1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.194
    Допаѓања:
    10.815
    Пол:
    Женски
    Тоа е клучното, затоа што знаела да кака ако е седната на нокшир, не значи дека доаѓала и кажувала "ми се кака", а уште помалку "ми се моча". Моментот на кажување мислам дека е клучен. Дури и да има збор за мочкање/какање на година-година ипол, поверојатно е дека ќе го каже додека полни пелена или одма после тоа. Баш со најава некако не гледам како е возможно, освен ако не почнам да ја ставам на нокшир на секој пола саат, па 90% ќе ја факам кога сака да прави нешто. Значи пак не е во прашање тоа дека детето кажува.
    Колку и да им било тешко со платнените пелени порано, сигурно немале толку време да ги чуваат на нокшир (пошо мора да седиш до него, ниедно дете не си седи онака) по 15 мин на секој саат еве да речеме. Не ми е реално.
    Мислам дека ги оставале голи да прават што сакаат во двор (конкретно маж ми бил повеќе во село со баба му до 6 год, отколку во Скопје со родителите) и тоа го сметале како "еве не носи пелени". Јас на мојава само штом ќе ја видам дека кака ако и спомнам муабет (да ја учам што е какање) или да ја соблекувам на пола, ја пресекувам и не кака. Појма немам како би ја одвикнала сега на 17 месеци без да ја оставам скроз гола и да бришам по цел ден позади неа.
     
    На Sexybaby86, Milaаа991, hello-kitty.90 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Јас морам да се едитирам разговарав со мајка ми. Памперс за една употреба користела за сестра ми во 1978 година со памучни правела широк повој кој важел како “мора” во тоа време.
    А оние памучни кои ги переле на рака и ги ставал неа баба ми во 1958 година. Значи во меѓувреме се појавиле и пелените за една употреба што значи оној муабет погоре апсолутно не важи за нашите генерации како мајки, туку за нашите мајки родени после втората светска војна.

    Чисто да направам историска рамка за некои муабети кои биле секојдневие на нашите родители, но не нам. Ние во основно школо имавме Пентиум кец компјутер, телевизор со даљинско и музички систем со огромни звучници. Сепак сме биле доста развиени :)
     
    На Milaаа991 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.245
    Допаѓања:
    166.039
    Точно, не кажуваше кака. Ја седнував на нокшир многу често. Ја седнував на нокшир од година дена може и претходно, ми кажаа дека битно било да се научи да седи на нокшир рано, оти подоцна би и се створил отпор. А ја спремав за јасли од година и пол, таму секако ги седнуваат на нокшир. Немам баби за совети давање :!:
    Мочкањето подоцна дојде, околу 2 години, ама какањето без отпор го совлада на година и неколку месеци. Си имаше патерн кога кака, дали после млеко, или после јадење, кога научи еднаш дека какање на нокшир е полесно и попријатно, веќе беше лесно. А дека треба и сега да ја потсетувам да кака и тоа е факт:tmi:, 6 години има, ама многу е зафатена:D.

    Едит: За историскиот контекст на @FreeMind . Ако се појавиле памперси не значи дека сите ги користеле. Деца на тетка ми од генерација 80-ти, имаа платнени пелени, брат ми исто. Ако постоеле, не значи дека веднаш биле масовно употребувани. А и социо-економски аспект има, трошок се, не секој може да си ги дозволи.
     
    Последна измена: 23 јуни 2020
    На Milaаа991, happygirl и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски

    Пре би рекла дека детството на нашите родители кои љубат да го раскажуваат го преземаме како наше. Инаку ние живеевме доста современо за тоа време.
    Секако дека имало што тогаш немале ни за памперс. Има и денес многу што немаат. Многу многу повеќе од тоа време. Има денес жени кои не можат ни влошки да си дозволат. Али тоа не е факт за муабетот дека ги одвикнувале од пелени да не перат. Туку си терале со истиот муабет кој го објаснуваш погоре. Ја ставаш на нокшир што порано тоа подобро за да научи. И на крај одвикнувањето се случува само кога детето ќе биде свесно за тој процес. Дали било во 1982 или 2020 свеједно. Тоа е чиста биологија.
     
    На Milaаа991, happygirl, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.245
    Допаѓања:
    166.039
    Кога тогаш? Во 80-ти? Во 80-ти не се користеа памперс од проста причина дека не беа популаризирани. Исто како што од којзнае кога постои робот правосмукалка, ама ретко кој ја има (или барем јас ја немам). Дали не одвикнале за да не перат, или просто на дете му е многу непријатно да седи во мокра пелена, или не знам веќе и како е изводливо да се движи со платнена пелена... тоа се веќе варијабли.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Абе какви варијабли кога се знае возраста која е. Седеле не седеле се одвикнале после две години.
    А од каде тврдиш дека не ги користеле мнозинството имаш некоја статистика или? :)
     
    На kukla21 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.233
    Пол:
    Женски
    Затоа реков јас и мајка ми. И претпоставувам дека ти од некое поразвиено место од Мк потекнуваш, јас да знаеш од кај сум уште не сме во 21ви век, струја и вода нема секогаш, интернет ретко кој има, превоз нема и слично, не пак информиран родител што и како треба.

    Едит: Се зафркавате вие? Брат ми 2000 е роден па платнени пелени имавме. Какви 80ти години и памперс. 80та година не потсеќа на бебе закачено на ѕид и како кака така каката надоле си тече...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Те разбрав, но тоа е малцинство. Само во Скопје 30 години број на жители е преку 700.000 речиси пола од населението во Македонија. А остаток е личен дострел. Еве ти иако потекнуваш од мало место каде нема вода и струја погледни колку далеку си стигнала. Знаеш и на интернет да пребараш и на форуми да пишуваш и така натаму.
    Исто и тогаш било. Некои напредувале некои не.
     
    На mal.ecka, happygirl, Coco31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.245
    Допаѓања:
    166.039
    Немам статистика, имам логика и малку меморија. Ако излегле на пазар во 1978 ко што рече, а ние (средна класа во Скопје) не сме ги употребувале, значи не биле масовно во употреба. Колку време му треба, според економска теорија, на еден тотално нов продукт да се пробие на пазар, па уште во време на Југославија, кога нема потрошувачко општество? За тотално оф топик аспект се фати и не е продуктивна дискусијава, барем не во оваа тема.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Оф топик:
    Имаш навика во дискусија да ставиш теза на која не можеш да се држиш бидејќи се темели на лично мислење и потоа да ја класифицираш дискусијата како оф топик. Втор пат ти се дешава со мене во дискусија. А мене не ми се допаѓа тоа. Или дискутирај или пријави се за модератор.

    Не реков во 1978 се појавиле туку дека и тогаш ги користеле. А чим ги користеле им требале и биле на пазар.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Во раните 90ти имало и памперс и АД млеко.
    Не се користеле. Немало маркетинг.
    Моите ги купувале само за на одмор,како луксуз биле за нив.
    Мајка на другарка ми кажува дека било "скапо" ама морало така. Луѓето околу се чуделе што му дава на детето.

    Инаку одвикната сум на 2 ипол години, изгледа не сум била од напредните деца.
     
    На kukla21, mimiiiii, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Кај мене малата ( нареден месец 2 год) , уште на почетокот почна да кажува "моча моча", и за мочање и за какање. Се бунеше на нокшир, ама тоа е кај сите деца и не е ништо страшно. Барем ја не го гледам така, за какање ја оставам во гаќи да кака иако и нудам цело време нокшир. После некој ден сама си кажуваше моча, и си вршеше работа на нокшир, значи сфатила што треба да прави..ама еве ја 3-4 дена инат ми тера, ме гледа и си мочка во гаќи, а кога ќе ја легнеме навечер да спие, станува и 5 пати ќе те натера да седне во нокшир, ќе пушти зорле 2 капки и ќе седи така за да не легне, значи детето знае што треба да прави. Е сега, си мине низ некоја фаза, како и секое друго дете..тера инат и тоа е тоа..и знам дека ќе помине, ама во ниеден случај не го сметам како не спремно.

    Уствари ја и на целата ситуација гледам поинаку..велите да ги чекате кога ќе бидат спремни, само да си кажело..ами детето ако не му покажеш ти може и на 4 години да биде не спремно..а мене по некоја логика, дете што бара јола на акумулатор, знае да зборува и јавно да се бунтува за тоа што сака а што не сака, некако не ми иде во глава уште да носи памперс ! Е сега, јас сето тоа го префрлам на родителите, на детето му е убаво д моча во памперс, а на родителот уште поубаво само да го смени, да не трча по него, даа брише мочки и гомна на секои 15 мин и устата пена да му фане од прашување. Па и згора на тоа се откажуваат после една недела користејки го изразот "уште не е спремно" , а сите знаеме дека тоа е процес и дека треба доста време. Па зошто би се откажале уште првата недела ? Мрза ? Или што..? Па има дечиња кои пред 2 години се одвикнуваат од пелени за 2 недели, а има дечиња на 3 години им требаат 3 месеца..што да правиме тогаш ?


    Целиот овој процес, е сличен како доењето, има деца одма фаќаат цицка, има деца треба да се помачат за да фанат. Или па после плачат, па мајките миаслат немеаат млеко. Значи пак откажување од страна на родителот!

    Или пак : Не фаќај во шољата.
    Зинала да плаче "вааа"

    Или: Не фаќај во ѓубрето
    "ваа"

    Или: Ајде во градинка !
    "ваа"

    Или: Ајде на школо!
    "ваа"

    Ох ништо тогаш..детето не е спремно, нека фаќа во шољата кога ќе порасне ќе научи дека не треба ,не го праќам во градинка плаче, нема ни на школо да оди коа ќе биде спремен на 8 години ( ако и тогаш сака) ,ќе го пуштиме!

    Ајде множење/делење.
    " Ама мамо..не знам, нејќам математика.."
    Добро бе сине, ајде наредната година ќе го учиме ова..

    Што мислите ова не е траума за деца ? Сите тие негодувања и плачења ? Еве ја ќерка ми, влезе во фаза кај што се и е не ..Маме дојди да те ичешлам ќе одиме надвор "Нееее"
    Дојди да те облечам "Неее"

    Што е поразлично ако ја земам и ја ставам на нокшир, како што зимам и ќутенката ја чешлам, облекувам, затоа што ова не е од сега. Она може да пишти за секоја ситница, е сега како тоа е во ред..ама ако седела на нокшир одма траума бе ?

    Еве ги внуциве, мислам оти они знаат што е траума..цело време им се караа мајка им и татко им, се тепаа ,дереа и што уште не ( сега се оставени 3 месеца) , па кога ќе ги видам децата весели, среќни, спремни за игра. Можеби кога ќе пораснат ќе се почувстува нешто, меѓутоа кој на денешно време не е депресивен? И тој што има се, на пример познати актери, со пара, и можност да имаат се, па пак се самоубиваат, дрогираат и сличнно. Сакам да кажам, дека децата се попаметни и поиздржливи од тоа што мислите. Само родителите се тие кој што си ги прават децата не спремни, и тешко се осамостојуваат како личности.
     
    На Kitten, Spidy и Kokomama87 им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски

    (facepalm)
    имаш проблем со сфаќање што е всушност депресија. Не дај Боже некогаш до дознаеш каква навистина е депресијата.
    За трауми - за одвикнување од пелени детето треба да е пред се, физички спремно. Физиолошки, организмот е спремен за одвикнување најрано на година и пол, кај некои на две години. Зависи од развојот. И тоа не е нешто поврзано со зборење или интелигенција, туку едноставно, организмот треба да биде зрел за да се почне со процесот на одвикнување. Односно, мускулите стегачи на отворите да бидат функционални, а после тоа и доаѓа сфаќањето и освестувањето за тоа зошто се пелените и до кога се носат.
    Ако мало дете ти тера инает, ти терај уште поголем инает, слободно. Фин начин за воспитување деца. Да видиме кој поголем инает ќе испадне ;)
     
    На ludoto19, AlicaInWonderland, cisifio и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Од 15 Мај почнавме со одвикнување ако тоа нешто значи! Детето супер тераше до пред 3-4 дена како што напоменав. Според тебе не е спремно ? И ако најрано може да се одвикне на година и пол до 2 ,зошто се чека до 3 години ? Не знам кој кого не сфатил у муабетов..


    Едит: Уствари од целиов муабет, најмногу ме изнервира што спомна "фин начин на воспитување на дете" ..од каде ти долови јас како го воспитувам моето дете и дали терам инат ? Ете тие ваши осуди пред време притисокот ми го качуваат..ама нека арно ми е и онака сум со низок. За депресијата не правам муабет, да не испадне дека и тоа не го знам..
     
    Последна измена: 23 јуни 2020
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Па треба и психички да е спремно. Најрано може да се почне на 18 месеци, ама дали ќе прифати е работава. Или со инает ќе го решиме? 90% ако не и повеќе, почнале да тераат инает, како што ти кажуваш, после некое време од почетокот на одвикнувањето ако не се спремни. Оти тој инает го нема кај психички спремно дете и за ден-два се учат?
     
  16. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Претходно се едитирав.


    Ама јас убаво кажав, детето кажуваше и за мочање и за какање, плус уште од првата недела пелени суви и за преку ден и за навечер вадев, што е реткост. Ни надвор не мочкаше, кажуваше и си чуваше до дома. Никој никаков инат не терал..само не знам како долови ти дека е така ? Тоа што напоменав дека овие 3-4 дена ми тера инат е водење муабет, децата менуваат од ден на ден, еве ја денеска цел ден мочка во нокшир, и самата кажува, и за какање кажува ама не сака да седи кога и се кака и ја оставам да заврши работа во ќоше. Ве молам нареден пат без претпоставки додека не се установи вистинската приказна.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Првиот пост ти е целиот во смисла ако дете вришти дека не сака нешто, ти со сила ќе го натераш да направи, т.е ќутенката ќе си тераш по твое, а детето нека плаче. Пошто така побрзо ќе се осамостои. Ако тоа не е инает, не знам што е. Извинете госпоѓо што се дрзнав да Ве осудам за воспитувањето на вашите деца.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Еве ова објаснување ми требаше.
    Пошто сите се распишаа што мислат ,а никој не кажа како е.
    Како да знам дека е спремна? Треба да пробам, така? Ако се противе да престанам и да и вратам.
    Мојата сега направи 17м, постојано е со осипи и ова ми е едина битна причина .
    Има ли фајде да пробам или прерано е?
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Пробај, ама ништо на сила. Почни да разговараш и да објаснуваш, притоа и со личен пример да покажеш. Ако прифати супер, ако не, за некој месец пак пробај. Сите деца се различни, некои порано, некои покасно се спремни. Кај девојчињата обично побрзо оди тој процес.
     
    На duffi, Spidy и BabyT* им се допаѓа ова.
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Фала многу. Ќе пишам што сме направиле може на некој ќе му помогне.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.