Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Ее полека малку. Многу напаѓате. Тоа исто како јас да кажам дека дете од 3 + год што носи памперс за мене е резултат на неупорност на мајките, само затоа што моето дете е без памперс од 18 месеци.:fubar:
    И да форсирав (ако може да се нарече форсирање). Ја запознав со нокширчето од околу 10 месеци. И стоеше кај играчките, па го користеше како играчка. Потоа почнав да ја седнувам кога правеше фацички, се додека не и кликна дека тоа е место за какање и мочање. Кога ќе завршеше работа кај што треба следуваа аплаузи, овации, 5 на раче и слично. Вложив мн труд, но вредеше. На 18 месеци се решивме од памперсот и дење и ноќе. Секој си одлучува за свое дете. Ако вие сте оставиле сами по себе да се случуваат нештата, а јас сум приметила дека имам простор да работам на тоа без да чекам, е одлука на родителот. Никој не е прав, ниту крив.
     
    Последна измена: 17 февруари 2021
    На PoisonGirl, kukla21, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    135.302
    Пол:
    Женски
    Седев до него и го држев за раче, чисто колку јас да се осеќам сигурна, инаку и да не го држев знаеше да седи, нормално ако мрда лево десно ќе падне ама не мрдаше, како го седнував во иста положба си остануваше. Нокширчето ко фотељичка, со навалачка позади.

    За фаците нормално дека секое дете прави коа кака, не сум се доискажала, прави фаци и ме чека да го соблечам, не почнува да кака ако не е соблечен, во ептен ретки ситуации коа не можел да додрижи и пуштил малку во ист момент почнува да вришти.

    Аман не се натегајте за едни каки, не ми е целта да го испофалам детето дека од мало кажува за какање или дека ете јас најмајка па го научив уште мало. Ете така испадна да сака да соработува и толку. Нормално сакав да го научам штом толку мал го ставав на нокшир, но не по секоја цена, не по цена да го форсирам и трауматизирам.
     
    Последна измена: 18 февруари 2021
    На Biljarkata, Chantal, FreeMind и 3 други им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Аман веќе. Дете до 18 месеци нема развиен нервен пат за свесна контрола на мокрење и дефекација. Вие можете да пробувате пред тоа ама пелени ќе ви требаат.
    Значи за бебе пред 18 месеци ќе се тренирате себе си да му ги читате знаците и вие ќе пазите да не се помоча/искака во пелена. И одвикнувањето ќе трае 6, 7, 8 месеци. Во тоа време мајката ќе го пази детето и ќе се тренира себе си да ги фаќа знаците. После 18 месеци детето ќе превземе.
    За споредба кога е детето само спремно и свесно што се случува одвикнувањето ќе трае 2,3 месеци најмногу. Тоа најрано може да се случи околу 18 месец.
    Така сме створени, науката тоа го има потврдено а еве и од ова што го читам така испаѓа. До 18 месеци мајката се тренира после 18 месеци детето се тренира.
     
    На DoubleK, MilaSs12, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Не се нервирај,јас сум жив пример што не е така како што тврдиш,многу рано сум зазборувала,на 1 година веќе без пелени во градинка сум била,а таму воспитачките верувај не ми читале знаци,туку сум кажувала,нит мајка ми знаци ми читала,растена без баба и дедо.
    На Сесил детето можеби не знае да каже со збор ама ете замисли свесно е и знае дека ќе кака.
     
  5. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Внука ми од 15 месеци е без памперс, буквално преку ноќ почна да кажува. Сестра ми не ја тренираше 10 недели,туку детето едноставно не сакаше памперс. Не се сите деца исти, од се постои исклучок.
     
    На mal.ecka и Stressed Out им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    135.302
    Пол:
    Женски
    Јас не ги спорам истражувањата на научниците, меѓутоа во секое правило има исклучок, отстапување.
    Многу здраво за готово ја земате теоријата,, дете е тоа, живо суштество, не програмирана машина. Секое дете ќе ги помине сите фази, некоја ќе ја ,,истрча'' некоја ќе ја мине ,,ползејќи''. Унифицирана рамка за раст, развој, однесување, на секое дете нема. Индивуално е се.
    Штета ако го стаиш детето на нокшир не верувам да има, не го ставаш на нож ;) Moжеби ете баш за таа фаза од развојот на детето нема да му треба да чека 18 месеци, но можеби и повеќе од 36 ќе му треба. Тоа нит првите ги прави многу напредни, нит вторите многу заостанати.
     
    На srekice, Lolipop23, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  7. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.403
    Допаѓања:
    126.790
    Еве ја поголемава 3 год.уште со памперс.
    Кажува кога и се кака,има посебно место за какање:D
    Пробавме со нокшир,и сама го побара,се мачи во него неможи да се покака и се нервира и бара памперс.
    За мочкање некогаш кажува некогаш не.
     
    Последна измена: 18 февруари 2021
    На Yowannty, Sexybaby86, Stressed Out и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Секое дете своја приказна, нема тука правило.
    Јас со мојата пробав прво на 18 месеци, односно се потрудив да ја запознаам со нокширот и неговата функција. Сфати за што е, ама не беше заинтересирана да моча и кака во него, туку да седи со пелена и да јаде мандарини :D Видов не е спремна, баталив. Битно ми беше само да знае за што служи, во никој случај не форсирав ништо.
    Една година подоцна, точно на 2 ипол години, сама побара да носи гаќички и да извадиме пелена. Се измочка два пати во гаќи без да каже дека и’ се моча и третиот веќе кажа и отрча на нокшир. За кратко почна и да кака во нокшир, ама многу брзо премина на адаптер на шолја, за неполн месец откако почна на нокшир. Не и’ беше омилен нокширот.
    Сега е 3+. Навечер се има случено неколку пати да се измочка во кревет (ретко, кога пиела мн течности во текот на денот). Инаку ние не ја будиме веќе сред ноќ како на почетокот, самата се буди ако и’ се моча и бара да ја носиме во вц.
    Зборот ми е, многу е побезболно (и побрзо) кога детето само ќе покаже дека е спремно. Наместо месеци, процесот траеше недела дена вкупно, ни толку.

    Едит: Ноќе носеше пелена неколку месеци додека се охрабрив да ја тргнам, иако ја будевме за мочање. Требаше порано, ама бидна, памет за со второво :)
     
    Последна измена: 18 февруари 2021
    На Classy Flare, MilaSs12, lackygirl и 8 други им се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Не ми е целта да се натегам на темава. Ама пак мора да кажеме како што е, а не како ние лично ги доживуваме работите.
    Да седело на 7/8 требало да лази од пет месеци мин, лазеше ли? Јас би погодувала ти поправај ме. Нема лазено. Седело оти сте го ставале да седи без притоа да почекате да се развие биолошки за таа функција и само да седне.
    Какало во нокшир оти сте го оставале да кака, не оти ви кажало. Чиста биологија каде нема индивидуализам. Во биолошки развој нема индивидуализам да се разбереме. Се лази од пет месеци, се седи од седум, се проодува од девет. Ако е индивуално некој би проодел на три месеци. Ама не бива. Нема развојни компоненти. Се развива моторика, нервологија, фактички станува збор за биологија не е научна фантастика темава. Се знае од 18 месеци може самото да осознае процес на физиолошка потреба. Најретко на свет. Најчесто се развива околу третата година. Ако одиме од детето.
    Ако одиме од родителот има и на три месеци ги седнуваат, на пет веќе ги паткаат на седум на нокшир какааат. После имаме и последици ама да се задржиме само на овој дел.
    Не вели никој дека нема дете што не обавува физиолошка потреба на 15 месеци. Има. Ама како стасало до тоа? По желба на родителот со вложување максимални напори. Не е лесно претпоставувам. Но оти? Не сфаќам оти би ми било важно да кака у нокшир на две? За да ми се помочува на секое да трчам? Да не ми е досадно? Да уштедам на пелени? Не сфаќам зошто би се малтретирала како мајка пола година зошто еве нека ми објасни некој?
    Ако сака и на шест нека биде во пелени. Воопшто не го гледам развојот како натпревар само ме интересира од каде потребата да се “истрчаат” процесите.
     
    На Esterina, *Sara*, PoisonGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тоа дека секое дете е приказна за себе и секое има свој развоен пат. Ама дете што е одвикнато од пелени не носи пелена никогаш и сите возрасни можат да го разберат дека му се моча/кака. Значи и да не е мајката присутна или некој од домашните што исто така е обучен да му ги чита знаците тоа дете ќе може да се искака/измоча надвор од пелена.
    Еве ако твоето дете на 9 месеци оди во градинка дали вработените таму знаат да му ги протолкуваат знаците (фацата што ја прави и очињата) и да знаат дека му се кака. Дали знае да им го привлече вниманието за да го седнат на нокшир да кака. Или ако во моментот не му ја фатиш фацата за какање дали бебето ќе се искака во пелена (а тоа што ќе плаче дека е какако ќе плаче, сите плачат никој не сака да седи со г...на на газот). Јас тоа се трудам да го објаснам. Дете што се одвикнува од пелени свесно и намерно бара помош или само оди да моча/кака. Обично тие што се спремни сами се соблекуваат и одат на нокшир или шоља и потоа бараат помош за облекување. Се друго е тренинг на мајката да чита знаци на бебето.
    А дека децата во различно време ќе бидат подготвени за одвикнување од пелени е исто факт.
    Само да не мешаме поими тука. Едно е спремно дете (намерно пишувам дете еве тодлер нека биде),а друго е труд и напор на мајката кој трае и трае со месеци додека детето не достигне биолошка зрелост за вршење на процесот.
    Не сакам да осудувам нит да попувам некому, кажав кој како сака нека прави, ама само сакав да ги разграничам процесите.На крајот од денот ако некој сака да седи и да го варди бебето цело време за да примети кога му се кака нека го прави тоа. Ама не сите мајки можат тоа да го прават. Затоа е подобро да се почека самото дете да е подготвено за одвикнување од пелени. Ти ете си мислела ако го седнеш порано на нокшир нема да му биде трауматично. Не знам зошто треба да биде трауматично одвикнувањето од нокшир ама ете ти си мислела така па си почнала порано додека не е свесно за искуството за полесно да ти го прифати процесот. Само веќе 6 месеци ти го пазиш сега веќе тодлерчето дали ќе направи фаца или не. Тоа сакам да го објаснам барем во дел од процесот ти си била тренирана да му ги фаќаш знаците,а тоа е ако мене ме прашаш огромен товар во секојднево функционирање (што се случува кога сте надвор дали може да додржи, дали може ако треба да моча да моча во туѓо ВЦ и слично). Ти ете си била подготвена на таков напор, ама тоа не значи дека детето било свесно за процесот.
     
    Последна измена: 18 февруари 2021
    На MilaSs12, haruki, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.934
    Допаѓања:
    177.603
    Пол:
    Женски
    Земав нокшир кога имаше 14 месеци. Веќе некое време бараше место да се скрие за да кака и потоа ја тегнеше пелената. Таква гадлива си е откако е родена. И кога јаде, храна лета на сите страни и се е ушлакано од под до таван, ама недај боже на прстот да има, драми и мелодрами е дур ја избришам. :D Нејсе..

    Читав искуства дека децата подоцна се "плашеле" од нокширот па сакав да видам како ќе реагира. Еден период и го дадов да си игра со него. Потоа кога ќе ја приметев дека прави фаци ја седнував на него. Почнав да ја соблакам тек понатака. Немаше проблем, и ден денес и е доста забавно. Сега и стои до шољата па секогаш кога јас одам, си седнува и таа. (не би знаела дали и навистина мочка, а и да мочка би било коинциденција најверојатно?! ) :^) Сепак, секако далеку е од откажување.
    Никогаш за ништо не е форсирана, па кога ќе откаже пелени откаже. Пред некој ден прв пат кажа "кака" ама откако веќе се искакала во пелена.
    Дури и пред да и го земам нокширот долго време не кака кога сме надвор, кака само дома.

    Е сега прашањето ми е, мислам дека е многу посвесна кога кака, одамна не трпи какана пелена, ама за мочкање нема поима. Јас.. Што знам, мислев дека тоа доаѓа заедно... Бар така било во мој случај.
    Може некој да ми каже што да очекувам следно?

    И ако сега на 18+ почнува да ги перцепира тие работи, дали да се обидам да ја следам почесто, оти засега ја седнувам само кога ќе приметам, не е цело време значи. А кака 3 пати на ден, во просек ќе кака во нокшир еднаш на ден или на два дена. Битно ми беше да го препознава нокширот, а истовремено да се чувствува слободно и не под притисок.

    Кога ќе ја прашам дали и се кака, одма го погледнува или го бара со поглед, значи колку толку разбира валда. Не се бунтува воопшто, на нокшир е окезена секогаш. Чак што више може ќе биде потешко да ја префрлам на шоља кога ќе дојде време. :)
     
    На Bonnie Top, MilaSs12 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.167
    Допаѓања:
    181.107
    Обиди се да ја следиш почесто. Кога нема отпор седнувај на нокшир во вообичаено време за какање, со моето лесно беше, имаше рутина после јадење или така нешто. За мочањето, ние пробавме во лето, имаше 2 години мислам, немаше проблем. Е ноќна пелена си носевме уште долго, ама тоа дека стално со млеко заспиваше.
    Не би требало да има проблем за префрлање на шоља, нека седи на нокшир до кога сака, погодно е за напнување дури се малечки.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    @Yowannty не мора да значи дека двете одат заедно. Тоа што на дететп му доаѓа прво со тоа почнуваш. За да научи треба да можеш да и објасниш дека секогаш кога ќе и се кака треба сама да побара нокшир. Со некаков знак. Ако сфати сфати добро, ако не пак добро. Уште е мала. Ќе и кликне кога ќе дојде време.
     
    На mal.ecka и Yowannty им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    не мора во исто време да научи да мочка. Моето девојче научи да кака во нокшир на 2 год, а на 2.5 да мочка.
     
    На mal.ecka и Yowannty им се допаѓа ова.
  15. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    615
    Пол:
    Женски
    Периодов почнав синко да го ставам во нокшир, 19м е сега. 3/4 пати ми е ставен и 1 ми се помочка..Сакав да почнеме да ги вадиме пелените, дава знаци се кога кака, знаев и за колку време после секој оброк, кога ќе ми кака и затоа земав..но мислам дека и он не го сака веќе памперсот..од време на време ми ги бутка тренерчињата, хулахопките, како да сака да ми каже дека сака да мочка или веќе дека е помочкан...дали е моја грешка или навистина моето дете тоа ми го кажува..
     
  16. Classy Flare

    Classy Flare Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Успешна МИСИЈА :D:D:D
    Од старт да си дадам критика на себе си, трикот е во самото следење на знаци на дете од типот: мамо ме стега памперсот! Тргање, влечење на памперс Млекото го исклучивме пред спиење и шише (замена во текот на денот и тоа од чаша со несквик, краш) се убедивме.
    Редовно седнување на нокшир пред спиење и будење во исто време текот на ноќта за да се измочка релано и нема потреба пошто не пие веќе млеко.
    Да презаспие нема проблем пошто е успана, сега ќе пробам да не ја будам.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Супер. Пробај не ја буди да се осеќа сама. Мојата ептен ако неможе да издрже станува да мочка инаку насабајле го полни нокширот.
     
    На Classy Flare му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mom of 3

    Mom of 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Имаме огромен проблем со синко. На први април ке прави 5 год а сеуште носи пелени. Прашав лекари психолози и секаде каде што мислев дека ќе добијам соодветен одговор но пак нр најдовме решение. Психолог ни кажа дека е некој огромен стрес траума... ( а и има од што- гледаше сцени од маж ми кршења викања трескања...)
    Некој совет?
    П.с лани летото го оставив гол без пелени со намера да каже кога ќе му се примочка, но проблемот е во тоа што тој кажува ама неможе да додржи. Вика мама бргу ми се мочка и трчаме накај нокширче и му тече по нозе...
    Ќе тргне во школо што ќе правам вака... веќе ова почнува да ми ствара фрустрации .... не дека детето е криво, туку што незнам како да му помогнам
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.820
    Пол:
    Женски
    Само редовни сеанси со психолог, да му помогнете да ја надмине траумата, да се ослободи. Детето веројатно е физиолошки спремно, ама ете, од некоја причина не може да додржи. Не знам дали може да се испита да не се работи за физички проблем, односно слабост на мускулите затворачи? Прашајте матичен педијатар дали има вакво нешто, за да се исклучи како причина. Со самото тоа што детето кажува, ама не може да додржи, прво исклучете ја физичката причина, ако нема такво нешто, работете со психолог колку што е потребно да се научи целосно да се контролира.
     
    На Classy Flare, Mom of 3, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Ако не може да додржи проверете со лекар уште еднаш да не е нешто физиолошки. Сепак јас мисалм дека ви треба соодветен третман од психолог за траумите што вие велите дека детето ги поминало. Ао се сомневате на тоа, тогаш обавезно посетете психолог за консултација и соодветен третамн на проблемот.