Јас после третиот ден , извадов и навечер пелена. Досега се нема помочкано навечер, ниту пак станува за да се мочка, а некогаш и по 12 часа спие. Со мојата се спремаме за спиење мие лице заби, мочка, па пижами. Пие млеко и гледа цртани или и кажувам приказна. После кога ќе видам дека е готова да заспие ја седнувам уште еднаш да се измочка.
Veke eden mesec sme bez pamperskazuva I za kaka I za mocka uste edna nedela ke bide 2god I Tri meseci Pocnavme I preku nojk da imame suva pelena
Еден совет од искусните мами што и како постапија во одвикнување од пелени... Веќе 3та недела не е искакан во пелена кажува мама кака и заврсува работа на адаптер во тоалет, нокшир не сакаше... А за мочкање по спиење го ставам ама ко не секогаш сака се тегне и ако го ставам си се измочкува во шоља... Надвор 3-4 пати кажал сам дека му се мочка а еве денес мислам 10 пати го прашав да мочка надвор дека испи мн течности и не сакаше дури и на плачка му ја удри... Е сега зборот и прашањето ми се дали да терам со ова темпо или да го оставам ич да не го прашувам? А има денови кога е сува цел ден пелената дека кажува а денови има кога пушта малце додека стаса до тоалет а кога сме надвор не сака и тогаш во пелена мокри... Дали да му облечам гаќики? Зошто еднаш му облеков се измочка скроз значи не ја сфати суштината на намената на гаќите а збори и разбира се... Навечер секако му ставам пелена но не секогаш е сува... А му зборам пред спиење обавезно мочкање ми вика не мочкам А и некоја фаза има менува и незнам кој пат да го фатам... Ако му облечам за надвор гаќи само ќе се пресоблекуваме по улиците
Јас кога решив да го одвикнувам купив гаќички. Првиот ден знаеше да се заигра и да пушти малку мочка но веќе вториот укопча и почна да си кажува :Не се мочка во гаќи. Јас мислам дека најдобро е да тргнеш пелени, да осети разлика.
Јас имам погоре пишано искуство. Гол кога е знаеше што да прави, во гаќи мочаше мислеше дека е во пелена. Таман ќе се откажев третиот ден веќе почна да кажува. И ноќе го оставив една - две ноќи се измочка ама веќе од третата ноќ или се буди или не мочка. Јас џабе прашував по 100 пати, никогаш не седнуваше на нокшир или адаптер кога јас сакав. По ова што си го пишала спремен е остави го ќе чистиш еден ден додека да види разлика дека не е во пелена ама не верувам дека ќе имаш некој поголем проблем зошто веќе знае да ти каже. За почеток гледај да мочка па да излезете и носи си резерви. И ноќе стави подлога и спреми се дека можеби ќе треба да менуваш постела во сред ноќ. Мојот 2 месеца е без пелени па ноќе ретко, ама ако спие баш цврсто се случува да се измочка. И кога ќе почнеш Со гаќи не му враќај пелена да не го збуниш додатно( освен ако баш не иде, ама по ова што си пишала не верувам дека ќе имаш проблем).
Јас уште кога решив да ја одвикувам одма со гаќи почнав. На улица мочка носиме резерва и менуваме, ништо срамно.
Не го збунувај со вади,стави. Ако решаваш тргни пелени, облечете гаќи. Ќе моча, и мојов мочаше на почетокот. Почесто ќе го прашуваш и ставаш да мочка. Ако не сака класичен нокшир пробајте со писоарчето. Ние го нарачавме и хит му е. И за надвор мочаше и се пресоблакавме. Тоа е процес, не може за еден ден да се научат. Јас уште го прашувам за мочкање на одредено време. За навечер му ставав првите 2 недели пелена. Кога видов дека подолго време станува сув ја тргнав и ноќната. 2 пати дали згреши во почетокот. Знаеше да стане со плачење, зошто му се моча, а во исто време и му се спие, ама завршуваше работа.
Ќе издржиш за надбор. Првите дена ќе се движиш во близина. Ама кога ставаш гаќи, не се враќај на пелени ќе го збуниш само. Првиот ден мојата два пати надвор ми се измочка. Нормалное. Само трпение. И немој на секој 5 минути да прашуваш како мене "да не ти се мочка" пошто кај мене контра ефект направи тоа.
Ај да пишам тука повеќе читате со поглеми дечиња. Малата е 17м, понекогаш ја ставам на нокширче кога ќе ја сетам дека и се кака, ама мора да ја играм за да седи на него. За мочкање нема осет, нормално. Прашање ми е дали да пробувам воопшто? Има ли некој кој го одвикнал на оваа возраст детето?
Јас пробувам уште од 14 месеци, ама станува од нокшир со брзина на светлината, се крева нагоре со газот мислиш на жар си ја седнал. Сега на 17 месеци купив шолја со казанче со сѐ, но и на неа не седи ни 3 секунди т. е моево дете ни на столче не седи. Почнав да ја носам со мене во вц, ме гледа што правам, ме имитира, си игра како ме брише со тоалетна хартија, но кога нејзе ќе ја седнам бега како од ѓавол. И видов дека на сила ништо нема да постигнам. Сеуште не ја приметувам кога врши голема нужда, значи сеуште не е свесна дека на себе има нешто валкано. И реков ај да почекам. Инаку свекрва ми и свекор ми ја издржуваа над нокшир уште од 9 месеци, па, сега коментираат дека јас откако сум дома сум го запоставила тој дел. Нив им врискаше и со сила го тераа. Е па извини, нема трауми да му правам на дете заради нечиј хир како нивните синчиња од 9 месеци кажувале за какање. Го пратам детето, гледам дека сеуште не е спремно. Единствено летово ќе пробувам над нашата шолја да го држам и дефинитивно со гаќички... Ако му вратам пелени ќе го збунам. А и навечер сеуште си полни пелени, така да ќе почекаме уште малку.
Не ништо со сила. Си викам јас да пробам па ако не биде здравје друго лето. Како што читам овде сите се над 2 годинки, затоа си мислам да не е рано и пишав. Со оглед дека нема никој пишано изгледа рано е
Јас на мојата и ги тргнав пелените на точно 18 месеци и за преку ден и за спиење. Цел процес траеше околу 2 недели и се навикна многу брзо и без стрес.
Го знае целиот процес ама ми изводи инат ми тера 2 дена без грешка мине, и после сака да ме нервира Ако ја легнеме навечер за спиење, и не сака во креветче вика "моча моча" и ќе пушти две капки , и се така..2 -3 дена супер, па еден ден цел ќе го моча (подмочува) во гаќи. Се на се добра е , има време до август не се брзам никаде. А за какање кажува, ама не сака на нокшир и ја оставам да се искака во ќоше
Ох му објаснувам дека пред да искочиме ѓораме да се измочкаме и децидно реагира Не мочка.. Седнувам намерно јас да види како правам и јас ама се инати а првите две недели не беше ваков... По спиење исто одма го ставам кога како се измочкува ама повеќето се буни и се тегне бега од тоалет... Значи мајката му е ко што ве прочитав сите да скријам пелени на гаќи и дома и надвор, да ставам водоотпорно на душекот и да си спремам секоја вечер алишта за пресоблекување... Еве внукми е 3год и некој месец уште му ставаат пелена за навечер и не секигаш е мокра мнооогу ретко мокра... И за тоа се поделени мислењата далк воопшто треба за навечер... А за какање мочкање трча сам си завршува работа не пуштил во гаќички си кажува без да се потцетува... Ох некако тежок процес ми се гледа ама да се надеваме дека брзо ќе ги откачиме пелените
Не го седнувај на сила, истиот е и мојот сеуште. Имаше фаза кога дозна дека може да издржи подолго па чекаше до крај. Во тие случаи кога ќе видев дека му се мочка ама се стиска го соблакав гол и нокширот на видик и во рок од 5 минути си седнува сам и завршува работа. Мој совет ти е пробај без пелени дај си една недела Ако не оди врати ги. Не се сите деца исти сама ќе оцениш дали оди или не. Со лесно
И мојата е 17 месеца, одамна ја ставам на адаптер, неколку пати сум ја фатила и за мочкање и за какање, ама се на несакајќи. Сакав да пробам летово да ја одвикнам од пелени, ама нема некој показател кога и се иде во тоалет, ниту ме разбира кога ќе спомнам мочкање/какање. Знае што е пелена, знае кај и е газот, и толку. И воопшто не и е проблем и да седи какана, дури и кога нема да ја приметам подолго време дека и е полна пелената, ништо не и смета, си игра без гајле. Свекрва ми кажуваше дека двата сина ги извадила од пелени пред година. Ни јас ни јатрва ми не и веруваме. Ама она решила дека на ќерка ми на 17 месеци и малиот на девер ми на 20 месеци треба да се учат на нокшир и секогаш кога се со неа ги соблака голи и ги седнува на нокшир. Супер ако успее, ама не ми е верно. Знаев дека го прави тоа, и не ми смета ако сака да си проба, ама последниов пат пред мои очи видов дека малата не седи на нокширот и се ќе направи да стане од него. Не ја гледам поентата на седење на нокшир кога еве сеуште ниеднаш не се измочала во него. Секојпат и се моча некаде низ дома. Ако нејзе не ја мрзи да чисти, јас немам намера тоа да го правам кога пак после тоа ќе и ставам пелена. Ако летово не видам некој знак дека е барем малку спремна, ич нема ни да пробам. Па догодина здравје ако се посветам неколку недели наеднаш да се научи, иначе стави/вади пелени ми нема смисла.