На 8 месеци почнав да ја ставам на нокшир.На 9 + веќе не сакаше да се искака во памперс.Кога и се кака ќе почне да ги влече хеланките,да го влече памперсот,да се кубе за коса и да се удира и штом ја ставам на нокшир ќе се искака. Денски често ја ставам на нокширот но ноќе не. Се случува денски да мочка во памперсот но не ја форсирам ни премногу често да ја ставам на нокшир. Последниве неколку дена приметувам дека по цела вечер не мочка. Ќе станеме сабајле со сув памперс и штом ја ставам на нокшир ќе го наполни. Дали да ја будам ноќе за да мочка? 11 + е и најтешко е што не знае да каже па некогаш кога сме излезени ќе се вознемири а да незнам од што. Читам многу од вас го носат и нокширот кога се на шетање,ќе треба и ние да почнеме да го шетаме.
А зошто брзаш? Мислиш дека има развиено инстинкт? Остави ја без памперс и така ќе знаеш најдобро. А да ја будиш на таа возраст мислам е рано, ама ти си знаеш. Според мене се пред 1г е прерано за одвикнување, а според урологот што ме водеше мене и пред 3г не се препорачува бидејќи немаат зрелост на уринарниот тракт, ама ете нека е бар година дена, на 11м сеуште немаат свесност до толку мислам. Мое мислење, не мора да е така.
Мојава почна кога се как да ми кажува,кака,и седнува во ќош крај гарнитурата и комодата. Се мислев да ја ставам на нокширче.До сега не сум ја пробала со мисла дека е мала.
Многу често добиваше пеленски осип. Прво мислев дека е реакција од некоја храна,менував тип на исхрана и следев. Но најверојатно се нафрлаше од геловите кои ги содржат пелените,сменив многу брендови и исто пак цело газе нафрлено и само се чешкаше. Ништо не помагаше од канестени до разни креми и ме советуваа да почнам да ја одвикнувам порано,по секое мочкање и какање да ја измивам,на топлово да ја оставам гола или да и облекувам гаќички. Така направив и осипот се повлече и поретко се појавува. Но сега кога веќе не моча навечер воопшто во пелени незнам што да правам,да ја будам жал ми е,да ја оставам да спие и тоа неможам никако не сум.
@NarCis@ ќе ја тагнам, она има искуство со рано одвикнување од пелени кај малата заради инфекција, па можеби ќе може да ти помогне со некој совет.
Дали ги има онлине некаде да се порачаат гакичките за одвикнување , мислам @AngelOfArh ги набавуваше од некаде и дали се непропустливи и дали се користат подолго (се перат?)
Девојки, да слушнам ваше мислење. Од саботата почнавме да се одвикнуваме, инаку има 25 месеци. Наредната недела идеме на одмор па да си почнам као навреме и таму да продужиме, но ова излезе многу тешко. Седнува на нокшир само ако се залаже со нешто, благце, телефон и сл. И ептен ако се опушти мочка после седење минимум пола саат, ама најчесто се сличува да се стиска и не моча и кака во нокширот. А ставам пелена одма завршува работа. Се осеќам како да ја малтретирам и се мислам да прекинам, па да пробам за некој месец.
ама не сум од Ск Ми требаат за ноќе , не ми се става пелена а некогаш знае малку да пуште да се помочка у сон и не а сеќавам
иии абе скапички не не фала , ќе си правам аларм уште некоа ноќ , ќе си се будам за проверки ова да купам два три пара и достава а стварно се мн убави и џиџани може па и ќе се прелажам за еден пар
Тие од Локо кроко не се за долго седење, спиење, потат и спуруваат. Да си кажам со време. Еден два поста над твојот е мојот, уствари еден, читајте малце, бар страната прочитајте ја.