Неколку пати го имам оставено по ѓаќи и секогаш кажува од ко ќе се помоча, планирам летово кога ќе земам одмор да пробам да го одвикнам ако не бива ќе тераме со пелена 2 и пол направи на 10ти јуни. Ама сега не ми личи дека е спремен. Со лесно на сите
@PeachGirl, @lackygirl Чисто за инфо ми требаше. Да знам дали брзам. Сакам и јас да пробам. Две наполни на 10-ти. И ми побара да и соблечам пелена да кака, ама тоа еднаш беше само. Да не се залетам без врска. И така не збори ништо, нема ни да ми каже ако кога и се оди
Секое дете е различно ако мислиш дека ќе успеете пробај Сега го имам заприметено моча на 2,3 часа, некни непланирано излеговме без пелена ама тука блиску до куќата, си реков ако се помоча одма го враќам дома и се задржавме скоро 2 часа, го прашував неколку пати дсли му се моча ми велеше не, си отидовме дома и слезе од трициклот застана се помоча морам едит: се помоча в гаќи ,
Мојата така почна на шала. Седна на нокшир и вика кака (и се искака). Па бевме во изолација и си викам ај да пробам. Ептен лесно минавме стварно. Беше неполни 2г (22м)
Јас ќе пробам после роденден да му тргнам пелени. Кажува кој кака и кој моча знае,разликува. Не сака на нокшир да седне, ќе земам адаптер со скали и ќе пробам. 2 недели може ќе сме мочки дома ама се надевам ќе се научи. Ми е криво зашто секогаш пред да кака кажува а и општо се збори, зашто да не го одвикнам со време. Ќе пробам и така сум дома па ќе видиме. Сакав да прашам за време на одвикнување ќе оди во градинка, да им кажам и таму ќе соработуваат? Има некоја искуство?
Треба да соработуваат. Јас им ја оставив и реков не носи пелени 20 дена и во никој случај да не и ја враќаат. Мојата нема згрешено таму ни еднаш , ама со оглед дека беше во јасли не направија никаков проблем.
Мене од градинка многу ми помогнаа со одвикнувањето од пелени, мислам дека нивната помош беше клучна за да се откачиме лесно. За три дена готово беше. Ама во градинка почнаа да го седнуваат во нокшир уште кога мене не ми беше ни на крај памет за одвикнување. Без проблем прифати дека е голем и треба да кажува. Направи и неколку грешки, ама генерално, многу лесно поминавме.
И кај нас пелени откачени преку ноќ. Кога започнаа и во градинка да ги седнуваат на нокширче. 3г и 3м. Лани узалуд се трудев. Ја извадив и видов дека не му клика. Не направив никаков притисок. Сега буквално сам ми рече дека не ја сака повеќе пелената. Знае да погреши сеуште, ама не е страшно.
Браво преку ноќ дека ги вадите,најверојатно дека се поголеми 3 годинки,затоа и во градинка им е полесно веќе се развива свеста
Денеска синко цел ден го помин без пелена. Неколку пати се измочка во нокшир, па измеѓу неколку пати се измочка во гаќи, па после продолжи да си мочка во нокшир. Два пати сам кажа дека му се мочка, останатото постојано јас го прашував и нудев да мочка. Да го оставам ноќе без пелена, или прво да се поднаучи преку ден, па после и преку ноќ?
Твој избор само биди спремна да менуваш постела првите неколку ноќи. Јас лично го одвикнав дење па ноќе и тоа во рок од една недела, ама мислам нема да е грешка и одма. Гледај да си одморена и ако брзо учи дење и ноќе нема да му треба долго за да свати дека нема пелена.
Јас од кога откачивме пелени, една недела ставав ноќе, кога видов дека се буди сабајле сува и ја тргнав, а и една ноќ кога пиеше повеќе течности и со пелена па пак стана да каже беше пресудно. 2 години и 7 месеци беше.
Ние одевме на ризик со двете деца зошто и двете чекав сами да ми кажат нејќам пелена па ми беше изненадно немав мушамки за на душек да ставам.Големиот ги откажа пред третиот роденден малиот на две ипол.Ни едниот ни другиот немаа направено грешка навечер.Помалово се случува да направи ретко преку ден ама ноќе не.Како си сакаш ти така.Ако сакаш ставај неколку дена навечер па ќе видиш како ќе биде
Денес баш со матичната тоа зборевме. Рече прво дење само да не извадам пелена, па кога ќе сфати дека не носи веќе пелени и ноќе да извадиме. Ми рече обично за една недела ќе сфати сам. Инаку е 2 години и 10 месеци
Се си мислев дека прочитав тука дека треба одма да се откажат и преку ден и преку ноќ, да не се збуни. А може и сум прочитала да не се еднаш става пелена преку ден, еднаш не, па за тоа да не се буни . Знам дека имаше нешто пишано за збунувањето, па затоа прашав. Ептен неплански, чисто за проба беше ова, па не се надевав дека толку брзо ќе сфати. Ќе пробам преку ноќ да му ставам неколку дена, да видам како ќе е, да не менувам постелнина 5 или 6 пати ноќе.