Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.406
    Допаѓања:
    113.376
    Пол:
    Женски
    Нокширот е за мали деца и истиот е за во дневна, за во спална, за на тераса, за во кола, за на пат... За секаде.
    Нема цел живот да кака и мочка во нокшир.
     
    На Dalia93, zuto и Dikinzi им се допаѓа ова.
  2. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    Јас чувам во спална , во дневна друг , у купатило адаптер :D
    овој од дневна го тргам кога имаме гости поеќе , иначе си стоат секаде цело време и уште годинава овој у дневна сиг ќе стое.
     
    На Dikinzi и fana им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.592
    Допаѓања:
    201.865
    Пол:
    Женски
    Не го делам истото мислење, жалам.
    Се знае каде му е местото на нокширот и не треба да биде играчка, што најчесто станува кога му е во видно поле на детето.
    Не користев нокшир во одвикнување на децата, иако се обидов. Кога сфатив дека не го сакаат, го исфрлив.
     
    На mal.ecka и fana им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.406
    Допаѓања:
    113.376
    Пол:
    Женски
    Не може да се знае каде му е местото на нокшир. Всушност, тоа е неговата намена.
    Може да се знае на адаптер каде му е местото.
    Не треба да биде играчка, да, бар на мојава не ѝ е.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.592
    Допаѓања:
    201.865
    Пол:
    Женски
    Да не биде го тупам, ама и на нокшир се знае каде му е местото, не е тој за шетање лево-десно, барем не му е тоа намената, намената е детето да се одвикне од пелени на помала возраст, оти шолјите им се големи за сами да седнуваат. Не е portable device за носење по соби.
     
    На drugarka, mal.ecka и Dikinzi им се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.514
    Пол:
    Женски
    Самото одвикнување од пелени на детето му е ново, а понекогаш и стресно. Големата кога ја одвикнувавме, нокширот го носевме секаде со нас. Најчесто мочкаше и какаше во дневна пред тв, а кога излегувавме, нокширот обавезно во кола. Не сакав да ѝ створам дополнителен притисок дека тоа мора да го прави во купатило. Едно по едно решававме. Еве ја сега, голема, веќе 2 години си мочка и кака во купатило, некогаш во шолја, некогаш на нокшир. Знае и сама да се избрише, независно дали е по голема или мала нужда, а после тоа и раце мие сама. Јас ја разбирам Анат, ама за деца секогаш треба флексибилност, инаку баш тогаш може да се створи отпор.
     
    На ludoto19, manako1, Dalia93 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.591
    Допаѓања:
    6.153
    Пол:
    Женски
    Јас мислам, барем според мене.. дека коа еднаш ќе се научидека треба да го прави тоана нокшир, дека е лесно после во купатило да го префрлиш. Ама децава сите се различни, ела па погоди им од прва..
     
    На Среќичка му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kostarika

    kostarika Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    2.127
    Јас немав успех кога го шетав нокширот по соби , некако научија дека ќе гледаме цртани ако седиме на нокшир пред телевизор и всушност и сега не ми кажуваат дека им се кака а ми викаат “буба” (цртанот) да им го пуштам.
    Види тешко е и треба да си го најдеш твојот начин , јас цели ноќи тогаш читав по форуми искуства и тоа ме храбреше и ми даваше идеи, сепак секое дете е различно.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.556
    Пол:
    Женски
    Ја се согласувам тука со Аннатх,ние воопшто не користевме нокшир,туку адаптер во купатило,самиот процес треба да го поврзе и со местото,и да нокширот не му е место во дневна,кујна, тераса.
     
    На mal.ecka и sofi2107 им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.406
    Допаѓања:
    113.376
    Пол:
    Женски
    Јас знам кај му е местото на нокширот. Според ќерка ми неговото место е во дневна, во кујна, на тераса. Секаде каде што одам со неа ќе го носам и нокширот.
    Јбг немаме сите препаметни ултра суприм преинтелегентни тодлери за на 2 години мора да кака и мочка притоа на нокшир баш во тоалет.
    Ние одбравме прво да научиме да не мочкаме и да не какаме во пелени.
     
    На gjoker4e, PinkGirl*, Среќичка и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.591
    Допаѓања:
    6.153
    Пол:
    Женски
    Ставен е во дневна, и стои на едно место. Знае дека не е за играње. И ја читам цело време,само тоа правам :D
     
    На Dalia93 и fana им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.556
    Пол:
    Женски
    Не се работи за колку се паметни тодлери,туку за грешка во почетокот.Нокширот стои во купатило,детето таму ке се навикнува.Ако го носиш од старт во дневна , нормално ке бара таму.Само тоа ,ништо повеќе.
     
    На koritsaki, Spidy, Dikinzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Јас имам син. Па по некоја логика, а и по совет на нефрологот мочкањето исклучиво стоечки го учиме. Или во писоарот ( залепен во вц на ѕид ) или на скаличка се качува и мочка во шоља. Какање исклучиво во вц шоља на адаптер. Храна и пијалок во вц не му давам и не практикувам ( вц и храна ми нема логика ). Еднаш пробав да го седнам седечки да мочка и мокрачата не заврши во шољата :D ( пипето му се крена па по логика мокрачата одеше нагоре :D ). Сепак за децојчиња е ок да мочкаат седнати и така да се учат. Но, момчиња исклучиво треба стоечки да мочкаат.
    Но, сепак се согласувам и со оние мајки кој нокширчиња имаат и надвор од вц ( иако јас лично не би го практикувала сега тоа кога веќе е поголем и сфаќа ).
    Ете тоа го нашле тие мајки како изводлива опција за нивните дечиња и го политувам иако не се согласувам. Секако дека тоа нема да биде така понатака. Ќе се научат дечињата дека во вц се врши само физиолошката потреба. Но, за почеток не е ништо страшно тоа да го практикуваат во дневна, детска или спална соба. Верувам дека тоа не се случува пред гости за време ручек дур седат и ручаат, а детето кака на нокшир :D.
    Секоја постапка е индивидуална и секој прави онака како смета дека во тој период му е најпрактичен процесот на одвикнување од пелени. Секоја постапка треба да се почитува и да не се осудува. Секоја мајка си знае за своето дете како треба во даден момент. Сигурно на 5г нема да седи на нокшир во сред дневна.
    Само со Анатах се сложувам и тоа го практикувам дека храна и пијалок во вц не се носи! Не е хигиенски ( колку и да е купатилото чисто ). Тоа може да се даде непосредно по излегувањето од купатилото ( 1-2мин не прави разлика на наградата ).
     
    На lackygirl, Coco31, Lejlaah и 3 други им се допаѓа ова.
  14. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    7.723
    Пол:
    Женски
    Недела дена како е без пелени и нокширот секаде го шетам каде е она таму и нокширот од причина за да може побргу да седне да не се стиска многу. Ако сме дома во салонот ми стои, надвор на тераса, навечер кога спие во спална, исто и кога одиме на гости(ептен блиски-членови на пошироката фамилија )со нас го носам и не гледам тука нешто погрешно. Научи дека на нокширот се седе само за да заврши физиолошка потреба и толку не е за играње како што беше до пред некое време.
     
    На Dalia93, lackygirl, Lejlaah и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    A da go ostavis bez pampers samo na gaki?
    Mene prvoto dete odma mi se odvikna samo sto zaproleti sedese non stop nadvor gol se slapkase vo voda i za dva dena sam go vadese.
    Devojokceto isto(poucena od 1 dete).
    Sega malku ne ti e nakloneto vremeto za toa,no probaj nis ne gubis.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Leosun

    Leosun Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Еве имаме напредок, мочкаме во нокширче ама само со мене, баба и дедо кога јас не сум дома неможат да го убедат, па малку по малку.
     
    На Mami3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Ние тргнавме пелени! 2 години и 5 месеци е и еве веќе 3 недели без пелени. Кога тргнав пелени прво преку ден 2 дена мочкаше кај стигне третиот веќе почна да кажува и тоа скоро без грешка. По една недела тргнав и ноќе ако ја полнеше пелената и исто првата ноќ мочкаше 2 пати, втората ќе почне па ќе каже и веќе од третата ноќ или дури сабајлето мочка, а еднаш и се разбуди сам си кажа. Не го будам ама ако се разбуди го прашувам. Мислам дека генерално лесно поминавме.
    Нокширот си го шетам по соби не ми е проблем ама не му давам да јаде додека седи. Секако немаше шанса да го натерам да седне кога не му се мочка или кака. Понекогаш мочка и кака во вц на адаптер ама нокширот му е главен.
     
    На ludoto19, koritsaki, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    4.971
    Пол:
    Женски
    Мајки ако може совет. Од оправдани причини малиот го одвикнав од памперс на точно 3год. Процесот траеше релативно брзо се на се за 1 недела научи. Значи за преку ден, за денско спиење, за какање немаме никаков проблем. Е сега поучена од она "ако вадиш памперс вади и за ноќе напоредно" послушав и правам така. Но, работата е што ноќе спие мн цврсто и се мочка 1-2 пати во гаќи. Не секоја вечер но често се случува. Течности мн пред спиење не пие, исто пред да легне оди да мочка, но во текот на ноќта не може да се контролира. Памперс за ноќе да ставам некако ми е голем. Совет од оние што поминале?
     
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Пред колку време му ги извади?
    Син ми може месец а и повеќе мочаше навечер му ставав за спиење, одкога ќе заспиеше. Тоа бепе на 2г и 8м

    Ќерка ми 1 недела само и ставав навечер, иако од трета вечер не мочаше на спиење. 1г и 8м
    Сите се различни. Ставај му навечер, ќе престане
     
    На kukla21, Lady*Bug и Dikinzi им се допаѓа ова.
  20. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    4.971
    Пол:
    Женски
    Пред 15тина дена го извадивме памперсот. Фала за одговорот.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.