И јас би ти советувала така да направиш. Јас ќерка ми кога ја одвикнував прво денски и извадив само. Ноќе ја оставив по пелена уште еден период. Ама кога извадив и ноќе, долго време правеше бељи навечер, можеби скоро половина година, ако не и повеќе. Сега малиов, мислам дека полесно ќе пројде, но секое дете башка приказна . Со лесно
Имам проблем па доколку имате некоја идеја помагајте. Антонија (2години и 4месеци) мочкаше на нокшир наутро штом стом стане и штом стане од пладневната дремка. Се будеше со сува пелена и си мочкаше во нокширче. Така тераше некои две-три недели и почнав да и нудам нокшир почесто во текот на денот и да носи гаќички, но испадна катастрофално. Ќе мочнеше две три капки на нокшир, ќе станеше ќе се избришевме и после 5 минути ќе се измочкаше. Не можам да ја држам подолго на нокшир затоа што самата вели готова сум и станува и не сака пак да седне. Така тераше два три дена по што почна воопшто да не сака да седи на нокшир или ќе седи и нема да се измочка а штом стане веднаш ќе се измочка во гаќички. Па дури почнуваше и да плаче штом и понудам нокшир и да бега од него и го тргнав настрана, не се обидував веќе да не и направам аверзија. Потоа следуваше период каде што откажа мочкање наутро и на пладне во нокширче и си остана на пелени. Последниве недела дена ми вика ми се кака но веднаш штом и понудам нокшир таа се крие под маса и вика не сакам ќе какам во пелена. Штом заврши ми вели готова сум да смениме памперс и самата си легнува на кревет а потоа и оди и под туш за миење на газето. Секој пат кога и нудев нокшир ако речеше не, и нудев шолја, и ветував играчки, правевме муабет дека веќе е голема и дека треба да кака и мочка на нокшир/шолја, дека газето ќе ја боли ако носи памперс, дека и е жешко и само вели добро мамо и пак по старо. Има денови кога ми вика не сакам пелена и и облакам гаќички но во рок од половина час три пати ќе се подмоча по малку и самата си бара памперс. Пробав и веднаш да ја ставам на нокшир штом рече ми се кака, резултат - се сецнува и може да се случи и два дена да не се искака. Не сакам да ја форсирам и да ја присилувам но мислам дека е спремна штом самата ми вели ми се кака и не сака да носи памперс. Е сега барам совет како да ја "засака" шолјата/нокширот? Дали јас веднаш се откажувам и треба да бидам понападна или некаков друг пристап да ми предложите? Еве во збунка сум и ми е страв да не ја форсирам премногу па ми излегува спротивно од она што треба?
Јас не би форсирала.Би престанала месец два скроз да заборави на нокширот,и би чекала сама да е спремна.Ако детето плаче,бега,дефинитивно не е спремно.Зошто да си трошиш нерви,да слушаш плачки за џабе.Ќе дојде ден сама ќе си побара да ја извадиш пелената.
ЗДРАВО МАЈКи.и јас отворив овде да барам помош за истото гледам ист проблем,само што моето е 2 години и 7 месеци.....незнам повеќе како
Јас сметам дека тоа што детето не седнува на нокшир и одбива да врши работа на друго место освен во пелена е знак дека детето не е спремно и да се остави некој месец па да се проба пак. Да го споделам моето искуство па може некој ќе најде совет. Тоа што цело време сите зборат детето да е спремно иако е како клише муабет сепак тоа е тоа што треба да се чека, тој момент. Додека не дојдовме до тоа и јас не сфаќав што точно значи да е сремен сам и имав неколку неуспешни обиди. И беа како што ги опишувате, несакаше да седи на нокшир, одбиваше било каде да мочка, не кажуваше предвреме туку од коа ќе заврши работа….и обидите беа неуспешни. Дури имаше момент пред 4-5 месеци каде одбиваше да му ставам пелена ама одбиваше и нокшир. И не, не беше спремен и немав живци да се борам со тоа. На 2ипол год стана од попладневна дремка, да смениме пелена и така сам од себе почна со муабет дека несака пелена и дека не бил бебе туку бил дете и си реков океј ајде ќе пробаме. И за една недела скроз лесно и брзо помина целиот процес. Првите 2-3 дена го прашував и седнував на нокшир и така го погодувавме моментот коа ќе мочка. Не одбиваше да седи на нокшир ниту одбиваше писоар. Иако уште незнаеше да контролира ако јас не го прашам. Дури и по пола час седеше на нокшир. Потоа сам одлучи дека сака да мочка само во писоар и океј го кренавме нокширот. Имаше момент после 3-4 дена кај што збеснував ама сега ми е смешно. Всушност на 4тиот ден од коа укапира дека тој сега може да го контролира мочањето и фати на моча насекаде и тоа му беше забава. Се смееше на глас. Ќе му дојде и намерно пример ќе иде во цвеќето и ќе моча и се смее и тогаш вклучив награда пошто веќе знаеше да контролира само да го научам каде и на секое полнење писоар добиваше бомбон и толку беше. Имаше по некоја грешка, најчесто коа е заигран и додека каже веќе ќе заврши работа ама тоа траше првата недела. После една недела нема згрешено. Во врска со какањето уште од одма почна да кажува. Е за ова не сакаше на нокшир туку на вц шолја. Океј така правиме си кака таму. За ноќе уште од првата ноќ не му ставив пелена. Да не го бунам. Пелена од тој ден веќе нема видено. Се спремив со мушамите, има во дм големи за под чаршаф ама се нема помочано ноќеска ниту еднаш. Во рок од два месеци само еднаш ме има разбудено ноќеска да моча. И тоа е моето искуство. Прелесно мислам поминавме. Освен неколку мочки по пархет и исушено цвеќе немаше ништо страшно. Значи мислам дека моментот е многу битен. Да биде детето спремно да соработува и да не одбива и да биде стрес и да вели не. Туку процесот да тече како да е тоа скроз нормално секојдневие. Се друго сметам дека ќе одземе премногу време и живци и нема потреба од тоа. Читав и совети дека пред одбивање мајката да се ослободи барем две недели да бидат дома со детето…. Ние уште првиот ден излеговме на 2ипол саати шетање. Се опремив во ранец со облека и не гледам поента дома да седиме. Иако он не се помоча на шетањата и да се случеше ништо страшно ќе го пресоблечам и готово.
Од оправдани причини малава 3г.и 6 месеци дури сега ја одвикнувам од памперс. Неколку месеци беше комбинација,бараше и памперс и нокширче и во тревичка да мочка Кажува кога и се мочка,кака,свесна е ама еве на пример кажува се мочка 2 пати во 10мин.да речиме во нокшир па по 5 мин.во гаѓи.Нормално е толку често да и се мочка?
Ако сега прв пат тргаш памперс скрос може и самата да пробува да се контролира дали може да сопре па после дали може уште да мочка и така. Учи ново и е и интересно. А може па и жешко време па повеќе внесува течности па стварно да и се мочка повеќе. Ама повеќе мислам дека е првото истражува и учи да контролира.
Мочка по многу малку. И јас мислам дека ново и е. Она што ме буни е како може да е свесна дека и се мочка,кажува мочка,па греши
Извинете што досадувам Колку пати ноќе ги будите? Трет ден и е,добро ни оди.Кога е гола цело време кажува и не греши,кога носи гаќи знае да згреши.Ја оставам гола дома,и кај моите кога сме На подолга рекација гаќи што не пропуштаат ама не ги сака баш. За ноќе и ставав памперс вечерва не ставив.
И јас не би будела. Не сме во фаза на одбивање ,но од 7 ноќи само едно утро вадам влажна пелена, сите други суви си ги фрлам во канта
Нас ни е 4ти ден, ставам пелена од страв да не направи се утоп, но секое сабајле и на секое преспивање вадам сува пелена, дури сабајле ако осети многу да му се мочка ме буди за на нокшир, не сака во пелена да мочка. Од вторникпт досега само еднаш беше заигран и се измочка во гаќи инаку и за мочкање и какање си кажува. Лесно било, а се плашев ептен. Јас не би будела навечер и ниту поголемата не ја будев, си издржуваат цела ноќ.
Мојава секое утро е со поооолен памперс. Еве во 23 заспа,мочкаше пред да заспие,во 1 веќе беше помочкана. Ајде ја соблекував,почна да се нервира оти ја разбудив,па се разбуди беба,церемонии дури ги презаспав А да,ја ставив на нокшир викаше не не,дали веќе помочкана па не и се мочкаше. Ставив памперс
( Барав стари мислења за да се сетам точно како беше зошто мојот многу мочкаше ноќе пред да тргнам пелена) Не го будев, ама ако беше буден го прашував. Исто со преполна пелена се будеше додека носеше кога тргнав првата ноќ два пати се измочка и следната ноќ почна па се разбуди да ми каже дека му се мочка. После тоа во година дена дали 3. Пати згрешил кога спиел многу цврсто. На почетокот почесто се будеше сега многу ретко се буди ноќе да мочка. Сакав да ти кажам за дење не ја оставај без гаќи, синко гол кога беше знаеше да мочка во нокшир уште 3 месеци пред да се одвикне ама а облечете гаќи грешеше. Кога го оставив со гаќи првиот ден дали два пати кажа мочкаше и се плашеше зошто му тече по нога на што секој еден пат му објаснував дека не е страшно и мора да ми каже за да седнеме на нокшир или адаптер. За два дена научи дење и после уште два дена ноќе. Делот кога беше гол не го рачунам зошто иако си го разбираше телото му требаше време да научи разлика од пелени и гаќи.
Ти благодарам,секој совет ми значи. И ставив гаќи Кога се разбуди рече ми се мочка ама па и памперсот беше полн. До сега не погреши ама гола беше. Сега и ставив гаќи и заспа. Знам дека ќе згреши ама еве така се учеле Уф...
Да се пожалам и јас. Еве два дена веќе преку ден не му ставам памперс но никако не кажува јас го прашувам нон стоп ама џабе. Несака да седне ни на нокшир ни на шолја а и надвор не дава да го соблечам да моча. По некое време се помоча и тогаш ми каже. Вика мама мокро. За вечер ставам памперс, вчера беше мочал а сабајле памперсот беше сув. Не знам викам да пробам уште еден ден два па ке видам што ќе биде. Сте имале ли ваков проблем.
Мојата пред да почнам да ја одвикнувам од денско носење,памперсот од ноќта и беше сув неколку дена.Тоа ми беше знак да почнам.Нормално е вака да прави да се измочка па да каже.Не знае се учи.Само трпение без дерење карање и слично.Јас нудев карамела или гумено бонбонче ако мочка во нокшир.Пробај со некоја забранета храна, може ќе успееш.Постепено тоа ќе се навикне и не ти треба повеќе да даваш.Ајде со лесно нека ви биде.
Nie sme 3 god i se spremame sega za odviknuvanje. Nekoj period za kakanje me vika samo mene,me trga nastrana i taka kaka. Pred drugi se sramuva Sakam da prasam dali toa e nekoj znak?
Како да не е знак ,на 3год детенце е веќе,не е бебе? Мојов е година ипол,па знае да ми каже кога мочка курето, и се срами кога ќе прдне. Знае и дека кака газето,ама сметам дека не е доволно спремен за да почнам одвикнување.
Ќеркичката само првиот и вториот ден имаше проблем,два дена веќе не згрешила воопшто. Е ноќе е проблем,ако ја будам е нервозна,па греши,преслекувам и после веќе се буди сува и бара да мочка во нокшир. Кај неа какањето е проблем,затоа и ја оставив за покасно. Во Февруари од ниге некаде проблем со тврда столица. Моравме да вклучиме чепчиња,сируп за конечно прес месец да се среди. Тоа беа кошмари од вриштење,болка да се покака. Сега бара памперс за какање и ќе терам така додека не се преплаши.Тој хорор никогаш да не се повтори. Проба прееска во нокширче не можеше и ставив памперс.