Ова исто го имаат пишано и на едно девојче шо беше напишало дека заради оваа злоба нема да се мажи во Мк туку ќе си бара некој странец.....
Јасно ми е, "комшиско" е. Зборам општо, за црна хроника да не читам, т.е. коментарите под црната хроника. Лошо и тажно секогаш ќе постои, ама човечкото гадно коментирање не можам да го поднесам.
Oф бе...свашта..Како не.. Некој друг ќе ми ја крои мене судбината..ради такви гнасиада си барам среќа надвор од земјава... Девојче,ако читаш и во странција има вакви коментатори...проблемот е глобален btw.. Шовинизам на најјако пуштен За жал
Чудно ми како уште мислат дека само македонските и балкансите мажи се дно. Као странците цвеќиња сите да се.. Добро викаш, глобален е проблемов со вакви накази кои се поише и поише се котат. Мислат странец по дифолт е културен, начитан, фин, пристоен ама не е баш така. Низ цел свет раширени се простациве, само кој прикриено кој апла се покажува. Но еден ден си го покажуваат лицето. Овие гнидиве шо ги криете, со име и презиме постирајте слободно, и онака коментирале на јавни постови. Кастрација златна, ништо друго, не се оправаат они, од раѓање се дефектни.
Душа ми се кине кога коментираат крајно нечовечки на трагедии. Ај ќе речам на нечија приватност и животна ситуација некако, ама на трагедии, несреќи, несфатливо ми е дали е возможно такви луѓе да постојат....
Во западна странција, вакви генетски отпадоци грото се социјално и општествено жигосани, никој не ги дружи, ни мужи ни жени, нит па пичка добиваат. Затоа најчесто и си ги држат муцките затнати. И плус во странција ваквите се исклучок од правилата, а не се правило ко кај нас.
Ич не ми се кине душата, душа немам, туку дај да направиме некоја инцијатива, да се сносат законски последици за ваков тип на коментари особено под црна хроника вести каде има починати лица. Јас би да биде 1 до 6 месеци затвор, со задолжителна парична казна. Љуѓе разбираат и имаат емпатија, говеда ко што се нашиве само со ластегарката по грб се учат.
Не е поентата да бришеме социјални мрежи, туку баш на ваквите да им дадеме до знаење дека не чини. Ај тоа што самите се брукаат, ами и нас како држава не' брукаат.
Гош не би се согласил, само затоа што немаш влезено во тие кругови не значи дека не постојат. Само ги нема по фејзбуци и јавно, туку се трај-прај. Едит: Да додадам, ај што се трај-прај таму има и некоја законска мерка против нив, најдобар пример за тоа ти е Алекс Џонс, и тужбите за лажните вести во врска со Сенди Хукс убиецот. Најбуквално целиот имот му е одземен и треба да плаќа репарации на фамилиите.
Ок, али муабетот мој нема никаква врска со теории на заговор и политики. И реков, си ќутат за да не го јадат.
Leleeeee dusa.Za ubavo odela,kako zavrsi. A inace komentarive na lugeto im se gadna rabota.Barem malku empatija,socuvstvo.
Леле леле читајте ги коментарите од глупаците на Скопјеинфо на ФБ за девојкава.. најголем проблем е дека вереникот напишал Грчки душман.. не бе не.. ненормален народ е ова.
Колку несреќни луѓе на толку мала површина, чудо. Прашањава: Што барала сама со другарки на одмор? Зошто сте ги пуштиле сами жени да возат? Зошто 8 години уште не си ја оженил? Не можев да дочитам. Премногу простотилок. А и скопје инфо провоцира со насловот. И тоа ти било новинарство
Неможам да ги читам тие коментари.... почнувам да вријам од нервоза и сакам да ги изнавреѓам сите. Ама после ќе дојдат и мене ќе ме напраат подоле од магарица. Едно сум научила во животов, со коњ и будала не се натпреварувај, ниту коњот ќе го претркаш ниту будалата ќе ја убедиш.
Дефинитивно, јас сум многу темпераментна знаам да вивнам кога ќе прочитам нешто вакво, од нервоза немам никаква контрола кон вакви суштества и се карам, прво почнувам да овјаснувам со убо и на тоа ми е вратено со : Да те ***, мајка ти татко ти, к***, се ми направат, и тоа не само од мажи, а да ме одбрани НИКОЈ. Затоа избришав..