Јас почнав после спиење да ги ставам на нокшир и им враќав пелена, после саат време пак на нокшир , па ќе се подзаборавев некогаш и тоа ги збунува децата.
И јас ја ставав на нокшир одамна. Пред да наполни 2 години. Станува сабајле и одма на нокшир. Со тек на време почна да си кака После во текот на денот си беше со пелена бидејќи во градинка одеше. после роденденот, некако се разболуваше 2-3 пати по повеќе време беше дома. Е тогаш почна да кажува за какање. Дали дека повеќе време беше дома, па и ние ја прашувавме почесто. Е сега, јас не ја форсирав никогаш. Каже, каже, не каже тоа е. Нема згрешено никогаш. Откако почна да кажува за какање, се нема покакано во гаќи/пелена. Не си прави притисок дека мора сега да откаже. Полесно и за тебе и за него ќе иде процесот кога ќе биде спремен.
Не не, таман работа за притисок. Ја оставив, да си мочка, да си кака. Кога ќе се измочка бришам по неа, и и велам добро мама нареден пат ќе си мочкаш во нокширче, ја седнувам неколку пати во денот, на сабајле коа ќе стане, после спиење, ако стане и велам добро ќе мочкаш попосле. Кога мене ми се оди во вц, како демек не можам да издржам и оде по мене, ме гледа што правам, се интересира, кажува чао пред да пуштам вода, и знае дека после се мијам раце. Додека го правам тоа и пеам песнички од цртаните, и кога ѓи гледа обавезно ме бара да ми покаже зошто јас истото сум го правела. Читав и англиски статии, разно разни случки, и секаде пишува дека минимум им треба недела дена, а најмногу 2-3 месеца. Затоа си реков, зошто па и јас да се откажувам кога почнав од неќна(понеделникот). Другарки мои и пријателки, исто така ми кажаа дека им требало некое време, ми рекоа без откажување, и ми дадоа целосна поддршка, затоа што навистина не е лесно. А секоја мајка очекува да добие совет и поддршка посебно во нешто кое што се среќава прв пат. Родителството се учи, јас не можам да знам се. Секое дете е различно, ако на некое дете под 2 години може ќе му треба 2 недели да се одвикне, на друго 3 годишно може ќе му треба фазла. И сето тоа е во ред. Јас затоа прашувам за совети,да ми се дадат идеи како да постапам, можеби нешто ќе упали. Укорот на една мајка која што се труди не и е потребен, и онака некогаш се осеќам како да сум немајка, уште некој да ми префрли па да си направам уште толку непотребни мисли во глава. Затоа на сите најискрено ви се заблагодарувам , стварно ми значат советите и идеите
Јас немам искуство, прво бебе имаме сега мислам дека знаеш од по коментарите во бебе групите. Имам завршено педагошки, по книга секако е едно, пракса друго. Кај нас во Австрија децата ги учат уште од многу малечки да се самостални, а највеќе учат кога ги гледаат родителите. Не важи тоа правило, малечко е, поможи му. Јас за понатака кога ќе почне да сваќа ќе се трудам да ја носам на фризер со мене, да гледа каде што готвам и да и дадам да мешне и таа малце за да сака да јаде пошо нели сама таа готвела, да не се плаши од ножици.. ама сега темата е нокширче. Можда е глупаво ама сепак е твое дете, објасни му дека е веќе големко, за да порасне уште повеќе мора некокј работи да го прави како ние возрасните, па и објасни како тоа следи хах чудо. Има нокширчиња во вид на шоља,који исто пуштаат звуци кога ќе "пушти"вода. Децата сакаат да ги имитираат родителите и со тоа учат, колку и да е глупаво за ова сега конкретно ама така е.
И купив, вчера, шо радост му опна. Сега останува на неа, кога ќе биде спремна да си седне, мое е да бришам по неа, и да и објаснувам како треба. Трпение спасение
А да моча заедно со машко во вц. Чисто да види што значи да се моча во шоља и како тоа изгледа. Кај нас тоа упали. Плус многу зборување. И во шочата залепивме сликичка од Минион кој требаше да се погоди додека се моча. Иако ако се буди мнгоу воден и пелената ја полни многу брзо може сеуште да не му е доразвиен мочниот меур да додржи. Рачунај дека треба да може да остане сув (во пелена) барем саат и пол за да може да почне со отикнување. За навечер исто е битно да не пие многу течност пред спиење (едно саат и пол до два пред спиење да пие минимално течност).
Тој пие млеко навечер, а преку ден вода. Мислам дека може да додржи зошто го имам оставано по 2 ссати така без пелена и кога му се моча гледам се стега, го носам на нокшир или во вц и ќе седне и ќе стане одма и бега не сака воопшто, објаснувам со убаво на секое но ете не сака. Еве следно баш ќе пробам ќе го пратам со таткому да види како треба, се надевам тоа ќе запали. Ти благодарам
Почна ли да мочка детето ? Пошто не сакаше се загрижив ... дефинитивно е ,ако почнеш нема назад , освен ако нешто апла не иде.
Ене со две деца ми беше многу тешко ама кога ќе го видиш резултатот... и ти имаш мало дете кое си бара внимание ама стискај заби и ќе успееш.
Даа, фала што не помисли Да не ја подречам си мочка кај ќе стигне Застанува и вика мама моча или па ако се измочка вика мочаш Сабајле за прв пат ( иако и оретходно имаше домочкувано само во нокшир) се измочка Колку бев среќна хахаха И викам ајде шом ти се мочка да те седнам на нокширче, и вика не и бега, и и викам добро чим не сакаш, ајде после ќе седнеш, а се дешава некогаш па си ќути и си седи, зависи како ќе ја фанат. И ако и се кака се фаќа за газето и истото ми го вика, и тогаш и напоменувам дека тоа не е мочкање туку какање, ама добро .битно знае дека и тоа е вршење нужда. Гушки до вас
Да ти кажам, ете фази си минат децата, читав на секаде, и доста слични прикаски најдов, си рекоц на оваа земја не е само моето што мине низ истото, и така кураж си дадов, и ете помина за 2-3 дена. Добро што се решив да продолжам натаму, сите викаат дека овој период трае, и верувам дека е така. Нон стоп сум со крпа во раце, само бришам Ама сите се така веројатно, кога би имале барем мал двор колку собава шо ми е , доста ми е.. се ќе биде по друго, ама ете тоа е
Тешко е да , но детето ти е спремно според мене . Исто така ќе ти помогне ако направиш Ритуал околу седењето на нокшир , на пример можеш да и дадеш да јаде нешто што го сака или да и пуштиш цртани, песнички.... јас некогаш им давам цеден портокал на моиве , си оијат и си седат
Мене па не ми е логично седењето на нокшир да го правам ритуал. Ти јадеш и пиеш кога си во тоалет? Се знае за што служи тоалетот, односно нокширот. Никогаш, ама баш никогаш нокшир не би чувала во дневна, ниту пак би му дала на дете да си игра со него. Јасно ми е дека ќе се пробува се' и сешто само за детето да се одвикне од пелени, ама зошто форсирање?Моите и двајцата се одвикнаа пред полни три години, ама од такво форсирање со првото го јадевме стапот, две и пол години имаше страв од какање, како последица на тоа има тврда столица, и хемороиди на девет години. Ама не, се правев паметна дека ќе го форсирам, голем е, од глава ми се удри.
Пред се, тргни памперс... уште е во памперс и преку ден? И после на 2ч носи го до вц преку ден, а навечер скрати млеко и ставај памперс некое време, а после тргај и купи си подлога непропустлива (што се пере има во Стружанка).
Јас кажав дека нема пари и за играчки и за памперс. Секој ден кога мочкаше и давав играчка. За 2 дена средивме.
Не не, воопшто не е форсирана. Според мене форсирање е да и речам да седи таму и да не мрда, зорле да ја ставам , да ја карам. Впрочем сите подмитуваат нешто додека се научи детето, јас ја прашам дали сака, ако нејке арно, ако стои мирна си ја седнувам и толку. Далеку од тоа да е форсирана.
А бе и јас не го карав, само го седнував, му ги тргнав пелените, не сакаше да се кака. Имаше запек од млеко што првпат го проба во градинка, до тогаш не пиеше. Цела недела не се какаше капак му дојде откажувањето од пелени, не какаше додека не му ставев пелена. Цело време се криеше, и со гаќи беше, обично под трпезариската маса, лом правеше таму кога ќе се искакаше. Ни го карав ни го казнував, се со убаво, со арно. Ама ај веќе кога почнав, реков ќе терам до крај. Ете, мака си направивме, секое одење во тоалет хорор ми беше со молење, две и пол години така, до пет години. После прекина да се стега, ама има тврда столица. Од дете што имаше 2-3 нормални столици дневно стана дете што одвај кака еднаш дневно, некогаш ни толку. Не е до исхраната, оти ептен пазам. Мислам дека стравот си го направи своето.