И ние си имаме проблем,,исто и јас не спијам на вечер понекогаш се мислам да не не и е доволно моето млеко се буди на 40 мин ако имам среќа на 1 или мак. до 2 некогаш си пие убаво..но повеќе само малку пивнува и си заспива,,ја ставам во креветчето и колку што сум ја ставила ете ја пак...Преку ден си јадеме по 3 оброци ја нудам за повеќе ама несака, а сега е и период кога забчиња треба да ни излезат..но кога ќе размислам одсекогаш си се будела вака од 1 месец (првиот месец со шише си пиеше и се будеше на 2 до 3 сати а некогаш 4)од како се научи да пие од мене почна да пие мнг често.Имаме 9 месеци незнам како да ја одвикнам барем само два пати или три пати да си пие навечер Еднаш имам пробано со нишкање, си заспа и ете ја по некои 15 мин пак Се мислам до кога вака ќе биде ???
Исти бевме и ние и после година и пол се смени детето, преспиваше по цела ноќ или со едно будење, ама до тогаш ни пораснаа сите забичиња освен петките кои и не ги осетив кога пораснаа. Сепак сите деца се различни, просто ќе се изненадиш кога ќе дојде денот да спие по цела ноќ а ти по навика ќе се будиш
Цуцлата како да почнува да има влијание Околу 2 кога ќе закенка, му давам цуцлата и спие уште саат два, после пиеме 150мл. и продолжуваме со спиење до 7. Ќе видиме понатаму, ама деновиве тоа го пробувам и еве успева.
За да одвикнување од ноќни оброци треба да се земе во предвид се. Дали јаде доволно преку ден? Колку кг има бебето? Дали е тоа доволно за негова возраст? Да не е прематурче? Дали поминува низ скок во развој? Да не било болно во блиска иднина? Дали има некои промени дома (мама на работа, промена на место на спиење, гости....) Јас мислев дека до сега ќе спиеме по 12саати ама никогаш не одат работите како што треба. И прифатив дека уште некое време морам да и давам да јаде еден оброк ноќно време. Се надевам дека ќе го надминеме наскоро. girl-miri Ти си имала супер план, и јас така планирав ама ете Сега не се буди навечер? Или само не и даваш оброк навечер? Колку пати во ноќта мораше да нишкаш? И колку ноќи ти требаше?[/quote] Мила мене двајца педијатри ми кажа дека бебе од два месеца нагоре е подготвено за подолга пауза преку ноќ. Да ние сме прематури имаме три месеци или скоро два,со килажа одиме нагоре,се си е во позитивно за тоа. Правише преку ноќ три оброци,потоа со нишкање и цуцла по половина сат одевме повеке,значи половина час ја нишкав и цуцлта упорно и го давав,после тоа и давав млеко. Така продолживме со 45мин па со еден сат,некогаш ке задремише и ке ја нишкав да спие. Пото два оброка,па нишкаај упорно,упорно цуцла и сега околу 00ч оброк до 8-00 спие,на почеток ке се заплачише до два пати преку нок и ке ја нишнев и цуцлата ке и го дадев и за 15 мин заспа. Сега од последниотт оброк јаде и после половина час ке заспие до наутро. Гледајте првин да одолжите на 20мин ако не можете повеке а потоа наа сат време,после тоа околу 00ч да има оброк така ке се разбуди околу 3/4ч а со одолгување ке оди понапред и понапред додека се привикне. Сепак како што каза треба бебето да е подгоотвено за тоа,да оди напред со кг и да јаде доволно,исто согласност од педијатар. Ке заборавев,и бебушка моја на почеток во тек на јадење ке заспиеше ама чекајте и после 5мин 10,додатего тооа што требаа да го испие(доколку се разбббуди) Беше упорно ама не откажување,после секој вечер обиди обиди сега и најадена и си спиее. Ама да си каажам,мирна бебушка имам-може и тоа е
Мамички да не ме сфатите погрешно, само мал совет од мене неискусната . Не знам колку сум во право, но иако нашево мало бубалче е напредно за месеците и имаме 3,5 месеци, јас искрено не би му ги прескокнала оброците. Да, и јас не сум спиена откако сум породена, се будам на секој негов крик, но му давам да јаде кога ќе сака. Постојат денови кога сеуште се будам на 2 часа, некогаш на 3 часа... Последниве неколку ноќи забележав дека кога малку повеќе се најаде пред легнување навечер, активно спие и по 6 часа без воопшто да се разбуди. Потоа се буди еднаш, јаде минимално некои 50 - 70мл и продолжува до утрото, додека се разбуди 6-7 часот (многу сме ранобудни ). Сакав да кажам, самото бебенце ќе си направи редуцирање на оброците тогаш кога е потребно за него. Пак ќе речам, да не ме сфатите погрешно, но сепак по мое скромно мислење, за бебенце барем до 6от месец е подобро да си јаде и навечер. Тоа е тој период кога расте, напредува, треба да стекне најголем имунитет. Јас искрено и повторно да би се будела на 2-3 часа, би се будела од срце. Треба сон, не велам не, но би жртвувала неколку часа сон за него. Тешко е, но кога ќе помислите малку, па овие денови повеќе во животот не се враќаат. Барем јас се радувам од срце кога ќе го земам во раце, кога плаче и ме бара за да јаде... Тоа лиценце, тие рачиња кои стегаат и допираат толку нежно... сите тие мигови се незаборавни. За нив вреди да се направи се’ и да се жртвува макар и малку од сонот . Сепак верувам дека подоцна кога ќе се премине на посилна и цврста храна, самото ќе си прекине да јаде преку ноќ .
^ Да го кажам истото како само на малку погруб начин. Како можеш на бебе од неколку месеци да му тупнеш цуцла во уста оти ноќе било, тебе ти се спие, а тоа гладно. Да се научи на ред? Само ќе се одвикне, нема вечно на цицка да ви виси не се секирајте, ќе се наспиете и за тоа не се секирајте.
Хахаха мамички бре и јас сум мајка и сигурно не би го оставила бебето да ми умре за јадење далеку од тоа Не значи ако малце помалце го одвикнувам бебетоод чести оброци преку ноќ дека сум немајка и јас да спијам а тоа да цицца и цица на цуцла и плаче не сум до толку!. Бебето ми е подготвено за тоа,кога си спие со цуцла во уста не знаци дека епреглаадно,она веднаш по оброк ја бара цуцлата и ден и ноќ. И кога јаде околу 00 или 01 а спие после тоа 7 сати не гледам дека ми скапува од глад бебето и плус јаде повекеод потребно(не и давам со сила дајаде за јас да спијам,туку така си сака) Кога одвикнував од чести оброци не значи дека ја оставав да вреска,туку само ке ја смирив со цуцла и нишкање + некоја минутка,заремво20 и 00 или 21 и 01ч не е ноќен оброк?! И тоа одвикнувајње не го правев со сила туку колку ми беше подготвено бебето и беше па заедно продолживме. Не свајкате по грешка од тоа што е,мајка сум а не ********** никогаш не би го мачела чедото за мене да ми е добро. Не значи тоа дека не си го сакам,милувам и радувам на моето бебе, до каде сте помислиле...зарем сите што намалуват оброци не ги сакат чедата?! Не знаев дека било тоа. Сепак не мислете така,секоја мама знае најдобро за своето дете.
^da ne se povtoruvam so girl-miri, ubavo si kaza. No i samite doktori-pedijatri go spomnuvaat toa odviknuvanje od nokni obroci...a normalno odviknuvanketo ne znaci deka ti go ostavas bebeto da rika od glad za da svatelo.
И јас се сложувам со Серафима . Мене искрено не ми е тешко да станувам навечер , бебето само ќе почне да ја преспива ноќта ... не го брзам со три месеци да ја преспива цела ноќ. Не ги брзајте децата , ни со одвикнување од ноќен оброк , ни со почнување со цврста храна ...се си има свое време .
Според мене не постои одвикнување туку самото бебе ако нема потреба/глад не да се буди.Може да се поднаспие нешто да го подразбуди па да ве тера да си играте во 3 сабајле ова од искуство Моето е цела ноќ со цуцла па нема што да го смирува/подлажува за да стане.Кога не ја сака ја плука а кога му треба си ја бара
Беби почна да ја преспива цела ноќ , значи од кога го легнувам во 20ч си цица нормално и заспива , па наредно будење му е во 6 ипол 7 утрото . Од само раѓање си се будеше на три часа , па после почна да се буди само еднаш кај 03ч сега и сега тек утрото па и така и ни почнува денот ...ранко ранко
Кај нас ноќниот оброк нон стоп варира. До пред 1 недела спиеше од 22 часот се до 7-8 наутро. Еве од Понеделникот стануваше во 2 во 5 во 7 и на крај конечно разбудување во 10 часот што значи на 2 часа. Претпоставував дека не го заситува моето млеко како порано решив да му давам Good Night na Hipp кашичка. Еве сношти за прв пат му дадов супер си ја прифати и имаше позитивен резултат. Спиеше од 22 часот до 6 ипол сабајле без да се разбуди
Се алучило и кај нас, пред месец дена спиеше од 00ч до накај 07 а околу недела дена од 21ч до 01 па пак во 05 па во 08 Некогаш знае да спие преку цела нок а некогаш околу два три пати да се разбудува,можеби ова од неделава е скок во развој бидејки синоќ спиеше цела ноќ Бебушки си прават што сакат
Малиот мој е 7 месеци и две недели и сеуште станува ноќе да цица. Јас какви маки имам со дохраната, едвај јаде, па секоја прилика ја користам да јаде, сеедно дали е цицање или оброк. Пробувам со воведување на три оброка, наутро овошје, ручек месо и зеленчук и вечера житарки или овошје со житарки. Навечер станува на секои 2,5 до 3 часа за цицање, сега вади заби па веројатно и затоа зачестија подоите. Јас непланирам да го одвикнувам од ноќното доење се додека самиот не престане. Неможам да не му дадам да цица кога сака. Ме брка во гради и бара да цица и во 3 по полноќ.
Blaaazesii vii sto vi spijat bebuskite po cela nokj. Jas ocigledno nekade gresam, ama ne znam kade. Go izmoruvam preku den, najaden e sigurno, ne mu e zesko/ladno, i pak i pak se budi na polovina cas, a ima skoro 9 meseci. E sega zamislete me 9mes nenaspana, taman sum zadremala, kreva noze i pocnuva da kemka, ako ne go krenam i zanisam, place. Retko cica preku nokj, znaci ne e gladen. Sovet? Iskustvo? Uteha? Ufffffff
Синко во 3 или 4 часот по полноќ си станува да си игра. Што не пробав, и џабе е, ете го станува пак. Никогаш се нема случено да ја преспие ноќта.
Мајка нема совет, ќе чекаш уште некое време.....ние до 20 месеци бевме така, јас коски кожа се направув ид умир и неспиење ама тоа е. Каде спие? Може е случајност ама јас откако го ставив да спие до мене почна да спие, мислам дека кога се вртеше во креветчето се будеше кога ќе се удреше од оградата ( имаме монтажно креветче, не дрвено). Издржи....