Дали постои временска рамка кога престануваат да мочкаат ноќе во пелена? Нели како што престануваат да какаат ноќе околу 3-4ти месец мислам беше или кога и да беше небитно, дали има нешто такво и со мочкањето?
Може зависи од тоа дали пие течности детето навечер. Гоелмата ќерка дека од 10 месеци ја одбив од цицање , престана и да мочка навечер , не пиеше ништо додека не станеше наутро , цела ноќ спиеше , пелените и беа суви од таа возраст.Со малово не е така, дека уште цица , наутро пелените се полни.
Нема таква граница колку јас што знам, иако според одредени автори знак дека детето е подготвено да се одвикне од пелени е да може да издржи со сува пелена цела ноќ и преку ден да може да издржи барем два саати без мочање. Тоа е како знак ека мочниот меур има доволно голем капацитет за да може да се полни со течност. Ова секако е ако детето не пие ништо еден час пред спиење и не пие ништо во текот на ноќта. Ако пие течности односно се успива со пиење (цицање, пиење млеко, вода и слично) тогаш ништо од ова не важи. ИНаку во принцип прво се вади пелената преку ден па потоа ноќе.
Кога е всушност скроз одвикнато дете од пелени? Не ми е јасно, еве на 20 месеци на пример, (покасно-порано) кака и мочка во нокшир. Што се случува кога сте во кола сред гужва на булевар. Или во продавница? Му се мочка? И како му викате. Додржи да излеземе надвор, а оно незнае да држи уште
Јас носев со нас надвор по два пара пантолони и два пара гаќи , ако нешто се измочка додека сме надвор. Ама да ти кажам гледав пред да излеземе да се измочка па потоа за два часа гледав дома да дојдам брзо да ја ставам. Ова траеше неколку месеци додека не почна да кажува.
Вакви кеси користат по пат со соодветен тоалет за патување: https://www.amazon.de/-/en/Disposable-Drawstring-Universal-Portable-Toddlers/dp/B082ZZV2QH Претпоставувам дека за кола би завршило голема работа ако сака да седне воопшто.
@srekice и @FreeMind мојот на пример држи многу. Моча само по четири пати дневно. Ама ко му се моча или кака мора тоа у мометот да се деси. Па така го терам да моча пред излегување за да сме мирни. За какање сеуште кака само на адаптер (без него на шоља не седнува) и нашиот адаптер е најшетаното нешто. Има прошетано секаде закачен на количка (цел Париз сосе Дизниленд), неколку Германски градови, куп градови во Македонија и Грција. Ако му се кака застануваме на најблиска бензинска и/или се пикаме во ресторан, хотел што и да е и врши работа. За мочање некогаш се случувало да моча покрај пат во грмушка, ама ретко. Вакви кеси на пример не би завршиле работа (нема да му се допаднат сигурно). Така што ќе се прилагодите на детето. Инаку откажано е од пелени ако може да каже дека му се моча/кака и може да издржи додека се најде соодветно место.
Јас додека сама не каже дека не сака пелени немам никаква намера ни да почнам. Макар и десет години била. Ниту пак у градинка некој би си играл крижи мижи со моето дете. Пелена ќе носи таму додека само не каже дека е доста. Така да обострано е ова прашање. Вакво нешто слично беше дохраната. Ох боже колку досадна фаза со теглата пресметано временски колку време смееш надвор па трчај да доиш, па тегла...
Мојата држеше не се мочкаше во гаќи, почнуваше да биде нервозна и плачлива. Јас секако си носев нокшир и облека со мене. А вака кога сме биле без кола мочка пред тргање.До сега не се случило да пушти, едино кога е настината во сон некогаш.
OK ти е идејата сама кога ќе биде спремна. Ама дури и кога беше спремен мојот си имаше сопствен ритуал. И уште го има. Можда дека пропадна малку у шоља со еден мал адаптер па се приврза со адапатерот и си го бара сеуште. Одвикнат е од некаде 30 месеци а мочање и 36 месеци за какање ама адаптерот за какање сеуште го користи. Нокшир не сака. Така што со дете има милион работи што се случуваат и на кои мора да се прилагодиш.
Здраво мајки. Во ноември почнавме со одвикнување, тогаш имаше 2 год и 5 месеци. Некако се научивме и за две недели негде го тргнавмр памперсот. За преку ноќ и го оставав пошто беше зима. Но најчесто памперсот беше сув. И се договоривме дека ќе спие без памеперс, и она така си сакаше. Скоро два месеца си беше супер. Си мочкаше пред да легне, и наредно сабајле кога ќе се разбуди. Никогаш не станувала од сон за да моча. Последниве две недели е ужас. Секоја втора ноќ е помочана, дури и на некоја попладневна дремка се помоча во гаќи. Почнав да ја будам ноќеска, некогаш станува да моча, некогаш вика дека не и се моча. Еве ноќва пак се помоча, а пред саат време ја прашав дали и се моча, ми рече не. Дали е ова период, дали треба памперсот за спиење да и го вратам пак, не знам... Знам откако еднаш ќе се тргне дека полошо е пак да и ставам памперс. Има ли некоја вакво искуство...
Се случуваат вакви регреси. Не е ништо страшно. Ако секоја вечер моча види да не е нешто настината или да не се открива ноќе па да и студи. Мојот така мочаше ако беше нешто малку преладен. Му ставам преку ден термофорче да чува, чајче да пие и ноќе му облекувам чорапи и се средува ситуацијата. Или ако нешто се уплашила па и тоа може да даде вакво нешто. Исто може да биде и од премногу течности пред спиење (некаде два саати пред спиење).
Син ми е 2 год и 10 месеци. Викендов провабме да се одвикне од пелената ама некако тешко ни оди. На мала шоља/нокшир го седнувам неколку месеци, кога и да го седнам мочка или кака (имаше еден период дури и проблеж си направив со шољата, не сакаше да стане дури каката нр излезе.. 3 саати седеше во вц. Ако го станев плачеше многу, премногу. Ако се покакше се беше во ред стануваше ако не беше проблем. И прекинав со нокширчето. По еден месец заборави на тоа и сега се е во ред, немора каката да излезе . Имаше денови кога несака да седне. Во петокот му го извадив памперсот. Откако се измочка облече гаќи, не згреши скоро 3 сати. Прашував на 10 мин, пак седна на нокшир мочна, го облеков, оттогаш цело време грешава, се моча, дури и се покака во гаќи и не се ни буни, не му смета, јас го молам да го преслечам, вчера во 3 сати 6 пати згреши, мочна во шоља, по 2 мин во гаќи.... и заклучувам дека не е спремен. Во моментот ко ќе згреши се смее ах ах вели и не сака да го слечам. Денес не пордолжив со гаќи, мислам џабе ќе се трудам. Совет? Да продолжам сега или да оставам за понатаму?
Од процесот на одвикнување најмногу се плашев, мислев цела куќа лом ќе биде, 300 филмови си правев. Психички се спремав. Прв ден им облеков гаќи, три пати син ми згреши, другиот ден уште утрото шетавме, морав памперс да им облечам, па следуваше дремка и после дремката син ми сам побара да му слечам памперс и не направи ниедна грешка. Напротив интересно му се виде. Сестра му, навива, го бодри заедно одат во вц, пуштаат вода, мијат раце. Тој малку се прави важен итн. Е сега уште девојчето да се одвикни, зошто фокусирана бев повеќе на него, а таа не сака да седне на нокшир. Кога таа е со гаќи трпи цело време, но не сака нокшир, шоља. Од утре продолжувам со нејзе, но чувствувам нема да биде вака лесно.
Мој совет е да продолжиш, од еден ден не бидува ништо. Пробај бар една недела и ќе видиш дали е спремно или не. Наоружај се со нерви, зборувај и објаснувај и за секој успех давај му кураж (браво, така треба, ти си голем...) Јас кога го одвикнував пробував цели 7 дена и таман на 8-от да се откажам него му ,,запали кликот,,. Во тие 7 дена и тој правеше грешки ама воведов рутина кога се седи на нокшир и колку време се седи а меѓувреме прашував дали сака да мочка или кака.
Мене не ми е јасен момент зошто мора да седи на шоља, а да не се искака. Некако ми е природно да сфати дека се седи на шоља/нокшир ако му се кака или се оди на шоља и се моча. Немој да го тераш да седи на шоља за џабе. И не знам зошто на 10 минути го прашуваш. Досадна си му станала. Остави го по гаќи и бркајте работа. Ако му се примоча и каже ОК, ако не сам треба да сфати дека ако му се моча и не каже ќе се измоча во гаќи. Ти не му даваш шанса да му се примоча. Ако не може да издржи два саати без мочање (знали ако пелената не му е сува минимум 2 саати) тогаш не му е подготвена бешиката за учење, односно уште е и е доразвиен капацитетот и нервниот пат за волно (контролирано) празнење на бешика и црева. Ова е еден од условите на подготвеност. Ако е спремен и може да издржи два саати без да моча (а не пие повеќе течност од вообичаено) тогаш е подготви се за одвикнување. И тоа е процес што трае неколку дена минимум. Од еден ден ништо не бидува. Пробај неколку дена па ако не бива остави за понатаму. Понекогаш има и инаетење од страна на децата во прифаќање на промената. Може прво да зборувате како е големо дете сега и како е достигнување да научи да кажува (ама без притисок еднаш си му направила притисок што си го седнувала на шоља и сте чекале нешто да се случи кога очигледно не бил спремен).
Кај мене малата еве веќе три недели како мочка во нокшир. Првата ден, цело време се помочуваше се до вечерта, наеднаш рече ми се моча, отиде си седна и од тогаш мочка во нокшир. Проблем ми прави нагости, пушта малце оти не и се остава играта, и надвор моча само во нокшир. За какање не правам муабет, не сака ни да чуе. И не ми смета ако кака во гаќи, нека си земе онолку време колку што и треба, проблемот е што кака 6-7патина ден, се нервирам веќе само гомна тријам. Ај да кака по 2 пато на ден не е проблем..ама ова Јули ќе полни 3 години.
Мојот почна да кака во нокшир неколку дена пред 3 роденден. Мочаше во шоља, а за какање бараше пелена (исклучиво пелена).
Па да ти кажам, на неколку пати и му реков на сопругот да ја научам да ми бара пелена кога ќе и се кака. Он не е за таа идеја, вели дека за некое време ќе попушти, и ќе си кака во нокшир. Пак ќе кажам, нека си земе она толку време колку што и треба, ама претерано кака па..живци искинав. На девер ми - другар негов, девојчето до пред брзо какало во пелени. Си барала самата, а сега во Август ќе прави 6 години. Сега јас се мислам,замисли и мене така да ми направи, да ми кака у гаќи до 6 години