Еве ме и мене во темава. Малата е 2 години и 2 месеца и од пред една недела почнавме со одвикнување. Додуша почнавме пред месец ипол и добро ни тргна, ама јас се породив, татко и не и обрнал внимание и ништо. Предходно не сакаше да слушне за нокшир како да се плашеше од него и плачеше уште кога ќе и се спомнеше. Сега првите 2 дена протестираше и грешеше често, а деновиве се случува да се помочка во гаќи еднаш до двапати во денот, се случува најчесто кога ќе ја прашам дали и се мочка и ќе рече не и за 2 мин ќе се помоча во гаќи, ама бира место на подот, не моча кај било, значи сепак знае дека и се моча и не ми кажува. А откако ќе се помоча доаѓа и ми кажува: мамо таму има кака(за мочка вика кака). Не знам зошто вака прави како да протестира. И ретко седнува сама на нокшир, морам да и речам јас и скоро секогаш ми вика не ми се мочка, а кога ќе ја седнам си мочка. А гледам дека е спремна, пелена веќе нејќе да и ставам, за навечер и ставам од оние како гаќички и и викам дека се подебели гаќички тоа, ама вчера почна да протестира, ми вика не ми ставај таква ме стега. Не знам дали да тргнам и за ноќе веднаш, веќе три ноќи има скроз сува пелена, само завчера имаше мочнато малку ама јас сум крива зошто она стана ноќеска и кенкаше, веројатно и се мочкаше, ама јас преморена дека цела ноќ станувам за бебе да цица и не и обрнав внимание. Сакам да ве прашам и каде најчесто ви стои нокширот? Не знам дали ако си има одредено место каде стои ќе и биде полесно да се навикне сама да си оди, вака јас го шетам по соби и може не знае каде е некогаш кога ќе и се примочка. Стоеше и во ВЦ првично ама почна да прави бељи кога ќе влезе таму (фаќа средства за чистење) па го извадив.
не знам зошто ама со големиот истото го поминавме а како што читам и други искуства често децата одложуваат какање на таа возраст. Кога ептен не можел да издржи тогаш какал. А исто со мочкањето брзо се одвикнавме. Малово вчера прв пат се помочка а тоа да е свесно и да не е во гаќички. ми вика мама мота и ајде јас одма му спуштам гаќи и така стоечки викам ајде да го мочкаме цвеќето. (Цвеќе имаше во близина) и мочка малку после му викам ајде уште малку да го мочкаме цвеќето па како да му стана интересно и се смееше и мочкаше неколку пати. Од тогаш па и денес цел ден вика дека му се мочка ама само еднаш имавме успешен обид.
Здраво. Втор ден откако почнавме со одвикнување на син ми (23месеци) и веќе денес се искака во нокширче. Јас го ставив во тоалет нокширот одма до шоља, симнувам гаќи и седнувам на шоља и него му вадам пелена и му велам ајде сека ќе какаме. Се напнувам како да какам тој ме гледа се смее и се напнува заедно со мене, правам лажни звуци со уста како да имам гасови тој се смее и се напува во исто време со рацете плескам по мојте нозе, а тој ме гледа и го прави истото (само да го задржам на нокшир измислувам игри). Е сега, тој сам нема да ми каже дека му се кака туку откако ќе ја наполни пелената кажува кака, исто така за мочна не знае да каже само кака знае. Сега почна по некој збор да кажува, не зборува многу. Планирам да му ја тргнам пелена и да му облечам гаќиќи обични и за одвикнување купив. Прво дете ми е и незнам како да постапувам понатаму, тој се искака уште втората ден но тоа не значи ништо. Важно е што сака да седи на нокшир. Дајте ми совет мајки за понатаму.
Здраво мајки ние сме 2г и некоја ден На 2 недели пред роденденот се одбивме од цицање без проблем кај никоја од нас намачкав сенф виде каки и готово е сега околу пелените...нокшир имаме веќе 2 месеца до скоро го користеше како столче јас работам сменска работа она во градинка оди...кога сум дома ја оставам да мочка во нокшир па облекуваме гаќички и наредното мочкање е во нив....ама кога ја чува дедо и неможам да ја оставам со гаќи кај нив има теписи (за жал) и ако се помочка она денес 2-3пати се ќе замириса и со него облекува памперс....баш сега се измоча во нокшир само што ја облеков се покака во гаќи среќа што беше потврдо па не се растече... Ме интересира како е во градинките со ова јас еве кога сум дома ја оставам ама во градинка? @srekice вие ?
Ние ништо. Бега од нокшир. Ке пробам нареден месец пак. Треба да седиме дома неколку дена, да не шетаме и да се наоружам со трпение. И мора да средам со пиење вода. Мојава пие 3 литри дневно. Премногу мочка.
Ве исчитав сите наназад неколку страници. И ние сме за овде. Палчица моја е 23 месеци, пред 2-3 недели сама почна да ги вади пелените и сама да седнува на нокшир или да бара адаптер на шолјата. Пред тоа неколку месеци ја седнував на нокширче онака да се запознае. На почетокот кога ќе мочкаше кога не, а последниве 10 дена воопшто не носи пелени, само гаќи за одвикнување. Пелена за дремка и ноќе. преку ден често станува сува, а ноќе не. Но цица сеуште и спие од 21:00 до 06:30. Е сега проблемот е какањето. Воопшто не сака да кака на нокшир. Од дете што имаше водени 3-4 столици почна да се стега и кака тврдо еднаш и тоа во пелена или гаќите. Постов до тука е од завчера пишуван. Вчера и денес прв пат се искака во нокшир и беше пресреќна. Скокаше и се радуваше. За мочкање има неколку пати згрешено. Е сега некогаш сама кажува Мама Мота и трча сама на нокшир, но почесто јас ја седнувам инаку се заборава. Дали сме на добар пат, дали избрзав и дали е спремна ќе видиме. Секој нареден ден е поуспешен од претходниот. За синко не се сеќавам баш најубаво, само знам дека какаше многу мал на шолја заради тврда столица, а на 2 год и 2 месеци на летување отидовме без пелени. Инаку се согласувам дека дете треба да биде спремно и да покаже за пелените, бидејќи секој притисок и избрзување го враќа назад. Како и за се останато, проодување, лазење, станување, доење, хранење...
Палчица умна викаш а а да ти ја пратам на неколку часови да ја причуваш?!  искрено ваква ќе бидеш верувај:
Може, правиме размена одма. Немој да си ми ја вратила за десет минути Верувај, мојата е бетер Твојата се одвикна. Мојата на нокшир облечена несака да седне, а не соблечена. Го има скоро година. Уствари, два има. Ја незнам како ке ја одвикнам. Му реков на мм да ја одвикне кога ке биде на одмор
Јас секој ден се спремам да почнам. Можеби утре е денот. На 7ми имам свадба па до тогаш да видиме дали бива. За ноќе ке ставам додека цица иако знае и со суба пелена да стане доста често.
Ма треба да седам дома за да ја одвикнам. А она сака да иде на шетање. Утре сум на фризер, па четврток на ревакцина и од понеделник здравје. Па ако бива ок, ако бе здравје.
Дома е без пелена, почнавме и да шетаме без пелена, го слекувам и го издржувам и се мочка, неколку пати сам има кажано Вели Ми се мочало дома за какање нема грешка веќе цел месец кажува и седнува сам. Тоа веќе е завршено. Дури и можи да држи, баш некни во носев кај мајка ми сабајлето и од дома ми рече Ми се кака на нокшир, му велам одиме кај баба ти таму ќе се какаш, прдеше в кола и издржа, ама блиску сме 3,4 мин возење, седна одма на нокшир се искакал. За спиење ставам пелена последните 2 пати на дневна дремка е празна не е мочана, а за ноќе е полна уште... Е сега проблем в градинка, со др негователка е и некни одби нејќеше да соработува. Од 1ви се враќа неговата нег и неа ќе и речам да го прашува мислам нема да прави проблем. Уште неделава да ја истераме и да ги фрлам скроз пелените
Јас не ни се трудам сега. Имаме одамна нокшир. Толку го мрази да не го види, го шутира, се грчи. Ниту еднаш не е седнат ни облечен, вриска. Си одбра и адаптер, мислеше дека е волан, кога го ставив на шоља и тој го нејќеше. Мува не го лази ако се измоча, кога е гол знае што прави, се смее, и често знае да се лизне, ќе се утепа. Обично одма трча да ми каже кај завршил работа..Ако е подоблечен си седи мокар мака нема. За какање исклучиво бара пелена. Јас пробав и мокар, и гол и со цртани и со награди, на неколку наврати, нема абер. За некој месец пак.
Нашите се врсници. Исто, несака нокшир. Го користи за сомбреро или го вози Дека за три дена ќе се научи, мало тешко
За три дена оди процесот кога детето е спремно и соработува. Направи пауза некој период па пак обиди се.
И јас форсирав и на 2 години и на 2 и пол и видов дека не е спремен. Сега пред два месеци (2 години и 10 месеци) за неполни три дена се научи и не утна ниту еднаш ни за какање ни за мочање. И веднаш тргнав пелена и ноќе. Никогаш не се измочал, колку и цврсто да спие. Затоа е многу битно да се децата спремни, а не ние родителите.
Па затоа и јас не сум решена. Гледам дека не е спремна. Не е само ај тргни зашто јас сакам. Ке пробам, но чисто сумњам. Таа два саати заиграна на љуљашки нема шанси да ми каже. Таа пелена не дава дома да и сменам кога е заиграна
Еве и ние да ви кажеме нокшир и адаптер не сака да види плаче и се плаши. Ставивме гаќи две дена еднаш кажа мамо мота, и толку, ама пак се измоча во гаќи, не сакаше во нокшир. Не го форсирам, ке почекаме подобар момент.
Имам голем проблем. 3год и 2 мес се (знам големи се ). Пробувам 2 мес, едното дете без пелена мочка кај ќе стигне,ме лаже дека му се моча,го седнувам на адаптер, нема абер само да седи... Другото дали фати уплав, на +40 он и пелена и боди и маичка... Вришти ко ке го соблечам,никако нејќе.. што да правам побогу, до прво одд. ќе носат пелени, срам ме фаќа...