Кога е најдобро да се почне со одвикнување и дали во нокшир или на адаптер? Синко е година ипол и 200 на саат значи не допира и се мислам дека воопшто не би седнал на нокшир.. Кога кака бидејќи има тврда столица секогаш ме фаќа за рака или некој друг и станат кака со стенкање( си мислам може ќе успеам да го фатам моментот за да го седнам на нокшир), а пред да мочка некогаш се фаќа со рачето за пелена меѓу нозе и вика как'н
Зошто уште ставаш пелена преку ноќ? Јас од страв ставав 3 ноќи,бидеќи се будеше со полна пелена. Ќе се разбудеше сред ноќ,ќе се фатеше,ќе видеше дека е пампес и си мочкаше. Ја тргнав,само 2 ноќи згреши и толку.
И јас имав страв да тргнам ноќе пелена оти секогаш полна му беше, скоро месец беше дење без пелена а за спиење со, од ко ја тргнав не се има измочано ноќе има 5,6 дена веќе. @malecko5 мислам дека в година ова време ќе ти биди тамам или ако кака тешко пробај бар за какање седнувај го на нокшир.
Пиеше млеко пред спиење и наутро ако се успиеше, беше измочкана. Ама сега ѝ го тргнав млекото, пред спиење мочка и ретко ѝ е измочкана пелената. Големата уште една година носеше навечер пелена од како ја одвикнавме. Ама она па пред година и пол се одвикна, плус пиеше по еден литар млеко преку ноќ
Јас после една недела тргнав ноќна пелена ама затоа што и со пелена стануваше ноќе да каже дека и се моча, а и коа не стануваше ноќе, сабајлето беше сува. А да, нокширот го забораивме на одмор, па земавме друг, сама го бираше, ама не сакаше да моча и кака во новиот, почна бељи во гаќи да прави. Па го превртев Скопје и најдов ист како стариот и многу е среќна сега дека нокширот се вратил од одмор.
Мојата беше иста пред некое време, баш исто како што кажуваш. Почнав да и давам ленено семе по една мала лажичка на ден да неможе да се воздржи, затоа што таа немаше проблем со тврда столица но се стискаше. И многу зборување, устата пења ми фати објаснувајќи дека не е ништо страшно. Период е како и за се, ќе помине но знам колку е мачно.
Истиот проблем го имаме. Преку ноќ оставање памперс, буквално одеднаш, сама изрази желба. Од дете што не сакаше ни да седне на нокшир или адаптер, доаѓа од градинка и ми вика не сакаж памперс, сакам гаќички. И се нема помочано. Сама оди си зима нокшир или со помош на столче се качува на адаптер. АМА какањето проблем. Не знам како да го решиме тоа. Ми се кака, ја носам, седнува, почнува да плаче, не сакам да какам. И така едно десет пати додека не се искака во гаќички и тука пак проблем зошто во гаќи и почнјва да плаче.
Значи буквално исто. Плаче, се стиска, го седнувам на адаптер тој рита вришти.. Хаос. Кога ќе се искака во гаќи и ќе се замачка е тогаш уште толку почнува да се дере. Знам дека кога тогаш ќе помине ама не се издржува ова.
Седми ден денес, рачунам за готово (има работа уште ама не носи памперс). Почнав точно пред една недела. Не сакаше да ни да помисли на нокширот, ниту еднаш не седна. Гол ќе се измочаше насекаде и никому ништо, таа опција не ми беше во план. Ден1: Земав стикери, му реков ќе му дадам да лепи ако седи и ќе си ги лепи на нокширот. За чудо седна. Ништо не направи, ги кренав. Во рок од 1 саат измоча 6 -7 пати, нема толку пара гаки го подоставив гол, се навооружав со 20 пара. Со стикерите успеваше да седне. Се помочка неколку пати, си доби стикер, овој пат за мочкање. Какање во гаки. Ден 2: Благо речено- ужас. Ниту еднаш не седна, се во гаки. Дури и надвор се измоча. Ден 3: Измеѓу прв и втор и ден, пола-пола... Надвор издржа 1 час, се вративме на врата се помоча. Уште не какал во нокшир. Веќе го оставив денско спиење со гаки, арно пројде. Ден 4: соработка имав од сабајле. Седеше добро дали 2 3 пати згреши. Се покака во гаки и падна насекаде се исплаши, му реков ништо, следен пат во нокширче. Ден 5: не згреши ниту еднаш. Ми кажа за какање, беше овации, радости награди. Надвор 3 пати по 1 саат сув. . Ден 6: еднаш згреши за мочкање само, беше мн заигран. Ден 7: .... Денес ќе видиме Имав мн трпение, не карав, пена уста ми фати, како го мијам нокширот стикери паѓаат не кажува секогаш, ама а го седнам, мочка. Надвор не греши, и соработува. Уште не сме мочкале надвор се враќаме за 1 час дома, да не трпи. Од нула, ова за мене е 100ка На 3 ден сакав да се откажам, ама гледав него не му ствареше нервоза, туку мене само што почнав порано, и продолжив. Едит: среќен е и тој во нокшир кога е готово, плеска, прави да пукне, стикери си добива.
Душа ме боли кога ја гледам дека и се кака а има некоја пречка. И песнички пееме за каките, вода сама да пушта..ама ништо не помага. Дали се исплашила од самиот процес, не знам.. а не сум и се скарала за да помислам дека е од тоа.
браво. јас со првото дете многу лесно поминав со користење на нокширче и одвикнување од мочкање. Каква недела, пред една недела веќе знаеше да каже. Имаше околу 26-27 месеци. Сега со второцо маки живи е. Скоро 2 месеци се мачиме во последно време има соработка пишав и претходно неколку пати се измочка кај ќе најдеме низ двор само тоа не беше во гаќи. Вчера и какаше во нокширче. Цело време вели мама мота мама кака повторува со не кака тука не мота тука ( демек не тука во ѓаќи) осет има во моментот ама предвреме да каже ретко.
Веќе 2 нед како им извадив скроз пелени, и ноќе се без пелена. Ноќно не им се деси да се измочкаат. Денски морам на секој пола саат саат да ги потсетувам за на ноше да седнат. Кажуваат понекогаш али повеќе јас ги потсетувам. За каки е малку потешко, некад ке кажат, некад отиде во гаќички. Е сега од понед се враќаат во градинка. Како оди таа процедура? Дали и они ги потсетуваат? На нокшир ги ставаат или во тоалет?
Кога ја носев големата во градинка, секое сабајле 2 девојчиња седеа на нокширите, ги ставаат учителките, ама дали потоа ги потсетуваат не знам. Можеш да им кажеш на учителките да ги потсетуваат во текот на денот
Не се боревме три дена да ги соблече, а претходно да ги облече. Трагедија... Ич не беше спремен за спремен ама ми го вадеше од пелена и се ми мочкаше исто ми доаѓаше. Во градинка го пратив без пелени едноставно нема. Пратив резерви комплет 3. Првиот ден пуздер напраил. Вториот ден еднаш,сеа нема гајле. Уште не кажува за мочање, а го седнам моча, надвор не згрешил ич, трпи, за какање веќе кажува. Едит: Мислам дека е потешко коа не се спремни, бар за нас, нерви до бескрај. Он немаше револт нешто да стиска, да се плаши, му беше гајле, само дерењето што не сакаше да седне. Откако пројде тоа полесно е. Го излажав со стикери..
Ние бевме на одмор и од првата вечер таму почна да моча ноќе во спиење, ко тргнавме во 4ч сабајлето се помоча дома в нокшир после 2 пати застанавме по пат и си мочаше, сам си кажува дење, веќе не го прашуваме, прво 3 ноќи го пресекував цел па после 3 ноќи пелена му ставав од ко ќе заспиеше, дали од преморен неможеше да контролира нз, дома неделата пак исто ноќта, сношти пак пелена му ставив од ко заспа, нз што се случува, ама и настинат е, еве на денска дремка не моча.
Ако ти е за утеха,комшичето од две години не носи пелени. За спиење ноќе и ставаат,а во декември ќе прави четири години. Ке се научи. И ние сме мочкале навечер нека не ве лажат мајките Ка оставив денес цел ден по гаќи.Мочкаше во нив. Во нокшир ниту еднаш. Но,приметив на игралиштето застана и се допираше со раче дури мочка. Исто и дома кога и облеков пелена. Значи свесна беше. Морам утре да се опремам барем со две од оние за одвикнување. Да не и облекувам за надвор пелени. Или ке седи дома