Како се нервирам со тие течности. Кога ќе побара сок косата ми се крева. Па и сега бара само од јаболко. Бира дечкото Пробав да се правам дека спијам додека он ме буди за сок, ама го крена станот у вис од викање. Ама мора ќе се најде некој начин Иначе и син ми порано помалку пиеше сега не знам што му стана. И син ми имаше проблем со какањето, и сеа има понекогаш. Се заборава да каже и додека трча накај нокшир ќе се искака, и после плаче зошто му паднале гомцата Знае да направи грешка само со какањето. Мислам дека треба да сме повеќе стрпливи.Преку ноќ одеднаш се да научат не можат. Да не јаде повеќе сува храна па да има проблем со стомачето ?
Не, од понеделникот навака све на потечно,многу овошје.. он не прави беља,туку воопшто не сака да кака, се исплаши малку кога се искака и од тогаш блокада!
та мислам цело маало не разбира ако не и дадам сок или др прво ќе плаче и ќе побара се можно (вода,млеко,чај) да си а проба среќата дај шта даш е ако не добие Постепено да намалуваме, наеднаш да прекиниме големи плачки и измачувања ќе се , јас дури и тел го отклучив и го дадов за да и сменам мисли некоа мин , дури стекнат осет и за ноќно држење или мочкање после не е опасно
Се исплашил нешто. Ставај тогаш пелена. Нема друго. Или пак чекај го да се искака во гаки. Ќе се навикне само со трпение и пополека. Мојов не заборава коа ке запне :цок,цок,цок од аболче,цок. А бе да пукнеш од нервоза не заборава и не заборава. Ај ке се научат . Никој не останал со пелена
Ми треба еден совет. Дали да почнам со одвикнување пред одмор или да почекам после одмор? Сакам да сум дома кога ќе почнам да ја одвикнувам и ќе имам околу 5 дена пред да заминеме на одмор. Или е подобро да почекам да се вратиме?
Пред одмор. За пет дена ќе се научи, ако е спремна. Таман и одморот да го искористите за одвикнување.
Ми треба совет дали да почнам со одвикнување дур е уште топло. Година и скоро 10 месеци е, зборува многу, кажува кога му се кака. Некогаш бара нокшир, некогаш ако е заигран не сака да си ја прекинува играта и вришти не сакам нокшир. А некогаш вика какам и во истиот момент ја полни пелената. Не знам дали е спремен. Вчера на плажа му облеков купаќи, неколку пати го прашав дали му се мочка викаше не. Дури ко стигнавме дома се измоча. Сите ми викаат тргни му ги, ќе се научи одма ќе кажува, тој се и сешто зборува за пелени лесно ќе е, ко ќе се роди другото дупло пелени..веќе ме пукнаа. Башка не сум дома да трчам по него, ќе мора на свекрва ми да и оставам друга обврска, не сум паметна како да постапам. Ако не почнам сега ќе треба да чекам до другото лето на скоро 3, или зимава ко ќе сум на породилно и по него да трчам. Поучете ме вие поискусните, веќе 1 месец се мислам шо како.
Пробај 3-4 дена, ништо не те кошта (вака од тоа што кажуваш ми изгледа спремен). Во иста ситуација бев и јас, бебето требаше да се роди и многу ќе ја пролонгиравме работата, затоа пред да наполни 2 годинки пробав и успеавме прилично лесно. Предност е тоа што зборува и може да си каже сам кога му се моча/кака.
Ќе пробам неколку дена ако успеам, само се мислам дали и за денско преспивање да му ги тргнам. Пред спиење обично бара млеко, спие 2-3 сати и обавезно ја полни пелената, па најверојатно ќе треба и тогаш да му ставам.
Јас му ставав за денски и ноќно спиење пелена на почеток на одвикнување. Некогаш им треба време да сфатат прво што значи нагонот за мочање па потоа да знаат да се разбудат од спиење кога им се моча. Мојот каеше во пелена неколку месеци откако да научи да моча. Секое дете е своја приказна. Со среќа и со лесно.
Од тоа што сум читала, а се изначитав со ова наше одвикнување од пелена, никако карање, многу фалење и награди. Вчера на пример се искака во нокширче мислам дека до Центар не разбраа, викање, наградување, чоколадце, ма се што посака и многу го гушкав и го бакнував. Иначе моето мочка веќе недела дена во нокширче, дури не ми е верно, не кажува или иде ми покажува, ами се држи за куре и иде накај мене ако не му е во видик нокширчето, ако му е иде сам се слака убаво, па ќе седне. Вчера го седнав на нокширче, заврши работа и си стана, седнувај викам да се искакаш, цел ден не какан, ама претходниот ме извади од такт 5 пати во пелена и тоа не суво, баш течно, последниот пат го скарав. И тука беше радоста голема вчера кога се искака во нокширче. Се трудам да му покажувам, еве ова го доби зошто не мочкаш веќе во пелени, ова зошто си умен, ова зошто не купивме пелени купуваме играчки, на секое идење дома од шетање по нешто ситно добива и нагласувам дека е зошто не се измочкал во гаки...
Ама кај него мочкањето веднаш упали и кликна,сам си кажува ми се мочка и идеме до нокширот,завршува и станува... ама какање никако! еднаш го убедив на нокшир и не сака и не сака, ми вика не ми се кака, ќе ме боли газето ( а немаше тврда столица) и еве сега го чекам трет ден како не завршил работа.. а претходно редовно секој ден.. му давам повеќе сливи,круши, суви сливи, јогурт... праски и све што може да му помогне... никако не го карам само го убедувам колку е убаво каката да ја пушти и сл.... ах ..
Моето искуство е после одмор. Јас се обидов една седмица пред одмор, се супер, и кога отидовме на одмор се вративме 10 чекори назад. СЕ ислпаши од туѓо вц мада јас носев адаптер, не бе џабе. Таму се деси цел ден да не се измочка. Сирото дете. Вториот ден и ја вратив пелената.
Дефинитивно пред одмор или на одмор, а ако имаш време после одмор да не тргаш одма на работа може и таму. Јас го одвикнав еве пред одмор, ама моето мочка на нокширче, ќе си го носиме со нас и готово. Има логика што вика Слободка, ама ако мочка во нокширче шољата нема да му прави разлика. Додуша на одмор се и така цело време голи, ама јас на тоа жешко на плажа да се нервирам се измочкал не, па и му ствара конфузија секако е гол, што има врска сега, па решив пред одмор и во консултација со негователките во градинка се одвикнавме бргу. За неполни 3 дена се одвикна, уште какањето ни е мака ама ќе се среди.
Малата е точно 1.5г, во градинка ја држат без пелена и ретко кога греши. Не им кажува ама кога ќе ја седнат врши рабпта. Е сега дома е друга приказна, ако е без пелена мора да е скроз гола (страв ми е да не фати нешто) и не седнува на нокшир да се измоча. Своеглава е доста. Помош?
Нели е мала? Моето е уште тотално без осет. И своеглав нормално... Не ни планирам да пробам годинава. Да наполни 2 барем. Па што дека е зима, тоа ми е на ум.
Два дена мочка и кака дирекно на шоља со адаптер, лекот беше тоа што татко му му се налути многу за играчки знае да плаче рика секаде а за мочки и каки не сакал да кажува, и така почна да кажува господинот мал од прв ден не згреши ич, денскки не му ставав пелена вчера ноќта му ставив и цела ноќ не мочкаше дури утрото приметив малку мочка и одма го разбудив да мочка, туку еве го денес втор ден не е згрешил значи кога се сака може се, туку за спиење како да правам денес го заборавив без пелена и оп се помочка лом беше цел, а кога р буден не греши никогаш, за вечер шѕо да правам не знам совет ? @wannaBeMomma не и попуштај ич дома не е мала јас така си мислев мал мал и ете ти сега проблем до 3 г у памперс.
Па штознам дали е мала или не. Јас секако не планирав ама во градинка почнаа и ми викаат биди упорна. Е што е голем инает тоа е друго @TutiFuti мислев како брат и да ја оставам да покаже сама ама ќе видиме. Од 3 до сега еднаш се измоча, на парлет до нокшир ) Ставај му навечер пелена откога ќе заспие
Која е подобра опција пелени навечер или ониее гаќите за одвикнување, мојот има проблем малку е инат голем ако види сабајле дека има памперс ми е страв да не почне пак од почеток, втора ноќ.сега пред пола саат стана помочан малку во пелена и ме будеше да мочкал па го носев да мочка.
Штознам, јас пелена му ставав. Инаети се они сите, ама мојов трчаше да сум му ја извадела и луто прашуваше кој му ја ставил. Не се секирај за тоа Купи и од непропустливите чаршафи за душекот, јас малку касно купив па го помича 2 пати