Сакам да ве прашам мамички како и кога го одвикнавте вашето бебе од ноќното цицање? Јас со првото мака си имав, ми велеа кога ќе почне со кашички ќе спие повеќе, ама тој си продолжи да бара двапати во ноќта млеко. И кога наголеми не бев упорна па до две год пиеше млеко ноќе. Сега ќеркичката ми е три месеци и сакам да знам од искуство како сте направиле Вие, бидејќи во литературата наидов на различни совети кога и како е најуспешно тоа да се направи.
Јана, мене ми велеа дека после 6 месеци е ОК да се одвикнува бебе од ноќни подои, ама јас пусто тогаш не можев, пошто почнаа да и` излегуваат заби па ноќе се` почесто и почесто се будеше, и тогаш не бев сигурна дали е гладна и сака да цица или и` е од забите....како и да е, јас и нудев цицка нормално Мислам дека и ако ја имав одвикнато до тогаш, таа пак ќе стануваше заради забите, па за џабе ќе беше маката претходно Како и да е, не можам да тврдам со сигурност нели, пошто не го спроведов планот Јас мојата ја одвикнував полека полека нешто пред 1 година....не дека навечер не стануваше пак со кенкање заради забите или преживување на нешто во сон, ама не и` давав да цица, туку само ја држев или ја нишкав легната.... Сакам да кажам - ако сакаш да ја одвикнеш затоа што сакаш да ја преспива ноќта (а и ти со неа нормално ) немој многу да рачунаш на тоа, оти секогаш малото ќе си најде причини за будење и кенкање, а ќе немаат врска со јадење Можеби твоето и нема да се буди, ако лесно ги вади забите, ама тоа ќе го дознаеш малце покасно, сега ти е рано за било какви пресметки (мој предлог ). Едит: Претходно имам напишано, и сега пак ќе се повторам: Најдобар совет кој го имам добиено од педијатар е ДА НЕ ГИ ЗАМЕНУВАМ НОЌНИТЕ ПОДОИ НИТУ СО ВОДА, МЛЕКО, ЧАЈ, СОК, со ништо! Детето мора да научи дека ноќта е време за спиење, а не за јадење и пиење. И реално, нема потреба од ништо, освен од добар, цврст и континуиран сон
Фала за споделеното искуство, јас со синчето немав мака со вадењето запчиња, не ги сетивме освен кога ќе тропнеа на лајчето. Се случуваше до кај шестиот месец да се разбуди после еден саат спиење со плачење, ама кога потпорасна се разбудуваше од навика и со рачињата го бараше шишето. Мене ми беше страв да не е гладно, ако послабо вечерало и му давав млеко ноќе, а знам дека педијатрите велат дека малото треба да научи дека ноќта е за спиење, а не за јадење. Сега со ќеркичката се научивме од два месеци да не се разбудува ноќе, мислам да не морам да ја нишам и презаспивам, туку ќе почне немирно да спие и во сонот да кемка, па знам дека е гладна, и после цицањето или шишенцето, оти сме на комбинирано хранење, заспива за 10 -15 мин. цврсто. А и ноќе пие помалку милилитри отколку дење и издржува повеќе саати без јадење, па затоа си мислам кога треба да почнам да ја одвикнувам од ноќното хранење. Негде сум прочитала после третиот, некаде после шестиот, некои мајки успеале во тоа на петтиот месец, па ме интересираат повеќе искуства од мајките.
Јас сум голем противник за давање на ноќни оброци. Ок, ако е бебе од 1,2,3,4,5 месеци ама кога се почнува со дохрана и бебето убаво јаде навечер тогаш нема потреба да се оптоварува мешето додека спие детето. Големо НЕ и за флаша со цуцла за да така заспие детето. Оди после одвикни го детето од таа навика. Незнам, дали дека моето не пиеше млеко т.е не му давав да пие млеко (поради алергии) освен со житарки и некои оброци. Лоши навики кои после влечат други последици. КОга навечер јаде и пие тогаш автоматски повлекува и извршување на нужда, па кога го одвикнуваш од пелени си имаш уште една мака + и долги ноќи неспани. Поради таква контрола никогаш немав проблем со ноќно мокрење. Дури и кога му ставав памперс тој секогаш сабајле беше сув и строго никакви оброци и течности после 20 часот. Моето беше голем плачко и мислев дека ако му дадам да цица тоа ќе се смири и заспие, баш напротив. Не сакаше да цица, ретко кога сакаше, али затоа го нушкав до бескрај
Моето има 3 месеци и се мислам ако не скроз, барем да му ги редуцирам ноќните оброци. Жива ненаспана сум. Порано убаво си спиеше цела вечер, ама слабо напредуваше, па почнав да го будам за ручкање. Сега ми кенка за јадење 3-4 пати на вечер. Имате ли некој совет за редуцирање и какво е вашето мислење во однос на тоа. Се надевам кога ќе почне со тврда храна, подолго време ќе биде сито и нема да се буди, но не мора да значи.
Моето исто не ја преспива цела ноќ се буди еднаш до двапати во ноќта за цицање Ја легнувам кај 19 30 цица и заспива кај 20ч . после ке се разбуди зашто и паднала цуцлата ке и ја дадам и си продолжува да спие , се буди после кај 02 и цица . и после кај 06ч пак цицање и ако имаме среќа ке продолжи со спиење ако не ке станеме Исто и јас ненаспана цела ноќ на штрек сум да не се разбуди . Друго проблем имаме многу брзо се буди од секаков звук ,ако затропам ете ја отвара очи
МаченцеЕна научија во звуци да заспива нека не биди многу тишина кога спие, полека полека ке се навикне, не шепотете кога спие и нормално се нека си течи ако треба во почеток со музика нека спие. Кај нас малиот со музика си запиваше и сега немам никаков проблем него ако му се спие - не луге, не бука, нема мака никаква.И скоро постојано имаме пуштено музика и веке е навикнт. А за нокните подои еве ние денес влегуваме во 6ти месец и кога како, некогаш се буди еднаш, некогаш два пати, а некогаш и не се буди.ПОрано постојано имаше два подои. И јас се согласувам со Моира( по незнам кој пат ) дека не треба на вечер млекото да се замени со вода, чајче, млеко или сокче никако. Мислам дека тој процес на одвикнување од нокниот подој е спонтан и инстиктивно во прав момент кај секоја мајка и бебе си доага.
Керка ми е 2години најчесто навечер тешко да јаде ,ама обавезно пие 500мл млеко едно цело шише кога заспива и ме буди уште еднаш навечер ама не бара да мочка се случувало ама ретко ама кога ке стане го полниме нокширчето, па незнам мислам дека е мала да ја одвикнам од млеко кое е најпотребно на нејзина возраст, јас кориистам тетрапак со 0.9 масленост и тоа многу пие 800мл на ден па незнам....
ние прилично брзо се одвикнавме од ноќните оброци. напочеток му давав по 8 оброци. на 2 месеци му го прекинав ноќниот во 3ч.некогаш се разбудваше во 4 некогаш во 5 ама за брзо почна да се разбудва во 6 и тогаш ќе му даев ад млеко. во меѓувреме скоро стално до 22ч беше заспан па оброкот во 00ч во спиење си го пиеше. е кога почнав двапати немлечен оброк да му давам со полни 5 месеци му го прекинав и оброкот во 00ч. сега си заспива со млекото во 21-22 и до 6 не му давам млеко. некогаш ќе се разбуди и порано ама никогаш не му давам порано млеко оти не ми плачи.
Мајки, ноќни оброци скоро и на минимум ни се сведени, ретко кога давам, ама пак го дојдам, ама мака имам многу млеко од кога укинав на вечер цицање имам и градите цели ми се преполни со млеко дурии грутки има. Е како целосно да прекиниме со цицање на вечер,а да ја немам оваа мака? Одмолзување не е опција оти пак млеко повеќе ќе се продуцира?м?
Ако не те боли ќе истрпиш една две вечери и третата нема да се создава во тоа време ново млеко.НО многу е важно ако веќе решиш да не даваш никогаш повеќе навечер ,тоа да биде засекогаш,затоа што само полошо ќе си направиш со тоа една вечер дај друга не.Првиве две-три вечери ако има многу млеко или измолзи се ептен малку колку да попушти притисокот или истуширај се со потпла вода.Мене после секој укинат подој ми беа потребни 2 најмногу 3 дена за да не се создава млеко во тоа време.
Еве 4 вечер како ја препива цела , од 19 30 до 08 утрото Вчера прокенка малце ама не и станав , ја оставив и гледам сама на крај си се успала и АИТ ме реши ако веќе ја одвикнувам од јадење навечер , да не и давам еднаш млеко еднаш не! Се надевам успешно ќе е
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Моето сонце спие по 7 саати ноќе, што значи скока еден оброк. незнам дали е паметно преку ден да и давам повеќе да пие при оброк или па иста доза ама почесто за да надохнади за пропуштеното?
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Чим не се буди значи е најадено и нема потреба ни да го будиш ни да му зголемуваш доза ,ако е гладно ке се разбуди само . Продолжи со исто темпо.
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци со што го раниш ти твоето бебе што спие по 7 саати, Христијан не сака да слушне за повеке од 3 саати спиење, како часовник е точен. на мајчино млеко сте или вештачко? инаку ние денес имавме напорна ден после напорна ноќ, синоќа цела ноќ морав да пеам и да зборам а тој ни а ни б само ме гледаше кога ке престанев да пеам пак почнуваше да плаче, не беше гладен ама ете не му се спиеше, денеск пак така само со исчистив се средив и решив да легнам да дремнам додека тој спиеше, и како да осети дека планирам да спиам ете го отвори очи цицна малку и пак цела ден пеев со кратки паузи од 2 3 саати и да се пофалам изгледа оти почнав јас да пиам чај од анасон денес немавме проблеми со стомачето цела ден беше спокоен.
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Мешано и давам зошто немам доволно млеко, она стварно многу пие, по 120 мл 6 до 7 пати на ден. Ама негледам разлика меѓу тоа колку долго спие со мајчино или вештачко млеко. И ова со спиењево е последните 5 дена затоа сум збунета. До сега супер напредува во килажа и несакам да има промени затоа што прескака еден оброк.
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци штом сама не се буди значи не е гладна, и мислам дека нема да изгуби на килажа, едноставно си става детето свој ред на јадење и спиење.
Би сакала да ве прашам како ги скратувате оброците кога детето е на Ад и на која возраст ние имаме 2 ипол месеци и еве втор ден како легнува кај 6 ипол 7 и станува околу 11 - 12 што значи самата скока еден оброк ама не од тие вечерните потоа почнува да се буди на секои 3 саати во текот на вечерта , а има и денови на пример ќе станува цело време на 3 саати значи 8 оброци ама еден од нив ќе биде ради реда изедува по 10 -20 мл и си легнува
јас на таа возраст му го да му го скратив нокниот оброк во 03.00ч. после оброкот во 00.00ч (му давав 50тина мл повеќе млеко)некогаш ќе се разбудеше во 3.30 некогаш во 04 некогаш и покасно ама за две недели се среди и почна да си спие до 6 ако си напредува добро можиш да му го скратиш тој оброк и да има 7оброци во рок од 24ч
ние веќе почнавме од вчера во 23ч и дадов 150мл ги испи на спиење и продолжи до 5 часот сабајле , што е супер издржа 6 часа без јадење се надевам дека ќе успееме