Одвикнување од цуцла

Дискусија во 'Дете' започната од Sofi.ja, 23 октомври 2021.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.441
    Допаѓања:
    183.490
    Пол:
    Женски
    Да де. Тоа е најдобра реплика - дека забар го видел детето и констатирал дека нема проблем. И да е така, забар што вели "како сакате за цуцла" при тоа знаејќи за негативните последици за кои учел со години, во мои очи губи на кредибилитет.
    Дека некој користел цуцла и немал проблем па воопшто не е аргумент, ама за ништо.

    Точно, секој родител одговара и се грижи за своето дете. Тоа не значи дека и секогаш знае што прави. Затоа сме тука, да прашаме и да научиме нешто што не сме знаеле.
     
    На Spidy, Annath и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Од цице лесно се одвикнал зашто имал цуцла за замена. Сега е веројатно навикнат да заспива шмукајќи нешто.
    Ако си решила да го одвикнеш фрлаш цуцла викаш нема цуцла големо дете си и толку. Нит сечеш, нит лепиш нит чуваш дома резерва.
    Јас моето го одвикнав на 18 месеци кога почна да се буди ноќе и да бара цуцла ако му падне од уста. Првата вечер плачеше многу, втората помалку и третата се навикна. Од бебе коситеше цуцла само за спиење, никогаш буден.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Ок, во претходното мислење беше дека таков ни е менталитетот, не носиме деца на забар, сега излезе дека "тоа е најдобра реплика" ко whatever. Ок, ова личи на напаѓање, не на дебатирање. Една во темава се јавив дека го оставам да заспива со цуцла и одма напад.
    Во ред, детето ќе ми има страшни последици што 40 минути во 24 часа држи цуцла, неинформирана сум, немам гледано ниедна емисија, немам ниедна статија прочитано и докторот што си ги оставил сопствените деца до кај 2/3 години да му држат цуцли и тоа не е во ред и така.
    Ако некој има поинакво мислење незначи дека е неинформиран и дека не е во право.
     
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.441
    Допаѓања:
    183.490
    Пол:
    Женски
    Само дискутирам за она што сега го знам, а некогаш и јас не сум го знаела. Напад апсолутно нема.
    Беспотребна драма и извртување работи.
    Ај нека ти е. Поздрав.
     
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Ти почна со тоа дека лечиме фрустрации иако самите пишавме дека бевме офтопик и престанавме на тие 2/3 мислења. А кога ќе почне мислење на тој начин... Ај мене нека ми е :D убав ден
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Женски
    За одвикнување од цуцла/шише мислам дека е подобро да се пресече одеднаш, во период кога детето не е под некаков друг стрес, како болест или некоја поголема промена во средината, отколку да се намалува постепено. Постепено одвикнување мене не ми успеа ни за одбивање од доење ни за одбивање од шишенце. Не се сеќавам кое оправдување го измислив, ама кога решив да го тргнеме шишето за млеко бевме доследни во намерата. Син ми имаше три години и брзо го заборави.
    Факт е дека секое дете се развива со различна брзина но постојат старосни граници кои се општи за сите деца и до кои се толерира ако некоја вештина/способност не се развила. Ако се надмине таа граница, детето сеуште нештото не го прави, треба да се провери зошто, дали има некој реален проблем и ако има да се работи на него. Во спротивно не му помагате на детето. Не се работи за лечење фрустрации, ниту за натпревар, се работи за навремено реагирање/превенција/лечење. А верувајте во најрана возраст тоа и те како прави разлика. Колку порано се реагира за проблемот, толку побрзо и полесно ќе се надмине.
    Мојот син до денес оправа последици од шишето кое го користеше за пиење млеко пред спиење - преку сила 3 пати во денот (значи многу мал дел од денот). Има проблем со изговор. Прво беше со изговор на цел куп гласови, па после работа со дефектолози/логопеди се реши ама не комплетно. Некогаш посебно при замор, се осеќа малку шушкање при изговор. Проблемот испадна дека е сепак заради доцната одвика од шишето, иако првите ортодонти/стоматолози викаа се е во ред со забите и вилицата. Дури во 3то одд. еден оротодонт го препозна (и тоа со краток преглед) дека до подоцна користел цуцла/шише и дека сеуште има малку шушкање во говорот. Сега е со мобилни протези и се работи на проблемот да биде скроз без шушкање. Проблемот не е само физичкиот деформитет на забите, туку и во самата навика како се мести јазикот, каде се пропушта воздухот да струи во устата кога се зборува со цуцлата во устата, којашто се стекнува кај детето. Целиот говорен апарат се прилагодува на неа. Во период кога се учи да се зборува, треба да се внимава и да се тргне цуцлата. Вас како родители може ви е полесно со неа, побрзо го смирувате детето, и може си мислите нема штета од неа, но кога ќе дојде до 6,7,8 години и ќе има проблем со говорот и изговорор, потешко ќе се решава проблемот. Затоа размислувајте малку подалеку.
    И знам дека пелените не се тема тука, но да оставиш дете до 4 години во пелени и да не отидеш да побараш која е причината, дали е физичка или психичка, е неодговорно во најмала рака. Тоа што градинката не се замарала, не значи дека и родителот треба да не се замара, туку значи дека луѓето работат до кај што мислат дека треба да работат или до кај што мислат дека се стручни.
     
    На Bebac, Spidy, drugarka и 7 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Ја носев на забар и знаев дека ќе и' се искриват забите од цуцлата.
    Ама нема да ја оставам да плачи и да се притресува, кога постојат протези.
    Не и' се новите заби криви.
    И сеа?
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.441
    Допаѓања:
    183.490
    Пол:
    Женски
    И сеа?!
    Сакаш да ми кажеш дека трауми од протези кои се носат со години и болат плус се во ред, само да се избегне 3 дена кенкање по цуцла.
    Во ред. Нека ти е.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Ќе му купиш дијамантски и нема да се трауматизира.
    Ќе се пуфка наоколу :D
     
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Вајлд ај не зезај. Секако дека нема да ја тргнеш цуцлата кога е во тежок период и му е единствена утеха на детето ама во првиот погоден момент ја фрлаш и крај.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Апсолутно.
    Затоа реков дека не треба да се форсира.
    Треба да се тактизира.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Туку, имам едно прашање.
    Оти возраста на децата ја пишувате во месеци, а не во години?
    До годината, разбирам, ама после тоа?

    *“Ќерка ми има 187 месеци.“
    Малку чудно е, а и не ми се решаваат задачи по математика :tmi:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Зашто има голема разлика од 14 месеци до 22 месеци на пример. После 2 години и мене ми е чудно, кога ќе стигнеме до таму можда и ја ќе бидам иста :D
     
    На Bebac, mal.ecka и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.882
    Допаѓања:
    203.032
    Пол:
    Женски
    Постојат протези, да, ама никој не ви кажал дека и тие протези имаат несакани последици по коската.
    Подобра (и поевтина) опција се мобилните протези, кое ниедно дете не сака да ги носи, ама тие во голем процент го решаваат проблемот со криви заби (не и криви вилици), каков што е најчест кај децата. Јасно ми е зошто никој не сака да ги носи, ама бенефитот е голем, дури може и да се поштеди детето од носење фиксен апарат.
    Настрана протезите, настрана забите, денес голем број деца имаат проблем со т.н инфантилно голтање, голтање кое е карактеристично за доенчиња, а не и за деца и возрасни. Треба да се изгуби веднаш штом се прекине со доење, односно да се редуцира штом се премине на цврста храна, но не се губи поради цуцлите и шишињата. Може да остане и доживотно како проблем, ако не се санира на време, а најчесто не се санира, оти се оставаат децата со цуцли многу долго време. Многу примери имам кај возрасни со таков тип на голтање, со неправилен загриз и криви заби како последица на истото.

    За месеците - до тригодишна возраст се кажува возраста по месеци, после во години. Сите скокови, регресии, мајлстоунс - се одвиваат во одредени месеци, педијатриската проценка за развојот се прави по месеци до три полни години.
     
    На drugarka, mal.ecka, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Шо е то?
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.882
    Допаѓања:
    203.032
    Пол:
    Женски
    Кога при голтање јазикот не се става позади забите како што е правилно (за да се затворат и имаат меѓусебен контакт), туку меѓу забите од двете вилици и ги одвојува. Баш како бебе што голта кога цица - оти има брадавица/цуцла во уста, има простор меѓу вилиците и голта така. Бебето не се трга кога голта, туку цело време цица и голта, при што кога ја опфаќа со устата ареолата/цуцлата, јазикот му е делумно пред забите, не цел.
    Се надевам ме сфати.
     
    На Jana06 и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Те разбрав и пробав дали јас голтам инфантилно :D
    Арна сум :angel:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.882
    Допаѓања:
    203.032
    Пол:
    Женски
    Ќе имаше проблем и со изговор на одредени гласови. Не само со забите.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    Лесно ја фрливме цуцлата али мислам ради што беше помал и не разбираше многу.
    На 10м се науче да ги фрла работите што му се во рака и татко му му вика фрлија цуца и ја извади од уста и ја фрли позади спална ајт му прави ајт кога фрла нешто и вечерта ја бараше пред заспивање али бев упорна дека нема да добие друга па утеха си најде во шишето со тоа што почна да пие повеќе млеко пред заспивање.
    Од кога ја фрливме многу помирно почна да спие преку ноќта.
    Бев решена дека до прв роденден ќе ја нема, па испадна и порано.
    Али никако да го одвикнам од триење на моето уше поготово го бара десното и како утеха му е ќе се удри иди да го кренам и за уше ќе ме фати, патики облекуваме тој ме држи за уше, гледа цртан ако сум до него ме држи за уше, пред заспивање ме држи за уше можи 40мин додека убаво да се задлабочи во сонот и не му падне раката, ќе се разбуди во текот на ноќта и со раката ме бара да го фати ушето ако не го фати почнува да плачи.
     
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    24.538
    Пол:
    Женски
    Јас сум 32 годишна со инфантилно голтање бидејќи мајка ми до 5 год ми ја оставила цуцалта за да не плачам, забите ми се нанапред сите и не се вратија со мобилна протеза, за фиксна немав можност бидејќи ми се скршени и ми се пломби нема да го истрпат притисокот од фиксната, др сите до еден заб ми се расипани и пломбирани по 3 пати....
    На мајка ми и велам да си ме тепала и да не си ми давала цуцла, јас сеуште голтам како бебе бидејќи тоа е несвесно и тешко да го контролираш цело време.
    Моето не прифати цуцла фала богу :) иако на почеток пробував секакви цуцли, ама не сакаше.

    Цуцлата и то како е штетна за заби, за вилици, еве цел живот сум осакатена од таа цуцла. Фрлајте одма, ќе поплачат амс некогаш може фала да ви речат :D
     
    На Spidy, Annath, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.