Една недела како е без пелени. Веќе еве 5 дена нема погрешено, успешно мочка и кака во нокшир. Само два пати се случи на спиење да се помоча.
Детето ми е 2г и 9м, прво бев решена да ги тргнам пелените и да видам дали ќе соработува. И реков дека веќе нема пелени и ќе ставам гаќички дека е голема мома веќе. Првиот ден мочкаше каде ќе стигне, неможеше да се додржи за да седне на нокширот. Ја седнував почесто но ниту еднаш не се измочка во него. Вториот ден мочкаше само два пати во нокширот кога стануваше од спиење но со долго седење на него, а другото пак во гаките, но веќе имаше некоја претстава што се случува и можеше да се додржи по малку но не доволно. Кога се измочка во нокширот следуваше награда киндер јајце со играчка па гушкање и викање браво, па таа сама да го истури во шолјата и да пушти вода. Веќе од третиот ден почна да кажува кога точно и се мочка и кака и еве од тогаш нема погрешено денски освен два пати на спиење. И тоа со мочкањето првите денови беше само на гакички и во двор. Кога видов дека вториот ден нема некој којзнае каков голем напредок помислив дека детето не е спремно и сакав за ден два да и ги вратам пелените пак, но веќе од третиот ден почна да има напредок и да соработува.
Фала ти мила на објаснувањето. Јас од страв и облеков пелени, сега кога и се мочка или кака се фаќа доле, ако и се мочка се фаќа напред, ако и се кака се фаќа позади. Ама не сакаше да мочка ни станата ( почнуваше да плаче оти и течеше по нозете, или пак ќе се слизне на паркетот), а во нокширот па ич. И престана да мочка и станата, а ем се фаќа кажува, ем не пушта. И сабајлево одма и ѓи вратив пелените. Ми беше жал, е сега не знам ни дали сум направила грешка или пак поарно што и ставив. Ама ќе најдам некој интересен нокшир, ќе пуштам цело време песнички за мочкање, ќе ја носам со мене во вц ( секако ја носев и до сеа ) , па за две недели ќе пробам пак, да подзаборави малце. Е камоли ја да имав двор. Ама во стан сме, тоа е.. фала ти уште еднаш
Не форсирај, колкаво ти е детето? Мислам дека околу 3-тата година е најдобро да се проба. Тогаш детето колку толку е спремно да разбере што и како треба.
Уште малце 2 години. Ами се е супер за да ја чекам, арно ама имам уште едно мало 3и пол месеци е, финански малце терсене е .
Нокширот не е играчка. Не треба да е интересен, обичен ќе заврши работа. Само ти кажува детето дека не е спремно, тоа што финансиски ви е потешко не е причина да форсирате дете да направи нешто што не може да го направи. Како сакаш, ама да не си направите поголема белја.
Мислам дека е мало, барем 2,5г да е да може да разбере. Не знам какви пелени користиш еве јас земав на слипи галичките некој си 450-500ден е пакување од 40 пелени. Излегуваат поефтини од памперсот
Јас ептен лабаво си го сфатив процесов на одвикнување Кака во нокшир одамна. Од скоро учи и мочкање. Прво викаше, има водичка, па на нокшир довршуваше. Од скоро кажува и дека и се мочка, ама ако е заиграна отиде возот Гаќи и бермуди се перат ко луди. Секако немам доволно кратки панталони Ама не ја карам, не ја наградувам. Само и кажувам да каже следниот пат. Не прави проблем ни за да седне на нокшир. Ептен ако е заиграна знае да се бунтува, ама ко ќе седне на нокшир не сака да стане Ќе биде. Мене какањето ми беше терет заради хигиена. До крај на лето експерт за мочкање ќе е Дете е скоро 2.5 год, а кака на нокшир од 2.
Ееј абе мала е уште па и ти, не го мачи детето, рано е не е спремно па и самото ти кажува. Кај мене син ми на 3 год. И 2 месеци фрли пелена и тоа сам, стана едно сабајле и ми вика мама јас нејќам пелена веќе и толку беше, за 2 дена се научи. А и јас ко тебе од 2,5 год почнав да го одвикнувам и ништо, катастрофа, не сакаше и не сакаше во нокшир да моча, а само за мочкање беше одвикнувањето, за какање кажуваше од 2 год и никако во пелена не какаше, ама мочкањето не можеше да го каже, не сакаше ми викаше и сам, не сакам, пелена си сакам и крај и го оставив и ете дојде ден кога самиот ми кажа готово нејќам више пелена. И јас тогаш имав мало бебе, ама ич не ми беше тешко, ќе му сменам пелена и готово. Џабе е понекогаш колку и да мислиме дека ќе постигнеме тоа што сакаме, некогаш спротивен ефект место тоа може да направиме, кога ќе си е спремно детето ќе си каже, не ја форсирај малечка е уште, ќе биде, не се секирај, никој не останал со пелени засекогаш
Јас на 20 месеци почнав да ги откажувам и имам близнаци. Прво почнав погрешно , еднаш ставам пелена еднаш не , после ги тргнав скрос пелените и за 8 дена без веќе се одвикна едниот . Од тогаш се дешава некогаш да пушти ако е заигран ама е ретко гоа. Другиот се разбира , му го дава на првиот нокширот и му вика да кака на нокширче, му. Ика браво, му го носи во веце нокширот и пуштаме вода, го миеме на бидето ама детето не сака да седнува на нокшир или седи со облека и не дава да го соблечам. Различни деца тоа е . Затоа не мислам дека е рабо за твоето дете туку само нему не му е време. За две три недели пробај пак . Јас мислам дека оваа работа бара упорност и посветеност.
Моево за еден месец ќе прави 3 години, за какање знае некогаш кога го бањаме да клекне и да се искака во тушот. За мочање не кажува кога го оставаме без пелена одкако ќе се измочка кажува некогаш не. Не сака во нокшир абер нема ќе гледаме сега летово и онака по цел ден е надвор ќе седи без пелена валјда ќе се научи за брзо.
@Dikinzi секое дете е различно , ако гледаш дека одбива да седне или плаче и сл , ништо ќе пробаш покасно по некој месец. Големата ќерка почнав да ја одвикнувам на 17 месеци , а се одвикна скроз од пелени на 2 години и 2-3 месеци.. убаво се сеќавам зошто на 2,5 години ја запишавме во градинка (а тука во Грција не прифаќаат деца во градинка освен ако не ги тргнале пелените). Е сега и понатаму ќе се случеше да се подмоча ама ништо страшно.. но не се бунеше , на почетокот мочаше какаше во гаќи , првите месеци и ставав пелени само навечер и кога увидов дека веќе не мочка вечер , и ги тргнав и огаш. Само треба упорност голема , тешко е ептен на почеток , знам. Сега за малово секако е рано , ама ете од април/мај наредната година таман ќе е 20 месеци , ќе пробам
Мајки имам голема мака. Син ми е 3 и пол години и сеуште кака и мочка во памперс. Пресекирана сум, се имам пробано. Имам дома 4 нокширчиња(сите различни) 2 адаптери за вц, пробано така без ништо директно во вц, стои 2 мин и бега не сака никако, а знае, мнпгу е паметен и се разбира. Маката ми е што секое утро се буди воден, цело меше му е водено, иако менувам памперс навечер пак е истото. Страв ми е да не се разболи од што е стално воден. Не знам веќе како да постапам.....
Јас почнав на 20 месеци, а како ти правеше на почетокот тебе ? Знам дека е процес и бара упорност, се изнапрочитав, еве барам совети и овде,се консултирам секаде кај што ќе стигнам Советите многу ми значат.