Do mene spie na spalna, sto se ne probav, ali ne saka na mese, ne saka cucla, i se pozavisen e od cice. Ili se budi od navika, ili se plasi nesto. No ako e od navika, nema i denski da se razbuduva na tocno pola saat. Ednostavno ne moze samo da prodolzi da spie otkako ke pomine toj pola cas bez da go nisam.Ako go zanisam prodolzuva uste pola saat denski, isto kako nokje
моето бебувче вејче 2 недели ручка во 21 и заспива спије до 1 се разбудува ручка и пак заспива па се до 6 сабајле и кога че се разбуди во 6 несака да ручка па се до 12 .. пробувам да и дадам млекце несака го плука а преку ден на секој 3 сати ручка
Не треба да му се скратува доењето на бебе во ноќните саати тоа само со тек на време ќе ја преспива цела ноќ, вие правите грешка што не му давате да цица ноќе.
Мајки деновиве читав дека колку порано (до 3-4 месеци) го одвикнеме бебето од ноѓните подои толку полесно ќе било. Имаме 3,5 месеци и си цицаме кога сака и колку сака вклучувајќи ги и ноќите. Во текот на ноќта малата ми се буди 2-3 пати и си цицаме. Јас искрено не се согласувам со тоа да не му се дава на бебчето да цица ноќе зошто јас не сум 100% сигурна дека бебето се буди за да ме почуствува или од навика, а не дека е гладно (можеби грешно мислам). Ме интересира ваше мислење околу ова и до кога бебето треба да има ноќни пидои, ако воопшто има граница???
Моево (со 4 месеци) изгледа само се одбива од ноќни подои. Задниве 2 дена заспива во 23, а се буди дури во 9! Незнам дали ова се случува и кај други?
Јас и со двете не успеав да го средам одвикнувањето. Со ќерка ми бев таков емотивец што колку и да пробував на крај попуштав и и давав. со синко реков дека таа приказна нема да ја повторувам ама бетер сум Иако ме исцрпува и веќе има 1,5 година и не е нешто по јадењето си цицка барем два пати во текот на ноќта. Сега е настинат и овие два ден партал ме направи. И тоа поради затнатото носе не оти е гладен. Неможам да одредам дали е од тоа да ме осети,зошто не ни јаде како што треба. Различно е секој ден ,јас не го форсирам иако приметувам кога ќе вечера обилно дека поретко се буди. Но затоа кога не е јаден цица и голта онака дрчно. Значи е гладен. Во суштина има позитвни и негативни карактеристики во целава ситуација. Одвикнувањето е добро поради тоа што е посамостален и не толку зависен на некој начин. Јас ќе го дојам така се додека не го одвикнам иако на некој начин е напорно,но за најмилите секогаш се трпи
Оххх да ми се случува мене тоа јас ќе сум најсреќна Мојава засива во 23 (цел саат и повеќе ја заспивам) спие сврзано 4 саати и започнува со нејизниот ритуал на малтретирање Започнува да се буди на секој саат ипол за да цица до 8 часот сабајле... Што беше тоа здрав ноќен сон????? А да не зборувам пак за дневните преспивања кои траат пола саат Дури да отидам во wc на враќање од купатило ја слушам дека плаче и толку од нејзиното спиење. И мислам дека немаме абер за одвикнување од ноќни оброци.
Ќе промени набрзо, а зависи дали преку ден се најала ако е гладна станува почесто. НекА Цица преку ден почесто.И убаво пред спиење.
Поздрав до сите членки на форумот. Ова е прв пат да Ви пишам, обично читам мислења и ги практикувам. Ама ова со ноќните подои ме натера да Ви пишам и да ја споделам маката. Ние со мојот син не два пати туку 6-7 пати стануваме во текот на ноќта. Блазеси ви на вас мајки што станувате по еднаш двапати ноќе. Имаме 4,5 мсеци и мислам дека поим си немаме да намалиме ноќен подој. Секако пробувам и не ми успева. И кај нас не зависи дали и колку сме цицале денски, ниту колку сме спиеле. Битно, заспиваме кај 22-23ч, спиеме 2-3 саати, е после стануваме на секој саат и си цицаме во спиење некои 10-15 мин. Не да е исцрпувачка. Барем денски кога ќе го искапев дремнував малку со него, ама колку станува поголем толку помалку спие. Се случува 5 пати денски да го заспивам и да спие само 15 мин. Затоа мајки не се жалете ако станувате по еднаш-двапати ноќе. Позз
ista maka si imav i jas so nespienjeto noke a plus uste ste mali za da ukinete noken obrok toa obicno nekade posle 6tiot mesec se slucuva...iako kaj nas ne se sluci ...duri cicase sinko stanuvase noke-do 10,5 meseci...sega e 13 i pak se budi 2 pati noke...ne davam nisto samo si se niskame i prezaspivame.epten e malo za da spie cela nok.....isklucoci ima ama retki.
Здраво на сите членки од форумот.И моево синче кое неделава ќе прави 5 месеци ,наместо помалку пати да станува ноќе тоа почесто и тоа на 1-2 часа.А не оти што цица, туку ќе цицне малку и заспива.А дење спиење пола саат .Јас мислам дека само ќе се одвикне од ноќно цицање само треба малку трпение зашто нон стоп ме буди.И иако е скоро 5 месеци цица кога сака и колку сака .
Јас сум жива ненаспана син ми со тешки маки заспива во 23 часот и се буди сигурно 5-6пати и така се до 10наутро. Незнам што да направам за да ги намалам ноќните подои ме советуваат пред спиење да воведам оброк од вештачко млеко кое повеќе време ќе го држи сит, но незнам колку е паметно.
@Kaffe колку месеци имате?Ние сме скоро 8 месеци и уште цица 4 пати ноке.А јаде 2 цврсти оброци дневно.И да дадеш ад ке стане пак од навика,од што проверува дали си до него.Бар јас така мислам.
Кај мене бара минимум 2-3 пати да цица во текот на ноќта иако имаме 3 оброци по 200 грама (понекогаш и некоја ужина). Има 10 месеци ама не пие вода, сокови и не му скратувам цицање.
Има четири месеци и десет дена. Да станува два-три пати некако ќе се издржи, а ова прво мака мачам додека да го успијам едно десет пати ќе се разбуди додека цврсто да заспие и после скоро на секој саат се буди како да цицне само. И преку ден е тежок за спиење дали три пати ќе поспие по пола саат. Жива ненаспана сум и преморена, а да не зборувам колку се ми е запоставено и маж и куќа ама баш се.