Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Среќо што го напна детето толку?Може да ти биде многу едноставно ,а ти си комплицираш ,остави ја не е спремна.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    :rofl: За инат:tmi:. Реков ке пробам ена недела. Ако не биде , здравје:D
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Претпоставив дека коментари од околината .Неколку месеци,пола година тебе ништо нема да ти смене.Пошто по ова што го пишуваш нормално е да има осет дека мочка свесна е ама не и спремна.
     
    На mal.ecka и srekice им се допаѓа ова.
  4. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Ама иде зима,кај ке ја соблакам надвор по ладно ако пробам покасно. Барем ке може да исперам теписон ако се одвикне сега:rofl:. Треба да чекам друго лето,да има три години тогаш. Сега недава пелена да и пресоблечам. Гаќи дава да и облечам. Ке пробам,се напнав сама на себе.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Јас ноември ја одвикнав .
    Ако е спремна нема да имаш проблеми ни зимо ,ама штом си упорна троши нерви :D
     
    На lackygirl, mal.ecka и srekice им се допаѓа ова.
  6. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    4.289
    @srekice олади жено едноставно не е спремна....исто сме и ние
    Стана денес пљмперсот полн уште лепенките што не примаат и ми вика мочам она седна и се искачи ајде радост плескање со раце...и облеков гаќички седна да појадува на столчето нејзино и се измоча стана и кога се разжаби на ламинатот како у купатило да паднала ај стана јас ја соблекувам она застана настрана и чека и пак се измоча....
    И сега еве додека пишувам она кака во гаќи а пред 1 минута стана од нокшир и мочкаше....
    Ај одиме на бањање тоа е деца
     
    На srekice, mamaJana и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.828
    Допаѓања:
    23.636
    Пол:
    Женски
    :D :D ме насмеа :D
    Едит:
    Мојот ноќеска со пелена беше ама скоро сува беше сабајле, изгледа се враќа во нормала :) исто и на денска дремка по гаќи не бил мочан, денската е ок, вечер одам без пелена, а и немам поќе :)
     
    На srekice и happygirl им се допаѓа ова.
  8. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    4.289
    Еве сме чисти назад...се измоча пак ама сега памперс и ставив и ке ја нудам на 15мин да моча почна да кива,кога ја миев и викам види што направи и се гнаси она и и викам да ги облечеме пак сакаш и она "нејќе кака гаќи има" и секако пак договор "кога ќе ти се кака ќе кажеш"....
    Не ја напнувам мн кога она ќе е спремна тогаш имам 3 деца сите три се различни...
     
    На srekice и lackygirl им се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    @lackygirl и мојава на одмор ноќе се измоча неколку пати.
    Мислам дека беше од премор.
    Дома еве не згрешила.

    @srekice и мојата сега летно време наполни 3, а пелени откажа у Февруари... сама кажа дека не сака веќе.
     
    На srekice и lackygirl им се допаѓа ова.
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.828
    Допаѓања:
    23.636
    Пол:
    Женски
    И јас така си мислев, еве го ноќеска без пелена сув беше сабајле (highfive) се врати во нормала :D пелени нема поќе дома, се потроши последната купена во јуни :D
     
    На mal.ecka, happygirl и srekice им се допаѓа ова.
  11. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey ,@ТедИ11 Готово,се откажав. На нокшир седи ама несака да се измочка. Ке чекам што викате да е спремна.

    Не купувајте гаќи за одвикнување. Ама се по***в. По крш работа не измислиле. Таман се измочка,и соблакам. Кога истече на теписон,ке прснев од нервоза.

    @BabyT* Читај и смеј се:D
     
    На mal.ecka, hello-kitty.90, Septemvri и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Моете дете за еден месец ќе биде 2 години. Денес го оставив без памперс и тоа чисто онака спонтано бидејќи ми избега кога го пресоблекував. Па решив да го оставам така без памперс и му менував гаќи. Се измочка неколку пати на подот но сега пред да заспие седна на нокшир и се измочка таму. Така да мислам дека веќе е време да почнам со одвикнување.
    Но што правите кога ги носите надвор во време на одвикнување? Ако му ставам пак памперс тоа ќе биде контра ефект. Ако го оставам така сигурно ќе се занесе и ќе се помочка.
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.654
    Допаѓања:
    106.720
    Пол:
    Женски

    Кога ја одвикнував големата ќерка од прилика таа возраст беше , на почеток и ставав пелена за надвор , а по некоја недела пробав и со гаќи, ако се занесе ќе се измочка па затоа ќе имаш неколку пара гаќи и облека со тебе. Ако не кажува сам, ова време е тешко вака да го одвикнуваш особено сега кога ќе заладува , ќе треба милион работи да влечеш надвор со себе.
     
    На Ana-lib му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.828
    Допаѓања:
    23.636
    Пол:
    Женски
    Носев алишта со мене, гаќи, пантолони и уште 1 патики :)

    Кај мене се врати во колосек :D не моча поќе за спиење ни денска дремка ни ноќе :)
     
    На babydust, Ana-lib и srekice им се допаѓа ова.
  15. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Па и не ми беше намерата да почнам, ама го гледам има интерес. Денеска како за прв ден е супер. Неколку пати веќе мочаше во нокширче. И тоа кога ќе се осети трча и сам си седнува, бидејќи го оставив гол :).
    Па си викам штом има интерес ќе се потрудам да го одвикнам.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.654
    Допаѓања:
    106.720
    Пол:
    Женски

    Супер е тоа што има интерес, само продолжи така :) пиши баш деновиве како ви оди. Моето во септември 2 ќе полни ама абер нема, го гледа нокширот и бега ко од ѓавол :| ама планирам често да ја понудувам и се надевам ќе седне некој момент, се збори меле цел ден а за тоа никако да кажува :D
     
    На Ana-lib му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Моево се радува повеќе кога го носиме нокширот во wc па пуштаме вода, па го миеме и затоа мислам дека му е мерак да мочка во него.
    Ама како за прв ден стварно сум презадоволна. Ќе видиме како ќе бидеме понатака, па ќе пишам8)
     
    На Enci201 и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.704
    Пол:
    Женски
    Таман реков дека ги откачивме пелените и се подреков.Малата веќе еден месец е без памперс и три недели ни ноќе ни дење се немаше помочано.Ама не кажуваше сама 'ми се моча',туку јас пред спиење или по 2-3 часа ја ставав да се измочка.Само еднаш или два пати сама ми има кажано.

    Пред една недела имаше температура 2 дена и од таа вечер почна пак да се помочува и дење и ноќе.Носев мокрача на испитување,чиста беше.Си реков може е некоја настинка дека почесто мочкаше.Така беше 2 дена и од тогаш до денес не се помочува,ама пред да каже дека и се моча,секогаш пушта по неколку капки на гаќичките.А се трудам да ја ставам почесто да избегнам помочување.И сега каде грешам? Дали сеуште учи да се контролира? Ќе помине ли ова само или треба дополнително да направам?
     
  19. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    368
    Ќерка ми се одвикна од памперс минатиот месец, точно на 2год и 3месеци Се на се траеше една недела, па таа недела гледав многу да не излегуваме настрана, повеќе да бидиме дома дури да се ухода.Кога веќе излегував со мене носев алишта за пресоблекување зошто обавезно ќе се случеше грешка и нокширот секаде со нас.Не ставај памперс никако, кога веќе си го тргнала и кај мене беше спонтано и непланирано ама успеа.Трпение една недела кога веќе имате напредок.Јас од старт извадов и за ноќе и само првите 2,3 дена и дозволував кога ќе ја сетев дека и се кака да кака во гаќи зошто се плашеше и се стегаше и не сакаше да се кака во нокшир, а после се среди и тоа.
     
  20. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Да и ние овие денови повеќе сме дома. Дома нема проблем, кога му се мочка седнува на нокшир најчесто, а се случува и да се помоча на подот. Но денеска го носев надвор и цело време мочкаше во гаќи. 3 пати го пресоблекував.
    Е сега има напредок да ама кај нас е проблем што не зборува уште па затоа и се буни и незнае во моментот како да ми каже или покаже. Но ќе најде начин како што наоѓа да каже за јадење или пиење.
    Вчера и денеска дури и какаше во нокшир. Но предност му е тоа што е гол и кога ќе се осети одма трча и седнува на нокшир.