Јас на почетокот првите 1-2 недели за навечер ставав памперс гаќички и му кажував дека се гаќи. Некогаш памперст беше мокар ама почна почесто да е сув. Значи за навечер така теравме недела, две. После тоа и за навечер ги тргнавме и почнав да го будам еднаш во текот на ноќта инаку обавезно мочкан беше. Сега после 2 месеци сам станува ако му се мочка, иако јас гледам ако имам можност пак да го разбудам. Така да полека ќе научи и за ноќе битно е трпение и на детето самиот процес природно ќе му доаѓа.
Ајде да си го кажам и јас нашето искуство. Син ми минатото лето наполни 2 години и одма по роденденот почнав да го учам за да кажува кога му се мочка/кака. Го прашував буквално по 1000 пати на ден додека да почне сам да ми кажува. Не верував дека за 2 недели ќе се научи, но се научи, што беше уште по интересно по 1 месец почна и сам да се соблекува и мочка Одма од кога почна дента да кажува му ја тргнав и ноќе пелената и мислам дека тоа е многу битно за да не ги збунуваме. Обавезно мочкаше пред спиење и во текот на ноќта се будев да го прашам дали му се мочка, или ако осетам дека немирно спие обавезно прашував. Воопшто немавме проблем, а сега ќеркичката е 21 месец и сакам да и дадам уште малку време, мада кога ќе се искака обавезно доаѓа и ми кажува дека имала кака. Кога ја ставам во базен излегува надвор и вика мочам но не клекнува него стоечки моча . Раат е да се научат мали да кажуваат, се надевам ќе ја имам истата среќа и со неа како со брат и, но како што е инает којзнае
Јас уште немам почнато со одвикнување. Ме интересира машките за мочкање како се учат, со седење на нокшир или стоечки?
Од моето скромно искуство многу подобро е стоејќи. Купи му го писоарчето жабичка многу е практично и интересно.
Го научивме уште на самиот почеток да стои и искрено многу се каам. Инаку од старт мочка во шоља, нокшир не сакаше. Кога се обидов да го натерам да седи и да мочка веќе беше доцна. Поинтересно му беше да стои и немаше шанси да го предомислам. Од моментот кога ги тргнавме пелените до ден денеска (има 6 години) по секоја негова посета на тоалетот, јас трчам и чистам шоља. Не дека секогаш греши, се труди да биде внимателен и прецизен ама мноооогу често морам да интервенирам после него.
Јас првите неколку вечери му ставав пелена одкако ќе заспиеше, и сабајле одма штом ќе станеше му ја вадев и на нокшир седнуваше. Не ни приметуваше дека носел пелена.
Веќе 2 вечери не му ставам памперс и не се помочка. Еднаш стана и си кажа и мочкаше а вчера ниту еднаш не мочка во ноќта. Ќе продолжам така па ако има инциденти ќе менуваме чаршави Сега само се плашам за во градинка. За една недела почнува, имаа 3 нед одмор. Таму сигурно нема толку да му посветат внимание... да гонпрашуват дали му се мочка...дали ќе го слушнат кога ќе каже дали ќе го разберат (во германија сме).... дали ќе сака на шоља...мислам дека немат нокшир...
Денес одеднаш и текна дека не сака памперс. Сама си го извади,го фрли и кажа дека и се кака. Се покака во нокшир и беше пресреќна,го гледашеси кажа бравос,па му кажа чао. Ама мислам дека не се доискака убаво,во памперс повеќе каки има или само така изгледа Сега што,не сум спремна,? За мочкање не кажува.
Да да обични како за нас, имаш на тритекс, силви стајл струшките, донела, во вајкики. Јас на почеток кога се одвикнуваше изнакупив од тезги што се 3 рала за 100, пошто првите два дена по 10 пати менував, па ми требаа повеќе рала. Супер е сега лето и од ма се сушат. Идеално е сега времето и долу немора да и ставаш ништо може само по гакички и маичка.
Имало некои внатре осеќа дека е водена, а надвор се како мушама не пропушта. Јас немам такви користено не знам ама мислам ќе ја збуниш со нив, да си тераш со обични гакина.
Мојава веќе втора недела е без пелени (освен за спиење). Сама ги отфрли постепено и почна да бара да носи гаќи. На почетокот прво мочаше во нив, ама и’ сметаше, плачки беа зошто и’ течело по нозе. Сега веќе кажува и мочка на нокшир без проблем, сама вика ми се мочка, трча, соблака гаќи и седнува. За какање прво бараше пелена, па имаше два дена кај што воопшто не какаше, се воздржуваше и на крај вчера се искака во гаќи и се одра од вриштење Сама си викаше после тоа не пАи белји, во гаќички не се кака, тЕба на нокшиЧе да седнеш Се надевам ќе се опушти наскоро во нокшир да проба да се искака, засега нејќе да чуе, а најголем страв ми е со какањево да не се стиска, оти какачка си е Воопшто не форсирав инаку за одвикнувањево, пробав пред месец дена со многу зборување и облекување гаќи, ама протестираше и ја оставив, не беше спремна. Сега сама побара да извадиме пелена, откако почна да и’ смета кога е полна. Веднаш штом се измочкаше во неа бараше да и’ ја сменам одма и плачеше, за на крај сама да рече нејќам веќе, сакам гаќички. Оставам полека да се одвива процесот, па ќе видиме. Две ипол години е инаку. И да кажам, на почетокот сакаше на шолја со адаптер да седи, нокшир нејќеше да види. Сега вика нејќела на шолја, во нокширче сакала и ете, успеа на нокшир стварно.
И ние ги оставивме пелените пред две недели и одма и за навечер ги извади. Ако и покажам пелена се лути и ја фрла. Прво пред некој месец пробавме ама не сакаше ни да седне на нокшир сега си кажува и трча накај купатило. А како што не збори само да ја гледаш е како кажува дека и се кака мочка. Вика мамаааа и почнува да стенка, а за какање вика мама бљаки. Битно сеуште ко ќе ја прашаат како се викаш одговара : Бебе
Навечер не мочка во гаќи, или ја стануваш на нокшир? На мојава некогаш и’ е сува пелената кога ќе стане, ама најчесто е полна, мочка преку ноќ и страв ми е да и’ ја тргнам. Денската дремка од +-3 часа ја спие без пелена и досега се нема измочкано, ама за навечер не се осмелувам да и’ ја тргнам.
Ако се разбуди сама ја ставам да мочка ако не не ја будам оти после амин заспивање Ама затоа сабајле трча и полни до горе
И јас не сум тргнала ноќе. Исто, некогаш сува, некогаш полна. Вода исто пие. Ноќе не би да ја будам. Ќе се ококори, после оди легни ја.