1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одгледување зеленчук и овошје

Дискусија во 'Дом' започната од Theodora, 27 февруари 2011.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    101.604
    Пол:
    Женски
    Јас многу сакам да си садам сама, здравје кога нема да живеам под кирија обавезно ќе си садам, во големи жардињери или на земја. Моите си садат се и сешто, од брокула, патлиџанчиња, тикви, лукче, кромидче, дрвциња некои, зачинчиња.... И многу сакам во убава кујна во мали саксиички насадени зачини, нане, босилек, магдонос, лаванда, рузмарин, мајчина дучичка ако може, пошто таа е дива во принцип, ама многу ми се свиѓа. Инаку дефинитивно најубаво е да се насади од коренче, но и семето врши работа. За оние кои живеат во зграда работа вршат и терасите и крововите оние кои ги користат како заедничка тераса на пример.
    Што се однесува до органско производство, кај нас во Македонија немам услови за органско производство, бидејќи за такво треба да се има најмала оддалеченост од автопат 200 километри, а ние немаме таква можност, но од друга страна можеме да одгледуваме природно здрава храна, непрскана со хемикалии и вештачки ѓубрива. Има толку многу начини да се заштитат растенијата по природен пат, разноразни билки кои си помагаат еден, пример, против мушички на лисјата вода од коприви стоена неколку дена, со неа се прскаат лисјата и на тој начин го спасувате растението, наместо познатиот син камен кој се разградува дури после еден месец.
     
    На andreina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.411
    Допаѓања:
    105.697
    Пол:
    Женски
    На мене ми порасна магданосот , и сега што убаво кога правам ручек си кинам од саксијата и си ставам директно во јадење. :lol: Но марулата не ми успеа ;( На пролет здравје, ке пробамда насадам доматини ;)
     
    На andreina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    И јас одамна сакам да насадам магдонос, копар, нане.. некои зачини - во саксија, оти во стан живеам и немам баш некој простор за маневрирање :D.
    Мајка ми си има една саксија, пиперчиња - како феферонки се, такви мали... годинава некои чудни изникнаа црни, страшни ццц (никој не ги проба, стоеја за украс цц)
    Штом пркнат, ко мали деца им се радуваме.
    Имавме пробано лимон, ама самошто пркнаа малецки уште дур беа... ваљда, поради сомнителни активности на мачката се исушија. Не доживеавме да ги пораснеме и пробаме.
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Да ви го пуштам татко ми, пуздер ќе ја направи темава. :rofl:
    Сте виделе како си играат како мали машкиве со колички, чучнати на земја? Е, исто!
    Вчера цел ден ги префрлаше саксиите од балкон во ходникот на зградата, па како ги подредил, да ти е мерак да го изнервираш и да му скинеш некое. :lol: Дома хаос направи.
    Кога одиме на одмор и станот е оставен на сестра ми, редовно му се плаче кога ќе се вратиме и гледа дека од десет дена ниту еднаш не биле полеани со вода. :drunk:

    Уште од дете живеел во зграда, немал каде да добие љубов кон одгледување на овошје и зеленчук, ништо вакво немале, па не ни знам од каде никна тоа, ама ако некој го наврати пат накај мое маало, ќе примети дека во тие згради само нашиот балкон, и можеби уште 2-3 имаат саксии.
    Па се некои нови глупости испробува, да му диват луѓе.
    Баш е носталгичен кога ќе дојде време да се кити за нова година, да може убаво да ги нареди сијаличките, па цел Аеродром да му се диви се би дал. :D

    Омилени му се пиперките. Е тука кога ќе се заигра, нема крај.
    Со колешка на мајка ми нижат црвени пиперчиња на конец, па си ги мењаат. :rofl:
    Имаш 6ка дупликат? Да бе, дај ми тројка. Панини во светот на пиперките. :D

    Ремек дело, лубеница.
    Првата не му успеа, втората да, ама му ја отсековме.
    На што личи лубеница на балкон да ми расте бе. :D
     
    На friendy, sesilija, Umbrella22 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Дома во мојот огромен двор зад куќата има све и свашта...од зеленчук па до овошје...си насадив и киви и имам дрво банана што никогаш нема да роди банана ама има преубави листови големии тенки и многу меки се....наесен најмногу време поминувам низ бавчата затоашто одам берам цреши кајсии праски јагоди вишни и сл и за овошјето сум повеќе заинтересирана...доколку за зеленчукот знам дека имаме грав компири кромид прас лук пипер патлиџан краставица и сл ама за тоа ретко одам во бавча со исклучок на краставица и патлиџан :)
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    101.604
    Пол:
    Женски
    не биди сигурна, на мајка ми годинава бананите и родија :rofl:
     
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Ние в село во бавчата и нивата одгледуваме домати(ги има во големи количини),карфиол,брокула,пиперки,магдонос(помалку го има ова),неколку корени морков и краставица,имаме црешни,вишни,киви(немаше многу плод,ама следнава година можеби ќе има повеќе)...Дел си е за наша потреба и истотака и ги продаваме.Убави се многу и повкусни се,нормално,се знае од домашно производство си се.
     
  8. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Во дворо имаме две дрвца цреша и круша, иначе имаме и бавча и од страна на зеленчук скоро се одгледуваме! 8)
     
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.953
    Допаѓања:
    10.140
    Јас сум за тоа колку што може човек да се потруди да си одгледува сам, секако според можностите, а нормално треба и барем малку желба да се има.
    Во стан успешно можат во саксии да се одгледуваат разни зачини како босилок, магдонос, оригано, рузмарин, нане и сл. Не може ни да се спореди со сушената варијанта :) Здрави и свежи и ептен се декоративни. Особено рузмаринот, расте како цела грмушка. Имам две во двор и секоја година се' повисоки стануваат. Во зима не мрзне. Во стан исто може да се одгледуваат и мали пиперчиња, шери домати, алое вера...

    Јас живеам во куќа, предниот двор што гледа на улица ми е за седење и имам разни овошја што виреат на наше поднебје (цреша, вишна, слива, смоква, кајсија) и за кај покрај оградата фино се вклопуваат малините и капините. Уште праска ми фали :) Не сум пробала со тропските, би сакала лимета да засадам или обичен лимон. Кивите многу лошо мирисаат кога ќе застанеш под нив, па нив не би ги одгледувала.
    Во задниот двор има место за неколку стебла домати и пиперки, моркови, магдонос, марула и тиквички. Тоа и најмногу јадеме. Нема за цела сезона, ама барем за пола има. И кога веќе ќе се навикнам на домашните не ми се ставаат во уста тие од пазар. Среќа секоја година се наоѓа некоја женичка во маало што продава па така купуваме.

    Би сакал да имаме поголемо земјиште за таа намена, не за продажба туку за наши фамилијарни потреби. Башка моиве сериозно размислуваат после пензија да почнат со тоа. Замјоделството од една страна бара многу труд и грижа, но од друга страна релаксира и самото чувство што знаеш дека јадеш нешто свое е незаменливо, а секако е и сто пати повкусно.
     
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Татко ми секоја година сади по малку пиперки, патлиџани, краставици, матула, тиквички такви работи колку за нас да има, не продаваме. :)
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    101.604
    Пол:
    Женски
    Ние годинава ептен земјоделци излеговме, патлиџан, пиперки, краставички....

    [​IMG]
     
    На AnimalLover, Viktorijaaa5 и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.777
    Пол:
    Женски
    Ние одгледуваме се и сешто во градина.Од пипер,патлиџан,марула,кива,кајсија до магданос,босилек,капинки,компир.Малата исто ја обожава градината,оди и сама си вади морковчиња од под земја ,ги мие и јаде. :)
    Две год по ред и по една две лубеници ни успеваат
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    101.604
    Пол:
    Женски
    Иначе малине се Шериња, омилени ми се во салата.
     
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Се молат феминките да ми кажат каде да најдам семе или расад за шери доматчиња. :D
    Ќе си ги садам во саксија, ама стварно не знам кај да најдам, оти по земјоделскиве аптеки немаше лани.
     
  15. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Баба ми сади има се :o:o
     
  16. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Секое лето си садам зеленчук си имам градина и си знам дека тоа што ке си го посадам дека не е прскано,значи во лето со све се занимавам како невработена одгледувам градина па вежбам фитнес и се чудат ко ке му кажам оти одгледувам градина викаат не сум изгледала така а како треба човек да изгледа кој одгледува градина извалкан икубан ?е тоа е
     
    Последна измена: 20 февруари 2015
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво јас обожавам да одгледувам зеленчук и овошје прво затоа што знам дека е природен и непрскан (не користам пестициди) а второ затоа што ми претставува огромно задоволство. Е сега моето овошје и зеленчук не е како твоето затоа што јас го одгледував во саксии на балконот :)
    Знам дека м ожеби се смешкаш ама желбата беше толку голема што половина од терасата ја претворив во мала органска градина. Еве слики ако сакате да ја видите http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/e.html

    Инаку вистински убави градини имаат дедо ми и татко ми. За пофалба се а има баш се!
    Јас сум само аматер обожавател и љубител на природното :)
     
    На Dust и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки и дечки секако :)
    Сигурна сум дека повеќето од вас се експерти во одгледување на зеленчук и овошје, меѓутоа, на некои од вас се надевам убаво ќе им дојдат овие совети.

    Tuesday, June 9, 2015
    Да ги оддалечиме паразитите од градината на природен начин

    [​IMG]

    Пред извесно време објавив една статија за мојата прекрасна мини градина на балконот во Рим, каде ви покажав што се е возможно да се посади во саксија и што е она што најмногу успева во такви услови ( http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/e.html). Тоа беше мојата аматерска мини градина, меѓутоа денешнава статија е посветена на една вистинска професионална градина водена од вистински професионалец - татко ми. Секојпат кога ќе ги видам растенијата (зеленчуци или овошја) колку прекрасно растат и успеваат благодарение на грижата на тате, останувам воодушевена од крајните резултати, но пред се од начинот на кој ги одгледува и заштитува. Татко ми воопшто не користи вештачки ѓубрива или пестициди, туку на сосема природен органски начин се грижи за нив. Пред некој ден кога правевме муабет се договоривме да направиме една статија во која тој ќе ви даде неколку важни совети како на природен начин да ги заштитите растенијата од несаканите штетници и паразити. Сигурна сум дека можеби повеќето од вас и ги знаат овие совети доколку на природен начин се грижат за своите градини, меѓутоа ете можеби ќе им бидат од корист на некои од вас. Така да драги мои, оваа статија е целосна заслуга на татко ми, јас сум само гласник кој ги пренесува неговото искуство, љубов и посветеност.

    [​IMG]

    Како што можевте да прочитате од насловот, советите пред се се однесуваат на борбата против парзитите и останатите штетници кои ги напаѓаат растенијата во градината. Обично во традиционалното земјоделство се користат пестициди и вештачки раствори кои, секако, ефикасно ги отстрануваат паразитите и сите штетници, меѓутоа видно го “трујат“ плодот, а со самото тоа и нас откако ќе го изедеме.

    Доколку сакате природна и здрава градина еве што треба да направите:

    1. Добри соседи

    Дали сте знаеле дека билките во градината меѓусебно си помагаат? Јас најискрено не знаев. Едно од најинтересните информации или совет кој може да ви го дадеме е правилно да ги бирате комбинациите на билките односно “соседите“ во една градина. Зачинските билки како нане, жалфија, рузмарин и тимјан имаат моќ да оддалечат дел од паразитите поради својот специфичен мирис. Затоа добра идеа е да се засадат овие зачински билки околу останатите растенија. Секако не може да ги избркаме сите штетници на овој начин, меѓутоа добар дел ќе стои на растојание. Жалфијата, исто така, ги привлекува пчелите кои ги јадат паразитите, и на тој начин ја чистат вашата градина на најприроден начин.

    [​IMG]

    2. Попрскување на земјата со раствор од коприва.

    За подготовка на овој раствор потребни се 100 гр. свежа коприва во 1 литар вода. Се остава така цел ден и потоа се цеди. Со овој раствор се попрскува земјиштето и тоа растворено во вода во пропорција 100 мл. од овој раствор во 1 литар вода. Верувајте овој метод е доста успешен против сите видови на паразити. За подобри резултати потребно е да се направат 3 третмани во дистанца од 3 дена. Како алтернатива може да посадите и коприви околу растенијата кои сакате да ги заштитите. Засадените коприви привлекуваат бубамари кои се бр.1 кога станува збор за природно уништување на паразитите во градината.

    [​IMG]

    3. Лук

    Мирисот на лукот оддалечува голем дел од паразитите, секако некои се отпорни, меѓуто повеќето не го поднесуваат. Обично е корисен оној обичниот, бел лук, меѓутоа ние пробавме и со младото лукче и имаше доста добар резултат. Така да, посадете лукче не само поради убавиот вкус кој го дава на манџите и јадењата, туку и поради заштитата на другите растенија во градината.

    [​IMG]

    4. Попрскување на земјата со раствор од кромид.

    За овој раствор земете 50 гр. лушпи од кромид и оставете ги во литар вода околу 6 дена покриени. Со оваа смеса испраскајте го земјиштето, секако претходно растворена со уште вода.

    [​IMG]

    5. Пиво

    Пивото одлично ги оддалечува полжавите од билките, затоа што неговиот специфичен мирис и вкус ги привлекува кон себе. Се што треба да направите е да земете пластички чашки и да ги поставите под земја се до отворот на чашката и во неа да ставите околу 2 цм. пиво. Полжавите толку многу се привлечени од овој напиток, што за кратко време ќе најдете еден куп на полжави во вашата “мала пивница“.

    [​IMG]

    Еве ви уште неколку слики од дел од овошките и зеленчуците (не успеав да сликнам се).

    [​IMG]

    [​IMG]


    [​IMG]


    [​IMG]


    [​IMG]

    Се надевам дека овие совети ви беа од корист, можеби веќе ги применувате, а можеби и ви се нови, меѓутоа како и да е во животот се е ќар.

    Доколку употребувате вакви или слични природни методи, ќе ми биде многу мило ако го споделите своето искуство и мислење и со нас. Вашите коментари и совети се повеќе од добредојдени.


    Голем поздрав и до скоро читање.

    Вики
     
    На friendy, Dust, Jordanovska-K и 2 други им се допаѓа ова.
  19. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Дечки некој совет за одгледување босилек? На местата каде што кинев ливчиња не растат нови, *а искинав пред месец дена. Некако не расте, и треба да го пресадам? Дома не се разбираме од цвеќиња и не знам што треба да му направам, првенче ми е.
     
  20. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Малку доцна ја видов темава и воопшто прашањево, ама сепак ќе одговорам.
    Веќе втора година по ред мајка ми во бавча сади шери-доматчиња и тоа успешно. Можеш да си купиш рефус во продавница (најмала количина што можеш) и едно или две доматчиња да оставиш (зависи колку коренчиња сакаш да имаш). Потоа од доматчињата ќе го одделиш семето на една салфетка и ќе оставиш да се исуши. Така може да стои подолго време. Ние тоа го правиме кога ќе созреат доматчињата, оставаме едно, ја правиме постапкава, ги чуваме цела зима и на почеток на пролет ги ставаме во чашка со вода (може заедно со салфетката) да се рехидрираат и потоа ги садиме во убава земја, во саксија. Кога ќе никнат и потпораснат (излегуваат минимум 15-ина коренчиња), ги расадуваме во помали саксии за расад. Кога ќе зајакнат убаво, ги садиме во земја, во градината и потоа ги ѓубриме повремено.

    Зборот ми е, не мора да биде од купечко семе. Може и вака и успешно е. :)

    П.С: Истово го правиме и со украсни пиперчиња, а и со обични, лути.
     
    На Annath, Biodevojka, sesilija и 4 други им се допаѓа ова.