Од мое искуство само кога се спремни. Никако не го разбрав тоа седнување на нокшир, па и убедување да седи со саати . Со поголемиот имав обид на околу 2,5г ама неуспешно. После два, три месеци сам побара да мочка во писоарот и така му ги тргнав пелените за мочкање. За какање се мачевме до полни 3г, попушти кога беше болен, проливче и виде дека е поедноставно на шоља (со адаптер). Сега има 3,5г дење спие без пелена а за навечер уште ставам заштоиако ретко сепак знае да се измоча во спиење. Помалото има 22м, од пред една недела исто сам побара. Он мочка и кака на шоља, со адаптер секако. Овие денови згреши неколку пати, обично ако е заигран а јас не го прашам и два пати кога сам кажа ама мене ми требаше долго време да најдам соодветно место надвор и другиот пат бевме пред врата, па сандали, панталони со копче, патент..., инаку го прашувам дали му се моча (и најчесто вика оу ноу ). За спиење му ставам и си ги полни убаво.
Малиот имаше стомачен вирус, помина па уште е дома и решив да го одвикнам од пелени. 2 години е. Купив гаќи, се вооружав со трпение и почнуваме. Додека е дома овие 3, 4 дена барем да поднаучи. Е сега, седење на нокшир со телефон или некоја играчка нова инаку се друго поинтересно му е. Кажува кога е какан, зборува и затоа и ми е криво да не знае ова. Ќе пробам, се надевам дека ќе успеам. Со што ги миете каките на гаќите пред да одат во машина?
Со лесно мајка, се надевам ќе ги откачите пелените. Јас кога се забораваше син ми и пушташе во гаќи прво на рака триев со Vanish, оставав да постои, па во машина на 60 степени.
Бидете попаметни од мене и не одвикнувајте дете од памперс додека има стомачен вирус. Цела куќа со каки ни е. Ќе почекаме уште малце.
За да нема жолти флеки прво со детергент за садови на рака. Потоа со средство за флеки напрскај па во машина.
Значи помачно е учење за користење на нокшир и одвикнување од пелени одколку да доиш по цели ноќи. Кога носеше памперс немаше никаква осет за мочкање какање и сл. Одкако го оставам по гаќиња кога ќе му се моча во моментот или неколку секунди пред тоа кажува мама мота. Битно е дека колку толку има осет. Ама проблемот е што и да се утепаш неќе да седне на нокширче. Седи само одкако ќе стане од попладневна дремка така подолго време со лажење па дури и го лажам со цицање ама пак ќе се помочка одкако ќе стане и ќе го облечам. Не достојува на нокшир не сака да го издржувам над шоља, и тоа е кратко и веќе ми е смачено не знам кој пат да го фатам. Првото многу брзо се научи да мочка во нокширче и си седеше без проблем. Со него имавме проблем со какањето ама и ноќното мокрење брзо го совладавме. Ова сега леле мајко е.
23 месеци? А кога ќе е спремно? На 4 години? Гледам дека е веќе во фаза на развивање на осетот ако почекам ќе дојде време да си се кака и мочка во памперс и да мисли дека тоа така треба. Тек тогаш нема одвикнување од памперс.
Синко е 2.5 години, уште е со памперси. Пред една недела пробав да му ги тргнам пелените, ама безуспешно. Мислев ќе биде спремен, затоа што одамна веќе пред да се искака кажува и клекнува. Може 7-8 месеци секое утро пелената е скроз сува, не мочка ноќе воопшто во неа. Се зборува, за се се разбираме, ама за пелените засега не. Со залажување го седнував на нокширот, читав приказни, му зборував се смирено, и седеше по 5-10 мин без да се измочка. Само што ќе станеше одма мочкаше насекаде. И цел ден не се искака, а има брз метаболизам, дневно по 3-4 пати се празни секако. Сега се стегаше и на секој нагон идеше накај мене и викаше мамо гушни ме. Додека не му ја вратив пелената не се искака воопшто, се исплашив да не му направам проблем. Откако му ги вратив пелените уште знае да рече, мамо не сакам да се извалкам на нозете, нема да ми тече нели, носам пелена сега. Или да бара потврда дека носи пелена за да се искака. Можеби избрзав што му ги вратив пак, ама според мене не е уште спремен и не сакам да го форсирам. Или треба да бидам поупорна следниот пат?
Грешиш, ама ти си знаеш. Исто пробував пред да наполни 2 години, па откако наполни 2 години, па наредните месеци, се додека не пробав на 2 год и 5 месеци, истиот ден престана да мочка во пелени. Како никогаш и да не носел. Ако претходно го бркав со нокшир и на секое го прашував дали ќе мочка, и откако ќе ми кажеше не, за 2 мин се измочаше на ламинат, сега сам викаше МО и си го вадеше курето за да мочка сам. Зошто да форсираш, си пробала не бива, пробај по некое време пак? Зошто да се стресуваш и ти и детето? Нема потреба. Кога ќе е спремно, дури ќе се изненадиш колку брзо се одвикнало.
Моево за какање нема проблем кажува и бара нокшир и сам седнува се кака и си станува, ова сакав прво да го научи, но за мочање нејќи, ако го седниш на нокшир ќе се помоча ако не се моча кај што е, некни демек не ставам пелена за излегување се испомоча одма по 10 мин, 2 пати исто ми направи и сега без пелена не излегувам, не е спремен уште, ноќе ја полни цела пелена а си пие и вода по 1 шише во ноќта. 2 год и 7 месеци, денес во градинка му ставив пелени и си носи без проблем. Така да ќе си притера со пелени ќе пробаме пак на есен, па на зима има време.
Еден постар коментар ама го цитирам зашто сметам дека е во право се што е напишано. знам дека не е правилно кога тргнеш пелени по извесен период да вратиш но ете те послушав и викам ајде може не е навистина спремно ( има осет кога мочка ама да каже предвреме не) и вратив пелена а во меѓувреме го слушам како вика мота кака лоа ( да мочал во каканата вода) го издржувам одвреме навреме и безуспешно. Ставам памперс и после некое време стои вика мама мота (демек се помочал) и оди како со раширени нозе викам ок е памперс имаш и вика мота папес се буцка да види и забележува дека не е воден (како претходно со гаќињата) и се опушти. Наредните неколку саати си наполни памперс без да каже.
Епа ако мислиш дека е во ред тоа претходното што го цитираш зошто си вратила памперс?Зошто не одеше до крај?
Познавам детенце кое е 4 полни години и неколку месеци и уште памперси носе. Не кажува, вика мајката. Ами како ќе каже кога она не го става на нокшир или шоља? Мојава татко и ја одвикна од пелени. Ја ставаше на нокшир да гледа цртан на тв и додека не се помоча, не стануваше. Мораше да научи за што служи нокширот. Неколку пати така и она сама почна да си кажува. Се случуваше да направи беља, ама тоа од што е занесена или едноставнп заборава. Немаше проблем ни на шоља да седне. Инаку имаше 2 и пол години, лани кога затворија градинките се одвикна. Мислам дека таа возраст е најсоодветна оти разбират и знаат да кажат.
Јас верувам дека секое едно дете знае за што служи нокширот,ама и покрај тоа си го користат како шешир.Тоа што децата најчесто ги оставаат пелените околу третата год кажува нешто.Зошто една година би му објаснувала на детето дека не треба во пелени,кога тоа најлесно и најбезболно ќе биде за двете страни кога детето само ќе каже.Еве двете мои деца сами рекоа од денес не сакам пелена.Верувам дека тука и памперсот игра голема улога,апсорбира се и детето не осеќа нелагодност па си го носи до три години.А да не зборуваме колку контра ефект имало тоа предвремено одвикнување,колку проблеми отпосле донело.
Фала Богу мојава немала проблеми поради тоа што на 2, 5 години се одвикна. Она и многу бргу се одвикна. И најискрено подобро тогаш отколку на 4 и кусур години уште со памперс да е.. Патем, мислам дека мојава да не беше спремна немаше толку бргу и лесно да се одвикне.
И помалиот мој се одвикна на две ипол.Големиот на три.А колку деца познаваш што имаат 4 год а се се уште со пелени?Значи таа е таа возраст кај што се чувствуваат спремни,од две до три год.Супер ако има дете што уште на година било спремно.Ама да го форсирам детето од една год до три,јас лично не би.