Majki dali moze da me upatite,kade moze da najdam od gakickite za odviknuvanje,da poracam on-line poradi situacijava? Imame pamucni ama sakam i takvi da zemam Blagodaram odnapred
Генерација @Chanell* @mimiiiii @Feodora @NarCis@ ... Ќе пробувате летово? Како ви е план? Јас извадив нокшир. Го запозна, седи, ама ништо не прави. До тука сме сега за сега. Не форсирам ич, ама за летоска сакам малце поинтензивно да пробам, без да прејде во форсирање. Мислам дека ќе ме сфати ако сака, зборува многу, па мислам и тоа е олеснително...шо знам.
До никаде. Го знае седи и станува за 2 минути, кажува дека и се кака ама нејќе да кака во него. Планирам да купам 30 пара гаќи и летово да ја учам оти вака немаме резулатат, збори и мојата ама никако да развие љубов кон нокширот.
Ќе пробувам. Не е заинтересирана за нокширот, туку за шољата. А дури два купив. Пошто е редовна со мене во тоалет, ми вика “сака тука мочка,бечи паче(памперс) ја седнувам и прави со устата “чшшшшш” демек моча Само еднаш успеа да се измочка и тоа малку, и пуштив вода од чешма па ја испровоцира звукот. Ќе пробам пак. Кажува кога кака, и не трпи ни секунда да е покакана, а по ново ни мочана неќе да седи. На секоја мочка фрламе памперс. Пари и пари ми отидоа Кога ја оставам гола, знае да се измочка на ламинат, и ми кажува одпосле дека се измочкала. Мене некако и рано ми се гледа дека уште ко бебе ја гледам ама не е на одмет да се проба. Секако и цицо не е на одмет да се тргне, ама тоа е друга тема
Јас почнав веќе, ама прекинав затоа што ептен залади, и не сакав да изнастине. Дома беше преладно. Мојата кажува кога ќе се искака веќе, за мочање абер нема. Да ја оставиш измочана, така ќе седи. Правам споредба помеѓу неа и сестра ѝ, голема разлика. Сестра ѝ на нејзина возраст веќе носеше гаќи без проблем. Малово е ѕвер, не сака ни да го види нокширот. Ѝ купив нејзин нокшир, ставив мече на играчка нокшир и плус сестра ѝ што ја гледаше, ама залудно. И од шо е инат лавовски, почна да седнува на играчката нокшир Како и да е, според мене, ич не е спремна психички. Ама, големо ама, газот ѝ е ренде од осипи. Тоа е единствената причина што ме натера да го почнам процесот. Моментално до толку не ми е гајле, ако сака цел стан нека го измоча, само да ѝ се смират осипите. Здравје, од утре планирам да купам гаќички за одвикнување, па ако знаете некои проверено добри, пишете ми. Со големата не користев, и поим немам од каде да барам.
Ох, следно е ова. Јас ни нокшир, ни пак гаќички имам. Страв ми е да почнам да ги учам. Во глава си замислувам сцени каде што си играат со нокширите, лоши слики ми се прават. Малата само кога кака кажува. А во случај да ја немам видено, сетено обавезно се фаќа за памперсот, многу и смета. Мислам дека со нејзе полесно ќе поминам. Чувствувам дека е спремна, ама ај нека потзатопли убаво ќе пробаме. За мочање не кажува, а обавезно се стресува, знам кога мочка... За разлика од нејзе малиот го сеќавам ама недај господ да го сецнам. Ми бега и се смее низ цела куќа. А пак за мочкање никогаш го немам сетено. Како и да е секако планирам да почнам сега летово. Тие тукушто и со тоалетот се запознаа, те. кога почнаа врати да отвораат. Не знам што е подобро нокшир или адаптер ама изгледа во мојот случај само нокшир ќе успее.
Здраво Дали во стружанка има убави, гаќички за деца? Или да ми предложите каде да побарам, да има и со коли, интересни принтови а да се со убав квалитет? Јас имав земено од вајкики ама сега не работат
Тие од ваики не ги препорачувам , не задржуваат ама баш ништо , поарно обични гаќички да си земеш отколку такви , нема разлика. Јас земав од еко пелени лана бејби , 400 ден еден пар ама има логика.
Женски,од неќна почнавме да се одвикнуваме од пелени, ама од прееска има друг проблем. Не мочка ни така, а ни во нокшир. А се нема ни искакано од вчера. Чаре?
Не е спремно уште детето ние имавме слична случка во јануар ,и си ги вративме пелените .Од март полека и без притисок еве успешно веќе скоро 3 мес. Сме без пелени веќе.
Ние имавме проблем со какањето поише дигаше температура и с е тресеше од што неможеше да се искака ,а немаше тврда столица тоа беше некој негов страв незнам како да се изразам ,и само синчето плачеше и почна да бара памперсот да му го вратам.
Пробај да го седнеш на нокширче и да му дадеш нешто да се напие, пушти чешма со вода.. А може и не е спремно детенцето.
Се пробав, и телефон, и цртани, и сок, и чоколатце, кажува "мама мама оу ноу" , се држи доле, и позади на газот, ама не пушта на паркет , и не сака на нокшир. Од вчера не беше мочана, а какана од неќна. Не се измочкала ни ноќеска, ми стана во 4 сабајле, ајде ја седнав на нокшир и пак не сака, стана се напи млекце, пак заспа уште не измочана, и кога стана и ставив пелена. Неколку пати рече "мама мама нее " и дојдр кај мене ме фана со рачињата и се тресе, и почна да мочка и кака не можеше веќе да издржи, и се гушка до мене, и гледа надоле дали и тече. Ќе и купам друг нокшир интересен. И ќе и пуштам песнички па за 2-3 недели.ќе пробам пак, да заборави малце.