Чекајте малце другари, бебе од 6 или 7 месеци седнато на нокшир? Ок, ако знае да седи на кревет а повеќето на таа возраст знаат, тогаш зошто да не и на нокшир со мало придржување да не падне. Големо чудо го сликале. Но мене ме интересира што е поентата? Бебето се научило дека треба на нокшир и не кака и мочка во пелена на 6 месеци? Аха, секако Мамо еве ме стенкам, дај брзо нокширот да се искакам оти не можам да додржам. Секое бебе пред да кака прави фаци, некое зацрвенува, друго напиња и сл. си знаат мајките отприлика сами кога е време за какање, па можат набрзина да го соблечат и да го стават на нокшир. Така правеше една пријателка и мислеше дека бебето и е научено на нокшир, за по месец или два кога престана да трча кога ќе осети дека му се кака, да се врати тоа да си врши нужда во пелени, па се одвикнаа конечно на 2 години. Така е веројатно и со твојата пријателка @Lilit . Не се научило бебе на 6 месеци да кака само во нокшир, не може. Ако има мајката време може по цел ден да се врти околу него и нокширот, да го става на секои 15 минути па да се фали како е длабоко посветена мајка, само јас не гледам тука ништо вредно за аплауз. За другата крајност, за "бебиња" од 3 или 4 години, се сложувам.
Тоа дека на 6 месеци не смее да седи е чиста глупост! (освен ако има причина за тоа) Ќерка ми сама седна на неполни 4 месеци и кога отидов на ортопед добив одговор - ти си ја седнала затоа седи. А нема врска за ништо не сум ја форсирала малата. Рано почна за лази, да оди, сама да го држи шишето. За одвикнување од пелени и јас мислам дека што порано тоа подобро. Децата се како сунѓерчина - одма упиваат се. Не секое дете лесно го поминува тој процес на одвикнување. Мислам дека околу година е погоден период за одвикнување. Ама реално 3+ години се многу за памперс. Има исклучоци но тие би требало да се за ноќе (ноќно мокрење) ама за преку ден... Многу е битно и да не биде сето тоа фрустрирачки за детето. Да не биде со карање, со викање... и да згреши бидете трпеливи и укажете му како е правилно. Сето тоа правете го смирено зошто и да не зборувате детето ќе ја осети напнатоста. Исто многу позитивно делува тоа да детето гледа како вие го вршите тоа (не мора во буквална смисла) онака колку да му покажете. Исто и за миење заби - кога ги миете нека ве гледа и понудете му четка тоа ќе се обиде да ве емитира и ќе ја стави во устата. Не дека ќе ги измие ама да се навикни прво на четката, па на самиот процес. Децата полесно учат кога гледаат.
До година и пол детето не може да додржи, не измислувам http://www.babycentre.co.uk/x548924/when-should-i-start-potty-training Може да трчате со нокшир, да го начекате пред да почне да прави фацки за вршење нужда, ама да го научите да кажува, тешко. Моево има една година, го ставив на нокширче, а он го преврте, го стави на глава и почна да се кикоти Полека го запознавам со нокширчето, кога ме гледа мене во тоалет му викам пшшшшшшш( тоа е знакот за мочкање ) па го ставам него на нокширче и почнувам пшшшшшш, да не гледа некој ќе ни се згази од смеење Ама рано е, уште не знае што барам од него, а за сликање може и тоалет хартија да му ставам во рака, тоа не значи дека почнал да си го брише газот.
Мене ми падна во очи делот каде што детето додека не го соблечат не врши нужда, не мочка, не кака, значи и кога се излезени тоа се стиска, што е многу лошо. Детето на таа возраст не е свесно за какање и мочање, ова со нокширот е некоја навика, значи децата памтат, ама дека чуствува дека има потреба,нема. Ете го проблемот. Излезени сте, дете од 6,7 па и 9 месеци на шолја ли ќе го ставите за да мочка? А знаете стискањето колку е полошо? Значи за се си има време, јас не ја гледам предноста освен финансиска за одвикнување од пелени на 6 месеци. После годинка да разберам, ама пак ќе кажам децата стануваат свесни дури после 18 месеци. Јас планирам да пробам сега да го одвикнам дур е топло, затоа што наредна година ќе има 2,5 години. Значи над 3 е претерано да, ама од дете до дете има разлика, и тоа апсолутно нема врска ниту со посветеноста на родителот ниту пак со неговата интелегенција.
Значи,тоа што ќерка ми ја одвикнав од пелени на 2,5 години е затоа што јас сум мрзлива а моето дете е многу големо и срамота е.Божеее,што нема да чуе човек... @Lilit разбирливо е што си со тој став затоа што немаш деца.Дете пред да наполни година ги нема тие рефлекси за да се одвикне од пелени.Јас ќерка ми пробав и инсистирав да ја одвикнам од пелени на 1,5 и и направив траума и сега се каам поради тоа.И зборев многу,и ги тргнав пелените и ајде ќе се учиме да седи на нокшир ама она упорно не правеше ништо во нокширот туку се во гаќичките.Кога се искака во гаќите толку се згрози и плачеше,неможам да ви опишам.После тоа имаше страв и одбојност кон нокширот па направив контра ефект. А за делот кога децата се спремни,тогаш ќе се одвикнат од пелени,стојам позади тоа зашто со ќерка ми беше така.Многу зборевме за тоа ама веќе беше голема и разбираше се па се договоривме и ги тргнавме пелените.А на дете од 6 месеци неможеш да му објасниш дека е лошо да кака и моча во пелени и дека треба да носи гаќи и да кажува кога ќе му се кака или мочка. И уште нешто ќе додадам,сите деца се различни во секој поглед и за секоја работа,почнувајки од седнување на нокшир,до миење на заби и до возење со количка.Ако моето дете почнало да ги мие забите од 8 месеци одкако почнаа да и искачаат,па се до тоа дека не сака од мала да седи во количка и дека се одвикна од пелени на 2,5 години,други деца знам дека не го направиле истото на истата возраст.Кога ќе имаш деца можеш да збориш за искуство а сега можеш само да паметуваш и да критикуваш и да ги правиш мајките мрзливи или незнам какви!
Син ми го одвикнав некаде на 2 и пол години. И тоа научи за ден-два. После некој ден скинавме и ноќна пелена. Јас проценив дека тоа време ќе биде добро првин затоа што беше потопло време и е многу полесно учење отколку во зима. Пред да се обидеме со скидање пелена буквално месец дена, секој ден при промена на пелена му зборев дека уште малку ќе ги скинеме пелените, ќе користи нокшир итн. Буквално го спремав и верувам затоа кога одлучив да ги симнеме веднаш ја сконта работата, без плачки и трауми и за него и за мене. Навистина сум задоволна како поминавме безболно. Имам правено обид за одвикнување некаде 6 месеци претходно, ама плачеше од нокширот и не разбираше многу. затоа почекав и беше вистинска одлука, ви мојот случај барем. И сега со второво ќе гледам да не ја силам работава. Велат обично женски се порано спремни од машки деца, ќе видам. Никогаш не би се малтретирала да го ставам бебе на нокшир на 6 па дури и пред година, не гледам поента.
Еве уште една од мрзливите мајки син ми од пелени се одвикна на 3 години. Не затоа што јас не сакав, туку затоа што тој не беше спремен, односно не реагираше позитивно на сите тие разговори дека треба да ги фрлиме пелените. Пред година немаше резон да го одвикнувам со оглед на тоа дека физиолошки не е спремен организмот на едно дете пред 18 месеци, јас со сила не мислам да одам против природата. А детево мое збореше уште на година и пол јасно, си мислев дека лесно и брзо, и рано ќе оди одвикнувањето. Е па не било така. Пред да се одвикне успешно, пробав три пати, со многу разговор, тргање на пелените и мноооогу трпение. Ама џабе, детето не сакаше или не можеше, уште ги паметам плачките кога какаше. На нецели три години кога ги тргнав пелените не правеше грешки воопшто... директно на шолја си седи од сам почеток. Сите деца се различни. Да, ако го седнуваш на нокшир од 6 месеци, сигурно ќе си заврши работа во него, ама дека знае што прави, тоа малку тешко. Како прво, сфинктерите не се развиени, а сигналите од мозокот до мускулите уште помалку. Така што, тоа тек после 18 месеци, со тоа што кај некои деца и покасно може да се случи. Вообичаено женските се понапредни од машките, ама пак ќе кажам, не мора да значи. Секое дете е своја приказна за себе, и не значи дека ако има прилично напреден развој за своја возраст, дека брзо ќе се одвикне од пелени.
Еве и синκо мој ниκаκо да седне на ноκшиρ за κаκање, плаче, го шутиρа, сκоκа, а за мочање моча во κанче стоејκи, машκо е и не ми е ни логично да моча седнат
Ќе се научи, ич да не се секираш. И мојов најчесто стоечки мочка Прееска што заборавив да напишам - лошо е да се осудува... башка што сите се прават дека не осудуваат, а фрчат коментари на сите страни. Се додека го воспитувам моето дете да биде вистински човек со срце на место, не е важно дали се одвикнал од пелени на година или на три години
Ме фасцинираат секогаш од почеток темите за мајки по форумов. Ако некое бебе прави нешто, одма се наоѓаат аргументи како тоа не е во ред, ако за своето секогаш има оправдување или е достигнување. Не сум мајка, и затоа го гледам тоа многу подобро од страна (сум ве читала и по други теми), истото се случува и на темава. У реду е, чил. Се што ќе ви се каже е на некое навредливо ниво за вас, ма страшно. Не се десило да се запрашате за можноста, туку секогаш, без исклучок затворено, дочекано на нож. Многу ме интересира како оди тоа дека мислите дека сите очекуваат од вас се да знаете, па се завршува со бранење, расправање? Јас не знам кога е доволно ок за да детето почне со какање не знам какво и не реков дека СИТЕ БЕБИЊА МОРА ОД 6 МЕСЕЦИ ДА БИДАТ НА НОКШИР ( и за мене беше чудно, поинаку од она кое што го знам), ама другата страна ја знам за процесот на учење и стекнување на навики, ама нели, да не ве гњавам оти не сакате и нормално ќе дојде до она - не си мајка не знаеш. Реков дека кога може 6 месечно бебе, може и дете поголемо од три и повеќе години. И дали е свесен шо прави на 6 месеци или не, не е ни важно, дур стане свесен тој ќе го има ко навика, мање-више. Мислам смешно ми е, не е ни свесно што прави, а од друга страна сте убедувале деца да какаат низ разговор, како демек е свесно зошто е тоа така? Ако било ќе прифатело, а немало да прејде во плачки. Мене муабетот ми беше - се е до начинот и три и повеќе години се многу и веќе ако е така како беше - не му е време, се бара начин, не мора уз друштво на 10 души кои мезат па уште и песто да се менуваат пелени... Не, ич не е за осудување, за политичка коректност е. За ова не се оградив од осудување на темава, напротив, секој со своето, ама мене лично тоа не ми е убаво и не ми е разбирливо. А и нон шалантноста и безосетноста на родителот исто така. До душа уште почудно ми дојде оти верувајте еден куп дечиња и бебиња имам околу себе, од внуци до деца на другарки и комшичиња, сите се од 3 месеци па до 10 години, прв пат на темава прочитав за макотрпниот пат на одвикнување на пелени. Прееска ми беа внуците, ја прашав братучетка ми како се справила, пошо прееска од работа се уклучив па ве подпрочитав, ми вика - Да се справааам? Ич немав проблем, а и не им дадов избор, не дискутирам, има други побитни теми каде што ќе имаат избор, за вакви работи детето не избира - и гледам дека за такви работи уште си држи до себе. Внука ми прави сешто, активна е на многу полиња и има избор самата да си избере што сака, не е форсирана, ама што се однесува до авторитетот на братучетка ми и работи кои мора да ги направи е - ќе го направиш сега или по 5 минути?! Она паѓа во несвест дека е главна, дека ќе избере, а во суштина тоа е. Е така било и со малиот, сакаш да се измочаш во гаќи (без пелена) или сакаш на нокшир? Се измочал во гаќи и тогаш сфатил дека не е истото како до тогаш, втор пат прашала пак, за наредното, се сполетал сам до тоалет. Сите плачки и инаетења кај децата доаѓаат од обидот на родителот да се објасни и пред се логично да му го прикаже цееелиот процес и зошто е тоа добро за него...епа траума, нормално. И да, најмалку има врска со детето и неговата интелигенција, од друга страна интелигенцијата и во суштина нема да му заврши претерано многу работа понатака во животот, (како возрасни мислам дека сите ќе се сложиме, особено гледајќи ја државава) додека пак навиките,снаодливоста и флексибилноста... многу. Ако еден начин не успева, друг ќе успее, во тоа е мрзливи/немрзливи...откажување на првиот отпор со еден ист начин. Вие осудувате, ние не осудуваме, ама каква ли е таа мајка што на 6 месеци ставила дете на нокшир и еден куп беседи и причини зошто тоа мора некако да не е ок... а не е дека осудуваме, така? Педијатар кажал, ортопед кажал, нема контраиндикации, ама нели...не осудуваме, си кажуваме. Кој како сака, искулирајте се. И понатака 3 и повеќе години ќе ми бидат многу за дете во пелени (мене лично, а можете да се помолите да ме стигне кармата моето еден ден да се одвикне на 5 пред да тргне у школо,шознамнезнам) и не, мојот пример не беше дека 6 е идеална возраст, туку пак ќе се повторам, долна граница која ме изненади и дека можеби е финта за размислување, ако не на 6, можеби на 8-10-12 кога сакате месеци. И Џули, не, малиот не трпи, сигурно не го жртвува за социјалниот живот, секако го соблекува како и нормално, со тоа што штом го соблече на подлога си врши работа, самиот е плачлив и не сака да е прљав. И да, за разлика од некои/многу мајки, дискретно и фино, ма да за бебе од 6 месеци не може да ти е сликата иста, како за детенце од 3 години кога сликата е мнооогу поразлична и да, марамици не се доволни, ами цел туш, да не се повторувам од кои причини сметам и дека не е добро за него и дека не е практично за родителот. Нека се живи и здрави, не знам што повеќе затоа што очигледно не се разбираме што е муабетот. Патем имате поздрав од другарка ми Г и не поздравува со видеово со надеж дека ќе се насмеете и згадите . Отрпилика истото чувство го имавме сите 10 души во саботата кога го гледавме збиднувањето, ама ова ги надминува сите граници и е одвратно смешно, па сфаќате уствари колку сте нормални и што се не има по светов.
@Lilit zamisli pak koga kje imas ti dete, tvoeto da ne mozes da go odviknes od peleni ni do 4 godini Togas sto li kje ni preraskazuvas tuka na forumi?? Bas bi sakala da znam za tvoeto dete na koja li vozrast kje go odviknes od peleni!!!
@kallias Вие радо би да се деси, не? Го научив концептот на форумов. И не знам дали си свесна што кажа, ама ти благодарам. Би се загрижила од позиција на мајка и би нашла конструктивни начини и би учела од другите мајки ( а рака на срце и веќе учам, ме интересира и читам, некои читаат кога ќе ги добијат, покрај тоа што ги сакам децата и бебињата, многу ме интересира и воопшто целиот процес на растење, па да, сакам да читам и да учам уште сега. Секако е ок.). И нема да мислам дека е во ред и понатака само затоа што е мое дете во прашање ( и секогаш ме нервира тоа кај многу родители, кога е своето дете во прашање се е во ред, ако е поинаков, малку нели специфичен е, секое (не)справување поминува така, а кога е туѓите или нешто не е ок или тоа не може така или тоа е невозможно или е како не или е критикувано... абе...). Немој да мислиш дека не се ставив во позиција на мајката за да ја разберам ситуацијата. И кон себе сум строга, не се галам со ноеви пердувчиња по многу прашања. Ако се деси ќе се запрашам себе си за начинот и причините, ако се деси, нема да го пресоблекувам пред 10 други луѓе и нема да си се оправдувам. Како сакаш гледај на тоа, ама така е. Јас не се оправдував себе си што кучево до 1 година знаеше да направи беља дома, не па дете. Па уште и кога ми кажаа дека до 1 мора да има навика... споредбава е глупа, ама да, се почувствував негрижлива и неодговорна, како сакаш сфати го. Не можеш дете со куче, ама своето чувство сакам да ти го објаснам. И да, гуглав, прашав ветеринар, прашав други луѓе за типс енд трикс, сугестии. Не се осетив за помалку човек, ама едноставно си реков - добро, како можеше да направиш пропуст, што не направи како што треба? А за дете, прво дај боже да го имам.
Јас некако лесно си поминувам со децата за одвикнување од пелените, кај мене ете не станува збор ни за посветеност, ни за строгост, со внуците си се учеа едни од други и решен ми беше проблемот со големиот син. Внуците гледаа од брат им, мојов гледаше од нив и околу 19-20 месеци веќе беше одвикнат од пелени со се мочање, за какање си го гледав кога му е време и ако имав можност веднаш го ставав на вц со адаптер како Маченце, тоа го правев од околу годината ама не ствараше навика, навиката ја доби од кога почна да збори убаво, со седнување на вц само себеси си олеснував да не бришам замачкани каки. Со помалиот син истото се повторува, го гледа брат му и сака како него да седи во вц, кога ќе го видам да прави фацки за какање го седнувам на вц, веќе кажува за какање, некогаш се заборава или па сака да биде големо момче, ја вади сам пелената е тек тогаш е интересно. За мочање некогаш знае да каже или пак сам ја вади пелената и моча во вц ама на плочки и после почнува да плаче зошто лом се направилама кај и да е и тој ќе се научи без пелена, не го форсирам, не го карам, не му филозофирам, како и секое дете и тој ќе се научи, на добар пат сме. Малава ми е ептен мала за одвикнување од пелени инаку и таа си има фацка за какање ама тоа обично се случува додека ја дојам така да не можам да превземам никакви мерки, од горе тура од долу истура. Инаку еве две деца ист начин на воспитување, едниот веќе одвикнат од пелени до 20 тина месеци, другово се исто правам, му се посветувам па не оди толку лесно, различни деца, различни карактери.Ете јас си читам и детска психологија, нешто од што сакам, нешто за студиите ама не верувам дека дете може да се огледува по некој стандард, по шема што би се рекло, секој родител треба да се прилагодува на потребите на секое дете, зашто сите се различни.
^^ А да го прифатиш едноставно фактот дека бебе на таа возраст се знае што може а што не може да прави наместо да не убедуваш дека од фрустрираност мајките завземаат одбранбен став? Постојат да, многу ситуации на форумот кога ќе видиш мајки кои не признаваат "пораз" и тврдоглаво се држат до нешто а знаеш дека може и поинаку, ама ова не е таква ситуација. Ова ти е исто како да не убеуваш дека бебе може и на 6 или 7 месеци да прооди само ако родителите се доволно посветени и упорни. Не иде.
Лилит баш на оваа тема нема да се најде мајка навредена, па ајде ќе се брани зошто детето носи пелени над годинката. Реков еднаш у секој случај колку помало се одвикне од пелените толку подобро е за мајката. Па подобро е да кажува отколку постојано да го бркам да му сменам пелена. Јас си имам маки со менувањето на пелени. Плус пакет пелени за дете над две години е поскапо, па 1200-1500 ден, плус влажни, затоа што неможеш секогаш да миеш газе. Па по моја пресметка јас месечно давам околу 2000 денари, а ако синко се одвикне јас сум заштедила добри 2000 денари што не е мала сума. Затоа, ќе се согласат и мајките со мене, дека многу полесно е дете да не носи пелени отколку да носи. Околу некои ставови се согласувам со тебе, значи те читам и во други теми за деца, ама тука апсолутно не си во право. И колку и да звучи клише, да треба да си мајка, да треба да имаш дете за некои работи да ти бидат појасни и верувај ќе имаш не една, ами милион остапки. И дете не се гледа според книга! Колку сакајте читајте, сепак на крај се се сведува дека секое дете е своја приказна. Не можеш секое дете да го храниш според книга, некое нејаде, неможеш да го лечиш според книга, да го учиш да зборува, да оди. Чудно е, ама секое дете си наговестува за што и како е спремно. Еве моето оди од 11 месеци, сака само да трча, ама слабо му оди зборувањето, додека друго оди од 14 месеци, ама зборува како 3 - годишно детенце. Исто е и со пелените, некое ќе се одвикне на 2 години, некое на 3, и тука апсолутно нема никаква врска со посветеноста на мајката. На крај, никоја не се почуствува загорзена затоа што другарка ти успеала да го одвикне на 6 месеци, па ај ќе напаѓаме за да се одбраниме. Нека потврди и педијатар и ортопед, ама ова на другарка ти не е нормално. Да, понормално е до 3 години да носи пелени, отколку на 6 месеци да седи во нокшир. Ти барем ставаш и се едуцираш со научни статии, па ако прогуглаш, а знам дека и имаш читано, еве ќе се повторам пред 18 месеци децата не се свесни за своите физиолошки потреби, така да види што е нормално.
Според мене , детето не треба да се форсира. Некое дете сака порано , некое покасно. Јас лично сум ги извадила пелените на 3 години а брат ми на 20 месеци. Но има и мајки што не сакаат многу многу да се помачат. Не зборувам за тоа дека треба да се тера детето на сила , туку некои ќе почнат со одвикнување и детево ако се измоча / искака во гаќи 2-3 пати и се откажуваат , а веќе извадиле пелените. Со тоа детето може само да се збуни инаку и јас мислам дека е рано дете да се става на нокшир од 6 месеца. Имам пишувано на форумов но еве пак ќе пишам , за ќерка ми јас почнав да ја ставам на 17-18 месеца на нокшир и реков ако прифати супер ако не ништо ќе се обидам по неколку месеца. Мачно беше , на почеток го прифати нокширот седеше , потоа имаше моменти кога не го сакаше , но и земав адаптер и час на него седеше час на нокширот изгледа интересно и беше да менува потоа па несакаше на адаптер , само на нокшир. Деца се тоа ама никако викање , плескање по газе итн. Тоа само може да направи одбивност кон нокширот. Исто така од кога се одлучив да ја одвикнувам пелени по дома не и ставав ниту навечер зашто гледав дека секогаш пелената и е сува, на почетокот може 5-6 пати на ден гаќи и менував , но тоа е додекасе навикне детето мора да помине време. За надвор и носев пелени (исто на почетокот) но гледав на секои 2-3 часа да ја оставам на нокшир. Од мочкање се одвикна на околу 20 месец а од какање на околу 2 години. А заборавив да напоменам дека претходно прашав педијатар од кога може да почнат да се одвикнуваат децата од пелени , таа ми рече од 18 месеци не се карајте , ваше е да пробате ако прифати супер ако не ќе пробате по некој месец сепак никој не пораснал со пелени
Мојот бебуш од 4 месеци кака на нокширче. Имаше проблеми со столицата, какаше еднаш на 7 дена, не запек обична кака мека, ама еднаш неделно. Ми текна да со придржувам на нокширче може ќе му олесни и стварно му беше полесно. Секое придржување си какаше и се стабилизира да си кака еднаш на ден. Се консултиравме со педијатар, ни рече штом му олеснува на детето држете го слободно. Штом почна да седи си седеше сам. Му го научивме терминот за какање и во пелена се немаше искакано 6 месеци. Е сега не е се така лесно. Штом почна да разбира малце повеќе реши човекот не сака да седи на нокшир веќе. Молење, лажење, пеење ништо не помага. Цел месец не седна на нокширче, инат невиден. Решив да не му викам, се со убаво. Едвај се научи пак да седнува, само сега само си седи. Чат пат ќе мочка, ама какање никако. По цел ден го ставам, на 1 сат скоро, ама ништо. Дури го гледам некогаш дека му се кака. И самиот КАКА си вика. Ама пак ништо. Штом ќе го облечам одма полни пелена. Може му е срам да кака пред мене, стално се бутка во некој ќош и таму врши работа. Пробав сам да го оставам, ама по две минутки ќе си стане и гол кај играчките си седнува. Сакам да кажам не е толку едноставно како што изгледа од страна. Може многу труд да се вложи ама кога детето не е спремно не е спремно и точка.
И јас кога бев без дете многу работи не ми беа јасни и за многу работи викав,е како може вака јас кога ќе имам дете нема шанси да дозволам дете така да ми прави.Ама не сум била во право,кога станав мајка се ми стана јасно. И пак ќе кажам,сите деца се различни и неможе сите деца исто да прават.Моето дете се одвикна на 2,5 а во градинка во нејзина група повеќето деца сеуште се со пелени.Ама јас не ги осудувам мајките зашто знам дека не иде баш лесно одвикнувањето.И да,лани кога имавме неуспешен обид за одвикнување од пелени многу луѓе ми солеа памет и ме правеа неспособна мајка,демек моето дете се одвикна на неполни две ајде што е ова уште во пелени.Е,од тоа си патиме,тоа е страшното.
Јас незнам што е овој натпревар на тема чие дете поскоро на нокшир седнало. Нит едните во затвор ќе ги пратат, нит на другите орден ќе им закачат. Од една страна се препукува на тема ортопеди, седење, кога да се седи, перниче дали да се ставело кога лежи детето за рбетот не смеело, а од друга страна имаш седење на нокшир на 5 месеци !!!? На една од темите цела една недела жестоко се дискутираше дали бебето смее на 45 степени да е навалено или не, а за какање на 90 степени-може..нели ???? Има ,,амбициозни,, мајки кои ,,на врат на нос,, ќе го седне да кака на нокшир за да го слика и да го стави на интернет за да ,,фати,, лајкови.Кутро дете, уште покутра мајка. А има и мрзетини кои до 3-4 години менуваат пелени...епа полесно и е да ја смени пелената отколку да седи до детето и до нокширот.Тамам ќе го научи на 4 години да кака на нокшир и ќе го прати на школо...
Од 4 месеци?!?!? Ова сериозно? Бебе од 4 месеци нит знае кога му се кака, нит знае каде треба да кака, нит знае пак да седи. Единствено што знае е пред време со фацки и напинање да покаже дека се спрема да кака,и овде мајката реагира па го става бебето на нокшир и нему му иде каката па ја завршува работава во нокшир наместо во пелени. Алал да му е на малото, со факултет родено знае каде се кака... бре,бре.. Ако сте го потрефиле моментот кога на бебето му се какало се разбира дека ќе се олесни во нокшир, но тоа не значи дека сте го одучиле од пелени. (затоа и после некое време бебето не сакало во нокшир, ниту пак паметело дека некогаш таму случајно вршело нужда) Случајното искакување во нокшир не значи дека сте се спасиле од пелени! Бебе ќе престане да кака во пелени кога самото ќе биде свесно за физиолошката потреба, а на 4 месеци не е свесно, нит на 6, нит на 9 месеци. Затоа трпение, дајте им време да пораснат па тек тогаш седнете ги на нокшир, или воопшто седнете ги кога ќе бидат физички спремни а не на 4 месеца.