Јас сеуште не сум почнала дефинитивно,онака пробавме само ама седејќи на нокшир и како да му мало нокширчето,курето му е надвор.Значи ако пробувам (ако тој сака стоејќи ) или писоар или на шолја ,адаптер ,качен на скалички.
Син ми е 2 и пол години, пробувам го оставам без пелена ама му ја враќам, знам дека не треба, дека го бунам ама оди во градинка, летово се менуваат негователки таму и не ми се ризикува со новата сега да се учи, бидејки не ја познава, неговата нег е на одмор цел јули, еднаш зборував со неа и рече дека ќе соработуваат за одвикнување, но исто така ми рече дека бил мал, во групата се повеќе деца по 3 год, и досега мислам само 3 или 4 дечиња кажуваат, ми вика мал е ама ако сакаш ќе соработуваме Вака сме сега, вчера после градинка го оставив по гаќи и 2 пати се помоча в гсќи и од после ми кажа, после уште 2 пати во нокшир седнат, му реков дека ќе купиме играчка и така се измоча в нокшир, потоа излеговме во др град и му ставив пелена, таму застана и кажа дека мочал, така спиеше со пелена, насабајле ко че стани е полна пелената оти пие вода ноќе, некогаш повеќе некогаш помалку ама бара вода, сабајле пред градинка го прашав дали сака на нокшир да мочка рече да и седна се искака и се помоча, за в градинка ставив пелена пак, еве сега дома е со мм без пелена и само што се јави рече се помочал в гаќи Јас сум изгледа проблемот овде не сум решена за скроз да тргнам, или да не го пуштам в градинка 1 недела дури научи, во тој случај мајка ми ќе треба да го чува и таа ќе сорсботува, нз што да правам, вака мн го бунам. А се зборува ко стар чоек
За 300 денари би ти препорачала писоарчето. Шољата за маливе ми е незгодна мене, а може и да се исплаши. За нокширите за машко дете вечен проблем. Кога е седнат за какање на нокшир и му се примоча секогаш е лом. Едноставно им излегува и нема решение.
@lackygirl ти треба да се решиш. Првиот ден само се измочка 3 или 4 пати во гаќи, после само еднаш/двапати ако згрешеше. Сега ептен ако му се примочка и не може да стигне до нокширот, вика по мене и го држи курето, стиска. Имаш време, почни во сабота, недела, понеделник веќе ќе знае како треба. Првиот и вториот ден само го потсетував ( 9754366 пати го прашав дали му се мочка), после почна, сам да кажува. Сега сам си го вади и си мочка ( дури и го затресува на крај ). Пробај, ако е спремен до понеделник сигурно ќе е одвикнат. Ќе стискам палци ***** Дека е ептен непланирано и неочекувано одвикнувањето на синко, потврдува тоа што ми останаа 6 пакетчиња пелени и 2 пакетчиња гаќички . Беа на попуст минатиот месец во Рамстор, па купив многу да искористам попуст . Сега ќе стојат во шкаф, ај имаат рок до 2026,може ќе ни притребаат дотогаш . Ми викаше мм да не купувам многу, ама кој да го слуша
Ќе видиме викендов скроз да тргниме јас сум в сабота на работа ама мм ќе го чува, денес пак после градинка без пелена и се помочал дома, потоа кај мајка ми беше и таму 1 в гаќи па јас кога отидов во 8ч се помоча стоејќи надвор и дома пак во нокшир и за спиење ставив пелена оти многу моча ноќе, хаос му е во главчето
@Pebeka мојот моча стоејќи. Директно во шоља почна. Додека пробував во нокшир и седејќи никако не сакаше. Го виде татко му како моча и така почна и тој.
@lackygirl иста бев како тебе, ќе пробам еден ден и ќе се откажам, постојано наоѓав причини дека ете во градинка, па не е стоплено уште, па треба да патуваме како по пат. И на крај се решив, и облеков гаќи, првиот ден 3-4 пати згреши и морав јас на секое да ја терам да мочка во нокшир. Вториот ден 2-3 пати згреши, но веќе почна и сама да кажува чат пат. Третиот ден згреши еднаш но сама кажуваше. Значи цело време носи гаќи, и во грдинка и дома и кога ја шетам. Многу трпение треба, ама верувај ако е спремен, а по ова што пишувам спремен е дечкото ќе откажеш пелени за три дена исто како со доењето е Уште ноќе и ставам пелена од што пие вода и се буди со полна пелена. Незнам тука како да постапам. Треба значи да станува ноќе да се мочка или ќе почне со тек на време да држи? @BabyT знам твојата пиеше многу вода навечер, како направивте вие?
Не сака да седне на нокшир,кога му се мочка кажува а ноќе му е сува пелената,како да го натерам да седне на нокшир
Успешно се одвикнуваме, првиот ден направи грешка 2пати, 2 ден само еднаш, вчера ни еднаш. Синоќа и ставив пелена за спиење, дури и ми вика сега каде да мочкам, ми се мочка. денес ќе ја оставам без пелена и вечер Не сакаше да кака на нокшир бараше пелена, ама вчера се искакала на нокшир.
Нека моча станат во шоља. За какање може не е спремен уште. Опција за какање ако е спремен е или директно на шоља или со адаптер на шоља.
И го сменив шишето и дадов едно што не го сака многу.А од кога ја одвикнав скроз престана да пие навечер ,само пред спиење.
не сум знаела дека постојат и ваков реквизит. Инаку и јас се приклучувам во вашето друштво и сезоната на гаѓите и нокширчињата
Да, има Моето најлесно го прифати писоарот. Иако седеше на нокшир првите денови сепак како почнуваше да кажува одма трчаше кај писоарот и еве до денес таму сака да моча. Најбрзо е. Сепак испадна нокшир да не користиме. Пробувајте и детето само ќе си одлучи тп најмногу му одговара