Да да носи, мал е уште за одвикнување нема ни 15 месеци, ќе пробаме в лето, ама за какање си кажува и го сеќавам, се стега, прди и одма го слекувам и го издржувам, одма се кака лесно, ако не го сетиш ќе се искака в пелена ама ќе кака уште 2 пати потоа, а вака одма се олеснува
Ај не зезајте. Бебе од 2-3 месеца ќе го какате на шоља Моево за какање си кажува најчесто. Почна се повеќе да е свесна. И сака да седи на нокшир т.е. ќе ја седнеш и не и се станува. Битно кака и вика "гомно, гомно" Ќе биде. Гледам полека, полека се навикнува.
Имам слика од синко од 2 и пол месеци ко беше мајка ми го издржуваше ама не ја оставав јас Спојлер: Слика
Све супер ако за тебе е некој успех тоа што го држиш и чекаш да се искака. Одвикнување од пелени има друго значење. Детето да знае да ти каже ми се кака и ми се мочка. Ако во моментот нема можност за тоа да може да додржи.
Знам, никаде не пишав дека го одвикнувам од пелени туку дека го сеќавам и му помагам да се покака полесно, бидејќи в пелена неможе да се покака, суво кака и многу кака и не очекувам ни да знае на 14 месеци да го контролира тоа, само пример давам, каживам за мојот случај, незнам зошто ваков ироничен одговор ми даваш. И да успех ми е да ти кажам право. Еве кога веќе ме цитираш да ти објаснам.
Извини ако друга ти била поентата. Да воглавно секој родител препознава кога детето ќе кака, да имам проблем можеби и јас би го правела истото. Ти и слика стави за да докажеш дека ете не кака во пелена, па незнам како требаше да го сватиме постот? Дека треба до две години да ги издржувам децата зошто кога ќе дојде време ќе ни биде можеби полесно да ги тргнеме скрос пелените или детето ќе се одвикне порано од детето на комшиите? Не е важно стварно не ми е намерата да те навредам или да се расправам, само не ми беше јасно зошто е успех ако на секое какање го издржуваш.
Може не е успех ама каде, каде е похигиенски одколку да се рашлака цела и да не ти дава да а измиеш, па да се мачиш со пеленски осип. Не гледам ништо лошо што пишала. Ниту го форсира детето, ниту пак наведи некоа членка исто да го праве. Одма се рипа за се и сешто.
@Цвет88 исто и мојата. Две години и осум месеци. За какање кажува оддамна. Навечер пред спиење оди мочка,наутро станува па одма ја седнувам одма. Кога сме надвор обавезно кажува дека и се мочка. Дома не. Пред две недели имаше стомачен вирус па ај реков полесно дека ја седнував цело време ќе пробам да ја откажам. Џабе, не знам дали и е фаза не сакаше да кажува. Ќе ја седнев и ништо, си дремеше така цело време. Најлошо беше што кога ќе се помочкаше воопшто не и смета дека е водена, не ни кажува дека е мочкана. Ако не ја видев јас ништо така си седеше водена. А знае се , ја знае функцијата на нокшир, адаптер, знае да си стави гакина, знае за што служат. И на крај ми рече" сакам да ми клајш гакина, да си се мочам во нив , да си седам водена и да ми студи. Да беше топло ќе бев поупорна и мислам дека ќе успеев, ама сепак уште е ладно и ми беше страв од што седи водена да не настини пак, па одложив за на пролет.
Ти тера инат. Син ми на таа возраст сe одвикна ама сам, го миев и рече не сакам веќе пелени. Во градинка тргна на 2 години и таму го ставаа 3 пати на нокшир. Месец дена претходно пробав и во рок од пола саат се измоча 4,5 пати и баталив. Ќерка ми ги остави на 1г и8м исто сама
Не ми беше ни мене намера нешто да докажувам, или да навредам некој, само кажав за моето искуство со какање, што навистина е многу похигиенско, значи сега не го мијам после секое какање бидејќи не се валка воопшто, не е потпарен никогаш. А и не ми е тешко еднаш во денот да го издржам, да го подржам в раце 3 мин. Ете тоа ми е успех нема проблем детево ни со какање ни со потпарување. Само од секоја тема мора да се направи лом, да се расипи, да се препукуваш и да се докажуваш, незнам што ти паднав баш тебе во очи, никогаш не сум прочитала твое мислење по темиве кај што сум јас активна, сега прв пат во мајчински те читав.
А зошто секое мислење спротивно на вашето одма на карање го терате? Темава е за одвикнување од носење пелени и нормално, кога некој ќе напише дека 2 месечно бебе го кака на нокшир/шоља повеќето да помислиме дека не е нормално. Мене овие муабети баба ми ми ги има правено. Дека татко ми на 3 месеци го седела на нокшир. И друг пат сум го кажала ова, да не биде сега вреѓам и јас. За хигиенски, секако е, ама да чучам дете кога природно не треба тоа да го правам мене не ми е во ред и за грбчето и за газето.
Студии има кај што е потврдено дека држење бебе над нокширче е ептен непрепорачливо. Дека може да му се поремети текот на психолошкиот развој. Ризик за уринарни инфекции. Не знам што ќе му фали на 2 месечно бебе да кака во памперс.
Не знам дали имам видено и слушнато поголема глупост Абе глупостиве на бабиве треба да ги забранат со закон! И ете оти сум против баби деца да чуваат
Значи ако реплицирам нешто и тоа не е браво и тапшање по рамо одма е препукување? Само пишав мислење не те барав баш тебе са се расправам.
Ма неќе мојава кога јас и кажувам. На одмор носевме нокшир, сега на зимување исто. Само првиот ден еј нокширот, ајде ќе седне и само меле, мамааа мочкам.. татоо мочкам а не праи ништо. Гаќи ќе и облечам, ќе кажеш да.. и си се моча во нив, некогаш ќе каже се измочав, или ми се моча и пак во нив моча, а некогаш ме лаже не сум мочана. Во градинка ја прашувам мочкаше на шоља, не, зошто, не сакав. Еден период ме лажеше, дека седнувала на нокшир, па ми бараше да и го бришам прво целосно со влажна зошто така правеле во градинка, а нема врска. Секаде каде што идеме ако некој оди во вц, бара и она, ама се е џабе.
Мојава ќе полни уште малку 3г , на 2г и месец ги одвикнавме скрос пелените , месец ипол ни траеше фазата на одвикнување денски и облекував гаќиња , пелени ноќе само ставав првите недела две после од оние за одвикнување гакичките и ставав ноќе и коа шетаме денски подолго за сваки случај дур траеше процесот . Се помочкуваше цело време на старт и мака си немаше што е мокра само перев цело време , после втората недела дур почна осет да има да и смета и одма трчаше кај мене штом се помочкаше , ја на пола саат а прашував ти се мочка , ако сакаше ќе а слечев ако не не за пола сат пак прашував и по еднаш два пати ништо не форсирав оти така на инат ни одат , ноќите полнеше пелени со мочки фулл си мислев никоаш нема да извадиме , што и ставив гакички дали еднаш два пати и се згреши да се подмочка , после секоа ден се по успешни беме , само трпение и без форсирање извади и пелени набави гакички и скриј пелените и ќе видиш ден два па и три нека се ќе почне да и смета помочкана , ја по цел ден мисам само перев се