Ја мислам оваа фаза ќе ја завршиме тек наредно лето. Неќе и неќе. Гаќи носи, ќе се измочка во нив и плаче дека е мочана Или ќе почне да моча и ми вика “мама јас тука моча,ако?” И тоа е било каде, на тепих,на ламинат,надвор.. секаде. Нокшири два купив, го користи како столче. Шоља неќе, ама ми рече дека сум лоша мама,оти сум ја користила нејзината шоља Мислев летово ќе ги тргнеме, ама но-но.
Биди упорна, таман ќе ти се олесни работата кога ќе дојде новото бебе. Првата ќерка ја одвикнував од мај, до крај на август. Процес е, неможе секогаш да биде "преку ноќ".
А знаеш колку е полесно да биде преку ноќ? Со малиот син ми беше буквално така, преку ноќ. И затоа сум да не се форсираат децата на одвикнување кога не се спремни. Ако се спремни, сами ќе ви кажат и покажат. Не е во ред процесот да трае со месеци, кај нас последиците траеја со години. За недела-две, треба да се заврши.
Се сложувам и со ова, но јас не сакав да ја чекам ќерка ми да направи 3 години бидејќи баш на почеток на лето е родена. 2-2 и пол години се таман за одвикнување од пелени. И во контекст на членката, ако веќе почнала не треба да се враќа назад, само се збунува детето.
Немам почнато јас ништо. На неколку пати ја оставам по гаќички, но не со намера за тотално тргнување на памперсот. Чисто за разладување Само ја учам каде се врши нужда, дека е време и е голема за во купатило да оди а не во памперс. Не гледам збунка тука, збунување би било да ја оставам ден два, па пак да и враќам пелени... Неќе, нема ни С од спремност она. Ама мое е на секое одење во купатило пак да ја потсетам за што и како служи..
Мојот е поголем од твојата дада. 2г и 5м скоро па никако не е спремен. Не сака да седне на нокшир, ни на адаптер, ни шоља. Буквално има одбивност. Ќе се помочка во гаќи и толку. А за какање се стиска. Не сакам и не планирам да правам притисок. Нема дете кое останало во пелени .
Од стискањето ми е најмногу страв. Проблем плус ќе и направам така. Некогаш е расположена и ми кажува дека сака да седне на шоља и да ја држам за да мочка, ама тоа е повеќе како игра, пошо само еднаш -два пати има успеано да се измочка. Стално е со мене во купатило, после кажува по сите мама мочка/тато кака шоља.. Ќе биде еден ден. Мене до 3 год ми е нормално некако да е дете во пелени.
Сепак на крајот родителот најдобро си го знае детето. Сакав само да споделам од искуство, бидејќи скроз различно поминав со двете деца, едното го одвикнувавме 3 месеци, но имавме челични нерви, и сепак на крајот не беше ништо на сила, едноставно поспоро течеше процесот. А со помалата ќерка мислевме дека ќе има проблем зашто скоро ич не збори за разлика од големата на иста возраст. Исто така како и секое дете, почнавме со помочување во гаќи и по паркети, но се на се процесот траеше 2 недели. Многу брзо го прифати нокширот. Сега ставам само за спиење пелена зашто се случува некогаш несвесно да пушти. Мора од некаде да се почне.
Вика мама ми се кака.Ајде и викам мами во вц,сакаш на шоља,не ајде на нокшир. Плачи несака во нокшир,гола на ламинат да се какала Едвај ја убедив бар памперс да ставам. И?? Навистина незнам што да направам.
Ретко кое дете сака од прва да седне на нокшир или на школка. Непознато им е, се плашат, мислат дека ќе паднат.... Јас син ми со месеци после одвикнувањето го издржував за какање, па потоа почнав постепено да го спуштам да седне и јас седнував до него на земја и го држев за рака додека се опушти да види дека нема ништо страшно. Кај машките е полесно за мочкање, учете ги стоејќи, во када, во двор, или она писоарчето жабичка е супер и вреди за сите пари. За момево да пишам... има скоро 16 месеци и веќе почнав да ја запознавам со процесот. Ја носам со мене во ВЦ, со батко и исто, и даваме да пушти вода и објаснувам.... За какање веќе ја сфати работата, кога ќе и се прикака веднаш трча во ВЦ и или ќе се искака во пелена или се тегне да и ја тргнам па клекнува на плочки и таму сака да кака. Да седне на нокшир или на школка не сака, да ја држам исто не, затоа ја оставам така клекната и ја подметнувам пелената оздола и завршува работа. Неколкупати и бербат се направи, ама и тоа е делод процесот.
Нокширот ни стои во вц,па јас седнувам на шоља таа на нокшир,па демек пушта вода и се тоа,не и е непознат. Некни се измочка во него,ама не сака да кака.
Со синко во мај направи 2 до октомври извадивме преку ден пелени. Малава сега ќе полниме 2 абер нема ниту збори ниту знае нокширот за што служи. Ја седнувам зборам правам чишшшш по препорака на логопед да седнуваме ако е мала но свесна сум дека нема ништо да постигнам
Не се секирај воопшто, пробав и јас така еднаш, исто не одеше и никому ништо, и ставив пак пелени. Па после тоа сама си побара гаќи и баш преку ноќ ги тргнавме пелените, страшно е полесно така отколку и двете да се мачите со месеци. Ќе биде секако работата, па поубаво што е можно полесно да помине процесот. Нека те гледа и тебе во вц, направи ја нормална работата, зашто нели, и е нормална. Јас ни награди давав ни ништо, едноставно си е природна работа и толку. Сите мочкаат и какаат, прво во пелени, после на нокшир или шолја и тоа е.
Без неа одам во вц само кога спие Стално е со мене она. Воопшто не се преоптеретувам со ова, верувам дека сама кога ќе биде спремна ќе покаже дека сака на шолја. Некое на годинка, некое на четири.. ќе се тргнат пелените еден ден секако.
Моево денес седна на нокшир за какање, не протестираше, претходно воопшто нејќеше да седни. Па се покака малку и браво му направив, го пофалив г Го сетив и одма го слеков, нокширот си стои во дневна. Не сум и јас уште во процесов, но сакам полека полека да се навикнува, оти од 9 месеци го издржував за какање, што убо му беше чисто газето, без црвенила. Па после еден период не сакаше ни да го издржувам, се криеше за какање. Ќе видиме како ќе биди, барем за какање да кажува за сега.
Јас гол го оставам дома чим му се мочка/кака одма трча во Вц и си седнува на нокшир Вака нит има какано, нит мочкано низ дома Да му влезе во навика, и после гаќички ќе носи Да видиме и така дали ќе трча на нокшир Оти две недели со гаќи немаше ефект све во нив си "бркаше"работа само 2/3 пати кажа дека му се оди во Вц
Majki imate li koristeno gakicki za odviknuvanje i da mi pisete nesto poveke Bidejki probuvame na noksir,na solja ama ne sakame nikako Mu oblekov vcera pamucni gakicki i rece deka ke kaze za mockanje ama nisto 2 god sme
Детето кога ќе биде спремно одма ќе ги фрли пелените. Јас пробав на 2 год и видов дека не е спремно(не сакаше да седи на абе, ќе се измочаше в гаќи и ќе си заминеше како ништо да не било). А на 2 год и 4 м за три дена ги откажа пелените дење-ноќе, без никаква мака, нервози... Секое успешно мочкање во абе беше со аплаузи и такви работи И ги откажа на сред зима, зошто мора да е лето посекако е топло дома.
Веќе 6ти ден како го тргнавме памперсот. За преку ден ми кажува кога му се мочка/кака. А за навечер нз што да правам. Вчера го оставив во гакичќи и сабајлето беше малку мокар. Не сакам да го збунувам со памперс за навечер но не сакам и да спие мокар. Многу пати и му беше скрос сув памперсот затоа пробав да спие без. Сега пак го успав без памперс... нз дали ќе биде мокар. Како да го убедам да ми кажува и навечер? Инаку е 2ипол год.
Јас процесот го почнав на почетокот на јули затоа што ќерка ми ги вадеше пелените постојано и шеташе гола, не сакаше никако пелена, инаку е 20 месеци. Првата недела беше катастрофа по 10 пара гаќи измочкани на ден, после тоа почна да кажува за какање, а за мочкање ништо. Ако ја седнам на нокшир и заврши работа добро ако не кај стигне си клекнуваше и од кога ќе се измоча ќе каже. Сега веќе почна да кажува и за мочкање, па мора да се даде аплауз и браво да се каже. На спиење и ставам пелена но почесто е сува, многу ретко и е моќна.