И син ми на таа возраст ги остави, 1г и 11 месеци. Тргни и ги, девојчето само ти дава до знаење дека и е доста и мислам дека многу лесно ќе поминете.
Ке и тргам дома тогаш... Еве и сабајлево станавме и стои и вика кака кака, ама јас зафатена со др додека ја земам и соблечам ја пипкам топличко, пуштила Ама битно пред секое ми кажува... Ем е како птица слободна без пелените живи радости е, најверојатно дека поудобно..
Пробај ништо не те кошта, стави и го нокширот на видно место а и ти потпрашувај ја повремено. За 2 дена ако има резултати тргај и за надвор и за спиење.
Тоа е затоа што немаме афторитет, нажалост повеќе ќе ја послуша баба му и тетка му од мене и татко му, тоа е. Јас молев некој да ми помогне да го одвикнеме, аман луѓе, ми треба помош, ама шипки варени, на крај негователките во градинка најмногу работа ни завршија искрено. Тргај мајче, на сите им кажувам исто, првиот ден гола, вториот облечи гаки и чекај. Нас ни упали. Самото дете си дава знак. Имаш сега продоложен викенд, ќе ја средиш.
Ќе ја дигниш со рацете под нејзините колена, а грбчето нејзино на твоите колена потпрено и со најзините рачиња ќе се држи за твоите рачиња и ќе мочка без проблем , ова ако сте надвор
Абе знам како ама дека мало се чудев како. Ја кренав така и вика болии, незгодно и беше... и ја фатив со една рака преку гради под мишки, една кај колена и странично свртена.. некако позгодно и за мене и за неа вака е. Сум кревала на другаркиве женски да мочкаат ама поголемки и не се бунат. Машко вади тулето и стоечки, нема филозофија... малку патики и сандали мочкаше на почеток само
Моето не научи простум стоечки да мочка никако, лом се прави. Или на нокширче или на писоарчето ама да мочка не знае вака без ништо. Мутле. Кога сме надвор како женскиве го држам.
Совет барем Малата е 2 год и еве веќе 5 ти ден кажува сама за денски не и ставам памперс веќе. Првите 2 дена имаше ноќе памперс. Сега не и ставам веќе дека ми рекоја да не се збунува и ќе се опушта со памперс. Дали да продолжам без или ноќе да и ставам некое време? Дека скоро секоја вечер се моча во кревет Како е полесно
Или ако имаш од тие пелените со мушама од една страна , ставај и под газето . Јас на малава и ставав кога веќе реши дека не сака памперс . Додуша се сува ја вадев , ама превентивно ја ставав. Многу практични се тие пелени за бебиња кои се одвикнуваат од памперс .
И ставам од Бекутан што се едни за под чаршав како заштита , ама ќе земам од овие баш да пробам. Фала *** мислиш на гаќички така ? Го има во аптека ?
Ќе пробам уште некој ден без па ако продолжи да греши ќе и ставам памперс или како што предложи членката погоре од тие гаќичките со мушама .
Не знам каде би можело да ја има , во аптека не верувам , бидејќи тоа е како еден вид пешкирче само со мушама од едната страна . Јас ја имав од мене кога сум била бебе , мајка ми ја сочувала и ми ја даде за децава . Веројатно ја има по продавниците за облека за бебе . Нема на што , секогаш сум тука да помогнам
Тие со мушама многу загреваат. Подобро буди ја за да мочка кога мислиш дека и се мочка и редуцирај течности навечер. Пеленките со мушама се други, не се за облакање, ставај испод чаршавче.
Ќерка ми е 2 год и месц дена, ги тргнавме пелените точно на година ипол и мочка 5/6 пати во текот на денот. Сега повеќе се потат и нормално е ако мократ помалку.
Морам да си кажам, колку што видов мака со првото дете за одвикнување од пелени, толку со второво не го ни осетив тоа. На неполни три години ги фрли одма штом се ослободи од стравот од нокшир/шолја. Цела година наназад, можеби и подолго, ноќе е со сува пелена. Пробував уште оттогаш да го одвикнам, ама не форсирав оти не беше спремен. Ми беше проблем што не сакаше да го види нокширот, а уште помалку шолјата, трпеше само да не седне на нив. И конечно решив во август кога ќе сум на одмор да го одвикнам. Многу, ама многу ми помогнаа во градинка, таму успеаја да го надминат проблемот со нокширот, детето почна да седнува, исто и дома. Од прв ден кажува кога му се мочка и кака. Имаше грешки (и уште има, не дека не), ама дефинитивно многу лесно поминавме. Се надевам така и ќе остане.