Да. И тоа сам си го зема од кујна кога ќе го направам и му викам оди нано нано ќе правиме и пред мене е со шишето,ме чека да го качам и да легнам до него го пие и заспива. И ушето мора да е тука
Ист е и мојов ама знае и од коа ќе испие да продолжи да шмука на празно не дава да му го земам, цуцла не користи одамна ама ме нервира и оваа навика
Не се крстете на протези. Носев пред 15г супер се наредија. Болките уште ги памтам од фиксната кои трауми ми беа кога ќе ти ја стегнат па не можеш да јадеш па ти се пика храна... Секое одење на забар ми беше со плачење. И еве сега после 15г пак ќе ставам ми се испокривија два...
Оф топик ама морам да си кажам една тајна. За еден месец правам 31 година и таква навика фаќање за уво имам сеуште, од бебе Мајка ми вика сум ја излудувала со тоа, она е таква нервозна кога ја пипкаш за лице, коса и вика полудував додека заспиеш. Среќа мм ме трпи. И не само за спиење, секогаш кога е до мене блиску, кога лежиме, седиме заедно го фаќам за уво Се приметив сеа малиот дека го фаќам кога си лежиме, ќе се освестам и одма прекинувам ама никако не успеав да најдам трајно решение за ова. Инаку, ми се има случено и со другарка, со сестра, братучед да ги фатам ама ме знаат веќе, а со тие што не сум им кажала е многу awkward првиот момент Многу лошо на овие години ама скроз несвесно го правам.
Маж ми бил ист само тој барал ушите да се ладни Како можеше иста навика да имат Ми пречи тоа шо на сред ноќ ми го тегни и додека тој презаспива јас сум будна. @Snowflake92 И на малиов му се дешава да го влече шишето, а тоа да е празно али тогаш го влече го крева нагоре зошто сака уште.
Хаха исто, ми беше преглупо тој детал да го пишам Ако се топли одма тргам рака. Тебе мачно ти е ама мене ми е полесно сега кога знам дека има други луѓе како мене
Tатко ми е ортодонот и има искуство зад себе 40 години, кога ја родив малата за цуцла веднаш ми кажа да не давам. Секојдневно му доаѓаат дечиња со искривени заби, неправилно голтање и ред други работи. Ако може да ја избегнете би било најубаво, доколку не можете гледајте во најран период да се ослободите од неа
Кој трик употребувате за одвикнување од цуцлата? Синко уште малку 18 месеци. Нема да верувате и ќе ви биде смешно. Јас 5 години си бев со цуцла. Немам ни криви заби, ни проблеми со говорот. Сестра ми никогаш не сакаше цуцла, но имаше криви заби. Секоја чест на докторите, но во нашиот случај паѓаат сите теории за криви заби и говор. Туку, како на синко да го одвикнам со време? Да не биде како мајка му.
@Bebac ќе му ја земеш цуцлата и ќе го потрпиш кога ќе плаче по неа ден два три и толку. Прво ќе му зборуваш неколку дена дека не му треба и дека е голем. Ќе му најавиш кога ќе ја земеш и толку. Ја земаш и крај. Искрено ти треба да бидеш поспремна за откажување цуцла од него.
А да ве прашам со какво шише давате млеко ? Баш со цуцла или со цевка ? Пуштете слики ако сакате. 21месец + сме.
Трик со зборување дека е голем батко, соработка со учителките во градинка (не му ја даваа), пилето лошо ја земало ќе ја врати за спиење, надвор не ја носиме кучето ќе ја земе, во градинка не ја носиме децата ќе ја земат. И последно беше со дедо мраз,дека не носи подароци на деца со цуцли. Одвикнувањето траеше околу 4 недели,малку подолго од одвикнувањето од цицање направи 2 год минатиот месец. Повремено прашуваше последниве денови каде ми е цуца,ама скроз го игнорирав не ни одговарав на прашањето. Сега одиме на фаза 3,одвикнување од пелени.
Кај нас не оди ништо на сила мислам да и ја земам да плаче додека не ја заборави. Пробавме да ја мачкаме со нешто ја бриши од шо ке најде и си тера, пресечена ја држе со заби. Така да зборувавме многу многу многу како е голема, како бебињата само цуцаат цуце... Е сега еве веке две недели заспива преку ден без цуцла исто и во градинка(само за спиење ја цуцаше но до степен да ја држи цела нок во уста) преку ноќ сеуште неуспешно и онака е неспијач нема преспано ноќ од кога е родена како ке биде не знам, билдање живци. 2 години е.