Немам машко дете, ама сѐ си мислам на машките им е полесно да мочаат кај сакаат. Оваа принцезава наша, нема шанси да чучне на земја, или да ја придржам во јавно веце. Сега пред излегување 100 пати ја прашуваме дали ѝ се оди во тоалет. Уствари сега ми текна, дека чучнала кога биле излезени со татко ѝ, ама ги измочкала гаќите. Се разбира, после узбуна дигнала
Си знае детето кај е најубаво да се мочка па и ти И јас мислев лесно ќе биде дека е машко, ама уште има проблем со мочкање стоечки. Или да седне и да се измочка или ко женско да го издржам ако сме надвор излезени Само дур го бањам и тече водата од тушот обавезно стоечки ќе се измочка и се гази од смеење
Ааа, да, на туширање обавезно стоечки се мочка За среќа ја поминавме и фазата кога пробуваше да мочка стоечки во шоља Така мочкале другарчињата од градинка
Да не се двои од толпата, права другарка е значи Може и малиот мочка така зошто ја гледа сестра му цело време. Како мочка дада така и он. Дада бара фустан, вика дај и за мене. Дада вика гладна сум, и он вика гладна сум
Ок, да не се секирам, дека малата ќе сака да ја имитира големата Инаку, и ова да кажам, мојата откако почна да оди поредовно во градинка, мочка во шоља без адаптер, без ништо. Ама уште кака во нокшир, што и не е лошо, затоа што така има поприродна позиција за какање.
Ич не се секирај. Сега знаеш и спремна си, што едното тоа и другото Малку надеж ми даде искрено, од септември ќе почне пак во градинка малото, па може од што ќе ги гледа децата конечно ќе почне да мочка стоечки, зошто таму реално се ниски шољите па полесно ќе му биде. Стискај палци
Свеки почна бебка да ја седнува на нокшир (година ипол е). Вчера седела пола саат, цртани гледала и јадела леб ама не се измочкала. Досега се нема ни измочкано ни искакано во нокшир, седнувањето трае само неколку дена. Се има измочкано двапати на под и низ нозе досега, без пелена додека сме ја оставале малку да се излуфтира, и се уплаши и двата пати и плачеше. Свеки упорна е дека ќе ја научи. Засега целта е да се навикне на нокширот, знае за што служи и штом го види и сама вика мока, кака Ама проблемот е што не кажува пред да и се мочка или кака, туку отпосле. Штом наполни пелена одма иде, ме фаќа за рака, кажува дали е мочана или какана и оди легнува да и сменам пелена Ама некогаш и лаже дека направила нешто, колку да ја соблечам Кога ја прашувам дали и се мочка или кака, секогаш одговорот е не. Разбира инаку што ја прашувам, знае и да каже, има голем фонд на зборови за возраста, ама не знам дали е прерано за сево ова. Не форсираме ништо, но сметам дека не е лошо што почнавме да ја навикнуваме. Во градинка исто ќе пробуваат од есен.
Нема штета Секси, штом е лабаво и не ја форсира уште поубаво, може стварно ќе успее да ја одвикне. Многу дечиња така се одвикнале. Плус ете и во градинка штом ќе пробуваат, уште поубаво штом почнала од сега, бар знае што е и за што служи нокширчето
Свеки ми е опасна, три сина има и сите тројца експресно ги има одвикнато од пелени после годинката Ми мати вода тоа што почеток на септември одиме на одмор. Дотогаш ако научи супер, ама ако не, не смеам да прекинам и ќе треба цел одмор со нокширот да шетам, ни одмор ќе видам ни бутур Ај има време, ќе видиме дотогаш како ќе биде. Инаку штом и спомнеш нокшир, одма вика ноки и се радува дека ќе седне, ама тоа е зашто знае дека цртани ќе гледа и ќе јаде. Вечито гладна е
Таман на време почнала значи, ехее има време до септември Ја замислив сега бе, на нокшир како во фотеља седната, си мези и си гледа цртани, душа мила
Истата финта што палеше кај мојата Само на јадење да се мислело. И така на почеток уценував со јадење за да седне на нокшир, а после кога се научи, морав да ја одвикнам од јадење дури мочка/кака на нокшир
Она знае и ако и’ падне јадењето од рака, да си го земе и да си продолжи да јаде ко ништо да не било. Ама да не и’ падне во полн нокшир, после шо праиме Исто инаку, само со јадење се залажува за што и да е. Само речи и’ сакаш мама да ти даде соленки и толку е, остава се’ друго и трча, се’ ќе направи за да лапне нешто
Мајки ние денес трет ден како извадивме памперс и немавме никаков проблем, одма сфати , си го зема адаптерот го мести и седнува. Нема згрешено ич. Прашањето ми е за навечер, дали и тогаш да ја оставам без памперс? Овие 3 дена и ставам кога ќе заспе и кога ќе стане мочкан е. Кога стана сабајлево беше ко збунета дека со памперс.
Ако не пие многу течности навечер, слободно оставај ја без памперс и ноќе. Ако ти е страв дека ќе мочка, остави ја уште некое време, нема штета и не е грешка. Јас на малиот уште му ставам ноќе пелена, до сега само два пати има згрешено, ама знам дека е затоа што пред спиење пиеше сок, а сигурно има месец како носи гаќички и не греши ич преку ден. Планирам од нареден викенд да не му ставам веќе. Битно преку ден сте ги тргнале, за ноќното е полесно.
Мојата голгота и официјално е завршена комплет! После 3г и 3м од кои добри годинаипол се нервирам со овие пелени и откажување не носиме пелени и навечер и преку ден, за какање уште се убедуваме некако, ама кажува. Дете е, во игра знае да погреши, ама битно е дека не носиме пелени веќе. Имам останато цело пакетче неотворено и плус пелени ама нека стојат, за секој случај. Синоќа си легна, пред легнување се измочка, сабајле стана сам бара да мочка. Иначе не одиме секаде со нокширче, немам потреба, ептен ако мислам дека ќе се задржам многу облакам гакички за одвкнување, непропусни, ама скоро секогаш се суви и кога идеме дома одма седнува на нокширче и врши работа. Од скоро цел месец има само 2 или 3 пати измочкано пелена, последните 10 дена скроз сув навечер и си реков да не си стварам беља дај да го тргам со време, иако он чека да му извадам пелена да се измочка од кај да знам. Сега целата мака со пелените и мочкањето ми личи како на далечен проблем.
Мајки совет...синко скоро месец без пелена е супер беше за три дена свати од тогаш нема ниеднаш згрешено ... Но деновиве почна да мочка во гаќи како да неможе да задржи кој ќе каже веќе помолкан пола во гаќи после ќе се домочка во шоља...и нон стоп му се рацете долу само се чепка...што може да е...исто да напоменам нема проблем со какањето и немам ставено пелена ни за навечер значи скроз сме заборавиле на пелените..овие два дена вака прави...незнам зошто вака...
Како да ја научам да се кака во нокшир? Си мочка без проблем, ама штом дојди за какање има некој страв, плачи и бега, па со триста молења се кака во пелена, а еднаш дури и во гаќи. Не сака да кака во нокшир, очигледно е дека се плаши. Немам ум, не сакам да направам проблем со столицата....
Ние веќе 1м ги тргнавме пелените, веќе 1 недела и навечер не ставам, едноставно не моча навечер а еве синоќа и си стана сам да мочка во нокширче. Едноставно заборави на пелени. Издржете, чим веќе сте заборавиле на пелени издржете, може има некаква мака примети да не му мириса урината, да не има црвенило, моево се држи кога му се моча или кака. Јас сеуште го потсетувам синко, да го оставам и 3 саата ќе трпи, ама вака јас потсетувам и оди мочка. Е какање ни е проблем, се стега, еднаш ја ли ниеднаш. Нема какано 2 дена, ќе видам ако и денес не се искака ќе земам сирупче. И ние имаме мака за какање, ама не бара пелени и не кака во гаки, просто не кака. Се убедивме на малку језив начин, еднаш кога се искака рековме леле колкава тортичка си искакал и сега не го прашувам сакаш ли да какаш туку сакаш тортичка да правиме? Малку е грдичко ама нас ни функционира.