Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    368
    Нема за што да ти биде страм, деца се и може не се спремни
    Само мноогу зборување, награда кога ќе кажи дека му се мочка, и кога ќе згреши укажување на грешката. Мојата е 2год и 3месеци и прв пат се обидов пред една недела ај дека лето да видам како ќе биди.Првите два дена мочкаше каде ќе стигни, тогаш и се кажував дека не треба така и се правев дека и сум лута,и по цел ден и зборував само за тоа дека не носи памперс дека е голема, дека сега носи гаќи како мама. И почна некогаш да кажува и да мочка на нокшир,тогаш и давав награда од нешто што го сака да го јади а и е забрането и браво и бакнежи.за една недела точно еве вчера помина таа кажува и за какање и за мочање и извадивме памперс и за спијање.Секое дете е различно, ова е моето искуство
     
  2. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Остави ги и скрос тргни се нокшири, гаќи нека заборават на тос. За еден месец пробај одново.
     
  3. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Еве денес решив да пробам без пелени. Од кога стана од 6-11 беше без пелена. Облакав само гаќички. Се измоча милијарди пати мислам. Два пати на тепих, неколку пати надвор . Ја пресоблеков неколку пати. Ја седнував и на нокшир. Еднаш се измочка со гаќичките на неа.
    Пробувам и после, и утре. Ако не бива, нека носи до прво одделение. Се напнав.
     
    На elimkd, mal.ecka, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bilbilce

    Bilbilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Од кога се почнува со фазата одвикнување од пелени ? Мислам од која возраст. Ние сме 14 месеци и нез дали е погоден период за да почнам да го одвикнувам од пелени
     
  5. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Секое дете за себе, иако според мене прерано ви е. Секогаш велам, не форсирајте, кој останал да носи пелени.
     
    На elimkd, srekice, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Се почнува коа детето е спремно. Теоретски велат после 18 месеци најрано. Иако ретки се тие што се спремни на 18. Најчесто според искуство од околината околу 2ипол-3 години.
    Слободни одмори до следно лето од вакви активности ☺️
     
    На BabyT*, PeachGirl, Bilbilce и 4 други им се допаѓа ова.
  7. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Ние почнавме денес после градинка. Од 20тина пара уште 3, неизмочани. Моча на рати, 15 пара за 4 саата. Ниеден погодок на нокшир. Зборам, омалев ама не сака. Ќе пробам, недела, две, се вооружав со трпение па ќе видиме.

    Искрено, ми се гади од пелени, и он и бебето по 100 пати на ден. А како зборува, ќе те продаде. Ќе пробам две недели па ако не, за месец.

    Дали сите на почетокот не успеавте да ги седнете на нокшир? Ќе збудалам. 2 години и 2 месеци скоро е.

    P.s кажува кој ќе се измочка.
     
    Последна измена: 6 август 2021
    На CurlyBlossomGirl, marchi-cool и srekice им се допаѓа ова.
  8. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.160

    Јас почнав некаде околу Април месец кога беше 2 години и 1 месец да пробувам да ја седнувам на нокшир, не сакаше. Секој ден и нудев, имаме кукла со нокширче и правев игри со неа. Потоа почнав да и пуштан цртани каде децата се учат да мочкаат во нокшир и така пројави желба и она да проба. Така може еден месец знаев кога и менувам пелена да и речам ајде да се измочкаме во нокшир и некогаш сакаше некогаш не.
    Тек во јули месец се вооружав со трпение и решив да и облечам гаќи и да пробаме. Два дена грешеше, кога сакаше кога неќеше да седне во нокшир. И стана интересно во двор, таму сакаше. И наеднаш третиот ден почна да кажува.
    После некое време пишував и овде имаше проблем не сакаше да кака, се стегаше но и тоа помина. Од прв ден ја праќав во градинка со гаќи, таму почесто грешела на почетокот но и тоа беше една недела. Сега издржува и по 4-5 саата да не се измочка. Ноќе не згрешила ниту еднаш.
     
    На PeachGirl, cinderella5, BabyT* и 3 други им се допаѓа ова.
  9. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.704
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,
    дојде ред и јас да пишам овде.Ќере мое е 2 год.и 8 месеци и решив дека е време да пробаме да се одвикнуваме.Купив гаќички и адаптер и почнавме.Претходно ,неколку месеци веќе ,ја седнував на нокшир после спиење и по дремката и секогаш мочкаше,ама памперсот не беше сув.Не прави проблем за седнување на нокшир освен за какање.Првиот ден беше разочарувачки.Имаше 15 измочкани пелени.Ќе мочкаше на нокшир па после пола саат ќе се помочаше.Ја ставав на саат време ама џабе.Си седеше помочана и не и сметаше.Зборев се со убаво ама гледав дека не може да се контролира.Направив пауза 2 дена и пак почнав.На секој саат ја ставав ама овој пат имаше само 5 помочани пелени.И продолжив така.Веќе наредниот ден некаде вечерта почна да додржува и повеќе од 2 часа.Од тогаш до денес, веќе 3 дена се нема помочано.И од истиот ден пелените на спиење и се суви.
    Е сега,за какање не сака да седне ама ќе пробам да ја убедам овие денови и за тоа.

    Прашањето е: она сама не ми кажала да и се мочка.Јас после 2-3 часа ја прашувам и ја седнувам за мочкање.Дали да ја чекам сама да каже или да продолжам вака па после сама да почне?
     
    На lackygirl, srekice, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    И јас го одвикнував моето ова лето и додека се научиме по 10-15 пара гаќи перевме секој ден ама се научивме. Ние го прашуваме често дали му се мочка и го носиме во тоалет зошто пие многу течности. За какање уште знае да направи беља во гаќи и пред да направи се крие. Пред спиење избегнувам да пие многу вода или било што и цела ноќ е сув. На почетокот два пати само ми се има измочкано на спална ама ништо страшно. Битно да збориш многу и приказни да и правиш и ако направи како што треба одма браво и аплауз. Може е смешно ама кај нас така успева.
     
    На srekice и babydust им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.655
    Допаѓања:
    106.720
    Пол:
    Женски
    Моево во сепември сега ќе полни 2 години , абер нема од мочкање/какање , а бев решена пред да почне летото дека ќе ја одвикнам од пелени. Имам пробано да ја ставам на нокшир или адаптер ама не сака да седне воопшто. Бега , плаче.
    Мајка ми ми вика треба поупорна да бидам, ама што да правам кога не сака да седи :?: понекогаш сама ги вади пелените, и ја имам оставено да шета така , ама од кога ќе се измоча кажува кака :D така ништо не правиме
     
    На marchi-cool, mal.ecka, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Моето кога ќе се покакаше на адаптер ми бегаше пред да го избришам и си седнуваше на гарнитура по столици се ми беше лом. А можете и за девојчињата да им ставите розев течен сапун дека принцезите секогаш си миеле рачиња со розев сапун, а за машките слична приказна дека спајдермен си миел рачиња итн. Ние со приказни само се учевме. И секогаш кога ќе се помочка или покака на адаптер му викам да си пушти вода дека голем бил и силен како спајдермен. И браво и аплауз на крај имаме.
     
    На drugarka и srekice им се допаѓа ова.
  13. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Кај нас (2 год, 2 м) не награди, не принцови, не молење со убаво, не игра, ништо не пали да седне. Од гугл советите, точка по точка идев, пробав... Не еднаш... Има толкава одбивност, од мирничко дете се претвора во вампир само зборот да му го спомнам, и го препишувам на неспремен. Тргнав се, за некое време пак. И мочан да седи и какан мува не го лази.
    Мене не ми е проблем што моча насекаде ако тргнам пелени, бришам ај, тоа, него си се лизга на мочките и паѓа, зошто одма трча.
    Јас се си викам исто ко цицање, кога пробав месец пред да биде спремен, беше трагедии, после месец дена седнав, му кажав, бебе цица, он е голем, ни а ни б, не побара ниеднаш, ниту драми, ништо.
    И з аубаво четкање заби, му покажав на јутуб црни заби, викам вакви ќе ти бидат и ќе ти паднат, јадеш благо, и од тогаш не легнува ако не ги исчеткам едно добри 5 минути, па да ги проверам дали имаат црно(така викаме) и он на огледало да види дали се чисти. Сакам да кажам, кога сака, за се' имам соработка.
    Има врска може упорност, ама што да бидам упорна, како да го седнам, нозете треба да му ги скршам колку ги грчи кога ќе го види нокширот или адаптерот.
     
    Последна измена: 8 август 2021
    На srekice, Среќа, marchi-cool и 3 други им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Ние има може два месеци кај што сме по мое во фазата на одвикнување ама според него не ќе да е така. Има кажано неколку пати и навистина си се измочка и тоа кога сме биле надвор излезени. Седење на нокширче адаптер да ама само седење муабетење и толку. Цело време вика мама мота ај нокиото (демек му се моча ајде кај нокширчето) и ни мочање ни седнување ни нокширче ни бутур. Цееел ден мама мота слушам а никогаш да се измочка. И на крај пак во гаќи ќе мочка и ќе напрај иии (демек леле беља направив) ама не,не се откажувам. Да вратам пелени ќе биде полошо. Ќе пробам со ново нокширче, оние како столчиња што се може повеќе ќе сака на него да седи. Сега повеќе адаптерот го користиме демек како мама и обавезно да скине хартија као демек да се избрише (facepalm)
     
    На Среќа му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.828
    Допаѓања:
    23.636
    Пол:
    Женски
    Тука почнавме, крајот на јули почна да си кажува и за мочање, излегувавме без пелена, не направи "беља", не одеше последната недела од Јули во градинка бидејќи негователката не се нафати, имам пишено претходно, јас решив дека не враќам пелена и си остана дома да се научи скроз, од 3ти август почна в градинка со неговата негователка и кажав дека не носи пелена само за спиење му ставав, му ставаше и таа таму за спиење, ок ми рече нема проблем 4 дена не згрешил ич таму го пофали негователката :)
    Остана на вечер да носи и дење за спиење, ама почна пелената сува да ја вади, пред 4, 5 дена тргнав пелена ноќе и не се помоча ниту еднаш, ставам уште подлоги за спиење ама не се моча, а пак си пие вода ноќе по 30, 50мл.
    Денес мислам 4 ден е од ко не носи ни дење ни ноќе за спиење, во саботата на дневна дремка се измочал малку пред да стани, вчера не се помоча на дневна дремка, денес и реков на нег в градинка да не му става пелена за спиење, му оставив една подлога за да му стави под него, па ќе видиме во 3ч како било
    И се чудам како наеднаш од полна пелена насабајле да престани да моча :) мислев дека ноќе ќе носи пелена уште долго време :)
    Траеше поќе од месец цел процес, 2 год и 8 месеци е утре.
     
    На Hristinakiki02, kukla21, hello-kitty.90 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    1.566
    Пол:
    Женски
    Дали некое детенце имало страв од какање? Совет како да се надмине.. Месец дена е без памперс, само навечер му ставам, првите денови мочкаше понекогаш сега нема, сув е насабајле и штом се разбуди веднаш бара да моча. Ама со какањето имаме голем проблем, се стиска и не сака да кака. Секогаш е со плачење, седнување станување по сто пати. Не знам веќе како да му објаснам дека мора да кака и дека не е ништо страшно. (facepalm)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.514
    Пол:
    Женски
    Има веќе 3 месеци како е само на нокшир и пелена преку ноќ. Од пред некој ден ја тргнавме и ноќната пелена. Пишував тука како тешко одеше одвикнувањето лани. И оваа година пробав, ама ништо живо не сакаше. Е арно ама, баба ѝ ѝ купи нов нокшир, буквално за еден ден почна да мочка и кака во новиот нокшир. За какање прво почнуваше во гаќи, па после ќе кажеше, ама сега веќе прво кажува, па почнува. И така, баба треба да ја носиме во кафана :D
     
    На mal.ecka, Bjanka82, Среќа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Каков е нокширот?
    Обичен или некој џиџи,миџи?:D
     
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.514
    Пол:
    Женски
    На фотеља личи, ништо посебно :D
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.744
    Допаѓања:
    145.184
    Мојот го има кај моите.
    Овој внатрешниот дел го носи на сите страни.:rofl: Како куче, каде му дојде, си го става и врши работа.:tmi:
    Види ги шољјите на Долу, ја имаме дома, мојот ја обожава.
    Сега гледам имаат Pilsan со животни. Тогаш ги немаше.
    https://www.facebook.com/lotusmtoystore/photos/a.383571768407623/4087004724730957/
     
    На srekice, mal.ecka, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.