Одгледување зеленчук и овошје

Дискусија во 'Дом' започната од Theodora, 27 февруари 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.559
    Се мислев дали е ова најсоодветно место за поставување на ваква тема,слободно извршете преместување ако треба.
    Целта ми е да се отвори тема за градинарство и овоштарство како елементарен извор на здрава храна,каде би се разменувале мислења и совети.
    Значи јас со моето семејство одгледуваме разновиден зеленчук(пиперки,домати,грав,пченка,боранија,компир,грашок,салати,тиквици,кромид и др.) дел за сопствени потреби,дел и продаваме.
    Мене тоа ме прави среќна од повеќе причини-знам што јадам,одгледувањето е и доста смирувачки процес на ментален план и не се опишува чувството кога од семка што сте ја засадиле,после извесен број месеци добивате-плод.
    Бидејќи одам на работа,не поминувам доволно време колку што би сакала на нива,ама и дома исчитав добар дел литература за одредени производи,нивниот одгој,болести и штетници кои ги напаѓаат и др.
    Полека доаѓа време за припрема на расадите,па мислам дека е право време да се отвори ваква тема.
    Ме интерсира дали еве кај нас како млади генерации постои интерес за овие гранки,не мора како за масовно производство и извор на егзистенцијални приходи и како хоби за домашни потреби нека е и дали постои уште некој,како мене кому ова му претставува извор на задоволство и радост?
     
    На Any002, bavarskomomce, andreina и 5 други им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    63.250
    Пол:
    Женски
    Имаме голема бавча во двор т.е зад куќата. Од кога остана мајка ми во пензија почна да одгледува овошје и зеленчук. Иако секогаш сме имале јаболко, праска, вишни, цреши, таа година посади околу 10 дрвја, но не сите се фатија. Во двор имаме и лозници, па имаме преубаво грозје. Садиме пиперки, домати, тиквици, цвекло, краставици, имаме и јагоди, малини, смоква.
    Многу поубаво ми е кога јадам од бавча отколку кога купувам. Најчесто мајка ми е таа која се врти околу бавча, но често и помагам и јас, па и сестра ми.
    Имам другарки за кои е срамота да се сади бавча, а пак имам и другар кој едвај чека да дојде кај мене да ужива.
     
    На elisabeta, Rosy и Theodora им се допаѓа ова.
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    И ние имаме бавча во дворот. Порано мајка ми одеше на село и по цела нива садеше. Сега малку, но сепак има да се апне. За мене тоа воопшто не е срамно и кога би била во брак, да имам услови не би се мислела да си ископам бавчичка. Не многу но да си имам некоја занимација во слободното време :) .
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    Колку само им завидувам на сите кои си имаат бавча или градина дома, т.е. живеат во куќа. Нема поубаво од домашен зеленчук и овошје.
    Да станеш сабајле и да си скинеш свеж домат, мх мх мх.

    Еднаш си купив чили пиперчиња во саксииче, демек сама дома ќе ги одгледувам а и убаво изгледаа.

    Абе ај! Не знам зошто воопшто се нафатив на такво нешто?! Прво беа зелени, па убави црвени па заборавив да ги скинам и ми загинаа. Отидоа во небото со сите останати неуспешни растенија кои не успеав да ги одгледам или чувам дома. Сега гарант ме гледаат од горе и ми мрчат. Кутрите пиперчиња а така беа убави!

    :doh:
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.559
    Еве конкретно ние зивееме во стан,нивата под наем ја зeдовме,ама не е многу оддалечена од мојата зграда.
    Се одлучивме на овој чекор кога мајка ми остана технолошки вишок,па покрај тоа што си рековме ќе си јадеме органски здрава храна,ако се создаде вишок ќе си продадеме,ако се најде пласман,а и полн ни е замрзнувачот со намирници преку цела зима,не е придобивката само со летниот период поврзана,а чувството да си скинеш нешто зрело,посебно и сам ако си го одгледал не се опишува со зборови.
    А Пирамидче пиперчињата конкретно мора да се кинат за да растат нови и постоечките малечки да се развиваат побрзо.Исто треба да им се додава вештачко ѓубре,водичка и да имаат многу светлина и по малку да се омекнува земјата околу стеблото,да не се стврдне премногу.
    Целта на темава ми беше и да се нудат совети за одгој на различни култури.
     
    На bavarskomomce, od-samrak-do-zori и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    7.280
    Пол:
    Женски
    Вегетаријанец сум така да јадам многу овошје и зеленчук, во дворот имаме круша и слива само немам голем двор каде што би можело да имаме поголема градина со овошје и зеленчук иако би сакала, не гледам зошто да се срамат луѓето да одат на нива, глупости. Кога ќе се мажам би сакал зад куќата да си имам своја мала градина каде што би имала некои основни работи кои ќе можам свежи да си ги јадам кога сакам, а и да си имаш занимација и психички да си се одмораш дури се занимаваш со неа би било добро. Јас имам роднини кои живеат во Шведска и имаат ниви подалеку од куќите каде што си садат се, така да тие во Шведска ако не се срамат овие овде се срамат а ние сме ехееее колку назад.
     
    На bavarskomomce и Theodora им се допаѓа ова.
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Да живеев во куќа би издвоила мал дел за да си насадам нешто. :)
    Но како што сум во стан имам можност само за цвеќиња,па така да си имам едно мое и само јас си се грижам за него (ете сега и се потсетив дека треба вода да му ставам) :$
     
  8. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    526
    :clap: Браво за темава, ме врати години наназад (моето совршено детство поминато кај баба и дедо)
    Баба ми и дедо ми имаа бавча во која одгледуваа: Краставици, кромид, марули, домати, морков, магдонос и толку знам можеби имало уште нешто. Од овошје мислам дека сите можни плодови ги имавме во нашиот двор. :)
    Со сестра ми си киневме и јадевме, се што душата ни сакала ни било на дофат.
    Чувавме дури и коковчиња :D
    Пиев живи јајца и баба ми и дедо ми од мене и сестра ми направија здрави и среќни деца.

    Кога после неколку години ја доизградивме куќата и се вселивме кај баба ми и дедо ми се сменија доста работи. Бавчите станаа тревник, дворот доби сосема поинаков лик.
    Но како што ја создал господ баба ми уште меѓу цвекињата сади магдонос и целер :D
    На едниот ќош од тревникот (тој ептен збутан) си сади марули. :D Додека пак на тераса си одгледува домати. :D
    Сите членови на оваа куќа се согласија дека во дворот не треба да има бавчи и дека кокошки повеќе нема да се чуваат. Со години е веќе така. Живееме во скопска населба каде што можам да кажам дека тие навики луѓето да одгледуваат овошје и зеленчук веќе изумреле.

    Морам да кажам дека и денеска доматите што ќе ми ги донесе баба ми имаат посебен мирис и вкус.

    Факт е дека домашното е послатко, понекогаш многу ми недостасуваа таа идила и секогаш со задоволство и со насмевка се сеќавам на тој дел од мојот живот.
    Го слушам и татко ми како вели дека во пензионерските денови сака да купи некое земјиште во близина за да си одгледува зелечнчук.
    Навистина им завидувам на сите кои имаат услови за оваа работа. :clap:
     
    На Theodora и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  9. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    jas ziveam vo kujka so ogromen dvor.odgleduvame se i seshto od zelencuk,ovosje,cvekinja.kupuvajki praski od pazar i frlajki semenki vo bavca deka pocvata ubava sega imame dve golemi super praski koi sami si niknaa.a ddenes koga ja kopavme bavcata so majka mi pronajdovme uste dve niknati steblenca.imame i cresha/jabolknica/dunja/slivi/krushi/crnici..ili ne znam vie kako gi vikate kaj nas nie gi vikame crnici.od zelencuk imame piperki/domati/kompir/kromid/luk/praz/zelka/krastavici/marula/cveklo/tikvi/gprav/pcenka imame gi pukanki.se zdravi socni i domasni proizvodi koi nikade nema da se najdat po pazarite.ako sam si ucestvuvas vo odgleduvanjeto si go znaes i kvalitetot na toa sto go imas.jas iskreno mnogu sakam da se zanimavam so toa i golem del od denot pominuvam vo bavcaa inace golem ljubitel sum i na cveke ne e vazo dali gradinarsko ili domasno.mnogu interesna tema. so vnimanie ke ja sledam.poz
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    100
    Особено е добро кога имаш зеленчук и овошје од сопствено производство ,свежо.Ние во двор имаме кајсија,праски,вишња и слива ,а исто така со свеки моја имаме бавца близу куќата со секаков зеленчук:кромид,морков,марула,брокула,цвекло,домати,краставица,пиперки,мод.патлиџан и др.
    На село кај викендица имаме круши и јаболка и така имаме скоро се свежо :clap:
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.758
    Допаѓања:
    49.996
    Пол:
    Женски
    Имаме и ние малечка бавчичка во која дедо ми и татко ми одгледуваат домати и пиперки. Едвај чекам да дојде лето, да си станам и да си направам свежа салата.
    Од охридски патлиџан се знае, поубаво нема :D
    Не излегува многу, но доволно е за да поминеме лето и да направиме пинџур 8)
     
    На zhap4e и Theodora им се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.762
    ^ Ливинг, тој сите со душа го чекаме да излезе август месец, да си каснеме прав месест патлиџан :mm:

    Јас лично не сум многу заинтересирана за БАВЧАРСТВО ( :D ), ама моиве дома (баба ми, мајка ми, татко ми - комплет) ептен се загреани за таа работа. Си имаме две бавчулиња, едното пред куќата, другото позади. Во тоа позади садиме марули, праз, кромидче младо... до пред некоја година и јаготки месечарки имавме, ама веќе стари беа многу, па моравме да ги откорниме. Бавчата што ни е пред куќата е поголема и налето е целата со пиперки, ред краставици и домати, некогаш ротквици и повторно по некое кромидче. Имаме и киви во дворот, за нив татко ми се грижи.
    Не е многу, но си имаме колку за нас, да си касниме свежо и убаво, здраво и вкусно :)
    Исто така, мајка ми има бавчи кои и‘ се наследство од татко и‘, па и таму садат моите грашак, спанаќ... сега мислам и тикви стамболки ќе садеа...
    Имаме огромна површина насадена со јагоди кои ни служат за продажба и + неколку дрвца цреши.
     
    На zhap4e, Theodora и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    133
    Па живеам во куќа и имам бавча :)
    Чат-пат садиме нешто, обично лук, кромид, пипер, домат, краставици, зелка.. :)
    Не е масовно производство, туку чисто онака за дома, за домашни потреби. :)
    Иначе интересно ми е и јас понекогаш им помагам кога се сади. :D
    позз :*
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    41.027
    Hие имаме викендица, и имаме, цреши, смокви,праски,кајсии,круши јаболки и многу грозје, црвено и бело

    а зеленчик си сади краставици, домати и тоа :)
    повеќе овошје гледа
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.580
    Допаѓања:
    73.330
    Пол:
    Женски
    Ооо моја омилена тема :) Моите родители живеат во куќа и имаат многу растенија , дуњи , вишњи , кајсии , магданос , цреши , грозје , смокви
    И сега ние живееме во зграда :( и за жал неможам да имам некои големи дрва. Но , ете денес си насадив магданос во 5 саксии , а утре ке одам да купам и марула ке си насадам па да видиме дали ке успее :lol:
    Дајте ми предлог некои други растенија што ке можам да насадам , сабајлето имаме сонце до кај 3 часот попладне , ама па и сега ке дојде зима , па што ке можам сега да насадам , а што на пролет , кој знае нека каже :)
     
  16. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.942
    Пол:
    Женски
    ^ nema nisto pouubavo od organki zelencuk i ovosje,mislam na onoj koj samo ke si go odgleduvas bez pesticidi, za dusa ama toa tesko vo grad. Od kejf imav letovo zasadeno chery patlidzancinja poveke radi ukras no moram da priznam deka bea dosta vkusni,si zasadiv i kopar i nane,moras pozadi na kesickata da vidis koe vreme se sadat (mislam na zelencuk) za da ne ja utnes rabotata iako mislam deka se se sadi na prolet. A zacinskive bilki bilo koga sakas zosto tie i doma gi bidnuva. I da ne zaboravam letovo vidov drvce limon okolu metro na eden balkon i se vooduseviv,rekov moram i jas da imam :) pozdrav i izvinuvanje za latinicata!
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.580
    Допаѓања:
    73.330
    Пол:
    Женски
    така е , еве денес си купив и марула , па ке си насадам , се надевам ке успее :D
     
  18. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Многу сакам дома (живеам во стан, но имам голема тераса) да си засадам чери патлиџанчиња (многу ми се вкусни и декоративни, но многу ми се скапи во маркетиве) и лимони. Може ли да ми кажеш од каде се купува семето (во СКопје) и каква е процедурата за садење, одгледување...јас појма немам. :worried:
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.023
    Маж ми си има позади куќа мини нива :lol: која ни заврши доста работа.
    Летово имаше краставици, домати, шери домати, пиперки, компир, лук, кромид, јаболко и тиква.
    Сега има само спанаќ кој е превкусен. Се ни е органско :angel: здравје на пролет ќе сади повеќе работи кои би ни биле од корист за малата, за кашички :$

    МИА-СК, маж ми засади шери но коренчиња, а не семе. Според мене се жива глупост, зошто многу малку дава(или барем нас ни даде малку), а за ништо неможе да се искористат, освен ако не ти требаат за декорација некоја.
     
  20. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    [МИА-СК, маж ми засади шери но коренчиња, а не семе. Според мене се жива глупост, зошто многу малку дава(или барем нас ни даде малку), а за ништо неможе да се искористат, освен ако не ти требаат за декорација некоја.[/quote]


    Да, чисто за декорација ми се. Многу убаво ми изгледаат за декорирање, ама ми се прилично скапи нон-стоп да ги купувам, па сакав да пробам.