Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Јас по совет од другарка го оставив без пелена по една недела од денско одвикнување. И првата ноќ се измочка, втората пушти па кажа, од третата ноќ или се буди сам или дури сабајлето мочка. Иначе секогаш преполна пелена имал пред тоа. Сеуште се случува да се измочка ноќе кога спие Многу цврсто ама ретко е тоа. Само лесно ми беше со мене спие па можев одма да менувам постела. Ако добро памтам твојата сама спие па потешко е така.
    И многу слабо збори кака вика и за мочкање и за какање.
     
    На ludoto19, Coco31, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    Тргајте пелени слободно , заштите кревет кај што спие со водоотпорно чаршавче за сваки случај само . И јас полни пелени вадев наутро и како ги тргнав ноќе наеднаш ситни грешки минимално напраи да пуште у гаќиња , а пие течности ноќе , не будев никоаш тоа беше голем ризик :D едино ако а приметев да претка поеќе а прашував да не и се мочка случајно , ама ретко ставаше .
    Од лани е одвикната на 2г до сеа мн ретко се буде за мочкање држе до сабајле , ретко кај 5 станува мочка и пак у кревет , сеа веќе и сама рипа од кревет оде мочка и се враќа и купче спаванац..
     
    На Coco31, Chantal и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Исто, многу вода пие и затоа ми е страв. Чекам да почне почесто демек со сува да станува, па да се ослободам да тргнам.
    @Chantal не спие веќе во својата соба сама, си ја земавме во спална со нас и сестра и’ (едвај ја убедив, многу ми фалеше :inlove:). Е сеа, ако ја разбудам за мочкање, може да ја разбуди бебка и да се бафтаме со саати. А пие и многу вода пред и за време на спиење. Заштитно чаршавче имам, ама мислам најдобро ми е да почекам уште недела две. Секако месецов планирам скроз да ги тргнам.

    Туку имам едно прашање. Додека се одвикнувате, како одите на шетање? Сакам во зоолошка да ја носам, значи 2-3 часа сигурно би се задржале, а не сака на шолја или било каде на друго место да мочка освен нокшир. А плус ќе пие вода/сок сигурно додека шетаме. Чаре?
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    На почетокот чекав да мочка па излегував од дома. Имав и нокшир во багажник, еднаш на паркинг покрај кола во нокшир мочкаше. Резерва облека дупло носи си и да се измочка не е страшно. На почеток и мојот не сакаше на друго место после се навикна.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    7.723
    Пол:
    Женски
    Јас ја издржувам кога сме излезени. Ќе ја залажиш некако во некој скриен дел као тревата да ја навадите. Првите неколку пати ќе и е чудно и може да се противи, но ќе навикне. Јас така на почетокот кога излегувавме и ставав пелена да не ми се измочка, а кажуваше па почнав да ја издржувам и сега нема гајле.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ќе ја мочкаш пред излегување и ќе носиш екстра облека со тебе :)
    И моево не сака да мочка надвор, па мм ја лаже како кутре да мочка и некако ја убедуваме :)
     
    На Sexybaby86 и Chantal им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    И мојот нит во пелена, нит гаќи мочка/кака :handshake: чим стане сабајле пелената му е сува барут :) и одма "мама кака", си влага у вц, вадиме пеленка и локва мочка. Значи ни во сон не мочка :)
    И на секое си кажува, си бара стриктно на нокшир8-|
    Мислам дека процесот беше успешен:makeup:(fingers) Побргу од што очекував :) Мислев дека до септември ќе се учиме,ама еве го релативно брзо се научи :)
     
    На mal.ecka, Coco31, babydust и 5 други им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Браво мајки.
    Јас можеби некаде грешам. Не сака и не сака да седне ни на адаптерче, ни стоечки, ни нокшир.
    А се осеќа. Кога му ја вадам пелената не мочка. Ми вика да му ставам пелена за да мочка. Значи знае.
    Ми остана уште да го носам заедно да бираме нокширче. Немам друга идеја.
    Страв ми е да не му створам одбивност, па да направиме поголем проблем.
     
    На Majjja, vitamina, kukla21 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    не се секирај нормал е така , пробај уште со тоа да бирате заедно , и ако неќе и тогаш направи пауза од недела две апсолутно не спомнувај , па пак пробај
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.839
    Допаѓања:
    109.355
    Пол:
    Женски
    Не инсистирај на нокширот и да мочка седечки, машко е, нека моча во кабина и да стои или што и да имате, на мојов тоа во старт му се виде најинтересно.
    Сега комплет е префрлен на писоарчето, ако го немате веднаш да набавиш :)
     
    На Lolipop23 и duffi им се допаѓа ова.
  11. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Оставиго недела две да заборави. Скрос истото ми се случи баш пишував овде каков инает водеше. По нецел месец од тогаш за два дена ги остави пелените и денски и навечер.
     
    На duffi, ludoto19, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Еве сум пак, од денес не само што мочка во нокшир, туку и кака :party: Си кажува ми се мочка, соблака гаќи и седнува. Нема грешка направено цели две недели :party: Арно ама, ноќната пелена и’ е утоп деновиве. Многу вода пие додека да заспие, се троши преку ден, нонстоп е во покрет и не секогаш и’ текнува да се напие, па навечер надокнадува. Синоќа се разбуди околу 2, закенка и кога ја пипнав имаше утоп направено и пижами, и чаршав и покривка. Значи засега не доаѓа во предвид да и’ ја тргнам ноќната. За денската дремка спие без пелена и се нема измочкано досега. Ќе тераме со ноќната уште некое време, и вака сум задоволна од напредокот, одма се научи. А само ко ќе ми текне пред еден месец колку очајно пробував и имав изгубено секаква надеж.
    @duffi не му е дојден моментот, остави го сега и пробај пак за некоја недела. Јас мислам за машки и полесно оди оти мочкаат стоечки (fingers)

    Сеа пак да прашам нешто :D Кога се преминува од нокшир на адаптер на шолја, после колку време да пробувам? Уште одма да ја терам мислам рано е, ама сакам на шолја да се научи.
     
    На duffi, ludoto19, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  13. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Јас мислам сама кога ќе покажи интерес. Мојата претежно е на шолја на нокшир ептен ретко доколку е зафатено вц, на почеток беше повеќе на нокшир сега обратно. За какање од почеток е на шолја, воопшто не сака во нокшир да кака, дури и ако де мочка на нокшир вика ај сега на шолја да седнан да се покакам.
     
    На Ano, duffi, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.983
    Допаѓања:
    123.618
    Мојот две недели дали беше на нокшир. Еден ден на адаптер и џабе го купив на шоља седи ама јас го држам.
    Сепак си зависи од детето.
    Само мојот, сеуште прави грешки за какањето.
    После тргање на пелена, одма укапира , ама се стега за какање. Вика несакал да го пушти го**ето :( А си какаше претходно после секој оброк. Сека малку мака мачиме :(
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    И мојава се стегаше, и вчера виде не виде вика сакам да какам на нокшир. И седна и се покака, дури не ми се веруваше. А претходно само викаше ме боли мешето (дека полни цревата), и ја премолив - те за нокшир, те за адаптер, дури и’ реков и дај пелена да ти ставам да какаш, не и не. Ќе видиме деновиве како ќе оди (fingers)
     
    На Coco31, eli25 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.546
    Пол:
    Женски
    Дафи, сва среќа што те прочитав.
    Мојот беше ист.
    Јас во себе се борев, капак на се нормално нели и со околината се борев, среќа па дека сме далеку иначе не знам како ќе ме служеше паметот.
    Никој не ми веруваше дека дете 500 пати се засекна, не сакаше да кака/моча, беше свесен за се, збори растура но, пелената ако ја вадев или не ставав силно врескаше не сакаше без пелена, и со ништо не се залажуваше се додена пелена не ставевме, а го оставав така ќе се засекне нит кака нит моча никаде се додека не ставам пелена.
    Така се тегневме многу многу одамна.
    Едноставно решив сите да ги игнорирам и бев цврсто убедена како за се до сега па и за ова ќе му дојде денот.
    Така имав претчуство, не го секирав, не го раздразнував за нешто што едноставно он не беше спремен. Го оставив.

    Да едно утро се будиме и он вика "не сакам пано децата ќе ми се смејат јас сум гем"
    Толку беше
    Јас не знаев како да реагирам и што да правам
    Тргнавме памперс и почна сам да си мочка првен, после 2 дена ли беше вика сакам да какам сам, зема туте што преходно го мразеше тутето и сам се искака во соба и носи и вика геј се искакав сам како сите деца веќе децата нема да ми се смеат.
    Јас се збунив
    Искрено не ми се веруваше дека тргнавме пелена буквално како од шала од дете што мразеше нокшир гаки и све остало.
    Јас знаев дека еден ден сам ќе го откаже претчуствував до сега за се беше така никогаш не сум форсирала ништо тој сам од себе претходно све откажуваше.

    5 дена ставав навечер и видов дека 5 дена капка немаше пуштено и толку го тргнав.

    Буквално за 2 дена од еден ден се преокренавме на гаки и тоа беше тоа.
    "Мама јас сум гем ја носам гаки сите деца носат гаки" толку беше.

    Не знаеш како сум се нервирала и јадосувала за ова. Си велев леле голем е срамота е. Не сакав да ме напињаат молчев и мењав тема.
    Ама ете бидна.

    Не го форсирај уште малку сам ќе е спремен.
    Штом мојот вака ги откажа....
     
    На lackygirl, Sexybaby86, TeddyGrey и 6 други им се допаѓа ова.
  17. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Мајки, се мислам што да правам. 8 ми месец сум бремена, скоро 9ти. Синко има 2 години и 3 месеци. Купивме нокшир, му го покажавме неколку пати ама не можеме да му објасниме дека е за мочкање и какање, а и не разбира за што е и како да седне. Кога кака кажува дека кака или веднаш штом ќе се искака. Јас не дека со стомаков ќе ми е лесно да бришам по него ама страв ми е после да не задоцнам со ова. Купив и гаќички, не сум сигурна дека е спремен, а ако одложам за понатака, следува нагла промена во неговиот живот, друго бебе. Психички може да му дојде наеднаш, а и ќе залади. Искуство или идеа некоја?
     
  18. enaena

    enaena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    121
    И јас сум 9ти месец, малата е 2г и 7м и седи на нокшир но мн ретко мочка во него.. едноставно не е спремна. А и доаѓањето на бебе ќе биде доволен шок, па не планирам да форсирам.
     
    На Majjja, mal.ecka и K7M10J им се допаѓа ова.
  19. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.493
    Допаѓања:
    17.228
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш не е спремен тогаш не е спремен.Јас менував пелени и на големото и на бебето.Па на 3 год. без проблем без ни една грешка ги остави пелените.Ни навечер ни преку ден грешка.
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Не е спремен уште, дај му време, немој да го форсираш за да не створи одбивност.
    Во врска со бебето, може и полезно да му делува во насока на одвикнување. Ќе види дека и бебето е во пелени нели, па може да почнете да му зборувате дека само бебињата носат пелени, дека он е веќе голем и големите деца носат гаќички и мочкаат и какаат во нокшир. Ќе сфати со тек на време. Јас на големава така и’ зборував за сестра и’ и мислам дека и тоа имаше удел во одвикнувањето. Пробајте вака :)
    Во меѓувреме нека стои нокширот на видно место и секојдневно зборувајте му за што служи и дека треба таму да мочка и кака.
    Но засега остави го детето, и тебе ќе ти биде мачно сега да бришеш по него, а и психички ќе се оптеретуваш. Не ти треба тоа :) Башка има време, мојава еве сега на точно 2 ипол ги остави пелените :)
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.