За бесење се бе сите комплет, и они со самото тоа шо кур ги боли не се нишо поарни од монструмите силувачи. Може и они да им се укаже прилика би напраиле таква гадост. Ќерката и сестрата секако криви се ќе речат, си го барале.. А овие што се мајтапат на осетливи теми и си го ладат, не мислат со тоа тиквите дека деца внуци имаат. Колку памет немаат, страшно нешто.
Секој шо ќе поддржи, одобри, коментира, или предизвика потсмев на основ на личното достоинство на жртвата, дали на социјални мрежи, медиуми или во живо од типот на одвратни коментари како овие, да се гони кривично исто како за сторено кривично дело со умисла, како да е сооучесник на чинот на силување, убиство итн. Па нека коментираат пак идиотите .
Тоа никад нема да биде. Оти ќе треба пола држава да ја испозатворат, немаат толку место во затворите. Ние жените сме препуштени сами на себе, да се бранеме и умееме како знаеме. Секоја и чест на Пале, го уби насилникот и имаше среќа да не ја затворат. Со сила сакаат да не направат нас жените убијци. Оти друг спас од овие нема. Пријателка беше тепана од мажот, се исели, мажот доби забрана за приближување, и пак ја најде и ја истепа. И пак е на слобода. Жената живее во страв. Да ти ебам државата.
Можи да се деси само ако се има војла за правичен систем на функционирање на законите. Нема да ја затворат цела држава ако пред време си знаат шо ги очекува, нема да коментираат така лесно или осудуваат кога ќе знаат со каква казна можат да се соочат, секој ќе се подзамисли пред да коментира нешто шо не е за коментирање. Во МВР има веќе системи барабани и за повици и за сајбер. На одреден збор преку повик се пали црвено во системот за комуникации ако на телефон кажиш одреден сумлив збор, одма.вршат проверка, примњр зборуваш против Владата. Иако велат дека не се прислушкува ама се прислушкува. Исто и на социјални мрежи, пиши нешто против албанците пример, за 2 минути ќе ти дојди полиција за ширење говор на омраза на нет, таму во МВР му сигнализира. Жално е шо не превземаат и за коментари од ваков тип.
Да, ама за да знаат шо ги очекува мора прво многу такви насилници да го окркат. Само така ќе се исплашат. А кој попрво да апсат кога сите пишуваат такви коментари?
Затоа се носи закон таков пред време за секој таков коментар, да се гони кривично како сооучесник. Пример како шо знаеја дека за време на карантин во короната ако излезиш од дома 2000 евра казна, па повели излези. Е така и за ова да е, па коментирај пак.
Абе кешким само за коментирањето да беше. Абе насилници за тепање на жени се извлекуваат само со условни. И за тоа нема закон. Ете тој битолчанецот шо ја затворил и тепал партнерката, моментално е во бегство. Кога ќе го најдат, ако го најдат, ќе го стаат во притвор неколку дена и пак ќе го пуштат. Пак ќе биде опасност за жената. Дури после година дена ќе му стигне покана за суд, и ако не е направил пред тоа кривиччно дело, ќе му даат условна или максимум 5 6 месеци затвор. И шо правда е тоа?
Со моменталните закони во Мк, најубаво е жената да го истепа на мажот, да го сокрши за да неможе никогаш повеќе да стане, или да го избоде, и да си чека после условна или 5 6 месеци, максимум 1 година затвор. Бар знаеш после дека како човек ќе излезеш на слобода. А ѓубрето нема да стане од креветот или гробот.
Тоа е така зошто толку ни се функционални законите а и башка не се спроведуваат. И да бараш правичност нема да ја добиеш. Убијците и насилниците на слобода, криминалот цвета..
Ако си упорна со тоа, ти им даваш поддршка на насилниците. Не на жртвите. Практики од минати векови се токму причината зошто ова не може да се искорени или барем намали. Што е потребно? 1. За напредок потребна ни е промена на законите и промена на начинот на размислување. 2. Подолги и построги казни за насилниците. 3. Да се организира да се бара прекин на вработувањата преку врски. Вработувањата да се прават со темелна проверка на позадината на личностите и долга низа на психолошки тестови. 4. Одењето кај стручно лице да е задолжително за сите. 5. Бесплатна или барем поевтина и континуирана психолошка поддршка за жртвите. 6. Предметот Етика да биде задолжителен на сите нивоа на образование.
Се тоа ок за генерациите шо идат. Ама шо е со претходниве генерации шо се научени на насилство и шо дома ги учат малите на насилство? Нив ништо нема да ги оправи. Државата никогаш нема да се оправи, нити ќе донесат салам закони, се повеќе ќе тонеме. Ќотек им фали на мажите. Ќотек затоа шо незнаат кај е корпата за чорапи, ќотек оти дигаат рака на жена, ќотек оти незнаат сендвич да си направат. Со мојот бивши кога се разведував, нема кај не ми направи проблеми, и на работа и по луѓе, и ме објавуваше насекаде, по сите интернет страни и пишуваше глупости за мене.... џабе пријавував во полиција. Одеа и само го предупредуваа а он пак по старо. Е кога му пуштив батки да го ишамарат малку, дури тогаш прекина. Дури и се извинуваше. Од тогаш ништо не е направил од тоа шо го правеше. Теле се учи, вол не.
Каква едукација кога ваквите немаат мозок да научат, да имале, до сеа ќе научиле. Казни, само казни. Парични и затвор.