Здраво, јас го имав истиот проблем со ќерка ми. Сега е голема, но носевме пелени до 3,5 години. Бабите многу се мешаа, форсираа од помала да ги соблечеме пелените, на детето страв му се створи и до 3,5 години не сакаше да чуе. После пак јас не форсирав, не терав со сила. Самата си почна да си кажува. Сега и малото е веќе 2,5 години, сите само зборат ајде ајде, голем си. Тој кога ќе види нокшир бега, неќе да чуе. И пак јас не форсирам, кога ќе си биде спремен сам тогаш. Сите деца не се исти. Мој совет да не тераш со сила, само ќе влошиш, а ако продолжи подолго време да одлага вадење пелена советувај се со педијатар. И најважно, никогаш немој да ја споредуваш со друго деца и да слушаш злобни коментари како е голема или срамота. Поздрав и со лесноhug:
Ги одвикнавме на 2.5г кажува и трча за во тоалет или кога сме излезени се трај преку ден но проблем имаме преку ноќ не кажува со памперс легнува ја будам но некогаш ќе ме превари ќе се измочка.Сега сме 3.5 г. Заспива со млеко еден од причините за повеќе да полни памперс. Како да ја одвикнам се мислам да не и давам млеко пред заспивање има ли некоја мајка што сеуште се заспива со млеко
Исто и ние сме 20 месеци. И мојата збори ќе те продаде, али за нокшир да не чуе. Не ја форсирај, повеќе нервоза и правиш така, не и викај одам по нокшир, можеш да ја прекинеш кога и дошло зорт, да и се врати каката, ќе почне да плаче, нема да може да даде напон, ќе ја боли и мешето и газето, и што си напраила? Само лошо... Почни да и пушташ песнички, кај што го учат детето да седи на нокшир, има и книги за развој на децата со супер илустрации, полека полека, таман и ќе запролети, за 2-3 месеци пробај пак, ќе може и повеќе време да седи гола нема да и студи. Трпение спасение
Незнам колку ќе ти помогнам. Мојата пиеше по 2л вода навечер, тоа е еднакво на 7 претечени пелени. Кога почна да кажува насабајле немаше гајле, ама навечер хорор. Ем имаше осет дека не треба да се мочка ем неможеше да се воздрже, па на секое мочкање плачеше. Овде ме советуваа кога тргам пелена да тргам целосно. Па со тоа и го тргнав шишето и веќе не давав, имаше плачки ама 3 дена. Сега ако и се премочка еднаш си кажува, водичка сега пие ако и се пие стварно, а не се налива.
Леле ако сте успеале Вие, се тешам и ние, од утрово со плачки дека морала да пие млеко пред да спие ама ќе морам да прекинам Ќе се потажи
Ве читам нагоре и не можам да сватам сите пелените гожи откажувате над 2 години скоро Па што е со свекрвами уште од 6 месеци беше запната дека требало да се откажат пелени Дека она од 6 месеци керка и ја научила Изгледа не е арна женава а и јас по нејзин памет ке се замарам да го форсирам детето... Срека што ве прочитав пред да почнам
Порано така правеле, и сега има жени што ѓи седнуваат уште на 6 месеца децата. Јас никогаш не сум помислила на тоа..
Да го споделам и второто искуство со одвикнување на пелени, малку поинакво од баткото, но исто така успешно. И двајцата ги одвикнав во сред зима, декември месец, иако обично сите преферираат на лето, мојата логика е дека зимно време повеќе им смета кога се водени, па побрзо сфаќаат што треба да прават. Баткото имаше 23 месеци, а малава 20. Значи иако самото тргање на пелената беше на оваа возраст, сметам дека процесот треба да започне многу порано, со зборување, објаснување, запознавање со нокширот. Децата се имитатори, најдобро учат кога гледаат од возрасните, па така никогаш не сум им бранела да дојдат со мене во ВЦ, зашто мислам дека џабе е и 100 пати да зборуваш, ако не те видат дека и ти го правиш истото, нема да им влезе во глава (исто е и со миење заби, читање книги итн....). Така малата уште од 16 месеци почна да кажува дека и се кака, па ја тегнеше пелената да и ја тргнам, за да какала и она како мама. На почеток не сакаше да седне на нокшир или на школка, но тоа траеше ептен кратко (за разлика од батко и кој со месеци го издржував, таа брзо прифати да седнува). Значи на почеток не ја форсирав воопшто, пред бањање ќе ја седнев на школка, да поседи малку и да пушти вода, потоа еднаш дневно ќе ја седнев на нокшир да поседи, да го запознае и да и помине стравот. Во декември и ги тргнав пелените и и објаснив дека треба да кажува кога и се моча. За разлика од батко и кој сфати за 3-4 дена, нејзе и требаа 3-4 недели. На почеток ја седнувавме на пола саат и си мочкаше, ако заборавевме се помочуваше во гаќи. И требаше време за да почне да кажува, но не сакав да и ја вратам пелената од причина што не се противеше за седење на нокшир, што за мене беше голем плус и знаев дека кај и да е ќе и кликне. Така цел месец си се помочуваше по 2-3 пати дневно, но без карање и со објаснување ќе и повторевме што треба да прави и полека почна да сфаќа и да си кажува сама. Потоа и ја тргнав пелената и за денско спиење, а пред недела дена и за ноќно. Дење се буди сува, а ноќе морам да ја ставам еднаш за мочање, бидејќи многу цица ноќеска и знам дека ќе направи беља ако ја оставам така. Преку ден сега ќе и се случи да згреши, но ретко, ептен кога е заиграна, ама сега веќе и се скарувам и и велам ќе ти ставам памперс, на што вели -Неееееее и бега, не сака да го смисли памперсот. Така, од моето скромно искуство мислам дека неколку работи се клучни за успешно одвикнување, да му покажеш на детето со личен пример како се прави тоа, но не како лекција, туку суптилно, без наметнување, да доаѓа со тебе во ВЦ, па кога еден ден ќе посака, да му дозволиш да те имитира, потоа без присилување, значи во ниеден момент не направив нешто против нивна волја, ако увидев дека не сакаат и се противат немаше да инсистирам и на крај, да сфатиме дека тоа е цел процес и дека си треба време, дека не може за неколку дена да се научи детето (како што не може да се научи да чита и пишува на пример), туку дека си треба време, со месеци, прво вовед со покажување и зборување, запознавање со нокширот, па тргање на пелената, помочување во гаќи па дури на крај одвикнување. Тој процес некогаш може да трае и со месеци, ама битно е да оди полека и да се поминат сите фази по ред. И колку порано се почне мислам дека е подобро и за детето и за родителот и поминува без поголеми нервози (сметам дека е најдобро пред да почне периодот со тантруми, односно пред 2рата година да се почне со процесот, затоа што потоа се поосетливи, понервозни и потрагично доживува самото дете кога ќе згреши). Но пак ќе повторам ова е само мое мислење од скромното искуство што го имам.
И ние сме во обид за тргнување пелени, 2 дена веќе, 26 месеци сме, ми помогнавте многу читајќи ве, а се двоумев дали е пречка што е зима, но не планирам да сњ откажам, зашто за 2 месеци ќе одиме во градинка.
Сега ми треба мислење. 4 дена се обидуваме, пелени само ноќе, првата вечер суво извадив сабајлето, втортата имаше. Е сега преку ден не се противи да седне на нокшир, ја седнувам на саат време некогаш и помалку, но и покрај мнооолгу зборување и на секои 5 мин потсетување дека не носи пелени да внимава, само еднаш има кажано дека сака да мочка... честопати греши, сум ја седнала пред пола саат, па за 40 мин пак мочка... кажува откако ќе направи беља. Дали можеби не е спремна? 26 месеци сме
Купив нокшир со намера да ја учам барем за какање да кажува. Несака да го види со очи, а камоли да седне на него. Купив онаков како столче. Дали ја плаши дупката во столчето, или не е спремна. 20 месеци е веќе
Не се сеќавам точно кога прекина да носи пелени.. мислам дека беше на 3 години од прилика, и тоа не ја 'тренирав', ниту ја терав. Имаше нокшир, имаше капак за на шоља ако сака. Буквално сама прекина. Престана да врши нужда во пелена, ами си бараше да седни на нокшир или на шоља кога ќе осетеше дека има потреба. Некој период ја носеше сеуште пелената, за во случај да не и' се згреши, па кога подолго не направи инцидент, ја тргнавме скроз. Оф топик: Исто и за одењето. Никогаш не ја паткав. Сама ќе си се исправеше и со држење за мебелот низ соба си одеше. На 6 месеци се исправи прв пат, а прооде самостојно на 13. Битно ми беше таа да се чувствува доволно сигурна и да се пушти. Демократски систем
Не е спремна сигурно штом не дава знаци. Нека и стои да го гледа само така како предмет (ако си против тоа )
Мала е на 20 месеци. Нервните патишта за контрола на празнење на меур и дебело срево се развиваат околу и по 18 месеци. Сега зе сега запознавај ја со нокшир и шоља. Зборувај околу тоа, нека ве гледа вас или цртани за одење во тоалет и слично. Не форсирај ништо.
Јас сакав само за какање да ја научам. Не скроз да одвикнам од пелени. Гледам помали од нејзе кажуваат. Мислев касно е
Исто е какање и мочање. Кај некои порано кај некои подоцна ќе се јави инстиктот. Моето на пример прво се одвикна за мочање, па по 6 месеци почна да кака во нокшир и тогаш ги тргнавме пелените. Мочаше во шоља, какаше во нокшир. Секое дете е своја приказна.
И купив најобичен џиш боја нокшир. Го обожава. Само го носи по куќа. Морам и да го кријам. Некое време нека си игра да стекне доверба. Па после ќе пробам да ја седнувам кога ке затопли.