Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам дека мора да зборува за да каже и за да може да го контролира нагонот. Се учи. Има деца и на 18 месеци што успеваат да тргнат пелени.
    Првата ќерка зборуваше супер на 2 год, но процесот траеше 3 месеци додека не научи скроз да не помочкува гаќи. Помалата ќерка исто на точно 2 год не збореше речиси ич, адаптацијата траеше сѐ на сѐ две недели!

    Се сложувам дека ако се почне одвикнување од пелени, веќе не треба да се враќаат пелените, може ќе трае подолго процесот но треба да се истера до крај.
     
    На crazylady, srekice и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  2. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Ама процес на одвикнување не е ако јас денес пробам да го оставам без пелена чисто за да пробам.Според мене процес на одвикнување е кога детето ќе почне да соработува и тогаш не треба да му се враќа пелената. Веќе почнало да сфаќа и ако 3 пати се помочкало во нокшир, 4 пати во гаќи, јас да му вратам пелена за да не се измочка пак, секако дека за наредно мочкање ќе го збунам каде да мочка е правилно. Или цел ден мочкал во нокшир и ќе одиме на гости и јас му викам, мочкај си во пелената. Ама ако е спремно детето и ако разграничи како треба, нема ни тоа да му е проблем.

    Некако е сфатено тоа буквално дека ако еднаш се тргне, веќе не треба да се враќа пелената. Па и на одмор ако го водиш додека се бања е без пелена, па после му враќаш. Пробуваш и му зборуваш денеска 3 или 4 саати, видиш дали почнува да соработува, да се стиска, да кажува дека му се мочка, да оди само да мочка, ако воопшто ниеднаш не мочка надвор од пелена, која е целта да го измачуваш и понатаму и детето а и себе, само за да не му ја вратиш пелената назад. Како и ќе го збуниш, кога оно и онака не знае.

    На моето 2 или 3 ден откако се одвикна, морав да му ставам пак, бидејќи моравме да одиме во Врање, не знаев по патот дали ќе има каде да застанеме, а и да имаше, додека да каже, додека излеземе, страв ми беше да не ми се измочка.
    Пред да тргнеме мочкаше дома, по пат не бараше да мочка, откако стигнавме кај молот, го одведов во вц да мочка, пред да си појдеме пак мочкаше, по пат повторно не се измочка, дури кога стигнавме дома. Пелената беше сува. Во мојот случај не го збунив, можеби е индивидулно кај секое дете.
     
    На Mnik, Lianna Anna, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.367
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Нема поента да вадам ставам.
    По роденденот ке пробам дали ке соработува. Ке извадам пелена и ке видиме три дена како ке биде.
    Сега за сега мочка кога ке извади пелена во туш кабина пред бањање. И да е мочкан дава нап да мочне, мислам дека разбира што му зборам.
    Ама мочка стоејќи, се мислам да продолжи така, да му држам нокшир така да мочка.
     
    На crazylady, Kitten, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Купи го писоарчето, во Лотус М е 150ден. На секое мочкање ќе треба да му го држиш поткренато нокширчето, зошто ако му е доле ставено, нема да може да мочка во нокширчето, туку ќе мочка и до него, моето така правеше. Иако на почетокот додека да стигне писоарчето мочкаше седнат на нокшир или во кадата стоејќи. Некогаш и му го држав нокширчето, зависи.
    Сега за мочкање само во писоарчето оди, и сам си оди и мочка, а за какање во нокширчето.
    Пробувај почесто, ако не пробуваш нема да знаеш дали е спремно. И постојно го прашувај дали му се мочка, некогаш ќе се измочка во гаќи, некогаш во нокшир, ама ќе видиш дали почнува да разбира. И на машките можеби им е поинтересно за одвикнување, бидејќи мочкаат стоејќи, мојот многу се радуваше, мочкал како татко му.
     
    На crazylady, MilaSs12, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Марчи, постот што ги го цитирала и сметаш дека е во право е од 2015та.
    Не верувам дека веќе и членката што тогаш го напишала смета дека е во право.

    И не, не е во право скроз.
    А за овие 6 години од тогаш до сега и научно е поткрепено сето тоа. Не дека во 2015та немало научно докажано дека бебе од 6 месеци не е свесно за ваков процес и е штетно да се седнува, али ај. Да речеме дека еве сега барем лесно се достапни сите информации и му се достапни на секој.

    Се надевам во меѓувреме членката станала родител или барем тетка нешто такво, имала бебе во близина па сега се смее на глупостиве од погоре за насмеано бебе на нокшир.
    Ама дека бабата го издржува ми дада сосема нов правец во приказната :D мислам дека знам кој е главен таму на релација свекрва-снаа :D


    Како и да е, не ги форсираје децата. Сите што поминале низ процесот кажуваат дека е најлесно коа детето ќе биде спремно.
    Факт е дека оваа вештина се совлдува од 18 месеци до 3години. Зависи од детето. Нема што да му запнуваш на 22 месеци ако немате проблем. Почекај некое време па пробај пак.
    Си има знаци кои укажуваат кога е спремно, ние може да потпомогнеме со зборување и објаснување и тоа е.
    Физиолошки процес е кој ќе се совлада порано или подоцна. Остави детето да каже.
    А ако имате луѓе во околина кои ви префрлуваат за вакво нешто или се погледнуваат под око…баталете ги. Само ви сметаат во живот
     
    На Lianna Anna, srekice, crazylady и 10 други им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.367
    Пол:
    Женски
    Да така планирав, да му го држам нокширчето. Писоарчето како функционира?
    Ке треба да набавам нокшири и за кај бабите, секој ден одиме и по неколку часа е таму.
    Кога ке излезам како да постапам?

    Вчера татко му отиде по голема нужда, запна и тој да кака, разбира што е тоа, знае кога му се кака, и кажува дека е какан. Седеше на шоља и се напнуваше. Да земам адаптер?
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    писоарчињата имаат и такви како лепенки и може да се залепе на плочки на која висина му одговара и така е супер.
    Мислам дека за машко ептен добра работа се писоарчињата. Плус внатре има едно како вртелешка што многу му е интересно на мојот и сака штп се врти коа мочка. Па допринесува процеспт да е интересен.

    За по надвор јас имам чашка за мочкање. Исто за машко е топ. Таа ја користиме во кола или на шетање каде нема тоалети.
    И од прв ден како тргнав пелена за никаде не ставив.
    Во ранец алишта и чаша за мочкање и тераме.
     
    На Lianna Anna, crazylady, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.367
    Пол:
    Женски
    Специјална ли е таа чашка?

    Алишта не се проблем, секако носам, лом се прави од јадење вода.
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Еве ваква е. Ја има на алиекспрес, ибеј, амазон….
    Наменета е за тоа. Ништо посебно специјална. Ама практична ми е
     

    Прикачени фајлови:

    На lackygirl и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.367
    Пол:
    Женски
    Додека да стигне може ке остави пелени. Ама фала, во зегин и ваикики гледав шишиња за вода слични, па такво ке набавам.
     
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Наназад 2 страни што ме коментирале многу ќе се фати ако го реплицирам. Секое дете е различно. Првото дете на 2 год и 2-3 месеци многу лесно се одвикна од памперс притоа го насочив,не може на дете "да му се сони" за користење на нокширче па да рече еј ајде да седнам. Мислам не е темава да дебатираме кога е време за одвикнување и дека тоа се прави на лето и не пред 2рата година зашто ако е така нас ќе ме фати скоро 3 години да има кога ќе "дојде времето"

    Инаку денеска неколку пати сам си побара да седне на нокшир што претходно не беше случај, на почеток не сакаше да седне. И тоа бара сам и седи подолго време иако не завршува работа.
     
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Нема правило дека не се одвикнува пред две години, или дека мора на лето. На лето се одвикнуваат зошто во зима се понаоблечени, па додека да се соблече, па си ги измочкал гаќите, па не се сушат, ама тоа можеби било порано. Сега има и сушари за сушење алишта, и сите соби се греат, секаде е топло, па не се наоблекуваат децата, барем моето никогаш не носи хулахопки, па и за во зима би бил наоблечен колку што е облечен и во лето, па многу не е битно дали би било лето или зима. Само разлика е што претходно носеше боди, а сега наместо боди ќе носи маичка, за да може сам да се соблекува за мочкање.
    Пак ти ќе си процениш најдобро, ние од тука не знаеме што е и како е. Ама секоја ти кажува од свое искуство. Твое е што ќе прифатиш.
    Моето можеби и лани крај на летото ќе го одвикнев на година и 8 месеци,ама ќе изгубев тон живци и ќе го замарав детето. А за измочкани куп гаќи, бришење ламинат со денови и менување постелнини секоја ноќ, и прекорување на детето зошто не кажува кога му се моча и да не зборам.
    Не викам дека не треба да се спрема детето за процесот, на моето постојано му зборев, нокширчето постојано го гледаше во вц, со мене е постојано, па и со мене одеше во вц, ме пратеше дали мочкам или правам нешто друго, го гледаше татко му како моча и си викаше и он така ќе мочкал, па постепено му давав он да пушта вода од казанчето.....
    Можеби и тоа беше клучно.

    @MilaSs12 веќе Алиса се ти одговорила. Жабката е ептен интересна, а за адаптер можеш да земеш наместо нокшир, според мене е уште поубаво да се научи директно на адаптер, ама па сам нема да може да оди да кака, ќе треба некој да го води и да го качува, освен ако купуваш и такви скалички ( мене ми е страв зошто моево често брза, па да не падне седнувајќи сам и да скрши глава на плочки, и затоа не купувам скали, а адаптер имам, ама не го користиме сеуште).
    За кај баба му му купив нокширче, па го користи и за мочкање и за какање.

    Заборавив: За во кола носам шишенце со поголем отвор (Вода вода изгледа) па мочка во тоа :tmi: среќа што е машко :rofl:.
    Не ми текнало да побарам нешто такво како на Алиса 8). Секој ден пие таква вода, па имаме куп шишенца за носење :rofl:
     
    Последна измена: 18 јули 2021
    На marchi-cool, srekice, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.367
    Пол:
    Женски
    :rofl: Твоето најхигиенски е, користиш и фрлаш. (highfive)
    Јас секако сум со него постојано. Ако го пуштам сам ке влезе во туш кабина да стиска гел за туширање и ке почне сам да се бања.
     
    На mal.ecka и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  14. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    561
    Дали на некоја мајка и се има случено во период на одвикнување да мочка многу ретко детето? И кога ќе се измочка количината е прилично голема бидејќи се стиска или не знам што...Прашав педијатри кажаа дека не е страшно
     
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Моето е така од одвикнување ,а веќе 7,8 м не носи пелени.Ама држе ,држе и после полне цел нокшир.
     
  16. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Еве јас да се пријавам, ние сме така. И јас мислам дека не е страшно. Не сакаат да пропуштат од играњето и затоа стискаат, но и ние знаеме да бидеме пренапорни и често да прашуваме. Ќе се средат за брзо. Опушти се мајка, се е во ред.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.160
    Дали некој имал слично искуство па да сподели совет.
    Малата е одвикната од пелени веќе месец дена, без проблем, не погрешила за мочкање ниту еднаш и тргнав пелена и ноќе. Има 2 години и 4 месеци. Три недели си какаше во нокшир без проблем и оваа недела протестира. Се стиска, не сака да се кака никако. Вели ми се кака и трча додека не и помине. И нудам се, да кака во нокшир, шоља, пелена ако сака да ставам, и нудам и дека ќе купиме најубава играчка, дека тоа е нормална појава но не и не. Ептен кога неможе да се воздржи пушта малку во гаќи и почнува да плаче. Не ја карам за тоа, сакам само да и олесни, но незнам веќе како да постапам. А за мочкање нема проблем, сама соблекува гаќи, седнива на нокшир и се мочка. Многу ми е мака кога ја гледам како се стиска и мачи.
     
  18. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Имаше и мојата ваква фаза пред скоро.Али се поврза со тоа да има по тврда столица и ја наболнуваше и се плашеше да кака .
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.160
    Мислев дека може и тоа да е, вчера почнав грозје да и давам повеќе, само тоа сака моментално од овошје па ќе видиме. Страв ми е да не си има некоја психолошка кочница, затоа се трудам се да и нудам ама уште без успех.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    И јас исто се плашев да не премине психолошки ама упорно давав сливи ,каши од слива,сокови,лубеница за да неможе да додрже ,тоа успеа кај нас.
     
    На paleska3 и mal.ecka им се допаѓа ова.