Мене ме интересира каква е таа вистинска едукација. Зарем треба Стојко од Свирипичино на 50 години да го седнат на клупа и да го едуцираат како не е морално и етички да се потсмева на статија на фб за силување? Поминал возот за тоа, не можеш да едуцираш некој што поминал пола живот со примитивни размислувања. Само високи парични казни е лекот за овој народ. Нема со казната да му го смениш ставот, ама во најмала рака кога ќе го здоболи џебот ќе си ја затне муцката и ќе се подзамисли дали и што ќе коментира на фб. Едукација за младите генерации, ама со родители како Стојко ништо чудно да не упали овој метод и кај дел од нив.
Гиговска изјавила на некоја емисија дека нема машка и женска работа низ дома, во стил дека и мажот и жената треба да чистат и поделат обврски. Мал инсерт од коментарите на фб, особено од жени.
Овие маживе не се останале сами дома, затоа така се прчат тука. Секогаш мајка им усисава низ куќата. Ама и без мајка, верувам дека во ѓубре ќе си живеат.
Женска работа би било, само кога мажот ќе си ја одработи својата мушка работа со тоа што ќе носи 5.000 евра плата ко вистинска мушкарчина, и тие пари ќе ги остави сите дома, а на жената ќе и преостанува само да се грижи околу домот и децата и во слободно време да оди во салони за лепота Ама нееее, две банки немаат у џебот, апсолутно неспособни пари да донесат(ко прави мужи), а они ќе кажуваат тука за култура Истиве се тие шо очекуваат и покрај таа некоја си женска работа, шо патем секој треба да знае да се грижи за домот, да оди жената и да рмба на работа од 9-5. Епа одлучете се веќе за родови улоги, а не само кога ви одговара си се вадите со мушки и женски работи. По жените плукаат, а да не беа жените во нивен живот, ќе се потрупаа во ѓубре. Бравос бе мажиња, си ја гризете раката шо ве храни, само храбро по фејсбук коментари
Стварно не се можни овие Страв му било жена да има оти не дај боже ќе излезе надвор на прерамки . Богами многу страшно е тоа.
Ццц... Колку ретардирани луѓе има. Боже Господе. Немам коментар Страшно, и после тоа зошто не кажувале?!! Епа затоа што има луѓе затуцани што мислат дека жената не треба да се однесува или облекува вака или така... Со таквите пештерски размислувања нема никад во ЕУ да не примат.