Во градинка уште во пелени ги чуваат? Во јасли, така? Малово во јасли нонстоп го седнуваа на нокшир пред да премине во мала група, летото, да не беа тие, мислам дека немаше да биде одвикнувањето толку лесно.
Не и е девојчето во Јасли сиг. И кај нас нонстоп ги седнуваат. На 2ч се на нокширче сите.. И тие во пелени и тие без пелени. Мојава е без пелени веќе месец ипол, во градинка е без пелени.
И ние овие два дена почнавме со одвикнување од пелени. 2 год и 1 месец има ќерка ми. Седењето на нокширче веќе беше поминато како етапа оти со дадата стално дреми у купатило седејќи на нокширот облечена , па лесно беше да ја седнам без пелана да кака. Од прва ни успеа... мочкаше Наредниот обид какаше Па уште еднаш какаше. Ја седнував јас оти ја познавав кога се спрема да кака. Е денес ме изненади, сама ми кажа - мама има кака! И ајде на wc шолјата на адаптерот, какаше и мочкаше! Ќе треба често да ја потсетувам и да ја седнувам да мочка и кака. Е отпосле е маката да ја облечам, ми бега... Кажав на бабите да ја седнуваат на нокшир додека ја чуват они ама се сомневам дека ќе го прават тоа оти потоа е тешка за облекување. Ете, не само во градинките што не ги седнуваат на нокшир туку и бабите забушаваат. Далеку полесно е летниот период за одучување, големата ќерка летно време ја одвикнав од пелени.
2 и 5 месеци.. абер нема. Дали е до фазата, не сака ни да смени пелена, ниту да и ја извадам. Знае кога мочка кога кака, кажува. Знае са каже ми се мочка и бара нокшир, ама ништо. Носи пелени гаќички па лесно и е и знае и сама да се соблече и да седне на нокшир, па после си се облака. Се тоа е ок, оди во вц, сама зима нокшир, ама тоа е многу ретко. Дај кажете некој трик. Дали да почекам до лето. Ептен голема мака ни е памперсот и мислам дека сите тантруми се околу неговото менување.
Јас пробав ден, два и баталив. А мојот има 2г и 10м. Значи не е воопшто мал. Прво откажав пошто видов дека мн тешко оди во зима, а дома немаме парно па сегде константна тт, второ се поклопи со тргнување во градинка и трето соработка со него 0. Лани летото се селевме и се ми се собра. Решив да не малтретирам ни себе ни дете. Ова лето ќе научи сигурно и најверојатно со помалку стресови и за мене и за него. Некогаш и ние мајките сакаме се и одма а тие се деца. Но пак ќе кажам секој си знае најдобро како треба, овде само даваме совет/мислење. Со среќа
Пробуваме од летоска и состојбата е иста. Ако види дете на нокшир бара и она. Надвор ако види, бара и она. Па иде чучнува демек моча. Е тоа повеќе ме нервира. Зошто знам дека знае, а не сака... Се случило и во игротека да бара да оди у вц, ја носам не ја одбивам. Нек се стопли, па ќе видиме.
Рече има 2.5? Возраста е мноогу комплицирана и пропратена со некои тантруми, чуда, негодувања каде и они не знаат што сакаат. Мојот до 2.5 год 3-4 збора само кажуваше, сега зборува како 4-5 годишно дете, дури му викам сине одмори малку ај поќути така да јас верувам во тоа да наполнат 3год. "фамозните 3", не дека магично ги снемува фрките ама каде каде се намалени и може човек да се разбере. Бар јас гледам по мојот кој во април ќе полни 3. Забегав од пелените ама ми ја сфаќаш поентата
Да да, капирам. Фазава е да фатиш и да си киднеш од дома. Мада еве ја полека се стабилизира, ама откако откривме да не ја силиме да смени пелена. Ако за нешто вика не, само да се праиме наудрени... Море, збори за зборење, не можам да ја постигнам. Толку ме исцрпува психички, да не зборам за физички... Едноатавно не можам да ја постигнам. И затоа ми е криво. Кога ќе каже ми се мочка, ја гледам се соблака, седнува внимателно, викам тоа е тоа.. А уствари, повеќе и е како игра. Ги чекам тие 3.... со душа.
Да ви кажам пример за мене, мене мајка ми од 2 месеци ме издржувала за да какам, имала 18 год, ми вели ко ќе сакав јас тогаш ти се какаше вика тогаш пелени перевме на раце и вака полесно ми беше Ко почна синко со цврста храна на 4 и пол 5 месеци 2 недели имаше нередовна столица и тогаш го издржуваше и синко се какаше, ко почнав да го носам на чување кај неа од 9 и пол месеци таа редовно секој ден го правеше истово, го сеќаваше кога е за какање и го издржуваше, јас почнав после 11, 12 месеци редовно секој ден истово да го правам, еве го скоро 15 месеци тој во пелена се нема покакано
Се додека дете не е само свесно да каже кога му се кака и мочка НЕ Е ОДВИКНАТО ОД ПЕЛЕНИ. Ние може колку сакаме да го погодуваме периодот од денот кога вршат нужда , ама дали детето е свесно за таа потреба? Наше е да ги седнуваме на нокширче и на адаптер, да потсетуваме за вршење нужда почесто, да ги научиме дека во пелена не се прави тоа... Си треба трпение упорност и нерви од нас... и ќе дојде моментот кога децата ќе сфатат што ги учиме и сами ќе станат свесни за потребата дека им се кака и мочка, па ќе вршат нужда на шолја или нокшир. Летно време е полесно, особено за деца како мојата што сакаат голи да трчкат низ дома. Баба и не ја става на нокшир, ја остава во пелена да кака и мочка (причина - тешко после тоа да ја облече) Јас потсетувам да кака, ја ставам на шолја, некогаш кака, некогаш мочка, за какање и сама кажува,.за мочкање не... ама се си мислам ова до лето ќе се тегне.
Исто како јас да сум пишувала. Па и иста возраст. Мислам дека до школо ќе тераме со памперсот. Знае да каже дека му се кака, ако го седнам на адаптер, веднаш моча, ама ако му спомнам за гаќи, одма неее, памперс сакал он. Ако го оставам какан, си седе без проблем. Го прашувам, нели ти смета, каки имаш на газот, не ми вика Плус со тантрумите, ќе се шекнам кај и да е, ништо не му се погаѓа.
Мојата е скоро 20 месеци, сега почнавме и тешко ни оди, знае што се прави кажува дека какаат мечињата ама почна да вика не за нокширот и да го крие во игралната. Дали да пробам со друг нокшир или да не форсирам и да почекам до пролет.
Почекај лето. Секако е полесно во лето одвикнување зашто немаат многу облека. До тогаш зборувајте за тоа. Ако посака да седне нека седне на нокшир.
Не сум пишала апдејт, а и што да пишам Не ни сака без памперс да седи, не можам да го убедам гол да е, вика дека е ладно и дека дете ќе моча. Он уствари е у фаза кога не сака ни да се бања, си бара пампи и тренерки, обавезно и чопки, без нив нигде. Ма шанса нема негде да го убедам да седне (нокшир, адаптер) вика дека таму мама седи и нејќе да е како мама Ќе пишам апдејт пак на пролет, сега само привремено се објаснуваме кое што е и за што е Битно мајкава купи 30пара гаќи
Син ми 2 години и 1 месец знае понекогаш да се измочка во нокшир. Сум пробала да го оставам гол пола ден еднаш ќе мочка во нокшир, а останатото време кај стигне. Е сега дека го контролира мочкањето сум сигурна дека ако сум упорна ќе биде, ама страв ми е за какањето затоа не сум почнала. Има кажано ќе го седнеме на нокшир и ништо. Ќе го приметиме ќе го седне пак ништо се сецнува, прекинува. Затоа не сум била поупорна се плашам запек да не направи. Минатата недела цела ноќ не спиев од грижи зошто приметив дека цела ноќ не се измочка ( а пиеше доста и сок и вода, мочко е голем секогаш полна пелена насабајле). 300 филма си направив го разбудив во 7 сабајле и него и мм и им викам ако не мочка за еден саат одиме на лекар. Го соблеков не му го ни спомнав нокширот сакав само да се измочка полесно, дете 15 минути се провртка си седна на нокшир и до пола го наполни. Ама затоа после некое време кога го оставив мочкаше кај стигна. Сите викате лето полесно, ама мене не ми е логично зошто лето па многу голем дел од денот сме надвор. Ама изгледа сепак лето ќе си чекам. Или на пролет ќе почнам ќе видам сама ќе проценам како ќе биде.