Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    Имаме проблем. Веќе 4 месеци сме денски без пелена. За какање си кажува ама за мочкање ако не го седнам јас не кажува и си се помочува во него. Кога ке го прашам ти се мочка ли, стално вика не. Две години и 5 месеци е. Кажувајте совет или техника некоја.
     
  2. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    4.971
    Пол:
    Женски
    На 3 год син ми откажа памперс (некаде мај годинава) релативно брзо и лесно. Летото фатив ред го будев и ноќе стануваше и не се мочкаше во гаќи. Од септември навака како залади времево него ноќе мн тешко да го разбудам дури 2-3 пати утоп мокар ноќе го начекувам и тоа седел така подолго смрзнат и ми беше страв да не се испоразболи и скоро 2 недели му ставав памперс и за ноќе. Ама почна и на денско спиење да ми се мочка во гаќи, дали изгубил осет за ноќе... 2-3 вечери го оставам по гаќи пак мочка... и сега не знам како да продолжам, знам дека е голем за памперс 3г и 7м) ама и да се испоразболи со оглед на ситуацииве и тоа не оди...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Solen☀

    Solen☀ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2020
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Синко за мочкање се научи во рок од 3 дена и тоа стоечки во шолја како тато. :)
    Ама имаме мака за какање, не сака да седне ни на шолја ни на нокшир бидејки е научен стоечки да кака како претходно во пелена што правеше. Ништо не ни упали, ни награда ни уцена ни карање има страв седнат да кака и незнм како да го решиме. Сега не оди ни во градинка и поише изводи. Совет некој?
     
  4. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    А зошто карање и уцени?
    Уште толку страв му набиваш на детето вака.
    Со тебе во купатило, ти на шоља тоа на нокшир, секој ден нека гледа дека не е “страшен” тој дел и ќе се навикне.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Нема да се разболи, не му се секирај. Само намалете внес на течности 3 часа пред спиење, да не се налива, ептен ако му се пие некоја голтка само. Непосредно пред одење во кревет нека се измоча и потоа не би требало до сабајле да му се моча пак.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    4.971
    Пол:
    Женски
    Намалив внес на течности пред спиење, го будам мин 2 пати во ноќта и добро е тераме, не се мочка веќе. Ама памперс исфрлам за навек, грешка ми беше тоа.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Многу ме фати неспремна со оваа фаза па мора да прашам.
    Малата е 1г и 10м, сама изрази желба за нокшир и онака викам ај ќе пробам.
    Ја ставав за мочкање јас, а за какање кажува. Сега е веќе 6 ден без пелена и кога и се мочка се држе доле и ме вика.
    Е сега нешто ме маче, кога шетаме пелената и е сува и облекувам за секој случај, прегеска бевме испаднати 1ч и повеќе и накрај почна да биде нервозна а не сакаше да пуште во пелена. Дома си дојдовме и се измочка во нокшир.
    Така ми праве и навечер, пошто пие многу течности. Собира, не мочка и почнува да плаче и наеднаш ја протонува цела пелена.
    Не сакам да и направам проблем со бешика или слично.
    Дали да ја будам за на нокшир?
    Како да прајме за надвор кога шетаме?
    И дали во градинка би соработувале?
     
  8. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.839
    Допаѓања:
    109.355
    Пол:
    Женски
    Ја буниш, одма тргај пелената за шетање, ќе следиш, ќе прашуваш и да се подмочка ќе пресоблечеш, нема друг начин како да се научи.

    Пред шетање обавезно да мочка или да се понуди.
    Е сега како ќе мочка надвор не знам, малку ми е шкрто со девојче, со машко бе закон било :D
    Може мал нокшир да си носите во ќесе, што да не :)

    И за ноќното мој совет е да тргнеш, мое мислење е дека и така се бунат, едноставно осеќаат дека има пелена, па после и од тоа ќе треба да одвикнуваш.
    Јас будам само ако осетам дека ептен се превртува, но најчесто кога му се моча сам кажува и ме буди.

    А за држење и мојов држи, некогаш и премногу, но ако се заинати нема сила што ќе го натера да моча, а му се моча.
    Матичнава ми рече фаза било, но да се збори и убедува.

    За градинка немам искуство, но јас би очекувала соработка и би настојувала, едноставно не би враќала дете назад ради нивна неажурност или мрза.
     
    На Luna91, mal.ecka, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    За ноќното ми е страв ако ја тргнам пелената дека ќе не поплави. Само навечер пие 2л вода. На колку време би ја будела? Па и ако се расони ќе седиме до сабајле. Незнам ептен се мислам. Има 5 полни пелени навечер, ама се стега и накрај попушта и мочка.
    За шетање ќе ја извадам секако сега одиме на кратки прошетки..
    Ама пак ќе падне се во вода ако од понеделник во градинка и стават пелена.

    Знам дека е индивидуално, ама од прилика за колку време би се навикнала?
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    5 полни пелени навечер?
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.834
    Пол:
    Женски
    Во градинка во принцип ги ставаат на нокшир ако се во јасли, и нив им е полесно така, барем кај син ми беше. Детето ти е скоро одвикнато, само со пелениве се буни.
    Крати вода навечер, нека пие преку ден. 2л вода навечер се премногу и за возрасен, толку треба возрасен човек да пие во текот на денот, мало дете не. Ќе бидеш ригорозна во кратењето, немаш избор. Чаша-две, ок, ама два литри е стварно претерано, уште и на подолг период.
    Пред секое излегување нека мочка/кака обавезно. Нема потреба да носи пелена, исто и навечер, ама водата мора да ја намалиш драстично. Ако и се мочка, нека станува ноќе барем еднаш, јас ги будев моите кога ќе пиеја повеќе течности пред или после вечерата, за секој случај.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Бејби да пробаш да и намалиш некако пиење на вода?
    Да не јаде многу блага,солена или зачинета храна,па затоа да пие толку вода? Штознам,некако многу ми изгледа 4 л за 2 годишно дете.
    За пелените и јас мислам да ги тргнеш скроз и за ноќе и преку ден.
    За ноќе буди ја да мочка,штом викаш дека почнува да плаче и после ја полни пелената,значи тогаш треба да ја ставиш на нокшир.

    Прво дете од генерацијата без пелена,браво :clap:
     
    На lackygirl и BabyT* им се допаѓа ова.
  13. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Некогаш и 6 и плус секогаш претечена.
    Знам дека решението е кратење вода. Пробувам секако, ама ако не и наполнам се буди и плаче.
    Не е до храната во главно не користам зачини сеуште за неа, ние отпосле зачинуваме.
    Посетен е и педијатар и нема совет зошто пие толку вода. Знам дека е многу.
    Фала на советите, ќе ги применам и ќе видиме како ќе поминиме.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.834
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека си свесна дека не треба да пие толку многу вода. Да проверите шеќер во крвта? За секој случај, да сте мирни.
    Иначе таа количина вода не е добра за бубрезите, и особено ноќе не чини. Сфаќам дека е тешко да го слушаш детето кај што плаче, ама мора да се најде начин по секоја цена да се намали тоа.
     
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Проверивме, прво што ни падна на памет беше тоа, ама ок е.
    Ништо ќе кратиме, од толку зависности на крај на памет не ми падна дека од вода дека ќе биде.
    Педијатарот вели неможе штета од вода на бубрези ама мене цело време ми е мисла тоа и не е ок толку без разлика на се.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.839
    Допаѓања:
    109.355
    Пол:
    Женски
    @BabyT* нема што во понеделник во градинка да и стават пелена, нема ни да однесеш, ќе се објасниш до каде сте и дека си кажува, па и со нивен малку напор нема да има проблем.

    Мојов наеднаш пресече и почна да кажува, кликот беше да облече гаќи, чим ги стави почна да кажува.
    Буквално еден месец зборев и го учев каде се моча, толку беше тоа одвикнување.
    Од старт тргнав пелена за "секаде", но и лесно беше за навечер, он неколку месеци и се будеше со сува и ја полнеше штом стане.

    Вода мораш да намалиш, пие и мојов навечер, ако јаде и касно и солено обавезно барем два пати бара вода.
    Пробај во чаша/шише со што и да даваш да ставиш малку вода и тоа да биде. Колку пати и да се разбуди давај по голтка.
    Со изговори пробај да не даваш повеќе.
    А за плачење може и ќе плаче и ќе бара, буквално сите се исти, низ солзи сакаат да добијат што ќе посакаат.
    Биди упорна :hug:
     
    На Sexybaby86, Annath и BabyT* им се допаѓа ова.
  17. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Фала многу.
    Денеска тргнав за дремка, и не и дадов вода. Кога стана се измочка.
    Ќе видиме како ќе биде вечер ама штом тргнавме нема веќе назад.
     
    На babydust, Sexybaby86, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.171
    Допаѓања:
    17.688
    Будија на 2 саати, а инаку стави си водоотпорен чаршав. Јас ја будев малата недела дена и почна сама да ме буди кога и се мочка, а најчесто ја преспиваше ноќта. Ма да она и помалку вода пиеше.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам вечер со будење, но секако и ќе ја намалиме водата.
    Мене ми е само да не се расони, после да не презаспива.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.171
    Допаѓања:
    17.688
    Мојава не се расонуваше,одма продолжуваше да спие. Но сепак секое дете е различно. Пробај една вечер ќе видиш како ќе биде.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.