. Сам не кажува ни за голема ниту за мала.Мува не го лази .... Упорна сум и ќе бидам. На сила не го терам, макар цел ден да го убедувам со полека со убаво.... А веќе и касниме.Имаме 2 години и 2 месеца...белки до крај на лето ќе се ушемиме....
Син ми има година и 9 месеци и уште не сака да мочка и да кака во нокшир. Го седнувам на нокшир, ама џабе. Одма го фрла.
Не се откажувај. Не ни на сила, но пробај да го занимаваш, пуштај му цртани, песни кои ги сака, и на секои 2 часа на почетокот ставај го да мочка. И никако пелени да му ставаш, само по гакички преку ден
оф мака мачам со ова. син ми има две години и четири месеци, абе се знае да зборува се, но за пусто какање и мочкање не знае да кажи, од кога ќе се измоча или покака вели мочан сум/какан сум оффффф нерва ме фака веќе една и пол недела му зборвам, пелена не му оставам, го седнувам на нокшир и ништо. се надевам дека до крајот на летово ке се научи. кажете некој совет, некој трик ако постои, нешто! плс.
Исто како син ми. Уште не знае да зборува, па затоа не знае да каже кога му се мочка или кога му се кака. Тешко ни оди одвикнувањето од пелени.
Ќерка ми има 2 год и 8 мес.Уште во мај почнавме да се одвикнуваме од памперс,прво и ставав само ноќе денски не носеше зошто чат пат кажуваше,се случуваше да се измочка и да не каже ама тоа еднаш или двапати во денот.После неколку вечери памперсот и беше скроз сув и мислев дека детево готово се одвикна веќе не мочка ни ноќе и престанав да и ставам папмерс и ноќе.Ама она си продолжи да си мочка ноќе и еве скоро 4 месеци мака мачам со тоа,незнам што да правам со детево,помина голем период а она уште мочка ноќе. Дајте некој совет...
Дење кажува? Ако кажува дење, супер. Ноќе треба да ја стануваш за мочкање ти сама, додека не се навикне да се буди и кажува. И помалку течности пред спиење. Ако веќе нема напредок, врати ја ноќната пелена. Кога ќе биде спремно детето, ќе ја исфрли и неа. Без форсирање. Потребно е детето да биде спремно, а не ти. Ние како родители сме спремни, ама децата кој ги прашува, па ги форсираме беспотребно.
ДА само ноќе не кажува,а сум пробала само еднаш така како што викаш ти да ја разбудам и да ја однесам на шоља и ке се измочка и продолжува да спие,ама не можам да погодам баш кога ке и се мочка. Откако ке заспие после колку саати да ја будам? А за враќање на ноќната пелена и она самата ми вика стај ми памперс,мене тоа ми е криво знае дека не треба да мочка ама не сака да каже.
^ Ти сама треба да пробаш и да видиш после заспивање кога да ја измочкаш. Ќе пробаш пример после половина час од заспивање. Ако не се измочка тогаш ќе пробаш после еден час и отприлика ќе си знаеш. После во текот на ноќта не давај течности и мислам дека не би требало да има проблем.
Пробав една ноќ така да ја разбудам заспана беше накај 11h ја разбудив во 02h се измочка и до сабајлето беше сува.Ама не бев сигурна дали така е правилно да ја будам ноќе да не и стане навика,зошто од искуства на деца на пријателки ми викаат дека откако се одвикнале веќе не мочкале ноќе,па ми беше страв да не и наметнам некоја навика секогаш да станува ноќе. А преку ноќта не пие течности,ама затоа пред да заспе пие многу вода.Ке пробам деновиве со будење ноќе па ке видам дали има позитивни резултати,фала Ви за советите
Малиот има 23 месеци и решив да го одвикнам од пелените. Веќе 1 месец се обидувам и нема некој успех. Најпрвен му ставав пелени само за спиење. Потоа една пријателка ме советуваше воопшто да не му ставам пелени, па и тоа го пробав. Станувам навечер скоро на секој саат да го пресоблечам да не спие воден. Пробав и како „казна“ да го оставам помочкан но приметив црвенило во пределот на препоните (претпоставувам поради жешкото). Немам веќе идеи што да направам па ве прашувам за совет и искуство Поздрав П.С. Успех од сето ова е тоа што понекогаш знае да каже дека се помочкал одкога ке направи беља
Одвикнување од пелени Искрено, не форсирај а па со казни никако, ќе му створиш фобија. Само ќе си покаже кога ќе биде спремно. Ние му кажавме дека ако не носи памперс ќе добива повеќе играчки и не форсиравме и едно утро пред да одиме во градинка ми рече прво да мочкам во нокширчето па ќе одам и така се одвикнавме. Тоа е мое мислење.
не го форсирам а таа „казна“ еза да свати дека не трева да мочка во гаќи, дека не е пријатно чувство. Со убаво му кажувам дека е голем и дека треба да мочка во нокшир ама сега за сега нема фајде од тоа. А што е најинтересно кога излегуваме не мочка дур јас не го соблечам, а тоа може да потрае и неколку саати, и штом ќе ја види портата на враќање одма прави беља
Каков нокшир користите? На малава и купија еден обичен нокшир кој и е тесен односно позади на грбот ја боцка и не и е пријатен за седење. Сакам да ја одвикнам од носење пелени па да знам каков посоодветен да купам. Инаку има 32месеци.
И нас тешко некако ни оди одвикнувањето. Само што ќе го види нокширчето бега ко од ѓавол . Не знам дали да му земам даска за во вц, може така ќе успее... поим немам